Што ќе правите со картичката откако ќе ги потрошите средствата? Ми стигна порака дека можам да продолжам да ја користам, ама немам потреба, имам картичка. Ќе идете во банка да ја замрзнат ( ако е во функција да не ни одбиваат месечно за одржување ) ?
Дали и вие не можете скроз до крај да ги потрошите парите од картичкава? Ми останаа околу 300 денари и веќе не мине картичкава. Не ми се толку битни тоа се ситни пари веќе, само ме интересира дали и кај вас е така или има некој проблем кај мене? А искрено и да има не би чекала во редици и гужви пред банка, да се ставам на дополнителен ризик.
Потрошив одеднаш јас 3000те и ни денарче не ми остана, дури сметка над испадна па си доплаќав. Немаше проблем да се искористат средствата.
Да провериш на банкомат колку точно имаш и пак да пробаш. Нема логика ако останале пари да не може да се искористат, ама слушнав некои што трошеле во Стружанка од таму им ги повлекле.
Е паметно така наеднаш. Ама јас си испланирав на повеќе работи да ги потрошам. Проверив првен на банкомат за да видам колку пари ми останале. Потоа отидов во маркет и сметката беше по 200 денари ама не минеше ксртичката. Не ја користев во Стружанка. Како и да е, 2700 искористив, останативе, кај биле, кај не биле. Едит: Да ве прашам, за одржување на сметкава мислам дека прочитав дека нема да треба да се плаќа до крајов на годинава? Или грешка сум?