Значи од септември можеме да си ставиме пари на сметка и картичката да си ја користиме како нормална нели?
Може. Ама јас тоа нема да го направам затоа што имам картичка од друга банка. За тоа што претходно го пишав не сум баш сигурна. Демек немало да се плаќа за одржување.
За тебе во секое време А за картичката....да пробаш на некое друго место? На пример....во Стружанка или во Скопјанка?
Хмм, периодов мислам дека нема да бидам во можност да отидам таму, така да ништо од тоа. Сепак ќе пробам пак на некое друго место во мојот град.
Не. Оваа ја сметаат како кредитна. Затоа се спомна провизија. Секој ден читам на интернет, за да не се зафркнам на крај. Ме советуваат да ја затворам.
До крај на 2020 не ви земаат провизија, од 2021 се наплаќа како за секоја друга. Не ве сфаќам само зошто ви е да ја чувате откако ќе ги потрошите парите. Сигурно и досега сте имале картичка, зошто ви е уште една, а притоа секој ден истите прашања за провизиите ги поставувате... Ако немаш картичка, а мислиш дека ти треба, задржи ја и информирај се во банката или во контакт центарот за точната сума за провизија, ако не ти треба, потроши ги парите и врати ја и готово. Ко милион евра да ви дадоја, па никако да ги дотрошите...
Има ли некој на кој не му беше прифатен приговорот? Поточно студент некој, јас повторно пратив преку УСС ама сеуште нема ништп