Јас да бев на твое место ќе и кажев, госпоѓо не е ваша работа да ми кажувате дали да ја затворам сметката и да ја вратам картичката или не, чим сум дошол значи сакам да ја затворам и тоа е тоа. Најубаво ве молам затворете ја сметката и поништете ја картичката за да не се јаувувам на одговорни лица, да си имате и вие проблем.
Мене од Стопанска ми ја затворија без проблем пред некоја недела, ги мрзи да работат изгледа. Ама никој нема право да те услови, не е ова договор да плаќаш пенали. А дека пак ќе даваат пари и тоа после избори мало сутра(они ни овие не ги дадоа ко што треба)
До 31.12.2020 не се плаќа ништо за одржување на трансакциската сметка и картичката. Почувајте ги до тогаш, може чудо ќе се случи, пак ќе капне некој денар Штом така од различни банки ви кажале, може знаат некакви неофицијални информации Па ем тие пак нема да имаат трошоци за правење на нови картички, ем нема да трошат време, ем ние нема да чекаме пак да ни се направат, па да се мачиме да одиме да ги подигаме.
Ја не сакам да имам трансакциска и картица во Стопанска, ќе ја затворам деновиве. Си имам веќе година дена во Комерцијална, они ко за инат во друга ми даваа картица и пари, епа фала ама не ми треба. Ги мрзи да работат, наоѓаат изговори.Пари ќе давале па, како не...
Немав картичка затоа што учам во приватно училиште (со целосна стипендија, како талентиран ученик). Не ме следуваат 3000 денари за училишен прибор затоа што учам во приватно училиште, а се аплицира со приходи на моите родители. Значи ние што сме во приватни школи не сме државјани на државава, за нас ништо не важи. Не ми е за 3000 денари, за колку фер е работава ми е. Има некаде каде што можам да го искажам мојот став и незадоволство на темава?
Луѓе, еднократната помош за ученици за купување прибор, на студенти за покривање на трошоци за семестар или сместување ќе бидат исплатени на домашната платежна картичка. Јас до крај на декември не си ја откажувам.
Можете да проверите на www.mon.gov.mk и www.digitalizirajse.gov.mk, точно е дека е за семејства со ниски месечни приходи.
Заев последно рече дека подготвувале нов пакет мерки “финансиска помош“ за фирми и граѓани, така да, не ги откажувајте картичките дури не се дознае повеќе. Не знам што ви се брза толку.
Се пријавуваш ли редовно? Ако даваат нека даваат ферски, а не вака. Требело 9000 ден. да добиеш како невработена што не се воопшто малку пари.
Они јасно кажаа дека ќе даваат само на оние кои имаат ниски примања и на оние кои редовно се пријавуваат во Завод. Значи, оние што се пасивни баратели на работа се само фигура на списокот на невработени.
Затоа прво прашав дали се пријавуваш редовно. Штета... Инаку се знае македонска работа како е - да се даде нешто, ама да не се додаде. И тоа плус пред избори.
Се пријавив на 1ви јуни а неколку дена пред тоа завршиле со списокот и јас не бев на него за жал. Сега сум пасивно, ако не добијам и сега не се ни надевам више.