1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Домашни лекови

Дискусија во 'Алтернативна медицина' започната од Val-Dim, 18 јануари 2014.

  1. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.750
    Допаѓања:
    60.971
    Често пати слушаме за различни мешавини на билки, масла, екстракти кои помогнале некои луѓе да се излечат од некоја болест или помогнале да се намалат тегобите... Често пати слушаме како во старо време луѓето се лечеле со природни - домашни лекови, но не ги знаеме рецептите по кои ги приготвувале нашите баби...
    Или некој од нас ги знае?!! Ајде ФЕМИНКИ активирајте се, прашајте ги Вашите баби, тетки, стрини кои рецепти за домашни лекови ги знаат, па споделете ги со сите нас...
    За почеток, еве неколку мои рецепти
    Лек за кашлица од бозел
    (за пушачи и против бронхит)
    40 китки расцветан бозел
    5 литри вода
    5 кесички лимонтус
    Се ставаат цветовите бозел во длабок сад, се додава водата и лимонтусот и се остава 24 часа да отстои. Следниот ден се процедува и на 1 литар течност се додава 1 кг. шеќер. Се проврива 10 минути и се додава 2 лимонтуса. Оладено се собира во стаклени шишиња и добро се затвара.
    Се пие на гладно, насабајле по 100 мл.
    * Овој лек може да се пие и како сок за растварање, многу е вкусен.

    Лек за камен во бубрег
    1 лимон - исцеден сок
    1 супена лажица ладно цедено маслиново масло
    * Се помешуваат и се пијат 21 ден (секој ден свежо подготвени).

    Лек за холестерол
    2 литри исцеден сок од лимон
    50 чешниња лук
    Се ставаат во шише обвиткано со алуминиумска фолија и се остава 25 дена на темно да отстои. Се процедува и се пие насабајле пола саат пред јадење по една малечка чашичка (20-30мл).
    Наздравје :)

    Доколку темава е дупла, слободно канта.
     
    На Meckicja и zalosna им се допаѓа ова.
  2. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.890
    Пол:
    Женски
    Драги феминки кажете некои природни лекови кои ги користите за време на настинка,грип и така-на така.
    Ако сакате што е можно побргу кажете, ми треаба за проект по биологија,па ако нешто јас дозна ќе пишам :D :D
     
  3. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.890
    Пол:
    Женски
    За бронхит.
    Тегавец, широколисна коприва, ореви, мед, шекер и едно литро вода. 1 литар вода 50 гр тегавец 20 гр коприва 5 ореви(оревите откако кје се скршат се ставаат со се лушпа). Сите заедно се варат 30 минути. Потоа се процедува се става 500 гр мед и 200 гр шекер, повторно се става на оган и се преврива. Ова се пие 3 пати на ден по една супена лажица пред јадење.

    Лек против силна кашлица
    Во шоља зовриено млеко ставете половина лажичка жалфија. Оставете да врие точно три минути, а потоа додајте лажичка маст и половина лажичка сода бикарбона. Сето тоа помешајте го и пијте со мали голтки. Дневно смеете да испиете до три шољи. Секогаш консумирајте го овој лек веднаш по подготовката.

    Ловоров лист против интензивна кашлица
    Во половина литро вода додаваме 150 грама шеќер. Водата и шеќерот заедно се ставаат на оган се додека водата не почне да врие. Откако водата ќе почне да врие, додавате десет ловорови листови, а потоа се остава водата со шеќерот и ловоровите листови да врие уште 20 минути. Смесата се става во тегла, а се конзумира по потреба, односно во периоди на интензивна кашлица.

    Јаболко со лук и мед
    Се земаат еднакви количини на лук, мед и јаболка, на пример по 100 грама. Јаболкото и лукот се рендаат, а потоа се додава медот. Смесата убаво се меша. Се конзумираат 4-5 лажици во текот на денот или по потреба кога се јавуваат силни нагони за кашлање.

    Епа еве и од мене некој рецепт,од она што ни е за на школо :lol:.За во проектот
     
    На Val-Dim му/ѝ се допаѓа ова.
  4. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Лековит пијалок од ленено семе: чисти од токсини, го топи целулитот, го лечи чиротж

    Лененото семе содржи огромен број на корисни состојки кои вклучуваат витамини, минерали, омега-3 масни киселини и влакна. Ова семе има моќ да го исчисти организмот, да го нормализира метаболизмот, да го регулира шеќерот и да го намали апетитот.
    Пијалакот во кој главна состојка е семето од лен е препорачан од огромен број нутриционисти кои потврдуваат дека е корисен за луѓе кои патат од гастритис, чир на желудникот и хемороиди. Исто така, може да излечи полесни облици на цистит и пиелонефритис.

    Пијалакот треба да го подготвите ден порано

    Пред спиење прелијте 3 лажици семе од лен со 1 литар зовриена вода и оставете го да отстои преку ноќ.
    Најдобро е да користите термос или тенџере со капак.
    Следното утро процедете ја течноста. Би требало да добиете густа, проѕирна смеса.
    Пијалакот консумирајте го 3-4 пати во текот на денот, по околу 150ml половина час пред секој оброк.
    Важно е да го пиете свежо процеден, односно да не чувате залихи за следните неколку дена.

    Начин на консумирање:

    Пијалакот од ленено семе се консумира 10 дена, а потоа се прави пауза од 10 дена и така во континуитет, додека не се постигне посакуваниот резултат.
    На овој начин можете да ја регулирате тежината, а најдобри ефекти ќе добиете после 3 до 5 третмани.
    Пијалакот може да го консумирате како појадок и вечера, а за подобар вкус може да додадете и лажица мед.
    Со редовно консумирање ќе забележите позитивни промени на кожата, нејзино подмладување и топење на целулитот на критичните делови.
    Освен тоа, течноста од лененото семе е одлична за лечење на песокот и камчиња во бубрезите, но при вакви случаи треба да се консултирате со лекар.

    Важно: Овој пијалак не се препорачува на луѓе со сериозни заболувања на црниот дроб.
     
    На Val-Dim му/ѝ се допаѓа ова.
  5. puffla

    puffla Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    52
    Здраво дали знаете некој природен лек против розацеа?
     
    На anita123 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Kikiccc

    Kikiccc Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2017
    Пораки:
    1.169
    Допаѓања:
    1.049
    Пол:
    Женски
    Дали знае некој природен лек против хемороиди?
     
  7. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.364
    Пол:
    Женски
    @wendy2 не можам да ти пратам порака, може го знаеш леков може не. Јас да го споделам.
    Помага за намалување на цисти, миоми, обилна менструација, менструални болки, дебело црево, го забрзува метаболизмот , чисти од токсини, итн.Не знам и дали е соодветна темата....

    300 грама чувар куќа измиени и исчистени
    пола килограм мед

    Се блендираат листовите, се меша се и теглата се обложува со фолија. Таква треба да отстои5 до 7 дена во фрижидер.. На два три дена треба да се промеша, најбитно кога се консумира треба со дрвена или пластична лажичка.
    Се консумира 3 пати на ден и пола час по него не се внесува храна.

    Другарка ми избегна операција од една тегла.
     
    На wendy2 му/ѝ се допаѓа ова.