1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Домашно милениче - мачка

Дискусија во 'Дом' започната од Arriety, 22 март 2012.

  1. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    Кога се враќав од парк најдов мали мачиња... т.е. мало маче... другото беше мртво. :( Го земав и го однесов дома. Мојата мачка го прифати, ама таа нема млеко за да го храни, само го лижеше и му предеше да се смири и да не мјаучи... а многу мало е, уште не ги отворило очињата. Мајка ми кажуваше дека не е возможно да се спаси... а му дадов од шприц топло млеко разредено со вода и малку пивна, но уште мјучеше... на крај мајка ми го однесе во големата трева што е блиску и го остави таму... кажа дека така ќе се мачи повеќе, а вака ќе си умре и ќе замине од суровиов свет... моментално се истурам од плачење и многу ми е тешко... ;( Дали исправно направи мајка ми?
     
  2. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Мачето е оставено да умре без да му се даде шанса, а не е невозможно да се спаси. Додека мачето диши има надеж. Добро е што твојата мачка го прифатила, иако нема млеко. Мене не би ми била мирна совеста да го оставам, макар и да не успеам на крај и покрај направените обиди да го спасам. Ако не може да се најде мачка доилка тогаш може да се проба со прихрана со пипета или шприц.
    Во оваа тема или во другата за грижа за миленици имав постирано формули за правење млеко за хранење на мали мачиња.
     
    На Oscar Lady, Twinkles и MaryJaneSS им се допаѓа ова.
  3. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    Научете ја вашата мачка на ред!

    Купете килим за гребење

    Денес постојат разни килими за мачиња кои се направени посебно за прилагодување на нивното гребење. Кога еднаш ќе го купите килимчето, вашата мачка нема ни да го погледне вашиот кревет.

    Наградувајте ја

    Кога е добра и не гребе, наградете ја со омилената храна. Така ќе се научи на ред преку стомакот.

    Казнувајте ја

    Како што ќе ја наградувате кога е добра, доколку повторно почне да гребе, казнете ја. Доволна казна за една мачка е да ја игнорирате. Кога ќе посака да ви лежи во скут, тргнете се.

    Направете и посебно место за спиење

    Добро е познато дека мачките најмногу гребат откако ќе се разбудат. Затоа, направете и посебно место за спиење на кое ќе се навикне.

    Збунете ја со нов мебел

    Таа е навикната да ја гребе комодата и не знаете како да ја одвикнете. Едноставно купете нова комода или преместете ја и збунете ја. Непознатото секогаш ги плаши мачките.
     
  4. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    А, време за да му се дава храна? Јас сум зафатена со школо и курсеви, родителите со работа до 15.00... нема шанси, ќе се измачуваше уште повеќе...
     
  5. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Еве тука имам објаснето подетално, но ако добро сфатив предоцна е. :(
     
  6. ana.n18

    ana.n18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    56
    Малечко маче кое што штотуку проодува едното окце не му е целосно отворено. Родено е со уште 3 и сите се добри само тоа е со затворено око. До сега би требало да се отвори целосно... Некој да не имал вакво искуство со маче, дали е можно покасно да се отвори? :(
     
  7. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.318
    Допаѓања:
    28.935
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека нема потреба од паника, ќе му се отвори окцето, ти ако сакаш - однеси го на ветеринар. Можеби ќе му даде нешто за побрзо да помине. Но на моите ова само им поминува, најкасно за една недела. Само да прашам, колкаво е мачето? :)
     
  8. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    2.995
    Допаѓања:
    10.387
    Пол:
    Женски
    Извини вака ама многу неисправно постапила мајка ти, тебе не те обвинувам за ништо , ама сепак требаше да ја замолиш на мајкати да го задржите .:( :(Па во случај да умре немаше да имаш толку грижа на совест , сепак ти си се потрудила да му помогнеш .Најважно е што твојата мачка го прифатила , мачето ќе се чувствуваше сигурно и ќе вичеше само кога беше гладно .Сум имаала слично искуство , но во мојот случај мајката не сакаше да ги храни и за жал почињаа :( , а баш се намачив.Баш се натажив за маченцево :( и немој да ме сватиш погрешно :).Иста бев и јас на твои години , плачев по цели денови ако ми се случеше некоја ваква трагедија :), а и малце уште сум .Животот би го дала за моиве "Лавови":)
    п.с. СЕга гледам дека постов бил од 11 мај :?: , е баш касно палам :( .
    Се извинувам ако ова се смета за офф топик.
     
  9. ana.n18

    ana.n18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    56
    Околу 4 недели отприлика е старо ..
     
  10. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    Го нахранив и пак мјаукаше. А, постаро беше, не беше до толку мало, но сепак не му беа отворени очите целосно. Значи дека тоа го знае мирисот на мајка му и си ја бара. И ја молев мајка ми, но не сакаше. А, дома никој нема време за маче да се грижи и тоа мало. Сите имаме обврски и сепак ќе умреше, па повеќе тортура ќе му беше. И криво ми е што не можев да му помогнам, но тоа е законот на природата... ако мајката не успее да преживее, тогаш нема ни малечките. :(
     
    На cooll му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.318
    Допаѓања:
    28.935
    Пол:
    Женски
    Па навистина е мало. Ама јас сепак мислам дека не е некој проблем. :!:
     
    На ana.n18 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.089
    Пол:
    Женски
    Ве молам за помош затоа што не сум во можност да стапам во контакт со локален ветеринар. Мачката е бремена, очекувано утрово се породила, маж ми нашол малечко мртво маче. Неа ја немаше. Гледам пред некое време дојде за јадење. Уште е полна во мешето како и претходно, има траги од крв во гениталната регија. Нема никакви тегоби, си игра и трча наоколу како и секогаш.

    Што се случи ? Is that all there is ? Само едно маче ? Ок, нека, ама зошто е така полна во мешето? И свекрва ми нема искуство со мачки ( исто како и мене ) и како сведок на породувањето вели постелката не била исфрлена.

    Има ли простор за паника ? Дали ова е во ред ?
     
  13. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.318
    Допаѓања:
    28.935
    Пол:
    Женски
    Се самоцитирам, што бидна подобро е?
     
  14. IvanovskaM

    IvanovskaM Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    245
    Уф мила, ако мачката е прворотка не е баш добро. Полна во мешето е бидејќи не спласнува веднаш за секунда, исто како и кај жените. Крвта кај гениталиите исто не е страшна, ќе крвари и неколку дена после пород, по неколку капки вообичаено. Но тоа што сабајлево сте нашле мртво маче, а таа е тука и се однесува нормално, мене ме асоцира дека другите мачиња-ако ги има- не излегле... Но немаш контакт со ветеринар така да ти сама ништо не можеш да помогнеш... Единствено да отидеш до некој било каков ветеринар дури и оној кој работи со крави да ти дадат хормонска инекција за да ги роди останатите мачиња - ако ги има, а ако се мртви да се исчисти. Постелка каква што очекува свекрва ти нема да видите, мачињата се раѓаат со посебни постелки околу нив и излегуваат со секое маче, нема како кај жените.
     
  15. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.089
    Пол:
    Женски
    Разбрав, сега ми објасна дека не ми објаснила убаво претходно :D . Мачето било во плацента, мртвородено. Вчера некое време кенкаше, имаше тегоби, неможеше да се покака мака мачеше. Имаше контракции, мислам видливи и мјаукаше од болка. Инаку прв пат роди. Денес е како измцлавено, истоштено, ослабнато. Веројатно само тоа маче беше, ама уште е надуено во мешето и мене тоа по малку ме плашеше ама гледам пополека се вовлекува. Вчера немаше ни апетит, едвај јаде малку попара со млеко. Денес убаво си изеде цела риба. Одмара и лежи. Утре би требало да се врати ветеринарот од каде и да е, се надевам на најдоброто до тогаш.
     
  16. IvanovskaM

    IvanovskaM Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    245
    Има ли некое новости во врска со мачката? Инаку мачето можеби умрело бидејќи мама не знаела што треба да направи т.е. да ја изгризе за да дојде до воздух плодот, ретко се случува но има и такви дешавки... Ако почне да и се цеди нешто поколичински од вагината ќе мора да ја носите некаде... Сепак е греотка.
     
  17. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.089
    Пол:
    Женски
    Немам никакво искуство со мачки претходно ама веќе претпоставив дека не успеа да се снајде, затоа се случи така . Можеби е чудно ама јас моментално би дијагностицирала депресија, сериозно, не е воопшто расположена и многу е сменета. Инаку со здравјето е ок, крварењето веќе е повлечено мешето изгледа нормално. Нема никакви тегоби, супер апетит. Во ред е.

    Незнам како ќе се снајде следен пат, има ли начин да помогнам ? Свекрва ми вели не пуштаат никого во близина на новороденчето па како ( ако е можно ) јас да го направам она што таа незнае ? Не се однесува како типична мачка ( многу е борбена како за женско, еден период беше доста агресивна, нема навика да се лиже како останатите, поголем дел од времето е валкана ) можеби е така затоа што мајка им не успеа да ги научи на многу работи ( а и растеа во одлична дружба со кучето на соседите ), кога беа многу малечки ја прегази кола, па сами се учеа да ловат на пример.
     
  18. IvanovskaM

    IvanovskaM Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    245
    Јас имав еднаш прилично дива мачка, но со мене беше блиска, само со мене се галеше итн... И буквално пред мене се породи и ми дозволуваше уште веднаш да ги пипкам маченцата, да ја галам итн... Но јас не и асистирав ни малце, сама си заврши се. Нема врска дали растеле со мајка им, еве оваа мачка за која ти зборам ја најдов фрлена имаше најмногу две недели, порасна со дохрана со шприц. Едноставно некои мачки не се родени да бидат мајки колку и да звучи чудно... Можеш да и помогнеш единствено да ја однесеш на стерилизација за да не се пари веќе...
     
  19. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.089
    Пол:
    Женски
    Немам срце да и го направам тоа, доволно е тажна за загубата. Ќе и дадам шанса, до година верувам дека ќе успее.

    Стара е две години.
     
  20. slimsblue

    slimsblue Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2014
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    76
    дечки на мачоров му ставив ампула за болви ама некако слабо делува пак има болви :( а и едното окце некоку дена му солзи и му се собира несто бело да не речам ко мрсул е и подзамижано е цело време со тоа окце...што мислите од што му е тоа? :^)