Окцето може да му солзи од повреда, инфекција или нешто слично и слободно ставај му Дексаметазон-Неомицин капки за око/уво раствор (во секоја аптека ги има, ги даваат без рецепта и плус не се скапи) насабајле и навечер и ќе видиш за 2-3 дена ќе му биде како ново. А што се однесува до болвите, на моиве кога им ставив ампули веднаш ги снема болвите, не знам што може да биде, но имам читано по форуми дека знаат да не делуваат, па препорачуваат замени си сл. Најдобро да видиш со ветеринар...
Дали некој има давано на мачка од кам оние конзервите што се , 400 грама се. На нив пишува на возрасна мачка ( мојата има 8 месеци) да се дава една доза поделена на два оброка дневно. Колку е дневна доза, цело ли такво ? Ај некој ако е упатен нека ми помогне
Имав маче но веќе не е со мене го има сега едно се иде кај мене ама нема око и секогаш бега и сега незнам дали окото му е изваедно или таму се родила :\
Конзерва од 400 грама е многу дури и за една возрасна мачка (од 5-6 кг.) бидејќи таа треба да јаде од 150-200 грама дневно, поделено на два или повеќе пати во текот на денот. Но се зависи од мачката, дали излегува надвор и е поактивна, колку тежи и сл. Што значи дека една таква конзерва од КАМ треба да и трае 2 дена на возрасна мачка. На моиве мачки од тие конзерви од КАМ почнав да им давам уште додека имаа 5-6 месеци и мислам дека им се супер, затоа што и тие се супер, со нормална големина, изглед, темперамент итн. (иако тие не им се единствениот оброк) Значи слободно може да и дадеш, но сепак, за количината можеби ќе биде подобро да видиш таа колку ќе сака да јаде (дај и прво помалку, па ако треба додади уште малку додека да видиш колку би и била идеалната доза) бидејќи мачките вообичаено не се прејадуваат, туку сакаат да си мезат повеќе пати во денот
Возрасна мачка е околу 12 месеци, односно 1 година. Помалите мачки имаат различни нутритивни потреби од возрасните мачки и треба да се обрати внимание на тоа, па затоа има и различни соодветни храни. И освен течна или конзервирана храна, може да се дава и сува исто така соодветна за возраста.
Феминки да ве прашам имам мало маче 3 месеци има но за несреќа има болви ми рекоа дека е мало за било кави ампули вакцини и такви работи а сто да направам страв ми е да не го отрујам со некој прашок или нешто ако има некој искуство нека каже
Кој ти кажал дека е мало за ампули и вакцини? Воопшто не е мало. Јас на моето на еден месец и една недела му ставив ампула. Си има соодветна доза колку треба и како треба да му се стави ампулата во зависно од возраста. До сега веќе требало да прими една вакцина и да има примено една ампула. А апче за прочистување од внатрешни паразити му имаш дадено? И тоа веќе требало да го има примено. Ќе си отидеш на ветеринар (ако немаш отидено до сега) и за се' ќе те информира правилно.
Ветеринар ми има кажано мене дека ампула на толку мало маче е штетно, повеќе штета му прави отколку корист. Јас на мојата и ставав Неопитроид прашок ми рекоа дека тоа може... Иако најпаметно ти е да прашаш ветеринар
Прашок да му купиш, не се плаши нема да се отруе Не е штетен ни за мачето, ни за тебе. Моето маче има скоро 2 месеци и исто така имаше болви, бев во ветеринарна амбуланта и ми го понудија прашокот бидејќи е мало за ампули. Кошта 100 денари, 4-5 дена по еднаш во денот ќе го испрашиш и после ќе си биди рает од болви.
Има еден прашок..бел е..се користи за мрави и вошки или болви мислам дека се викааше некако Пептин..ама не сум сигурна.. Земи до него и натури му низ крзното и измасирај му го и остави го така некое време..не се плаши не е отровен..нека се лижи што сака неа прави нема ништо да му биди.. Моето мало кученце имаше КРАСТА пред 3 години..му ставив од тој прашакот..ии се излечи..еве го сега цел ПЕС е и ништо не муе
фалави многу на одговорите инаку и мене ми кажа ветеринар дека е штетно сега да прима ампули , но за жал човекот замина на одмор па немав кого да праам и еве си најдов соодветна тема за тоа фалави уште еднаш и утре обавезно купувам прашок
Имам едно можеби чудно прашање, ама можда некој ќе знае да ми одговори.Имам мачка со мачиња, ама пред некој ден ми оставил некој уште едно маче плус.Забележав дека на мачето устата му е црна веќе со денови.Од што би можело тоа да биде?
Како мислиш црна? Внатрешноста на устата (јазичето, непцата) или од надвор околу устата, на крзното? И баш црна боја?
Две од моиве мачки имаат црни дамки низ устите (на непцињата горе, на делчиња од јазичињата) и тие им се откако се родени, како црни пигментации или како кај нас бемки и слично, што е сосема нормално, нешто како на сликата. На едниот и долната усна му е обрабена со црна боја, како да е нашминкан Претпоставувам дека е такво нешто, а ако не е да го погледне ветеринар, да не случајно е нешто сериозно, па да им пренесе нешто и на другите мачиња
Ми треба совет.Мислам дека мачката ми е настината од дождовиве, ама не сум сигурна.Денеска цел ден лежи и едвај станува, многу изгледа мрзливо, а по природа не е таква мачка туку постојано трча и се движи и не седи мирна.Не јадеше многу храна, и и ставив апче за настинка во саламче.Го изеде и сеа пред малку го поврати.Не знам дали да ја носам на ветринар?
Какво е тоа апче за настинка што си и го ставила? Има ли некои други симптоми освен помрзливото однесување?
sweet-cherry си направила голема грешка што си превземала таков чекор без консултација на ветеринар. На своја рака давање апчиња наменети за луѓе не е воопшто препорачливо за мачки, кучиња и други миленици и може да настанат сериозни компликации и несакани последици. Однеси ја на ветеринар и не заборавај да кажеш дека што си дала. Спојлер Претходно имавме во друга тема дискутирано околу давањето на парацетмол на мачки, но важи и за други лекови, па можеш повеќе да се информираш од линковите постирани тука
Прво многу сакам да ти се заблагодарам за ова затоа што јас бев советувана од еден ветеринар дека истите апчиња што ги пиеме ние смеат да им се даваат на животни и затоа посегнав по своја рака да и дадам апче.Ја однесов на ветеринар ми кажаа дека е добра и нема потреба од лекови, веројатно го повратила апчето зошто не можел организмот да го поднесе. Уште еднаш голема благодарност