Јас како што знам мачката сама си ги одбива мачиња што значи е нормално уште да цица Е сега мислам дека ги одбива тогаш кога треба пак да се паарии
Имам еден огромен проблем. Земав мало маче, месец дена е старо и на живци ми иде. Недела дена е кај мене и тек вчера почна да прави глупости - од кај и да дојде, право кај мене под пазуви и мисли дека цица, копа со ноктите, шлапка и се лути ако го тргнам и удрам и пак иде. Ама баш само под пазуви, никаде на друго место. Помагајте дур не сум го утепала! П.С си јаде најнормално, одвикнато е од мајка и после толку многу мачиња што сум ги чувала, ова е прво вака да праи. Обично другите "цицале" од кај било, а ова само под пазуви се пика и многу е упорно. Оток!
Обожавам мачки, и животни општо. Израсната сум со мачки, преку 30 мачки, мачори, малечки по 4-5 одеднаш, собрани од улица имам чувано.. Без мачка не сум била никогаш, ама вакво нешто (т.е до овој степен) немам видено. И ако можеш да помогнеш да го опраам мачево, повели. Ако не, "стручно" мислење за тоа дали сум за мачки или не, не побарав.
Да прашам транспортер за маче освен Jumbo, на друго место каде можам да најдам? Му купив од Jumbo, ама е голем и не го сака, се плаши од него. Сега се шетаме со кутија од Авон, заедно со играчките во неа, ама не е тоа тоа, друго е транспортер, посигурно ми е, а вака ми беснее во кутијата, со главата надвор.
Не, колку мачки и да ди имала ти не си за мачка. Да земеш маче од месец дена и така да се однесуваш кон него? Мачето е спремно да се одвои од мајка му на 12 недели, не месец дена!!! И уште да го маваш што сакало да цица што е сосем нормално да сака да цица на месец дена, стварно бездушно е. Гледам колку обожаваш мачки...
Девојче, си чула дека ако сакаш на живинче да му покажеш дека нешто не треба да го прави, ко на пример да мочка кај стигне, треба да му го пикнеш носето во "бељата" и да го чукнеш по газето малку? Ете тоа подразбирам под зборот удирање, кога го прави тоа го удирам по газето и го носам кај храната и млекцето, како што и мајките ги бркаат и ги удираат по малце за да ги одбијат (ако воопшто си видела како го прават тоа и како се одвикнува маче од цицање). Проблемот е во тоа што тоа не го правеше, туку почна да го прави последниве 2 дена, 2 ноќи по ред не сум спиена, цело време го прави тоа. Прашањето ми е, КАКО ДА ГО РЕШАМ ТОА И КАКО ДА ГО "ИЗВАДАМ" ОД ПОД МИШКА? А не да ми се попува како се чува маче. И тоа "ќе го утепам" метафорично беше кажано, да не се возбудиш и за тоа.
И не спомнав, тоа го прави само кај мене. Сабајле дури и кога ја соблеков пижамата, го најде делот од почетокот на ракавот - делот што се наоѓа под пазувите и "цицаше" и од мојата пижама.
^blackwave можам да замислам колку е слатко тоа што го прави, ај прати ми го на гости малку јас ќе го трпам Инаку нормално е да сака сеуште да цица, ќе се одвикне но му треба време, сепак е многу малечко сеуште. Остај го,не го тргај, ќе види дека не цица ништо од таму,ќе му здосади ќе си се тргне. Јас имав 4 мачиња, до 4тиот месец цицаа. Ништо страшно.
Мачето е сонце, сум видела и претходно вака да прави мало маче, ама ова ми е чудно. Вака кога го гледаш од страна жалосно изгледа, а и мене не ме остава ни да спијам, ни да учам, ни да јадам, ни ништо, постојано ми се пика да му "дадам да цица". Уште почудно е што само последниве 2 дена го прави тоа, претходно се океј си беше. Колку што е сладок, толку ми е досаден и ми е жал за него. Да и го дадам на девојката погоре што ме нападна на неколку дена, може ќе сфати дека го сакам многу мачето, ама оправдано е што се жалам.
Воопшто не е оправдано да се жалиш, ако го сакаше ќе го оставеше со мајка му зошто мачињата мора да останат со мајките и да цицаат до 12 недели. Тој гледа мајка во тебе зошто се грижиш за него, и збунет е. Врати го кај мајка му и после 12 недели земи го назад, ќе видиш, нема да се однесува така. И јас мојата ја земав на месец дена, но не ја туркав кога сакаше да цица, туку повеќе внимание и обрнував зошто единствена на светот дум и останала, нема мајка нема никој освен мене. Сега е израсната во прекрасна 6 годишна "пантерка" која е преприврзана за мене, а и јас за неа. Мачињата ди бараат внимание исто како децата, ако ги чуваш без внимание и без љубов, ќе го бараат тоа на најгруб начин.
Види, не е од твоја страна убаво да напаѓаш кога не ја знаеш ситуацијата. Побарав совет за тоа како да го одвикнам од тоа, бидејќи сфаќа дека нема млеко од таму, а пак се пика и мјаучи. Грев ми е така да го гледам, и како што кажав - не го правеше тоа претходно, туку последниве 2 дена. На моменти е ептен жално да го гледаш, мјаука, ме буди од спиење за да се откријам и да се пикне да "цица" и уште повеќе мјаука и плаче кога сфаќа дека всушност не цица, цела сум изгребана под пазувите и се вознемирувам кога го гледам такво. А мајка за жал незнам дали има, најдено е како мјаука прегладнето и заглавено под хауба од кола кога беа врнежливите денови, инаку знам дека му треба мајка, ама тоа е.. Пак ќе спомнам, многу маченца што сум ги чувала го правеле тоа, ама онака, ретко и си ручкале нормално. Ова несака да јаде нормално од ко почна да го прави тоа. Да е во граници на нормала немаше да прашувам овде, ова е жално за гледање и неможам да му помогнам никако.
Однеси го кај некоја мачка-доилка. Не може да го одвикнуваш уште од сега, ем не е нормално, ем злобно и грубо од твоја страна да сакаш да го одвикнеш. Или почни да правиш млеко и храни го со цуцла. Да го одвикнуваш од цицање на месец дена е лошо за неговиот развој зошто на мачињата им е потребна лактоза овој период. dom/griza-za-domasnite-milenici-t4925/2830.html#p2063970 Во линкот, на предпоследниот пост. Од sunfemina имаш детално објаснето како треба да се храни мачето. Млекото треба да содржи топло козјо млеко, жолчка од јaјце и виtамини.