Мала дигресија. Дали има некаде огласи за мачки-доилки, односно мачки кои нудат доилски услови? Некое Мјаук-ДООЕЛ? А ова за млеково, мислам, ако мачка требала да пие козјо млеко ќе била јаре а не маче, немој да се налути некој ама сето ова ептен ме изнасмеа
Има мачки доилки. На Анима мунди може да се праша за мачка доилка, пример ако има некоја мачка мали мачиња што ги дои, може да се храни и тоа. Мојата мачка едно време хранеше туѓо маче. И не е само козјо млеко, ако не дочита, треба и жолчка од јајце и витамини. Така се прави млеко многу слично на мачкиното. А, козјото млеко потребно е за да ја даде густината и се разбира, потребно е кај мачињата поради лактозата. И се разбира ќе ти биде смешно кога не си доволно информирана во врска со ова.
Мене само ми беше смешно она мачка доилка, кое ме асоцираше на жена доилка, нели, се подразбира дека е тоа мачка која има мали мачиња, ама навистина незнаев дека таа мачка може да храни и туѓо маче како свое. А за млекото, искрено, прво бев импресионирана со колкава грижа и посветеност и знаење истото се препорачува ама само ми беше смешно-затоа и напишав да не се налути некој. Точно е дека сум недоволно информирана. Повеке сум "кучкарка" иако имам чувано некои мали периоди мачки; сега живеам во стан и сум во фаза на размислување што да си набавам, следствено условите, сепак стан си е стан, а мачка во стан се плашам дека би се однесувала како ѕвер. Неодамна на една моја другарка мачката буквално и се џитна од шести кат! Исто така дилема имам и околу миризбата на песокот, кутре е друго, ќе го изнесеш и така. Патем, ги изгледав сликите на Папи, што да се каже? Мазена, пазена...прекрасна! Секоја чест! А богами, и на луѓено од анима мунди, постоењето на такви групации ми дава надеж дека на светов сеуште има добрина. Поздрав, и се извинувам ако со шегата некој се најде засегнат.
Може да се чува во стан ако е доволно активна. А, и може да се дресира да се шета, ама во државава ќе те сметаат за луда ако шеташ мачка... така да, земи гребалка, играчки и во повеќето време играј со неа. Ако сакаш некоја мачка што не е толку активна, земи персиска мачка. Ако сакаш поактивна- сијамка. Но може и да се вдоми нерасно маче и да му се знае карактерот со неговото однесување. Ако сака повеќе да се гали и да лежи- помрзливо е, ако е живо и сака да игра- активно маче е. Во македонија има 4 раси на мачки и тоа се: Сијамската, домашната кратковлакнеста, домашната долговлакнеста и персииската мачка. Чат пат може да се појави некој што набавил Свинкс или Хималајска, но реткост е тоа.
Препорачајте витамини за мачка за подобар имунитет и цена казете ми и од каде сте ги зеле имаат 4 месеци
Девојки, дали знаете каде има некој добар ама не прескап фурминатор за мачки? Итно најитно ми треба, влакната на мојава мачка се вон контрола!
Пиши на АлиЕкпрес во "пребарувај"/"Search" "furminator" имаш таму прикажани. Од тука се 1500 а најмалите од алиекспрес се 300-500 денари. Јас земав за моето куче од најголемите, за мачки се најмалите фурминатори.
Ќе може да ми кажете кога мачките ги менуваат млечните заби? имам маче старо околу 1 месец..крвари од устата секое утро веќе 3 дена.. може и ми го тепаат комшиските мачори пошо надвор седи, забите се, или некоја инфекција? :/
имам мачка ја чувам дома нема излегувано надвор и гледам почна да се чеша многу и ја проверив полна беше со буи, и влакната и опаѓале и целата е црвена од чешање да ми каже некој како да и ги извадам буите пошто вака небива бега не дава да ја допрам
Однеси ја на ветеринар да и' стават ампула против болви и да ти кажат како да се грижиш за нејзината кожа. Јас не можам да видам за да ти кажам што да правиш.
Не видов друга тема, па ќе пишам овде. Барам малечко маченце, до 3-4 месеци максимум, машко. Ако некој подарува и е во Прилеп, или ако знаете некој да подарува ве молам да ме известите.
Купи спреј против болви и напрскај ја, а потоа на ветеринар задолжително. Лошо е што не си приметила порано дека има болви, нејзината состојба ептен запуштено звучи. Доколку можеш да го најдеш спрејов http://www.frontlineplus.com.au/sitecollectionimages/frontline_spray_dog.jpg купи го, ветеринарот ми го препорача за моите мачки, од прва помага и не е штетен за нивната кожа.
Здраво женски!! Ја пребарав цела тема и не најдов одговор на ова прашање. Каква песок користите? Неможам да ја најдам веќе неколку месеци една како со плави топчина што течноста да ја наречам еве ја правеше како камен и лесно се чистеше. Имам сменато повеќе типа и никако да ми се погодат во последно. За неколку денови почнуваат да шират не баш убав мирис и не се чисти лесно како влажно останува. И доколку некоја од вас има искуство со силиконска или кристална каква ли е незнам слободно ве мооолам да ми кажете. Цена за песок или силикон не е битна, го сакам само најдоброто за него.
imam edno prasanje ako nekoj e zapoznat so slucajot da mi pomogne.imam malo mace, no no neznam vo sto e problemot.mi imaat spomnato deka moze da ima bakterija.. maceto sednuva i jazieto non-stop si go trija od kebeto ili nesto drugo..znaci go lizi kebeto i predi koga go lizi .dali se raboti za nekoja bakterija ili nema vrska so bakterija. poz
Нема врска, каква бактерија па ти Ако е многу мало сосема е разбирливо така да се однесува, навикнати се така од мајката, додека се со неа она тоа стално им го прави. Моето маче кога беше мало раката ми ја лижеше и блузата Ќе се одвикне кога ќе подпорасне, не се секирај ништо страшно не е.
Девојки мачката вчера ги роди мачињата Бидејќи не сум имала вакво искуство ве молам за совет дали има нешто што треба да го правам ( посебна нега ) и нешто што не смеам да го правам
Мачката сама ќе сe погрижи за нив само не ги фаќајте. И да си знаете дека може да ги мести од едно место на друго.
Потребна е грижа за нив. Треба да им обезбедиш безбедно и топло место. Да ја храниш мачката со јогурт или кисело млеко и храна за мали мачиња. Кога мачињата ќе наполнат 3 недели, давај им храна за мали мачиња потопена со млеко (но почесто давај им со јогурт). На 2 месеца да се однесат на вакцинација и да добијат книшка од ветеринарот. На крај, објави ги на Пазар3, Врапче, Реклама5 и сите огласници што ќе ти паднат на памет, дури можеш и по Анима Мунди и ААПЖ да побараш домови за нив со тоа што ќе објавиш на нивните фб страни.