Мачето ми го немаше 2 дена, доаѓаше само за јадење. Сега приметувам дека кога оди шантра со ноџињата, како да му се врти, отсутно е цело време спие. Од што може да му биде така? Можно е некој да ми го тепал?
Ова се сериозни симптоми, ја веднаш би носела на ветеринар. Ако шета наоколу никогаш не знаеш дали можеби изело нешто што не треба.
Другари и другачки, има ли некој правено од вас DIY гребалки? Пробав со коноп ама многу лабава ја направив, не ме бендисува како испадна. Мачкава највеќе сака хоризонтални гребалки (на пример, цврст теписон), а има една гарнитура што ни во сон не смее да помисли да ја пипне, а осеќам дека ќе ја бендиса за острење ноктиња. Покрај гребалкиве, да не покривал некој гарнитура со нешто дополнително да ја заштити? Ќе ги тагнам другачките со мачки @tigerlady @Yowannty @CameliaMiller @kristina.k и кој друг испуштив, слободно нека пише
Имам. Да. Ама исто обвивав тешки даски со теписон. Мојата исто не сакаше типични гребалки. Коноп не препорачувам, тоа многу мнооогу ѓубре прави додека не ја изгребе асално. Еднаш пробав со коноп да извртам ногалки од маса, ми изгледаше практично, ама не беше. Чим ти сака хоризонтални гребалки, не се мачи со коноп, дај и она што сака и таа среќна и помали шанси да ти гребе друго по дома. Најдов линк од претходно исто имам пишувано https://forum.femina.mk/threads/Домашно-милениче-мачка.11380/page-75#post-5411360 Всушност даскиве се дрвени вратичиња за кујна, кои моите никогаш не ги искористија. Стоеја со години во подрум и јас им најдов намена на две-три. Едно и стоеше до кукичка, а други низ ходник. Ги реобложував кога веќе ќе ги упропастеше. Имав кожна гарнитура дома, ниеднаш не ја изгреба.
Е ова мислење го барав и не го најдовввв, фала Јовантииии Одлично, јас купив такви груби стазички од Џамбо, сега ќе ги замотам на некоја даскичка и нека гребеее Уствари, по многу читање, сфатив дека финтава е да ги редиш стратешки гребалките низ дома... пример, во секој ќош, за да може да си бележи територија. Сега размислувам дали да домкнам и 2-3 трупчиња, во секој ќош по едно трупче + хоризонтални гребалки + број од мајстор за ретапацирање
Со самото тоа што таа во одење, знае да се истрие негде, оставила мирис. Гребалка најпрактично е да стои во близина на места каде што спие. Ако си приметила, по спиење одма се тегне и гребе нокти. Мојата мачка спиеше на самите даски што ги праев, уживаше да се трие и чеша целата од нив и стварно беа ептен погодок. Ама со мачкиве никако не си. Тоа се карактери и секогаш различни. Дур им погодиш нешто да им се бендиса на нивниот истенчен вкус за удобност е права тортура. Среќно па сподели импресии.
@Doozy се ти објаснила Yowannty, исто искуство мање више. Ја имав направено на трупче долниот дел неколку реда со коноп ама од оној дебелиот, како јаже више умотан. Едниот мачор ептен го сакаше и не се правеше лом наоколу (мислам на пазар ги има овие дебели јажиња, одамна беше ова), мачката не го ни погледна. За гарнитура, истата мачка имено без оглед на трупчиња прскани со спреј за мачки да ја привлече и што се не ти ја знам, од ќошот на троседот за жива глава не се откажа. Бидејќи тој дел беше скај, мајка ми зема на парче кожа (турска чаршија кожарите, милион бои, неправилни парчиња, цени од типот 50 денари) и го залепи со супер лепак. Ја погоди бојата скоро иста, не се ни познаваше дека не е моден детал.
Јас и сопругот во подрум имавме трпезариска маса со 6 столици но не ја користевме така стоеше и ги видов дека на мачорот и мачката им се допаѓа и извадивме една и на нејзе ги оставивме да гребат а друго ништо немаат чепнато само столицата.
Оу ноууу, ваков луксуз нема да има кај мене Али јбг, ќе плаќам ако треба да се претапацира цела гарнитура, што да и правам. Ќе средам и гребалки и трупчиња и ќе покријам, па сега... како што е тврдоглава, ако и речам не, за инат таму ќе оди. Малку ми е мисла дека на нова територија ќе биде ама ајде, ќе се припитоми змајот Нема избор.
Не ја пуштај во таа соба А, можеш и да напрскаш околу гарнитурата со некој мирис што не го сакаат мачките.
DIY не сум правела, им купив високо дрво (види во слики од миленичиња) и највеќе на тоа се закачени, плус рандом хоризонтални и вертикални имам низ дома помали. Е сега, тоа не ги спречи да ја намерачат спалната (еко кожа) и кога ќе се селиме ќе ја претапацирам, нема спас. Ако некој знае нека каже и мене ми треба
Пробано, лимон, оцет, освен што нас ни киселеше под нос, нив просто не ги ни двоумеше. Малово па најново се закачи за фасадата на тераса
Постариот мачор на почетокот го пуштав надвор и си гребеше дрва колку му душа сака низ двор. Затоа кога стана indoor only беше... забавно учењето на играчки. Нормална гребалка нејќеше ни да погледне, па мкнев трупци дома, ги ставав на чаршав, ама џабе, пак беше се' струготини. Постепено го учев, јас ги гребев гребалките дур сфати Ако ти е само внатре, ич не и' покажувај вистинско трупче. Секако повеќе го сакаат, ќе си имаш мака нема да ги сака другите гребалки. Малово никад не допрело вистинско растение, затоа многу полесно го учам што да прави, големиот уште памти дека постојат вистински растенија и му треба време да прифати супститут Едит: столиците на трпезарија ми се вистинска кожа, не ги пипаат. Еко кожата им е удобна за брцање нокти, вистинската им е дебела и тврда. Ич не сакам вистинска кожа, штоф преферирам, ама најверојатно ќе мораме да купиме кожна гарнитура оти само тоа немаат ќеиф да гребат.
Не е дома цело време, шетка во дворот т.е. во тревата, сега ќе биде indoor only и ќе ми ебе матер и мене и на гарнитурата и на спалната Највеќе ги гребе диплите за чевли и теписоните, дефинитивно хоризонтала оди. Сега ќе го изредам цел стан у круг со дипли и теписони. Каме ова мене за кожена ми стои гарнитура, ме утеши сега. Јас мислев тоа дека највеќе пуздер ќе направи, дека е кожена. Ама ако ја изгриза/изгребе биче забавно @x.Daisy.x у спална планирам да не ја пуштам ама не можам и во дневна да ја лимитирам, греота е
Со среќа, дур сфати дека нема надвор веќе, ќе биде забавно Ние ок сме сега, ама не му верувам ич Ако се селиш во стан, види терасата е зезната, кокошарник направи ја Ми се смеат мене комшии, ама јбг
Знам, затоа се спремам психички и материјално Нема кокошарник тука правење, треба куќен совет да барам Ама ај јас сум дома сега па можам да ја ѕиркам, натаму ќе видиме... Би зела уште едно маче за друштво ама аждајава е многу љубоморна, ќе го изгриза и мачето. Ако е улава да рипне... Седи на терасите и дома, досега не се изглупирала. Гуд лак ако рипа, 6ти спрат висина
Има начини бе, не можат да ти забранат комарник да си ставиш Или пази ја со тебе само, а ако се глупира ќе си седи во др. соба кога тераса ќе отвараш. Баш зашто излага надвор ќе е мн сигурна во себе, големиов ми скокна од тераса овде, среќа сме на високо приземје, а малово ни низ влезна врата нема желба да помине. Кога ја ставивме мрежата големиот бараше дупче, малово не се замара. Тие што се шеткале сами многу им фаќа аклот Малово го ставив еднаш на трева и се укочи, не знае што е. И подобро така, во незнаење нека си живее