Домаќинката се почитува, швалерката се сака?

Дискусија во 'Брак' започната од Anon, 9 февруари 2013.

  1. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.780
    Пол:
    Машки
    Дали бракот е институција дизајнирана за некои други работи, а не за љубов?
    За што е бракот? Низ вековите бракот бил користен за разноразни цели. Некогаш невестата се продавала, таткото остварувал профит. Некогаш бракот зближувал две фамилии и на тој начин се промовирале бизнис или државни интереси. Тек сега во модерното време на историската сцена масовно стапува бракот од љубов.
    За мене бракот е: за деца, за љубов и топлина, за стабилност, за просперитет на сите инволвирани. Ако има љубов супер, а кога ќе пресуши, барем нека има взаемна почит и разбирање. Зашто, љубовта доаѓа и си оди, таква е нејзината природа. Нема доживотна љубов. Сите ќе се сложат, после некое време, станува еден вид на навика, партнерите стануваат како најдобри другар што одвреме навреме имаат секс.
    Но нашите ниски нагони не престануваат со бракот, а од еден брак премногу работи зависат за да дозволиме да се ослонат на пролазната љубов на партнерите и способноста да се контролираат желбите на партнерите. Зошто тогаш општеството не толерира брачно неверство?
    Можеби е најдобро да се соочиме со тоа што ти сака душата, конкретно со нагонот да се плесне нешто ново, нешто младо и возбудливо. Ако само ја потиснуваме таа желба, дали ќе бидеме среќни? Дали со тоа ќе придонесеме да бракот не стане само празна школка? Дали не ризикуваме да еден ден потклекнеме на искушението и нарушиме довербата на партнерот? Ако и двајцата сопружници имаат по некој на страна што им служи само за секс, зар не е на некој начин зауздан тој нагон, ставен во одредени граници. Нека биде тоа, еве, професионалка, проститутка, нека биде тоа свингерај, што и да е. Нека биде комшијата/комшиката, колегата/колешката... сите оние што и без најчесто се актери во неверствата. Зар не е подобро така отколку да се прави тоа зад грбот на парнерот и да се поткопува довербата во бракот? ...поготово сега кога има контрацепција и начини да се заштитиме од сексуално преносливи болести?

    Да се изневери некој што те сака е погрешно. Но каде е љубовта после икс години во брак? Каде е љубовта после икс години во врска? Кога е врска во прашање, лесно е, ќе раскинеш. Кога е брак во прашање друга приказна е, далеку поболно е.
    Потребно е браковите да опстојуваат, а ако не можат да опстанат во таа форма во кога се денес, тогаш можеби потребни се промени.
     
  2. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.620
    Не сме да се помисли за швалерка,а камоли да се има,и тоа зборам обстрано,испадна работава дека денес е нормално да се има швалерка,кога си во врска теба да бидеш верен,а не пак за брак.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.780
    Пол:
    Машки
    Абе треба и не смее... све тоа супер звучи во теорија. Само во практика друга слика гледаме. Еве конкретен пример brak/dali-e-znak-na-neverstvo-t16460/
    Ова е само еден пример од илјадници за брак што се распаднал зошто едниот парнер не бил во состојба да одржи моногамна врска.

    И сега? Што е со кутрите деца што ќе растат без татко или со очув?

    Бракот каков што бил замислен - моногамија, едноставно не успева во 21-виот век. Луѓето не се тој крој едноставно. Се поретки се таквите што сакаат да бидат со еден/една до крајот на животот и можат тоа да го прават. И покрај искушенијата од страна, и покрај досадата и монотонијата на долгиот брак и лошите навики на партнерот и убавината што се намалува од ден во ден.....

    Човекот во 21-виот век мисли само на своето задоволство. Не може да го игнорира, тој е хедонист, тоа му е неговата ѕвезда водилка во животот. Концептот на жртва за нешто поголемо од себе му е непознат.

    Да се жртвува своето задоволство, да се воспостави контрола врз сопствените нагони.... за да се одржи брак, се почесто се чини, станува незамисливо за младите брачни парови.


    Што да се прави во такви услови?
    Ова не е време за попување другаре. Сите знаеме како треба. Што праиме кога не сме спосбни да го истераме до крај она што треба.
     
  4. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.620
    Пријателке секој од себе треба да тргне,остави ги ти другите што прават,туку ти што правиш?мене ми е јасно дека е така и не ти контрирарам,зашто си во право,но твој е изборот по кој пат ке тргнеш,така да тоа е,ете во кратки црти ти објаснив,и се надевам дека се разбравме,инаку ако партнерот ти е неверен се знае,ако си во брак развод без разлика дали имате деца или не,ако сте во врска,прекин на истата,и оваа не е теорија само туку и пракса,и јас ова си го пишувам јас каков тип на човек сум и ми е гајле за другите.
     
  5. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.753
    Допаѓања:
    11.007
    Пол:
    Женски
    Анон според тебе за да се одржи бракот треба да се има некој на страна ?

    Ако природата ти е таква да не можеш само со една личност , биди искрен спрема себе дека не си скроен за брак .. Уствари може и ќе си најдеш и партнерка која така размислува , ама ако некој сака да биде со тебе и само со тебе до крајот на животот тогаш биди искрен -нема потреба од лицемерие те изневерувам душо оти сакам да ни се одржи бракот |( свашта
     
    На Annath, glorijaMKD, anichka94 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.780
    Пол:
    Машки
    Значи ко прво, не прашувам за себе лично. Не е дека јас имам проблем да бидам верен (напротив, но тоа не е ни битно). Јас и така го поставив прашањето, во ниеден момент не укажав на тоа дека јас се справувам со некаков проблем. Ако имам некаков проблем, тоа би бил фактот што такви како мене има се помалку.
    Прашањето е хипотетичко: како подобро да се справиме со силите што делуваат да го растурат бракот и дали промена на самата институција ќе придонесе кон работите што ги набројав како, за мене, важни: деца и нивниот добробит, почит и разбирање меѓу партнерите, стабилност во семејството итн.

    Да ти одговорам конкретно на прашањето: не знам. Размислувам за тоа и се плашам дека е така.
    Практиката покажува дека не сме баш моногамни. Можеби е време да се соочиме со нашата природа. Досегашниот пристап ни е: потиснување на желбите или криење и правење зад грб. Љубовта во бракот кога тогаш ќе ја снема, но желбите и нагоните не баш. Оттука подобро е парнерите да се согласат на отворена врска отколку на развод.
     
  7. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.620
    Убаво те прочитала Мими,ти си тој што сака да си има настрана швалерки,како бе друже неможе да се биде моногамен?ти така мислиш,јас не се согласувам со тебе,најди некоја што ке ти ја извади маста во крвет,па да видиш дали ке бараш друга,тоа е мое мислење.
     
  8. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.154
    Допаѓања:
    5.706
    Пол:
    Женски
    Кога веќе ќе ја засака швалерката нека си ја земе и домакинка да му биде. :)
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  9. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.239
    Допаѓања:
    4.380
    Од вакви мислења за изневерување швлери, швалерки ми се подповраќа малку. :puke:
    Па луѓе како да читам колумна на Хелена Роза за мажите и општеството. :tmi:

    ... Од кои родители ќе учат тие деца? -Мама има дечко, тато има девојка ајде сите да одиме на сладолед? :^)
    ... Како ќе легнеш да спиеш навечер во ист кревет?
    ... Кога ќе се разболиш кој ќе те негува, (да ми простите на речникот -таа спела со него, јас ќе му правам топла супа-ма дај...?
    ... Кога ќе треба сериозно да се разговара за некој проблем на децата мислиш дека ќе останат на страна тие работи??

    Милиони милиони други прашања на кои и нема да размислувам.

    Јас строго сум против тоа, можеби развод не е едноставно решение, но зависи од ситуацијата и понекогаш е единственото решение.
    Тоа не е хармонична средина, повлекува многу лоши работи со себе.
     
    На eleni23, Annath и mimiiiii им се допаѓа ова.
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.486
    Допаѓања:
    50.760
    Пол:
    Женски
    A како би требала да се промени институцијата? Да се дозволи да се има и друг/а? Да ги нема заклетвите?
    Зошто тогаш да постои бракот? Ај нека се укине и готово.
    Да, искушенија има, ама зависи до карактерот на човекот дали ќе одолее. Кога веќе си се решил на тој чекор значи дека си расчистил некои работи со себе, дека не сакаш веќе да бидеш со други, туку со личноста што си ја одбрал да создаваш семејство. Ако не го можеш тоа, гледаш дека не ти оди во моногамна врска, зошто уште повеќе да се обврзуваш?
    Не треба да се менува институцијата, луѓето треба да престанат да се залажуваат самите себе, ама едноставно се премногу слаби за тоа. Од една страна не сакаат сами да остарат, а од друга не сакаат да бидат со еден човек. Хмм, тоа веројатно доведува до твоето
    . Ама луѓе сме, имаме свест, па мора нешто да поттиснеме. Ајде ако не од се да се ослободиме, оној што го мразиме слободно да го убиеме, тоа нели ни е е желба или нагон, па зошто да го поттиснеме. Едноставно мора да функционираме според некои норми.
     
    На Lovely93, larindit, SkarletOHara и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.780
    Пол:
    Машки
    Јас сум тој а? Врз што го базираш ова твдење? Врз мојот сомневање во долгорочната моногамност? Не ја отворив темава да ми даде некој зелено светло за да можам да варам. Ја отворив зошто сакам искрени и интелегентни одговори.
    Кон вториот болд: no matter how good she looks, some one somewhere is tired of her shit.
    Ја обожавам тулумби, ама да ми даеш само тулумби да јадам ќе ми се згадат.

    Ја ги кажав моите сумњи во врска со моногамноста. Изволте ти кажи зошто не се основани или зошто е можно да се остане со еден човек цел живот.... и да се биде среќен... и да се нема желби да се биде со други... и да не се замислува друг/а за време на секс со партнерот/ката...
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  12. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.753
    Допаѓања:
    11.007
    Пол:
    Женски
    Извини Анон јас го сватив тоа како твој став како треба да функционира бракот .

    За секое тенџере и капаче , не за џабе се бара човек кој има слични цели во животот и ставови како треба да функционира брак . Ама ако некој стапува во брак со мисла да биде само со таа личност а другиот си мисли дека секој ден грав не се јаде :D Тогаш бракот е од старт осуден на пропаст..

    Иако бракот е една општествена норма сепак луѓето во него ќе се однесуваат како ним им одговара ..
    Па така има парови кои се изневеруваат зад грб се разведуваат , некои отворено се толерираат , а некои се верни еден на друг цел живот :)

    Јас бракот го сваќам како заедница меѓу еден маж и една жена , ако треба да се вмешуваат трети лица ич не стапувам во брак :geek:
     
  13. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.780
    Пол:
    Машки
    :D
    Не сум ја читал Хелена Роза, не знам што кажува. Слични ставови имаме?

    - Децата не мора да знаат ништо. Всушност никој освен дирекнто инволвираните и нормално партнерот не мора да знаат ништо.
    - Не мораш да спиеш во ист кревет. Јас реков, љубовта е минлива работа. Ако не се сакате, не морате да спиете заедно.
    - Се чувствуваш запоставено? Одете на свингерска оргија, заедно.
    - Се надевам.

    Ова не е начин да се одржи љубовта. Од неа дигам раце. Ова е начин да се одржи бракот и неговата стабилност. Да не се изгуби лојалноста кон партнерот, а сепак да се биде среќен.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  14. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.620
    Мислам ти објаснив убаво дека ако се сака све се може,може ке ме сметаш за старомоден,или ретардиран,но стојам за сето ова што ти го пишувам,и незнам што тука е чудно,ти отвараш тема јас ти давам мое мислење за истата,а ти како си ме сватил тоа е твој проблем.
     
  15. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.323
    Верувам дека љубов постои и дека може да трае цел живот-сум видела со свои очи и тврдам дека е можно. Ако бидам во брак без љубов ќе бидам многу несреќна, одбирам да бидам сама, без деца отколку во таков неисполнет брак.

    Единствен начин да нема неверства и разводи е да стапуваш во брак од љубов, а не за да не сум сама, не зашто тој убаво се однесува со мене, зашто ќе ми пружи финсниска стабилност или за да имам деца. Кога некој ќе рече се изгубила љубовта, тоа за мене значи дека љубов не ни постоела, се работело за погрешна проценка, погрешен избор или едноставно што би се рекло заљубеност во љубовта,а не во човекот.
     
    На mims-89, eleni23 и vitomir им се допаѓа ова.
  16. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.753
    Допаѓања:
    11.007
    Пол:
    Женски
    Епа многу контрадикторно , за која лојалност зборуваш ???
    Според мене ова е сигурен рецепт како да се изгуби лојалноста :D
     
  17. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.239
    Допаѓања:
    4.380

    ^^ Па не вие да им кажете на децата, ама самите лица може да ве издадат, тие чувствуваат кога нешто не е во ред..
    Да не зборуваме за моќта на општеството на разоткривање на тајните и искривување на вистините. Тоа е нашата чудесна земја Македонија.
    Колку би жртвувал за да ги ставиш во незгодна ситуација да се срамат од своите родители, другарчињата во училиште да ги завркаваат или психички да чувствуваат товар поради тоа.
    Кога гледаш така се е можно. :!:
    А за свингерска оргија, ма дај немој да ме зафркаваш, колку мислиш дека тоа е здраво и сосема нормално да се проба кога љубовта се става под знак прашалник. Ма и не само тогаш, секогаш..

    Мене искрено жал ми е што не верувате во љубов и разбирам кои фактори придонеле да се изгуби таа верба.
    Или пак верувате дека љубовта ќе помине... :?:
    Според мене можеби таа нема да е со ист интензитет но сепак останува.

    На стари години кога ќе се држите за бастумот со едната рака, а со другата ќе ја држите раката на вашата љубов, на никого нема да му текне на потребите, туку над тоа каков белег сте оставила во фамилијата зад себе.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  18. nonenceee

    nonenceee Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    1.015
    Домакинката се сака и почитува , а швалерката се искористува . :hai:
     
  19. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.242
    Допаѓања:
    46.100
    Пол:
    Женски
    Сеуште не си ја нашол вистинската љубов?
    Не верувам дека некој од форумов ќе се сложи со твоето мислење.
    А и насловот на темава,швалерката се сака,а зборуваш за проститутки и сл.
     
  20. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    13.817
    Допаѓања:
    235.448
    Добро што барем има употреба на соодветни интерпункциски знаци во целава оваа тема.

    Не, е одговорот на поставеното прашање.
    Доколку домаќинката, т.с сопругата и мајката на своите деца ја почитуваш, нема да фаќаш швалерка.

    Почитта значи присуство на многу стандарди во однесувањето, дури и кога љубовта избледува.
    Ако исчезнала љубовта во една врска или брак, не значи дека треба да исчезнат сите морални норми и да се криеме зад бедни изговори.
    Почитта значи соочување со проблемот и негово разрешување и надминување, со или без партнерот во иднина. Но не и вклучување на трето лице.


    Во однос на вториот дел од прашањето.
    Доколку сакаш некој нема да го етикетираш со швалерка.
     
    На rici.aaaaa, Ariel, Annath и 3 други им се допаѓа ова.