Тешки да беше лекот во домаќинлукот. Ама некои овде посочија дека жените денеска се себични, не сакаат да ги служат мажите, не се добри домаќинки па од таму тргна цел муабет. Спојлер
А јас па не знам што толку се испозачудивте сите зашто некој рекол дека сака да чисти по дома и сака да готви за своите најблиски и дека тоа го прави со љубов... Уште па читам коментари од типот дека подобро било да мириса на чисто и избањато отколку на запршки. Мислам, до кој степен и крајност се оди.
Кој како сака нека си прави ама да навредува друг со зборовите , цитирам со посебен акцент на болдираното си повлекува по себе коментари. Како она на нас така и ние на неа.
Во ред, да, нема потреба од навреди, за тоа се согласувам. Иако јас не ни видов кој коментира туку само го читам постот. Ама повеќето се нафрлија на девојката зошто рекла дека сака да готви и чисти. Не разбирам како може тоа да го напишат жени и мајки кои би требало ако ништо друго барем за детето да го одржуваат домот постојано чист и да готват постојано здрава храна повторно за детето. А мене нивните коментари баш такви ми изгледаа. Како "Види ја што збори, сакала да готви, ццц, сакала да чисти, па во кое време живее, наместо да си излезе со маж и' и детето она со крпата цел ден, па чистачка нека си викне." Колку само нема врска муабетов ама ај... Друга работа не секој има финасии и може да си дозволи да плати за чистачка. А најмалку па тој што може да си дозволи таков луксуз (да, луксуз е тоа) му дава за право тоа да му го плеска во лице на другиот и индиректно да го прави заостанат и асоцијален. Демек тие што чистат или тие што не викаат дома жена што им чисти, по цел ден се со крпите во раце и на запршки мирисаат, а социјален живот само на сон имаат.
Напротив таа е првата која почна со карактеризирања. Демек ако дома чистиш маж ти нема да те вара. Кешки во тоа да е лекот. Јас си кажав каков е мојот став. Мене ми е такв работат што се случува да работам и по 12 часа на ден и не сум домаќински тип. Сакам да готвам да правам десерти но не мислам да сум роб на крпата и кутлачата со намера да си го зачувам мажот.
Нена2010, овде те цитирам бидејки ти ги прочитав мислењата на темава и само сакам да те прашам едно прашање, се надевам ке ми го одговориш ?! Дали во животот си размислила дека еден ден ( ако не си мажена ) ке се мажиш за некој дечко во село каде што нема да ја има чистачката на мама , дали ке знаеш сама како да фатиш крпа и ... ... дека сама ке мораш да се снајдеш да чистиш, да знаеш од каде да почнеш да работиш, и патем .... да мораш да одиш на нива , да чуваш деца, да ја исполнуваш брачната должност и сето тоа ?!!??! И да ... се прашувам дали знаеш како изгледа еден ден кога ти сама ке ја уредиш, т.е исчистиш куката !?
Немам намера да живеам на село зашто партнерот ми е од град. Знам што значи да чистиш, знам да чистам и да готвам и да пеглам и деца да чувам ама кога можам да си дозволам помош.зошто да не. Сама си заработувам и не е на мама чистачката она си има друга..
Прво Силвер не нарече сите кои ги делиме обврските со сопругот не домаќинки и модерни, не требало така туку требало да му се служи на мажот, демек на нас ни фали нешто штом му дозволуваме на сопругот да се меша во домашните обврски а тек ако го види некој кај што спружува алишта, тогаш готово смак света следува. Детето мое е нахрането со домашно зготвена храна, од мене или од сопругот, второто си цица нема потреба од посебна храна , домот ми е чист али не паѓам во несвест ако некој дојде и е растурено со играчки или син ми кога фаќа насекаде со прстињата, се тоа се брише ама траумите од дерење да не фаќа затоа што јас само што сум исчистила ќе траат засекогаш, сфаќаш сега или не? Мене да ме третира сопругот како на Силвер партнерот не би сакала никогаш повеќе да го видам а не сеуште да се надевам на некаква иднина со таков примерок, таквите се женат ради реда, тоа да имаат домаќинка дома која наводно ќе ја почитуваат а ќе си има швалерка која ќе си ја сака. Зарем треба да мислиш дека некој те сака ако си имала сообраќјна несреќа а тој не те прашува ни како си, тој ли ќе те почитува затоа што си зготвила оброк со љубов или куќата ти сија, нема ни да те примети и тоа е факт. Мојот сопруг сега кога се породив зема 6 недели породилно (да, да за срамота маж да земе породилно) освен што го доев малиот и што се бањав секој ден друго ништо не правев затоа што на мојот сопруг му беше најважно побрзо да заздравам (ни тие што родиле не можат да замислат колку сум шиена после раѓањето на џинов мој ) а не дали ќе го види некој кога менува пелени, готви, спружува алишта итн, тука се гледа колку те сака партнерот, кога е загрижен за тебе, сака да учествува во секој сегмент од заедничкиот живот а не од мене таква целата расцепена да очекува да биде испран, испеглан а он да си го дрви само. За крај јас само готвам со љубов, чистењето ми е нужно зло, не уживам, не го избегам ама кога можам му ја препуштам таа обврска на сопругот без грам совест.
Благодарам на мислењето ... се гледа дека си растена во фамилија со вишок финансии, и сепак само да кажам, има некој девојки кои се повеке насочени кон онаа традиционалното, и секако нивниот партнер можда обожава да мирисаат на " запршки " и храна зготвена со многу внимание и љубов .
Благодарам на мислењето ... се гледа дека си растена во фамилија со вишок финансии, и сепак само да кажам, има некој девојки кои се повеке насочени кон онаа традиционалното, и секако нивниот партнер можда обожава да мирисаат на " запршки " и храна зготвена со многу внимание и љубов
Нена2012 Каде напишав дека ако му чистиш на мажот немал да те изневерува ??? Спојлер Каде навредив некого бе жено ????? Со тоа што реков: СПОСОБНА СУМ ДА ЧИСТАМ САМА !!!! Пишував и кажував за МЕНЕ, А НЕ ЗА ТЕБЕ !!! Тоа што ти се пронајде во постот - е твој проблем !!!!!! Обожаваш да ги превртуваш зборовите, да се зајадуваш и да паметуваш. Не те мислев за ваква. Скроз ме разочара и овде и по други теми. Битерсвит Потпарол со тапија или адвокат си ??? Каде ве неавредив сите жени Господе мили !!!!!!! ************************************************************************* Јас обожавам да чистам, перам, готвам, сакам но и морам да се грижам за своето семејство. И тоа го правам со љубов и задоволство. И тие ја ценат мојата работа. Ова вашево на некои *дами* не ми е прв случај на зајадување. Зошто проблемот не е во мене, туку во вас. Вас ви е мака на душата што некој го бива и што не сте како него, па го осудувате. Во случајов - мене. Чиста завист или што ??? Ако имате пари, плаќајте чистачки. А, што ако сите луѓе сме еднакви (во еден идеал) и секој има пари. Кој тогаш би го чистел вашиот неред ? ************************************************************************** Да не сум офф. Се почна од оваа реченица: Жално е жената да го пере, чисти, готви, жртвува за мажот, а тој да ја изневерува со некоја ку*ва. Бидејќи швалерката не може да се нарече жена. Не заслужува. И мажот не може истовремено да ја сака швалерката и да ја почитува жената. Зошто ако ја изневеруваш жената - автоматски не ја почитуваш.
Доста сум помлада од тебе и плус немажена , едноставно , сега ке кажам мој став за сето тоа напишаното, не сакав да дискутирам бидејки немам никакво искуство и се друго, но имам свој став за тоа. Јас сум човек кој сака да се грижи за домот, за семејството за еден ден кога ке имам деца и се тоа, и сега и помагам на мајками во сета домашна работа , ама баш буквално во се , и еден ден кога би останала сама ... воопшто не би ми било тешко ,,, бидејки сум научила голем дел од домакинството. Многу ме изиритира тоа твое мислење во врска со запршката и мирисањето , па добро мажите незнаат дека жените мора да готват , за да ним им е полн стомакот ?!?!?!? И сакам само да кажам дека, секој маж кој тргнал по швалерка ... нему во бракот му фали нешто а тоа е факт !!!!! Можеби сопругите не им посветиле доволно внимание,не им покажале доволно љубов ... па тргнале во нечија прегратка . Незнам што повеќе да напишам сето тоа ми е непознато , но само дојдов до мислење и мој став , дека еден ден кога јас би била жена мажена , не би дозволувала маж ми да седи по цел де, воопшто да не ми помага,барем доволно би ми било кога не би имала врме да ги измие садовите, и да ги причува децата ( доколку не одат во градинка ) . А тоа за гледање куќна помошничка .... жената сама си го прави тоа така, сама прави тој да ја гледа така .Една жена може да биде СЕ што еден маж сонува ... А реков погоре и пак ке речам .... штом мажот оди по швалерки нешто му фали и не е во ред со бракот !!!!!
Јас ќе си кажам за мајка ми ... На мајка ми работното време и е од 8-19 часот од кој има 3 часа пауза оној период кога е ручек. Си иди дома, прави ручек, додека се прави ручекот успева да пие кафе со пријателки во близина ама на брзинка 30 минути, преспива 40 минути до час и потоа пак ќе си најди некое време дури да треба да тргни пак за на работа. И на татко ми му завршува работното време кај 19ч. Си идат дома, вечераат, се тушираат, ќе поседат во дневна, ќе си муабетат и секогаш се спремни доколку имаат желба после тоа да излезат некаде на гости или во ресторан со пријатели. Дали се сакаат? - Премногу. Како млад брачен пар се. Дали татко ми ја има изневерено? - Со сигурност ќе кажам дека НЕ. Нема ни да помисли. Татко ми мајка ми ја сака поради тоа што е, а не дали е со парфем и без парфем, ако сака нека мириса на кромид. Се трудела. Зготвила, била на работа, чисто дома... мислам секоја чест за неа. Јас и се восхитувам на тоа колку таа е неуморна и би сакала да сум како неа. И имам речено некогаш да викниме чистачка, не сака. Не дека јас сакам ама ете постара жена е, не сакам да е уморна. Јас и помагам, но никогаш не можам да сработам исто колку неа. Се чувствувала способна. За именденот и имам речено да порачаме слатки. Пак не сака, не биле убави тие, она поубави си ги правела. Наоѓа време за се! Е за мене ова е домаќинка. Верувам дека повеќето се вакви. И се согласувам со мислењата од Силвер. Ете гледајќи ја мојата ситуација дома, можеби несвесно сум така научена за и јас да бидам и тоа го практикувам во мојот студентски живот. Готвам, перам, чистам, одам на факултет, се дружам со колешки и најдувам време за учење. Забегав од темава ама јас сум ЗА жени домаќинки. Ако маж сака да изневерува, ќе изневерува. Карактери се тоа луѓе. Ама дека дечко ми не ме сака кога му готвам( а му готвам со љубов) тоа мало морген. Тешко дека ќе се затрча по некоја која знае само да се дотера, нашминка и прошета. Утре таа деца ќе му гледа. Ха...
Ја следам цела дискусија, а морам да се смешам зошто си се најдов во муабетов на lovely-girl. Значи lovely-girl јас сум таа што цел живот немала никаква обврска дома кај мама, ни при готвење, ни при чистење ништо ништо. Еве срам не срам си кажувам. И еве го сега твојот муабет баш периодов средувам стан и станувам домаќинка самостојна (значи нема веќе мама, а нема ни чистачка моментално пошто нема многу пари ) и знаеш што НЕМА ПРОБЛЕМИ БРЕ, ФАЌАМ КРПА, СЕ СНАОЃАМ ВО ЧИСТЕЊЕ, ЗНАМ ОД КАДЕ ДА ПОЧАМ се си тера СЕГА ВИДОВ КАКО ИЗГЛЕДА ДЕН КОГА САМА ЌЕ ЈА УРЕДАМ КУЌАТА, факултет не требало за домаќинлак, требало само организација. Што толку се пренатегате и удирате у гради демек леле чистењево. Ама најважно е што мојот партнер исто барабар работи со мене. Јас чистам еден прозор тој друг, јас со метла, тој со правосмукалка. И кога ќе остане нешто не досредено викаме еј НЕИСЧИСТИВМЕ, а не НЕ ИСЧИСТИВ. Дали ме разбираш. Јас да служам на маж го истоветувам со слугувам. Немора да е точно ова, туку јас така сум воспитувана. А ти ако сакаш и нозете можеш да му ги миеш и роб да му бидеш тоа нема никаква врска дали ќе фати швалерка или не.
"Зошто проблемот не е во мене, туку во вас. Вас ви е мака на душата што некој го бива и што не сте како него, па го осудувате. Во случајов - мене. Чиста завист или што ???" Таман сакав да те бранам, ама ова ме бутна од стол
Додека мајка ми беше жива мене ми беше срам (буквално срам) да седам со скрстени раце, а таа да се мачи и на работа и на дома. И да појдам до неа да и побарам пари за шминка, облека, кафичи. Секогаш сум помагала дома за се. Од перење до дрва цепење. Кој ме познава, го знае тоа. Потоа, имаше еден краток период кога немав работа и *киснев* кај дечко ми в село (си има таму стара баба која држи две кози, инаку дечко ми живее в град) и таму молзев кози, нижев пиперки, копав в бавча, на бабичката и направив генерално чистење, готвев секој ден. Дечко ми обожава месено со праз, па стално му месев. Кој правел знае дека празот замирисува. Ама тој прстите ги лижеше од јадење, никогаш не ми рекол: бегај, смрдиш ! Одев не со сила, не за да се покажам, туку зошто ја обожавав бабичката, сакав да помагам, и мерак ми беше на село (зошто јас сум родена и живеам в град). И за викенд секси дотерана, на штикла, ќе излезев в град по дискотеки. И што сум овде грешна ??? Skorpionke, вака, слушај: Испаѓа на човек да му е страв да се изрази на темиве. Одма те напаѓаат за ништо. Те напаѓаат за тоа што си таков, поразличен од нив. Или зошто не можат да бидат како тебе? Што е проблемот ? Нена еднаш рече не била помалку домаќинка, а потоа не била домаќински тип. И самата не знае што е !? Стварно што е проблемот што кажав дека сакам да чистам и готвам ? Зошто некому му боди очи тоа? Па, освен завист на тоа, не гледам друго. Исправи ме ако грешам, те молам.
Сега за сега сум stay at home mom не сум ни потпарол ни адвокат, кога ќе се вратам на работа ќе бидам пак midwife, акушерка. За првиот болд стварно не знам дали да плачам или да се смејам, на што бре девојче да ти завидуваме, свесна ли си самата што пишуваш. Да ти завидуваме на маминиот син што те избрка од кај него ???? Зошто мислиш дека тебе те бива повеќе од мене, јас ако ништо друго веќе сум докажана домаќинка водам домаќинство од 15 години, имам две здрави прави деца и сопруг кој ме сака и почитува и имам 14 години работен стаж, доволен успех за мои години и показател за мојот домаќинлук. За вториот болд и во идеални услови пак ќе се најде некоја/некој кој ќе чисти туѓ неред, кој за што си учел. Леле морам едит да направам, ако знаеш да месиш пита со праз значи си домаќинка, ок тогаш нека ми даде некој орден затоа што знам да месам пита со праз.......браво за мене ептен домаќинка сум била.
Никогаш никого не потценувај незнаеш на што можеш да дојдеш , можеби сега си здравствено лице... а можеби утре задутре , ке чистич нечиј неред .... Жената е родена да биде домаќинка, а со текот на времето се станува помодерно , и никој никому не сака да биде товар па работите почнаа да се делат , додека постарите генерации, баби, дедовци, иди ним докажи им дека е правилно мажот да помага дома . За нив мажот некогаш бил створен да печали, да донесува храна , да храни деца, а жената да биде таа која се ке зготви ке исчисти ке уреди .....
Браво Битерсвит, ако си докажана домаќинка, досега друг муабет ќе тераше... Ама и самата не знаеш што си. Еднаш вака, после така... Сите домаќинки, а по дома растур систем. А, ти Битер, да не заврти тркалото да одиш по куќи да чистиш некому, па да видиш како е. Не мисли ако имаш школа завршено е. И јас имам факултет, па денес ништо не е сигурно.
Едноставно не треба да се оди во крајности. Точно е дека патот до машкото срце е преку стомакот или Спојлер Мажот има две емоции - гладен и напален. Така да ако нема ерекција, направете му сендвич. Секој маж сака среден дом, зготвен оброк. Но најмногу од се сака среќна жена. Жените често знаат да одат во една крајност и на крај се претвораат во домашни помошнички. Уморни, исцрпени и без волја за ништо. Не дека не треба по дома ништо да се пофати, ама не мора прашина да се брише секој ден или опсесивно да се џогира. Ниеден маж нема да примети малку прашина кај телевизорот. Спојлер Тоа свекрвата го приметува обавезно Побитно ќе му биде со вас да поминува време. Убаво рече Миднајт Така да брзински поделба на обврските, за кратко време цакум пакум и време за љубов Вистинската тајна е да има зготвен ручек а ти да мирисаш на парфем. А како што рече Нена на шала е скоро сигурен рецепт дека ќе се загледа во други. Сепак, се оженил за жена, не за чистачка. Разбирам дека не можат сите да си дозволат чистачка да им доаѓа, ама пак постои едно нешто што се вика поделба на обврските. Не може жената по цел ден со домашни обврски, а тој да си го дрви.