Сега го видов, си велам може советите на гејшите ќе помогнат во зачувувањето на сопрузите Совети од гејшите како да го зачувате мажот Со оглед на ситуацијата денес ( па и превртливоста на голем број жени), ниту една жена не може да тврди дека ќе остане со својот маж до крајот на животот. За да не ве остави партнерот за некоја друга, можеби помлада или побогата морате да постигнете тој постојано да се чувствува како вистински маж, советуваат записите на гејшите. Пронајдовме за вас неколку совети кои ќе ви помогнат „да го турнете мажот на нозете, а не од нозете“. 1. Следниот пат кога ќе водите љубов дадете му комплимент и речете му како е тој заслужен за тоа. Ако навистина е тој вашиот човек, воопшто нема да излажете, само бидете искрени. 2. Тој треба да се чувствува како јунак, а најлесно ќе го постигнетете тоа ако цените кога тој ќе направи нешто за вас. Заблагодарете му се. 3. Пронајдете место во спалната соба кое ќе го посветите само нему и на неговата машкост. Тој дел можете да го украсите со негови фотографии и на тој начин да му дадете до знаење дека се уште ви е привлечен. Нормално, тука може да се најдат и песни посветени на него, миризливи свеќи и уште неколку детали кои ја отсликуваат вашата врска. 4. Кога ќе посака секс не го одвбивајте освен ако навистина не можете. Ако се случува тоа постојано, тој ќе пронајде некое друго место, а тоа не е вашата цел. 5. Понекогаш допуштаме други работи да ја првземат контролата во нашите животи. Тоа се обично децата, семејството, пријателите. Секогаш нека ви биде мажот приоритет, првото место секогаш наменете му го нему. извор 365.com.mk Се сложувам со 4 точки, освен со 5-тата приоритет секогаш ќе ми биде детето барем сега додека е мало, значи не можам јас да си го правам кеифот, а детото да ми се утепа од плачење затоа што му се јаде. Може приоритет да ми биде кога детето ќе ми порасне и само ќе може да си се грижи за себе, сега во никој случај. Детето на прво место, а на второ место сопругот. Сите останатите нормално после нив!
Стварно како не ми е срам јас ваква недомаќинка да ти се мешам во муабетот дека треба на мажот да му служиш, ете ти како докажана домаќинка и дека му служеше па те избрка како куче Не сум домаќинка никогаш и нема да бидам ако тоа значи дека треба да му служам на мажот е сега ако тоа според тебе значи дека дома ми е растур систем тоа е твој проблем а не мој. И за тебе и за Ловли како мислите дека ќе дојде време да чистам по куќи, која ви е логиката ептен ме интересира???????????? Нема што јас да ги убедувам моите баби или да ги учам дека домашните обврски се делат, двете мои баби биле недомаќинки и мене тие ме научиле дека домашните обврски се делат,тоа сум го гледала во нивните домови каде и двајцата дедовци и синовите и ќерките подеднакво работеле по дома, ептен модерни баби сум имала.
За првово, не ме избрка Спојлер (никако не ме избрка, проблемот е поинаков) , но дури и да беше така, каков човек си ти да ми напишиш дека ме избркал како КУЧЕ ??? Која почит ја покажуваш ти ? Ти си таа која навредуваш !!! (Јас никаде не посочив, не навредив, а ме обвина, а ти се спушти на тоа ниско ниво ).. Стварно си дрска и без осет. За второво - ако си школована ќе сфатеше што значи изразот: Тркалото се врти. Како да ти објаснам? Сфати си сама. ************************************************************* Се извинувам ако некого навредив со тоа што напишав дека готвам и чистам.
Имаш 33 години , јас 22 и плус немажена, па ајде мене дај ми совет според тебе ....Каква да бидам јас еден ден кога ке се мажам ??? Каква домаќинка, ?!?! И да, оној кој те зел за жена, ако те сака цени и почитува таква ако што си ... нема да оди у туѓо гнездо ........ .... И да кажам само дека ... никој овде не рече дека твоите баби биле недомаќинки .... И знаеш што ..... шијата ја кинам доколку бабати ја убедиш дека и мажот е должен дома да мие мете пегла готви и се друго !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Истата почит која што ми ја покажа ти таква и ти вратив, ти си таа која што сугерираш дека моите деца живеат во свињарник и не се чувани и хранети како што треба, која се спушта пониско, јас или ти??? Самата бре девојко напиша дека те избркал ниту измислувам ниту си правам филмови а ако некој те избрка без збор така се вика дека те избркал како куче, мене најискрено ми е жал кога те читам дека сеуште се надеваш дека ќе имаш пристојен живот со таков човек, сепак тоа си е твој проблем а не мој. Нема што да сфатам сама дека тркалото се врти, колку и да сум или не сум школувана не може да дојде време да чистам по куќи, тркалото не може до толку да се сврти за да останам без работа, без покрив, без пари и чистам по куќи, може без сето ово да останам само ако дојде до крајот на светот ама тогаш сите ќе изумреме така да пак нема да чистам по куќи. Ловели кини си ја шијата Баба ми кога почина пред 8 години дедо ми бидејќи цело време дома работел заедно со баба ми самиот си ја гледа сега куќата, не дозволил на ниедна снаа или ќерка дома да му исчисти или да му готви се сам си прави.
Ја кинам , ретки се таквите луѓе ... и да ... сепак си мајка колку што видов, и жена пред се , таквиот однос не ти долокува ... спрема годините секако , тетка можеш слободно да ми бидеш . Имај убава вечер, те поздравувам , а сега по што е доцна , оди бакни го сопругот и спиј,..... да не ти го земе некоја швалерка ( жалам ама морав да возвратам )
Тргам на страна цела дискусија и не ме интересира кој, што, како ама bittersweet овој пат ја претера малку. Мислам што е така, така си е. Сите некогаш сме имале некој проблем и сме го пишале овде за да добиеме совет. Не е во ред тоа да се злоупотребува за други теми кои немаат никаква допирна точка со првичниот проблем на членката. Ако не ајде сега сите да почнеме да си копаме по мислењата и да се навредуваме. Не навлегувам во другото ама ова морав да го напишам.
^^Кај мене душо е 10:44 наутро, го бакнав и плус уште нешто пред да го испратам на работа сабајлево, а да, му направив и кафе и доручек затоа што стана два саат порано да го чува малиот за јас да отспијам малку, може нема да ми го земе некоја швалерка ах што викаш ти??? На што враќаш ти само тоа не ми е јасно. Дејдрим се може во даден момент да се употреби против секого, ако си го напишала тогаш имам секакво право да го употребам како аргумент, Силвер не обвини сите тука дека сме модерни, ги раниме децата со купечка храна и живееме во свињарници затоа што не им служиме на мажите, тоа не е навреда и претерување???? Ако служењето на мажот е доказ за успешна врска и брак тогаш зошто нејзиниот не успеал????
Гледам дека од колосек заминале работите овде малку повеќе, друго е темата а вие се карате за крпата и кој колку сака или не сака да ја фати ... Не вреди расправии па ниту навреди, ќе бидам неутрална и повеќе ќе се трудам да го дадам своето мислење на темата. Мажите по природа си одат по швалерки па и сопругата да е најубавата и најсредената или па најдобрата домакинка, за жал. Многу се фокусираме на тоа тие што сакаат, ние се трудиме да им угодиме, наместо себе да си угодиме. Ако решил да фати друга ниту со крпата, ниту со новата танга нема да го задржите, а реално ни сами не знаат зошто го прават тоа ...
Силвер, а и другите што погрешно ја сфаќате Битерсвит- таа не вели дека не е убаво да си домаќинка, впрочем и таа самата е домаќинка, само сака да каже дека не треба толку да се оптеретувате со домот и се` да биде под конец, затоа што ќе станете роб на домот, а ќе трпи семејството. Убаво е некогаш да помогне и сопругот, да се поделат работите, за да остане потоа повеќе време за семејнив активности. И тоа што ти го кажа за дечко ти не е навреда, туку е само едно протресување за да се свестиш и да пресечеш еднаш за секогаш. И јас те читав во темата и сега кога ќе налетам на твој пост каде што велиш дека уште сте на пауза си викам аман бре девојко, до кога ќе му даваш важност на еден таков мочко, место тој да цени колку му се поветуваш тој демек размислува. премерува, а ти тоа го одобруваш и си на чекање. Не можам да разберам зошто толку малку се почитуваш себе си? Тоа мислам дека ја испровоцира Битерсвит- ти даваш совети како е добро да си домаќинка да правиш се сама и да се грижиш за сопругот, а сите знаеме колку твојот бивши дечко тоа го ценел. Тоа се вика парадокс. Никој овде не ти мисли лошо, или сака да те вреѓа- баш напротив, сите сакаме да бидеш во иднина со некој кој ќе ги цени твоите домаќински квалитети. И пак ќе кажам, убаво е да се грижиме за домот, да биде чисто, да правиме јадења за тие што ги сакаме, ама кога треба да се поминеме време со саканиот, тогаш садовите можат да се измијат и утре, не мора веднаш, никој нема да замери, ами напротив. Таа е целата поента.
Ок, ти си знаеш, јас лично сметам дека не е ок еден проблем од пред можеби една година да се меша во сосема друга тема со која нема никаква допирна точка. Јас барем не играм така, сметам дека не е ферски.
Битер, што се трудиш да докажеш нешто на сексуално фрустрирана нација, особено сексуално фрустрирани жени? На страна домаќинскиве(глупи) муабети, туку кога ќе почнат со муабетите за слободоумност и секс до точка на вулгарност и безобразлук (ваљда од затапеност им се развива воајеризмот,па се надеваат дека ќе испровоцираат нешто кај некого),а после ќе се запијат чаша две црвено и ќе почнат вагиналните ДИЈАЛОЗИ, па ќе се изнаслушаш секакви хорор причи. Далечна ти е земјава, затоа не ги сфаќаш... Жената има бре да се срами од тоа што е жена. Па дури и има и мажи кои се лути на своите жени ако уживаат...да,да... Вака ти се гледа нормален, кога тоа, тој навреден. Не претерала Битер, туку вие сте огорчени балканки што сакаат закоравени балканци, од таму си повлеквит што би рекле охриѓани. Домаќинските работи се ствар на хигиена, ама кога ви се култура на живеење, сочувствувам со вас.
Ах бе жени мои, кралици најубави Мешаме баби и жаби. Кој живеел надвор или имал партнер надвор од Балканов знае колку се различни работите. Ние кои живееме надвор од Балканов наш си знаеме колку мажите кои се таму воспитани се различни од примероците по дома. Не дека и по Балканот нема еманципирани мажи Ама да не се лажеме, разликата е ОГРОМНА. Наједноставно кажано, на Балканот е потрадиционално. Некои жени се потрадиционално воспитани. Тука нема ништо лошо. Не е до нив, до средината е. И нема тука што некој да се вреѓа или да се мериме која е поголема домаќинка. Затоа што стандардите се различни. И ај стварно ви се молам, сексуално исфрустрирани луѓе има секаде. У Лондон демек нема.
Има секаде, тоа е точно. Но тука е исклучокот, каде жената треба да се срами, зошто патријахатот од по дома не им е излезен, зошто се полни табуа, зошто се уште можете да слушнете момци што викаат - ја растурив или ми даде те жените да речат му дадов и слично. Се уште на големо се зборува за срамниот чин, се уште е урнебесна шегата дека женска најголема лага е - втор си ми и слично. Не збориме за неморал и промискуитет, туку за грижата за себе си и сфаќањето на нештата. Тука се уште го има тоа и не можеме да избегаме од истото. Реков, приказни какви сакаш. До тогаш се мачкици, божици, ама кога ќе си ја отворат душата... жалосно, па и кога ќе чујам дека дечковците како подналутени, не знам што да мислам.
Ама тоа е,што ќе се прави. Патријархатот полека излегува. Полека, ама гледам дека почнува да го снемува. Ниедна промена не може да биде преку ноќ. Сепак многу работи се променети од пред 30-на години. Да не одам подалеку. Еве и маживе научија машина да пуштат, прашинче на забришат, да исправосмукаат, сфатија дека раче не се топи ако се замие тањир Ама треба повеќе време за тоа да се рашири. А верувај кога ќе ти кажам дека муабетот особено болдираниот, го има секаде. Ехехеј да знаеш што се' се немам изнаслушано од мажите во единицата на мојот вереник. Ова е предјадење во споредба со тоа Boys will be boys
Daydream драга ,многу лесно можеш да прочепкаш низ форумов,веќе кога станува збор за безобразлук,и да го забележиш дамскиот начин на изразување на Silver,кој што уздуши попреку ги направи и се уште ќе не прави прости,глупи,неписмени,не адекватни за на форум(што се со поинакво размислување од неа)така да ниските удари и се одбранбен механизам на Silver на форумов уште поодамна,а ништо чудно и во секојдневието. шTо е должна битерсвит,или било кој друг член на форумов да трпи лична навреда..дај ве молам
Lilit тастатурата да ти се позлати за секој збор што го кажа. Еве јас сум во нашата македонија, поточно во Скопје и сваќам дека за жал балканштината е и тоа како закоравена кај нас во однос на на местото на жената - сопруга и мажот - сопруг. Додека од сопругата се очекува да биде домаќинка, да пере, пегла, чисти, р"мба по дома, плус да работи и да носи дома пари, мажот си доаѓа на готовс дома, и си го дрви и си брка швалерки низ град. Е па јас имав еден бивши кој се чудеше дека јас имам жена која ми доаѓаше тогаш два пати месечно дома, зашто за жената требало да чисти, тоа било антистрес терапија!!!!!! Да се крстиш. Сега фала богу сум со човек, кој не сака да ме види кај што чистам бидејки знае дека работата ми е напорна и после тоа сакам да се релаксирам со добар филм, книга или серија, да прошетам. И да си се посветиме еден на друг. За тоа што го кажав дека не сака да му мирисам на запршка туку на парфем, очигледно не ме разбравте зашто поентата на тоа ми беше дека човекот не се потресува ако дома не е се под конец, ако не чистам се додека јас сум среќна и весела и неоптеретена. Силвер и сите оние кои нападнавте дека имам жена и не сум домаќинка да ви кажам дека од мојата 25 година од кога ја земав првата плата живеам сама, сама плаќам сметки, сама располагам со пари, нема мама тато да ми готват да ми носат. Знам како е и кредит да земаш и стан да опремуваш, и се. Затоа не се расфрајле многу со домаќинлук само зашто низ дома чистите, готвите и метете (алал да ви е кога се стигнувате), ете мене мајка ми не ми давала да чистам по дома побитно и било да завршам факултет, да стане нешто од мене. Ми велеше кога живеев со нив и ќе и речев дај да ти помогнам нешто, оди ти таму фати се за книга, излези со друштво има време кога да средуваш и домашни работи да тераш, тоа не ти бега. Ниту сум беснословно богата, туку знам како да ги распореам парите, што да ми биде приоритет, и не чекам од некој да дојде дома и да ми даде 100 денари за влошки и да му се покорувам само зашто има пенис. И пак ќе кажам, ако некоја мисли дека со тоа што изграва дома совршена домаќинка, ќе го тргне мажот од швалерки, тогаш гадно се излажала. Зашто баш една таква во мојата околина сега е оставена со две деца заради швалерката !!!
Мојата и твојата мајка изгледа се другарки И мене мајка ми и ден денес ме зеза дека пред да се омажам не сум знаела ни кујната кај е, а денес моите другарки признаваат дека моите јадења се многу поразновидни од нивните - и секоја недела имам барем две што до сега никогаш ги немам готвено (не за друго, да си го одржам интересот за готвење ). И краен заклучок - ама баш нема никаква философија во готвењето, секој може да најде рецепт, да испазари состој и да спреми било гибаница, било Cordon Bleu, било суфлаки или италијанска торта. Токму затоа и не мислам дека готвењето е којзнае колкав дострел. Чистењето - ако морам, ќе чистам. Ако можам да платам чистачка - апсолутно тоа ќе го направам. Ако немам, пак нема во свињарник да живееме - зошто и двајцата ќе се трудиме да не дојде до тоа. За среќа и мојот сопруг не е типичен Балканец, па не му пречи ниту да усиса, ниту тој на скара месо да испече, ниту да ги пружи алиштата за сушење. Затоа никогаш не дошло да не излеземе затоа што сум уморна, или да не одиме на гости затоа што треба да се чисти, или да не седнеме во кафана еднаш на две недели затоа што сакам да се покажам дека подобро готвам од тие таму. Време се наоѓа и за гледање филм, и за играње табла, и за читање книги. Е сега, не ги напаѓам тие на кои можеби стварно антистрес терапија им е се домашните работи, ама па не треба ниту да се осеќаат како да се супериорни во однос на нас останатите. За да не бидам скроз off topic, и покрај сето наведено, тој што сака да изневерува ќе го направи тоа секако, ама па не оди да им се дава додатен мотив - ако во времето кога мажот се заљубил во мене сум била средена, насмеана, дотерана и сум наоѓала време и за него, и за пријатели на страна, не значи дека исто толку ќе ме сака доколку главниот муабет сега ми е колку сум уморна па да си седиме дома, или да не дојдат гости бидејќи децата лом ќе направеле, или да го викам да види колку е светнато купатилото.