Баба ми покојна викаше, никогаш не дозволувај мажот да те види без кармин (освен ако си болна), без фризура, без насмевка и намирисана. Убаво велиш, ако јас кога сме се запознале сум била жена која сум одела во салон на масажи, на маникири, на фризер, ако сум гледала филмови сум читала книгисум излегувала, он се заљубил во таа жена. И сега ако му се претворам во некој мрчатор,( не можам да излезам уморна сум, не гази таму чистено е, вриштење по децата зашто истуриле сок на тепихот кој сум го рибала цел ден) па нормално дека ќе изгуби интерес за мене.
Mене насловот од темава ми е ептен чуден на место сопруга/жена,домаќинка ,а домаќинот кај е?брка швалерки
Не е се` така црно и бело, не си создавајте дополнителни притисоци дека МОРА да сте секогаш нашминкани, насмеани и средени, за да ве сака мажот. Како поминува време, така се менувате, и вие и тој, и сосема е нормално некогаш да не сте средени, да сте уморни, да ви лета косата на сите страни и да ви ѕиркаат бели влакна. И уморни ќе сте, и несредени, и хистерични (посебно на почеток со бебе), и зафатени понекогаш на работа. Не е поентата дали ќе сте му вие константно убава на него, зошто секогаш ќе има поубава од вас...поентата е дали имате меѓусебно разбирање за сите тие стресни ситуации, зошто во животот доаѓаат многу такви, и ако сте под стрес за физичкиот изглед и неговото задоволство, постои огромна шанса да го изгубите својот мир некаде по пат. Прифатете дека никој не е совршен цело време, Баланс и РАЗБИРАЊЕ од двете страни, и никој нема да ви се смеша во врската.
Се согласувам со се што рече. Но, исто така не мислам дека ќе те цени мажот повеќе ако се потресуваш се да биде како под конец дома, да си нон стоп со крпата во рака и да изграваш супер домаќинка, деловна жена, да посветиш доволно време на децата и плус да не го запоставиш него. А он само да си седи и да работи таканаречени машки работи. Така може да тераш 2 години максимум ама кога ќе пукнеш од преумор и фрустрираност, ќе се претвориш во монструм кој само мрчи по дома дека е уморна, се ќе ја нервира, ќе се раздерава на деца и на све живо. Затоа нешто мора да се одмени, да се помогне. Како што кажа Дарси, кој има можности не е страшно да си земе жена за она генерално чистење ( прозори, теписи и све ) а кој не поделба на работите со мажот и да си го истренираш дека треба да помага во секој аспект ако сака да има задоволна и среќна жена која ќе може да му посветува внимание како на маж, а при тоа да не запоставува деца, работа и себе си. Научил ли дека ти се сама можеш, дека он си е ослободен од се, никогаш нема да ти помогне, кога ќе се пожалип ќе ти рече : Е де не е тешко вчера тоа го правеше, и нема да те гледа како жена туку како куќна помошничка, почит нула, а ако му мрда опашот ќе си најде некоја на страна која ќе ја сака и ќе му го полни егото, која ќе биде чиста спротивност на жената дома и нормално ќе лета околу неа како пеперутка.
^ И со тебе се согласувам, затоа реков БАЛАНС. Јас, на пример, дома чистам само неопходно и тековно, за се` поголемо земам жена. Дури и ретко готвам, ама тоа затоа што имам среќа мајка ми, кога ја чува малата, да ни прави се` што сакаме. Да не беше таа, не знам како ќе беше Мојот ПРВ избор секогаш и секаде се детето и сопругот, точка. Не се затворам дома за да чистам или готвам, пре би дала пари друг да го направи тоа за мене и надвор да јадеме, ама тоа затоа што имам можности во моментов. Што е со фамилиите кои не можат да си дозволат чистачка и шетање и јадење по ресторани? Жената и мажот во тој случај ќе МОРААТ да бидат „жртвите“ за семејството, и тука нема простор за забелешки, ниту притисоци, дека жената мора да биде совршена и под конец секогаш. РАЗБИРАЊЕ за ситуацијата, и се` ќе е полесно.
Како и секоја теме и на оваа се оди од една во друга крајност. Значи или си педантерија и чистиш цело време или си смрдла и ништо не пофаќаш. А плус и дискусијава со насловот на темата не ми одговара. Јас чистам по дома, кревам по детето, ако истури сок на тепих не ми е сеедно ама си ќутам и си чистам со крпчето зошто неможам така да оставам а детето толку знае. Жена за чистење и готвење немам така да на нас двајца е се. Ретки се мажите кои имаат љубовници бидејќи дома им е премногу чисто и затоа што жената многу убаво готви па сега кај друга ќе оди.
Цццц, така ти е кога жени ќе отворат дискусија ... а да беа мажи ќе си се мотивираа и удираа по рамо за оваа тема. Жени нити статусот добра домаќинка нити статусот добра жена ( принцеза ) не е гаранција дека мажот нема да изневери. Мажите го имаат тоа во генот, склони се на вечно билдање его затоа и без пардон изневеруваат. Битен фактор за тоа да се случи прво е визуелниот ефект ... Значи секој маж сака да види добро одржана жена. Стремете се кон тоа, да изгледате колку може по одржано. Но, ни ова не е јака гаранција ... Ама ако во пакет со тоа сте и свои пред се тогаш ќе успевате да го држите до себе. Нормално следниот јак фактор сите знаеме кој е, па стремете се што повеќе да го усовршувате. А која како сака така нека си го води мажот и нека си го води и одржува домот. Немојте толку да сте сигурни во ништо посебно не во вашиот маж. На нив им одговара таков живот ( на поголем процент ). Вака или онака тие веќе изневеруваат, тоа им е нормална појава. Прашајте ќе ви кажат.
Добро бе овие мажишта што толку изневеруваат кога одат на работа? Работат ли нешто? Уморни ли се? Одат ли во супермаркет за да наполнат фрижидер? Се загрижени ли за финансиската состојба на семејството? Чуваат ли пари за на одмор? Се грижат ли што чешмата тече по малце а вратата од собата на бебето шкрипи? Мислам се супер мажи излегоа веќе па Јас и маж ми кога завршуваме со работа душа немаме веќе а не па другари кафани или шваљерки Живео викенд за да се купи за јадење нешто па може и да се прошета еден круг низ град. Мажите што вараат не го прават тоа зошто жените им се ружни и не одржани. Еве од славниве бракови Шварценегер ќе го земам за пример кој при онаква жена со слугинката дете имаше (ај да не трошам време да барам други кои при жени топ модели со ороспии на паркинзи ги фаќаа новинарите). Тоа за мене се луѓе со психолошки проблеми и точка.
пред се треба добро да си го познавате мажот. да знаете што он сака а што несака и да не се создава дупла нервоза. баланс и почитување најбитно за успешен брак. и не се сложувам дека секогаш треба да сум дотерана или нашминкана за мм. лично мојот маж најмногу комплименти ми дава кога станувам од спиење кога сум бушава во пижами но во одлично расположение. така да не се водете од општи правила секој брак си е приказна за себе. а според мое мислење мажите кои не бркаат љубовници не се оние на кои што дома им е се под конец на пример туку оние кои што имаат јаки и самоуверени жени, жени кои веруваат во себе, жени кои уживаат да даваат и да примаат љубов но јасно имат дадено на знаење дека нема да ги трпат каприците или глупостите на мажот затоа што денес бракот треба да е синоним на еднаквост.
На толку многу разни профили на жени и мажи кои ги среќаваме овде на форумот, вие сакате да најдете една формула за задоволен маж и задоволна жена. Што им одговара на партнерите и не ги фрустрира, тогаш е ок. Без разлика дали во животот јајце нема да испржиш или стално ќе бидеш над кујна, додека вас со партнерот ви е добро и никој не се чувствува искористен или запоставен, тогаш стварно е ок. Гледајте и до кај ви се можностите и каква ви е ситуацијата дома и не се споредувајте слепо со други жени и фамилии...
КАДЕ напишав дека ги храните деца со купечка храна и дека живеете во свињарник ??? Те молам ЦИТИРАЈ МЕ КАДЕ ???? Како не ти е срам, возрасна жена со деца си, да лажиш ??? Гласна, знам дека не ме обожаваш баш, не те обожавам ни јас тебе, како лепак си за некој кој ми реплицира по сите теми и веќе не си интересна. Ако имаш аргумент или нешто, напиши, ама што пишуваш навреди и празни зборови ? Истово можам и јас за тебе да го напишам, и што, попаметна ќе станам со тоа ? *********************************************************************** Темава забега, од домаќинство, до дека сум избркана како куче благодарение на Битерсвит, до исфрустрирана во сексот... Немам веќе зборови. Јас зборував за домаќинството како претежно женска работа. Зборував дека сакам да работам и работам и готвам со љубов, онака општо и дома (во родната куќа), а не дека некому сум слугинка. Овде сите се прават паметни, а не се свесни дека нивните мајки претежно се исто... И се извинав ако некому му смета тоа што се искажав дека сакам да чистам и готвам. Ако некој смета дека е навреден, нека цитира конкретно, која е навредата, а вака пишување празни зборови е навистина неферски, некоректно и глупаво.
Кој не е свесен? Јас и на мајка ми лично и кажувам дека ОДБИВАМ да го имплементирам она што таа го правела во животот и на кое ме учеше, сметајќи дека е правилно, зошто јас сум ЈАС и не сме исти. Дали тоа значи дека се правам „паметна“ или дека сум одбрала свој начин на живот во корелација со денешните услови, а не со тие од пред 30 години кога мајка ми била жена и мајка?
Ако човек напиши нешто општо, си кажува генерално. Не мисли дека 100% е така. Во животот и ништо не е 100%. Секогаш има исклучоци. Не знам што толку се осеќаш затекната од напишаново и зошто не напишиш со убаво: Јас Силвер, не мислам баш така, зошто ова и ова... А, не одма сте дрски и арогантни. На човек да му се згади да коментира веќе на темиве... Не дај Боже се станати повеќето, посебно некои постари членки, како да се главни овде, па со сите се понашаат надмоќно. Еднаш беше Нана19 (извини што те земам за пример) во темата за Свекрвите, сега јас, после мене трета... Стварно не знам кој ви е проблемот ???
проблемот е што ти и тие како тебе мислат дека они со своите постови не навредуваат никого а сите други постови ги земаат како навреда за себе. еве јас ти се извинувам однапред не сум злобна личност но она што ќе го кажам ќе биде злобно, жал ми е но верувам дека е вистината. како прво јас лично сметам дека ти не си компетентна да зборуваш на оваа тема а најмалку да навредуваш други како они живееле. зошто? затоа што ддечко ти/вереник незнам веќе што ти е не те ебе 2%. и да те избрка како куче без разлика ти дали сакаш да си признаеш или не. кога ти беше тешко сите те подржуваа во другата тема и те советуваа, а сега ти најде да се правиш многу домаќинка и да кажуваш дека тие што не работеле се сами дома се неспособни. Ете според мене мислам дека затоа наиде на вакви коментари. И се додека му се мољакате на такви клошари ќе ве земат со сила вие ќе се обидете да го оправдате тоа со секаков вид на домаќинлук а он пак ќе си има швалерка на страна затоа што не сте го ни интересирале толку многу од самиот почеток. се извинувам уште еднаш знам дека звучи злобно но спред моето гледиште така изгледа.
Не гледам јас нешто „општо“ тука, ти рече СИТЕ се прават паметни, па јас земав ЗА СЕБЕ да објаснувам. Каде е проблемот, и зошто мешаш проблеми на други членки кои врска немаат со ова?
Ете тоа е тоа сумирано во една реченица, јас чистам дома првично и единствено заради хигиена а не да ми дојде комшика, другарка, свекрва итн и да ме фали колку сум голема домаќинка и колку ми свети куќата. Во недостиг на подобри зборови Од се што напиша највеќе ме потресе тоа дека сум возрасна жена Е сега дали лажам или ти забораваш што пишуваш
Јас па упорно не ја гледа логиката дека ако си домаќинка или обратно дека тој ќе најде швалерка и ќе ја сака. Зборам според насловов на темава. Швалерката не се сака, ако ја сака, тој без размислување ќе ја напушти својата жена и ќе биде среќен со онаа што ја сака. Треба да си домаќинка но не по секоја цена, треба да знаеш и да ги правиш основните нај потребни работи. Дај боже сите да имаме за да можеме да си дозволиме жена кој ќе ни помогне барем околу чистењето. Познавам едена преубава жена,презгодна е иако има детенце, дома секогаш и е средено, си има можноти па си нема мака, си го сака и се грижи за детето како и секоја мајка. Значи воопшто ништо не е фали. Но, мажот и сепак ја изневерил. И ете нема правило. Ако мисли да ме изневерува врз основ на тоа каква домаќинка сум, подобро нека го напраи тоа што побрзо како би открила и би го остаила. И уште нешто, мажите/жените што изневеруваат не почитуваат!!!
Тој маж на кој му мрда опашот, ќе си фаќа на страна па макар жената да изгледа како Ел Макферсон, е домаќинка како Марта Стјуарт и по дома е средено како кај Бри од Очајни домаќинки. На баба ми една другарка велеше дека полошо од маж курвар нема. Цел живот ќе биде курвар. Тоа е лајфстајл. И нема никаква врска со жената по дома. Тоа дека изневеруваат зашто по дома немаат секс е бла бла бла. Едноставно на некои мажи тоа им е во генетиката. Така да очи се отвараат пред брак. Иако понекогаш и тоа не е некоја гаранција. А ние овде можеме до сабајле да мудруваме дали ако му е исчистено по дома нема да изневерува или ако жената му е спастрена нема да изневерува. Тој што изневерува ќе си изневерува и во двата случаи.
благодарам за толкавата искреност,зошто мислиш дека барам некој вака виртуелно по форуми да ме обожува?само сум против лични навреди..ништо повеќе..сите сме си различни на свој начин.Jас само длабоко ќе те замолам да ми посочиш во кои други теми јас како лепак ти се лепам ,реплицирам и навреди ти делам .Cо постов твој само добив впечаток дека разговарам како со мало дете,малтене ќе се мериме и докажуваме сега тука,млатење празна слама.