Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Домаќинката се почитува, швалерката се сака?

Дискусија во 'Брак' започната од Anon, 9 февруари 2013.

  1. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.789
    Допаѓања:
    100.291
    Пол:
    Женски
    Леле жени ме збунивте. :D Кој рекол што рекол .. :?:
    Мислам дека треба да олабавите со ставовите.Немате поим како може животот фино да ве демантира.

    Во склоп на темава да си кажам дека постојат вакви случаи кои обично завршуваат така што домаќинката простува а со швалерката се разидува.И ниту првата ја почитувал ниту втората ја сакал.Таквите мажи се ограничени ,не знаат што сакаат,коефициентот на интелигенција им се мери со ерекцијата постигната за 24 часа.Глумат незадоволни,неразберени и се на нив нешто им фали.А дали тие пружаат нешто квалитетно тоа е веќе друга тема.Ако си е навикнат да си оди по други жени ќе го прави тоа се дури може.Не може него да го одвикне ни совршено чиста куќа,на секогаш зготвен ручек,па и нека жената му се претвори во порно глумица.Секогаш ќе има изговори да биде со друга.

    Искрено до сега не сум се нашла во ваква позиција (или барем не сум приметила :?: ),и не сакам да бидам домаќинка - едноставно сакам да сум ЖЕНА, а за швалерка немам талент-премногу сум мрзлива :D .
     
    На evangelina.ina, blackwave, Nausicaa и 10 други им се допаѓа ова.
  2. artemidis

    artemidis Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    2.015
    Пол:
    Женски
    Прво се извинувам за офф, ама дали на никого не му падна во очи она што ми падна мене
    Жената е родена за да биде ЧОВЕК, а не домаќинка. Тоа што таа сама или со помош на некој друг се грижи пред се за хигиената во домот каде што живее не ја прави повеќе или помалку вреден ЧОВЕК. Ниту јас сум се родила да му „служам“ на некого ниту пак ќе родам ќерка за таа да биде „домаќинка“
     
    На blackwave, 1209, Petar80 и 10 други им се допаѓа ова.
  3. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Си ја изначитав темата квалитетно... па и си се посмеав, искрено. :)
    Апсурдно ми е што тука се напаѓаме жени од сите карактери и профили, а никој не го напаѓа тоа муле што се довело во ситуација да има швалерка... некој да го расчачкаше неговиот психолошки профил за промена.
    А вистината е дека таквите се вечно недораснати и несозреани тутурутки, што глуметарат фраери или пак жртвени јагниња. Што од чалам, што од жалби, некој сака со швалерката да се курчи „еве, ми се може да е*авам 2 , па и 3, ако сакам“, а други пак се претставуваат како невини, несфатени душички. Тоа се оние кои залажуваат со приказни од типот како од дома се - несреќни, запоставени, не добиваат внимание, па настрана си шврљаат.
    Па брате ако ти е така лошо, и за тоа има лек, разведи се и остави ја жената на чисто, па барај си утеха и љубов на друго место. Не глуми мајмун.

    Значи ваквите недоквакани јебачишта, според тоа што го прочитав, може да имаат швалерка - зашто сметаат дека жената е недомаќинка (сега ќе се вклучам во темите кои сте ги елаборирале), нема ручек на маса за г-динот, не е се` цакум пакум, не е спружено и исчистено, светнато и изгланцано, ИЛИ пак
    да ја остават зашто напротив - се` по дома и` е суредено како во аптека, зашто се опседнува дали да направи рестован или пекарски компир (може е истиот овој, м? :^) ), зашто не може да заспие ако има прашина на масата и им дошло преку глава да живеат со слугинка, метлачка, чистачка, наместо со жив, нормален човек (не навредувајте се, многу арно не е на арно и од двете).

    Милион карактери, милион маани и финеси, како можеш да кажеш дека мажот ја вара оти е недомаќинка или оти е предомаќинка, оти шетала на високи штикли или сакала да шета без шминка и со балетанки на нозе?

    Апсурдно, едно со друго ми нема врска и непотребно е да се зборува понатаму.
    Тие што изневеруваат си имаат други, сосем поинакви issues, нема врска со (не)домаќинлукот не една жена.
    Крај краева, некои го преферираат, а на некои воопшто и не им е битен тој дел.

    Јас имам друга радикална теорија зошто мажите општо изневеруваат, а нема врска со тоа дали пеглаш или переш или готвиш како Џејми Оливер или пак ти загорува и обично јајце на око, ама ајде да не ја кажувам, и онака одамна сум прогласена за бесрамна и неморална... :D
     
    На blackwave, 1209, galapce и 9 други им се допаѓа ова.
  4. lovely-girl

    lovely-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    653
    Пол:
    Женски
    Убаво знам за што е родена жената, тоа го наведов така затоа што на постарите генерации поточно еве генерацијата на моите родители е поинаква а сега помладите генерации се измодернисуваат и почнуваат да живеат друг живот. И да, јас убаво реков дека е родена да биде домаќинка а потоа таа самата станува по модерна со прифаќањето на околностите, и градењето на самата себе како личност .И убаво во еден пост наведов јас не сум мажена и немам искуство за тие работи , реков дека јас дома помагам во сета работа на мајками и зошто кога си цитирала, не си го цитирала делот каде што напишав дека се согласувам да се дели работата со сопругот ?!?!?!?!?!?!
     
  5. artemidis

    artemidis Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    2.015
    Пол:
    Женски
    Зошто упорно се трудиш да објасниш нешто кое дури не го ни знаеш? Прво јас стојам на тоа дека жената се раѓа како човек, а не како домаќинка. Ако сакаш да ме разубедиш во тоа, потруди се со аргументи а не со твоето мислење. А ако не знаеш како се развива едно човечко битие те молам побарај на интернет, може ќе најдеш и некое научно докажување за тоа дека ЖЕНА = ДОМАЌИНКА.

    Второ, не се согласувам и со повеќето твои мислења па пак не ги цитирав туку убаво нагласив уште на почетокот на мојот пост дека тоа е тоа што мене ми падна во очи.

    И трето тоа што ти не си мажена и немаш такво искуство мене воопшто не ми значи ништо (незнам зошто воопшто го имаш болдирано), имаш право на свое мислење, со кое не мора сите да се сложуваат.

    И да не бидам ептен офф
    Се додека жената се запоставува себеси во секоја можна смисла и се посветува само на тоа да го задоволи мажот, без разлика дали се труди да му биде убава, дотерана и намирисана или перфектна домаќинка, ќе биде запоставувана и од мажот. Колку повеќе има самодоверба и е независна од мажот толку повеќе почит и љубов ќе добива, знаела или не знаела да чисти или меси.
     
    На sabatini, tessie и Glasna им се допаѓа ова.
  6. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.000
    Пол:
    Женски
    ајде малку од друг агол темава, да споделиме некое мислење.....како е жената кога е таа која го изневерува мажот, дали си го сака швалерот или си го почитува мажот? и жените не се баш толку невини кога станува збор за неверство отколку мажите :D :) :D :D :D :D
     
    На lovely-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.635
    Допаѓања:
    22.061
    Пол:
    Женски
    За тоа во Брачни неверства, општата тема, затоа што тука би било офтопик (види наслов: домаќинКАТА, швалерКАТА). ;)

    Инаку тој кој си ја погани брачната постела, без разлика дали е маж или жена, поган е и само самиот себеси си се сака (а некогаш ни тоа).
     
    На Emotional123 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    Читав низ темава колку што можев и забележав дека Анон си ја почнал темава онака за разговор. Не е тој во брак со швалерка па ајде сега сите да мудруваме. Значи многу низ форумов се греши со тоа што сите ги нагласуваат моралните ставови, а не реалните и проповедаат утопија. Убаво би било да е се така розово но не може да негирате нешто што се случува околу нас, можеби не дома конкретно ама да не се лажеме дека го нема:
    Се согласувам. Нема некој што не посакал некогаш да излезе од монотинијата на бракот и врската. И сеа ќе речете: ама не.. јас го сакам, тој ме сака.. бла бла.. Значи во ред, ама некогаш ќе ти дојде преку такво што три дена по ред од продавница се враќа без нарачаните намирници или го мрзело да викне водоводџија 5 дена па капе низ цел стан, или децата урлаат по дома зашо он глеа фудбал и не ги регистрира.. Реално ќе ти дојде. Во прашање се години, а во одговор е толеранција. Бракот е мешавина од два карактери. Објективно* гледано може некогаш решение е да се мрдне малку гзот на страна, но некогаш тоа ги прави проблемите уште по енормни. (* пишувам објективно, а не дека тоа е мојот избор на решение). После тоа може ќе се обнови љубовта, може ќе порасне почитта, може грижата на совест ќе си го направи своето..а може и се ќе се растури.
    Од секогаш ќе не интересира она дали го направив вистинскиот избор и дали вреди да се откажувам од она се кое го сакам (пример кариера,пријатели не мислам на други сексуални партнери). Може да пишувате до утре дека може да се има се кога се сака, ама ако расмислете подобро сигурно некој сегмент ќе пропати па побогу Човекот не е толку мултитаскинг па да биде посветен и успешен во повеќе работи истовремено.

    И ова ми е убаво кажано. Кратко и јасно. Се согласувам. Да така е, но додека има љубов, а ако ја нема..... :^) ?!
    И сега - нагонот- она преку кое најтешко се преоѓа. Што ако заглавиш во брак каде веќе нема ништо друго што би те терало да се воздржеш. Нема топлина, нема љубов, нема разбирање.. сигурна сум дека човековата душичка ќе си бара пажња на друга страна, па макар била и само платноска.
    А тоа дека домаќинката се почитува, швалерката се сака.. :shake: не. Додека има почит и љубов кон едната, ќе ја нема другата. Ако овие чувства се вака поделени, онда ништо нема.

    п.с. да појаснам уште еднаш пред да биде испревртено моето мислење: Јас не давам субјективен преглед на работите и не се искажувам како јас би постапила во ваква ситуација зашо не сум во брак ни па иам брачен стаж.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  9. anaantonia

    anaantonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    123
    Се согласувам со мислењето на мадам
     
    На Madam-A му/ѝ се допаѓа ова.
  10. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.964
    Допаѓања:
    67.379
    Се изначитав мислења од типот „љубовта поминува, што после“. Сите кои што го пишувате ова немате поим што значи љубов. Страста поминува со текот на годините, но тоа не е љубов. Љубов е почитта, довербата, разбирањето, приврзаноста помеѓу двајца луѓе. Со правилно однесување оваа врска само се зајакнува. Со текот на годините се станува навика, но во секој случај од партнерите зависи колку ќе се потрудат да им опстане бракот.

    Секогаш постоеле луѓе кои што изневеруваат од ред причини, но исто така секогаш постоеле луѓе кои што сметаат дека еден партнер е доволен.
    За се` се потребни двајца. Ако едниот изневерува, значи нешто не штима во врската, ама бидејќи и`/му е дојдено преку глава или е идиот/ка по природа, не сака да ги реши работите со разговор, туку си го одмара мозокот на страна некаде, а проблемите дома само растат.

    Во секој случај, неверството не е решение, не е спас, не е освежување во бракот (наидов на такви мислења, незнам во која тема беа), разбивање на монотоноста и слични муабети.
    Јас сум против неверството, ако му се сака, тогаш прво развод. Не осудувам никого, не живеам во утопија, не носам розеви наочари, ова е реално мислење на возрасна личност која е во брак.
     
    На mime87, galapce и tessie им се допаѓа ова.
  11. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.584
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Тие што изневеруваат се обични кукавици и луѓе без образ, без совест.
    Обично тоа иде вака- од сопругата не сака да се разведе зошто таа е сигурна, таа е секогаш покрај него и го поддржува во животот, зошто нели она е негов брачен сопатник, а другата е за забава. Бегање од "монотонијата" на бракот, зошто обично на мажите не им е ништо доволно. Иако жената се грижи за него, за куќата и децата, сепак не е доволно од неа тоа. Ете тука е кукавичлукот. Наместо да помогне и олесни, тој бара авантури. Не дека ја сака другата, туку да се издува де.
    Тие што изневеруваат се незрели, неизживеани луѓе кои не го гледаат бракот како нешто свето, што треба да се гради.
    Тие луѓе што изневеруваат не сакаат никого освен себе и своите "потреби".
     
  12. Ani.taa

    Ani.taa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    62
    Зошто насловот ми е толку смешен???
    Како може да се почитува домаќинката ако мажот има швалерка? Какво почитување е тоа ако ја изневерува? Ќе може некој да ми даде одговор?
     
  13. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    831
    Допаѓања:
    9.291
    Насловот е игнорантен,исто како и животот на швалериштата :)
     
    На Ani.taa му/ѝ се допаѓа ова.
  14. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Туку што прочитав на црнобело, па морав да споделам


    Имав врска со оженет маж цели 25 години. Ова е причината заради која го оставив

    „Го запознав Сем во 1981, кога имав 39 години и поминував низ прилично тежок развод. Сопругот ме остави со 14-месечно бебе и не ни овозможи никаква финансиска помош. Секако, ми беше потребен добар адвокат и така го запознав Сем.

    Знаев дека е оженет човек со 2 деца, но бев исплашена и осамена. Така емотивна и ранлива, набрзо почнав да развивам поинакви чувства за него. Ја искористив неговата улога на адвокат и го викнав дома.

    Работите многу брзо се одвиваа и за кратко се најдовме во мојата спална соба. Веќе следниот момент почнав да го откопчувам.

    - Не, само немој тоа... ме молеше тивко.

    Но, секое негово „не“ значеше дека не треба да престанам.

    Почнавме да се гледаме речиси секој ден, а по 2 години ми подари златен прстен на кој пишуваше „засекогаш“.

    Неговата сопруга еднаш се посомнева, но успеа да ја смири. Никогаш после тоа не го прашуваше дали има афера.

    Се прашувате како е да се биде втора жена? Многу пријатели ме критикуваа, а јас таа улога најдобро знаев да ја играм.

    Отсекогаш сум била другата жена. Кога мојата мајка почина, татко ми се прежени, а неговата нова сопруга отворено кажуваше дека не и се допаѓам. Тоа влијаеше на нивниот однос, па мојот татко ме замоли привремено да се преселам во хотел. Имав само 15 години.

    Понекогаш доаѓаше да ме види, а потоа си се враќаше дома. Така што, добро знам како е да бидам другата жена.

    Својата врска со Сем ја гледав како можност да ја променам ситуацијата и конечно да застанам на прво место.

    Како што неговите ќерки растеа и добија дечиња, така неговите семејни обврски почнаа да растат. Но, секогаш наоѓаше време за мене.

    И после 15 години бев заљубена во него. Се уште ги имав оние пеперутки во стомакот и уживав во секој заеднички момент.

    Мојот терапевт кој го посветував од време на време ме советуваше дека не смеам толку да се потпирам на чувствата кон него, без разлика колку мислам дека се добри и прекрасни.

    Едно топло попладне, додека јадевме сладолед во хотелот го прашав што ќе се случи со мене ако тој ненадејно почине. Сакав да добијам потврда дека сум му важна, верував дека ќе ме обезбеди и по неговата смрт. Но, наместо тоа добив нешто сосема поинакво.

    - За тебе ќе направам сè што можам додека сум жив. Не сакам веќе да водиме вакви разговори, ми рече отсечно.

    Бев повредена. Се чувствував многу глупаво. Наместо сама да се изборам и да најдам добро платена работа или човек кој не е зафатен, јас со години се потпирав на него. Во секоја смисла.

    По неколку дена, во мене нешто се скрши. Дупката во срцето никој не можеше да ја пополни освен јас самата. Тогаш научив да се сакам себеси. Веројатно тоа ми недостасуваше и со претходниот маж.

    Конечно сфатив што значи живот. Излегов од нашиот хотел и продолжив да се движам напред со крената глава. Никогаш повеќе не се завртев.“




    Болдираното ги доловува и двете страни.
     
    На anina му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.789
    Пол:
    Машки

    I'll just leave this here...
     
  16. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.959
    Допаѓања:
    219.318
    Пол:
    Женски
    Ниту јас не разбрав како тоа домаќинката ќе биде почитувана доколку мажот има швалерка?!
    Љубовта и бракот не се само потчинување и служење на мажот, ами почитување и искреност.
    Оној кој има швалерка ниту ја љуби ниту ја почитува и цени својата жена, бидејки да е било така немало ни да посегне по оваа дрскост и непочит.

    Бидејки се наоѓаме во еден таканаречен "образован" и "модерен" свет не секој човек е достоинствен и прав маж за да ја цени својата жена (нели во случај да не стигне до називот "папучар" не дај боже), така што многумина посегнуваат по филмовите на тв, по "бомбастчните случки" на своите другари и по епитот наречен "фраер" , но тие всушност се луѓе кои имаат проблем со самодовербата и самоконтролата врз себе.
    Ниту некој е фраер ниту е нешто повеќе од една напуштена и омаловажена жена, која притоа љубела и ценела, почитувала со цела душа и се грижела од се срце.
    Секакви луѓе постојат, секакви карактери се застапени нели, секој различно ги толкува животните ставови и има свои гледишта.

    Но јас не гледам брак ниту љубов на места каде што мажите се бламираат и спаѓаат на толку ниско ниво, а притоа се сметат за фраери и горди на себеси , незнаејки што загубиле позади себеси.
     
    На joy1 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  17. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.789
    Пол:
    Машки

    Видеото е одлично и препорачувам цело да се изгледа ама од 1:00 прави поента што ја доловува суштината мојот муабет на темава.
     
  18. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    2.125
    Допаѓања:
    3.167
    Пол:
    Женски
    Ako ima sreken brak nekoj so zenata - nema svalerka. Tolku.
     
  19. V.odolija

    V.odolija Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2014
    Пораки:
    1.205
    Допаѓања:
    21.313
    Само на мене ли ми е апсурден насловот ?
    А ситуација на пример, ако швалерката еден ден му растури фамилија и му стане сопруга- т.е домаќинка, демек ќе и заврши ерата на сакање,па ќе почне да ја почитува и ќе си најде друга швалерка за сакање?!?
     
    На theowndemon и Outlook им се допаѓа ова.
  20. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.173
    Допаѓања:
    5.097
    Пол:
    Женски
    Spored nekoja banalna logika stom svalerkata stane domakjinka preogja vo kategorija "pocituvana" I potencijalno izneverena :) gluposti Na kub, Ne Na kvadrat. Ako mazot e stablen, znae sto saka Edna zena saka Na 1000 nacini. A ako postojano e vo potraga po samosebe dokazuvanje, toj nitu kje se njde sebe si, nutu nekogas trajno kje dokaze koj e I sto e I kolku vredi I niedna zena nema da mi e " dovolna I zadovoluvacka".
     
    На fallenangel, rose60, MilaP и 3 други им се допаѓа ова.