Нит првата ја почитува, нит втората ја сака! Какво почитување покажува имање на швалерка?!? Каква љубов е кога ти вели - барај ме кога сакаш, до 15 дур сум на работа или во телефон си заведена под име Стојан
Da ti se pluknam vo takvo pocituvanje, ako ima svalerka toa e bas dokaz deka ne te pocituva! Prvo razvedi se pa e** se! Za da ne ti zvoni postojano Stojan de
Ми го зема зборот колега, ова се случува кај што работам Митра го прибра,претходно беше избркан од дома, па сега секој ден со Стојна,ама секој ден,ама не ја сака,туку си врши работа На крај ни Стојна ја сака ниту Митра Е сега ако дознае Стојна ке лета од дома, ама ако ја дознаат Митра на клоци и она кај нејзините
Spored mene ako mazot ja pocitivuva soprugata nema da ja izneveruva.Prosto ko grav.Se ostanato si se samo opravduvanja.
Лелее темавааа.... Кој генијален ум ја смислил ?!?! Чим дошол до швалерка, нема ни П од почит , а чим не си ја сака жената дома , нема да сака ни некоја од улица. До каде оди глупоста и простотилукот на еден човек. Не ја сакаш? Разведи се !!! Не ја третирај како роб.
Ооф леле мајкооооо изгледа јас сум од Меркур планетата падната Што врска има почитта кон својата жена ако мажот клецне нешто на страна?? Нема тоа никогаш да го сфатам!? Мажот ке испразни само ташаци ама срцето нема со љубовта и почитта кон жената...мое мислење
@baba Rada Тоа е муабетот бабо. Ако гледаше некој Сопранови, знае како Тони стално ја вараше жена му. А што се тиче верност, онаа верност што е битна, емотивната и посветеноста на семејството Тони беше домаќин човек, човек на место. Инаку темава е ептен стара и мотивацијата за нејзиното отворање потекнува уште од едно друго време кога бев разочаран од љубовта. Не во љубовно разочарување поради раскинување туку разочарување од љубовта како концепт. Нема прав збор на македонски... disillusionment е зборот што го барам. И да се разбереме, не е дека го застапувам ставов, туку едноставно и јас лично се прашувам и тоа најконкретно: дали има смисла нешто што треба да биде стабилно како што е семејството да се заснова на емоција како што е љубовта. Зашто љубовта не е се што е битно да успее една врска, љубовта не е доволна. Врските не се како во бајките нема да живеете среќно и весело до крајот на животот. Ако збориме за сериозни врски, некои други работи влегуваат во игра. Затоа насловот вика домаќинката се почитува.
Blaze se im na tie deca sto ziveat so vakvi majki koi opravduvaat tatkoto da kleca drugi.Ne samo toj sto ne ve pocituva tuku vie samite ne se pocituvate i se obezvrednuvate. Sorry babe obicno se soglasuvam so tebe ama ovoa ti e glupo
Еј стварно, кај ви текна Сопрано да го спомнете хаха Ама јас мислам дека тој што има и жена и швалерка не знае ни за почит ни за љубов..
Sekako deka ke mesam zatoa sto decata se del od brakot.(vo globala se neli).Kako roditel imas eden vid odgovornost i sprema niv i so toa kakov primer kako roditeli im davate.Razbiram da reces ke mu prostam,ke ostanam vo brak so nego,ke preminam preku toa .Ama stvarno ne razbiram za kakvo pocituvanje zboruvas vo slucajov?? Pocit za mene se iskazuva na mn nacini sprema partnerot.So toa sto ke go delam so drug jas nego ili on mene mi ee daleku od poctuvanje.
Битно е слика од жена му да има во новчаник, па дали оди со други не е битно Во три навечер му стигнува порака од Стојан: ми недостигаш, дојди да се видиме... Ама не паничете вие, ќе појде, ќе се испразни на Стојан и сепак тебе ќе си те сака и почитува сонце...
Најлоша работа е децата да знаат за кратките излети на родителот. Значи јас зборам за еден "излет" а не за секојдневно неверство од страна на партнерот. Почитувањето содржи мноогу аргументи, докази, постапки, однесувања...се додека е внимателен и добар сопруг, татко, се грижи за домот и за семејството....ќе прогледам низ тоа негово краткотрајно задоволство. Само треба посесивноста да ја заборавиш а тоа е најтешкото нешто што ја разара секоја врска.
Баба ми велеше-Абе мажите се такви, кај и да одат пак дома ќе се вратат Што умни си биле порано и не се нервирале Секој има право да размислува како сака
Da ,znam za ova Mojata koleska ciij maz ja izneveruva go veli istoto .Istoto i go veli i na snaa i.Demek kaj i da odat maz mi i sin mi pak ke dojdat doma kaj nas