Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Домаќинката се почитува, швалерката се сака?

Дискусија во 'Брак' започната од Anon, 9 февруари 2013.

  1. Cvekarka

    Cvekarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2023
    Пораки:
    421
    Допаѓања:
    674
    Пол:
    Женски
    Конечно некој да свати што сакам да кажам.Бравооооооо батали се ова што се буни е од тој калибар јас што го зборам така да тие секогаш си се бранат
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.799
    Допаѓања:
    34.554
    Пол:
    Женски
    А бе и мажите не се цвеќиња, ама што бара девојче од 20 со женет маж? Еее колку знам вакви, и пак ќе пишат мажот е крив, тој ако не сака нема да изневери, а ги оправдуваат девојките/жените што се во врска со женети, и двајцата се виновни.
    Мажот е виновен што поради авантура ќе растури семејство, а девојката/жената што свесно се впушта во врска со женет.
     
    На Cvekarka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.879
    @Cvekarka, не разбирам што ме лајкнуваш, не си ја сфатила поентата на мојот коментар. Тоа што ти го велиш дека жените се бетер сега, не е нова идеја, во секоја епоха досега се тврдело тоа, односно жените се ставаат на тапет како најнегативно нешто во човештвото. И е многу иронично што ова мислење доаѓа од жена, само се дава дополнителен повод на мажите лошо да ги гледаат и третираат жените, со што веќе и онака имаме проблем од памтивек.

    Единствено што можам да се согласам е дека девијантните однесувања се глорифицираат повеќе (или барем полесно се истакнуваат) во модерното време и со тоа се извитоперуваат вредностите на кои ги учиме новите генерации, ама тоа важи и за машки и за женски.
     
    На IRBBB, Mishela, Skyler и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.815
    Допаѓања:
    23.384
    Пол:
    Женски
    Ајде рецимо жените стануваат полоши со времето, ај да зборуваме за поинтересниот феномен кај мажите, што се немаат ни малку сменето низ историјата и уште шетаат како амеби кои размислуваат само со полов орган? Зарем не е тоа почудно и поинтересно за муабет?
     
    На Just.do.it, Spicy Senorita, IRBBB и 12 други им се допаѓа ова.
  5. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.161
    Допаѓања:
    112.916
    Пол:
    Женски
    Море поопасни се овие што глумат светици деви марии .. Ние што лаеме не касаме, ама овие се ќути си трај си и деца прај си..
     
    На mode-kristina, baby-star и tessie им се допаѓа ова.
  6. mandrace

    mandrace Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2023
    Пораки:
    438
    Допаѓања:
    346
    Пол:
    Машки
    Не е !
     
  7. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.589
    Допаѓања:
    38.932
    Пол:
    Женски
    Зошто го ставаш акцентот на "што бара девојче од 20 години со женет маж" а не "што бара женет маж со 20 годишно девојче"?
    Тоа што го нагласувате е тоа е дел од проблемот.
     
    На Just.do.it, see.emily.play, Yowannty и 17 други им се допаѓа ова.
  8. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Ниту домаќинката се почитува, ниту швалерката се сака. Само варачот мисли дека сам себе си се сака, ама не му врши тоа работа оти со самото изневерување покажува нула самопочит.
     
    На see.emily.play, kobe, mode-kristina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.799
    Допаѓања:
    34.554
    Пол:
    Женски
    И двајцата се виновни.
    Јас зборам од тоа што го знам, дека девојка од 20 години упорно му се упикува на женет маж, а тој ја одбива. Зошто упорно му се упикува знаејќи дека е женет?
    А вие зошто го ставате упорно акцентот на "мажот може да ја одбие, не го тера со сила освен ако не го силува", епа и таа може да го одбие ако знае дека е женет, никој никого не тера ништо со сила, ептен ги оправдувате таквите девојки/жени.
    За неверство се потребни двајца.
     
    Последна измена: 10 август 2023
    На Cvekarka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.600
    Допаѓања:
    79.200
    Пол:
    Женски
    Што се однесува до насловот и воведот на темава, не може домаќинката да се почитува тогаш кога швалерката се сака, оти она што го почитуваш, не го правиш будала. Ако има почит, нема да има швалерка. Домаќинката си ја чува за дома да му работи и средува, единствено може да има почит како за слугинка, не и како за сопруга, жена, партнер.

    Бракот, знаеме, не е само од љубов, има брак од интерес, да имаш некои бенефити и сопатник низ животот. Е сега, дали некој би посегнал по нешто на страна, зависи само од него. Има и такви бракови каде си знаат двајцата што се прави ама остануваат во брак. Така им одговара.
    Каде е љубовта после х години брак? Ќе видиме, засега знам дека љубовта се менува, тука е, само во поинаков облик. Не е веќе бура на емоции туку сталоженост. Го сакаш она што е до тебе и знаеш дека не би го сменил за ништо на светот. Се грижиш за тоа што си го избрал меѓу сите и си го чуваш, негуваш. И почитуваш вистински.
    Што се однесува до последниве коментари, ја разбирам што сака да каже Цвеќарка. И јас се' повеќе слушам за жени кои изневериле, го оставиле сопругот за друг, се допишувале и праќале интимни снимки (мажени жени) итн. И од други луѓе имам слушнато став дека жените се станати полоши од мажите. Јас не тврдам ништо тука, за мене нема полош пол, само луѓе, поединци без морал. За неверство се потребни двајца, но поголемиот дел од вината е врз оној што изневерил, колку некој да се упикува на некого, тој има избор што да направи, дали да го искористи тоа или да одбие.
     
    На Осе и Anyshka им се допаѓа ова.
  11. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.862
    Допаѓања:
    4.570
    Пол:
    Машки
    Дедо ми, имаше еден пријател - фризер, многу постар беше од него, но се сеќавам. Раскажуваше дека по ослободувањето многу девојчиња, кои ги праќале да учат занает кај него, му се нуделе за едно кафе! Нормално женет бил во тоа време. Луѓето се исти, страстите се исти, падовите се исти секогаш, и пред 100 години и сега.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Не сте свесни луѓе колку мажи има што изневеруваат иако сѐ им е убаво во бракот.

    Еден мој другар ова ми го има кажано.

    Голем дел од мажите коишто изневеруваат, а се жалат од жените дека не ги задоволувале, дека одделно спиеле, дека ова она, лажеле. Постојат некои динамики и предизвици во тие моменти на страст надвор од бракот коишто не би го пружале истото задоволство, ако на крај на ден си го нема тоа безбедно пристаниште, куќа средена, жена што го чека, деца подмирени.

    Ова тој го кажа од негова перспектива, сигурно има и исклучоци, јас не би можела да поминам преку тоа и сигурно веќе не би му била домаќинка. Па сам нека се пере и прави јадење.

    Јас не би можела преку тоа.
     
    На cresa-jagoda и Adidas888 им се допаѓа ова.
  13. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.589
    Допаѓања:
    38.932
    Пол:
    Женски
    Никој не вика дека таа нема удел.
    Работата е што упорно прво се фаќате за жената, без разлика каква ситуација е и автоматски им давате "дозвола" на мажите дека и не е толку страшно да изневерат бидејќи секако на крајот нема да сносат одговорност зашто биле заведени, им се пикала, им се пуштала итн. Секогаш било така и уште го продолжувате тоа.

    Обратна ситуација, жената има швалер, дали некој некогаш рекол дека швалерот го растурил семејството? Не, никој никогаш.
    Се надевам дека ти е појасно.
     
    На Just.do.it, see.emily.play, Yowannty и 11 други им се допаѓа ова.
  14. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.600
    Допаѓања:
    79.200
    Пол:
    Женски
    Секогаш од жената се очекувало да има морал, да е прибрана, скромна, да "не прави глупости". Демек, женски пол, мајчинство, нели. Така било и некогаш и сега. За мажот ќе се оправда, таков си е тој, таква му е природата, ама на жена никако нема да и' се прости нејзиниот неморал. Затоа таа е секогаш виновна.
    Па денес, така понапредни, поразумни, кога ќе речеме дека нема никаква врска полот туку е до човекот, овие затуцаниве ќе речат: и ти си таква, ороспијо, затоа ги браниш.
    Тоа е.
    Само се надоврзав со цитатов
     
    На IRBBB, theowndemon, unearthlysarah и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.584
    Пол:
    Женски
    Ова не е ич ама ич точно.
    Сега скоро ми се пушти некој кој за жива глава не би претпоставила дека е можно. Не да не сум дала повод ,не да не сум ни помислила некогаш дека може така да ме гледа, не да ми стана одвратен а имаме секојдневен да не речам контатк. Долго ми требаше да се совземам а се очекуваше уште следниот ден да се однесуваме ко ништо да не било,па се вадеше пијан а знаеше се....

    Од друга страна ,чисто за заебанција немаше да одам до крај значи провоцирав човеко кој важеше за ,,тврдокорен " кој никогаш не би изневерил и напраив се како шо кажуваш (слободна бев тогаш и како шо реков немаше да одам до крај )
    И не попушти навистина ,значи може.
    А од друга страна ,ми се случувало да ме лажат дека се сингл и тоа со четири машки за првиот се мислев и додека се мислев оп жена му пред очи ми излезе. Од тогаш проверував по социјални мрежи ако немаа и тоа го сметав за сомнително...
    Значи не може да се генерализира во никој случај.
     
    На Just.do.it, Космонаут и baby-star им се допаѓа ова.
  16. mandrace

    mandrace Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2023
    Пораки:
    438
    Допаѓања:
    346
    Пол:
    Машки
    Ти си утнала професија ( која и да е ) , треба да бидеш тестер за врски , вакво искуство е непроценливо !
     
    На tessie и nena2010 им се допаѓа ова.
  17. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.029
    Пол:
    Женски
    Јас лично не те напаѓам и секако имаш право на свое мислење.Во ред ,јас кажав дека мажите се по покварени за секс но добро ти ако мислиш дека е во женските проблемот твое мислење.
     
    На Cvekarka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.161
    Допаѓања:
    112.916
    Пол:
    Женски
    Јас само едно ќе ви кажам. Алал да ви е што најголем проблем во животот ви е дали мажот ви ќе ве вара, дали ќе се разведете. Очигледно немате доживеано пострашни работи.
     
    На tessie и hermosa им се допаѓа ова.
  19. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.029
    Пол:
    Женски
    Не е така порано се одеше скришно со женети и за жал мажите први почнуваа.Беа подруги времињата но отсекогаш имаше и неверства и се само во друга димензија одеа работите
     
    На Осе и Cvekarka им се допаѓа ова.
  20. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.029
    Пол:
    Женски
    Конечно еден свесен коментар.Колку повеќе секс видеа послаби станаа на него .Мене ми се смешни за греота дури лиги им течат а видат женско.Нена,темата е друга овде се зборува за машки женски не дека тоа е центар на светот за внимание.Се разбира има далеку пострашни работи, болести, сиромаштија ,смрт,разни други проблеми со кои се соочува општеството,глад, насилство ,пороци коцка дрога алкохол итн
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.