1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Домаќинката се почитува, швалерката се сака?

Дискусија во 'Брак' започната од Anon, 9 февруари 2013.

  1. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    16.773
    Допаѓања:
    110.480
    Пол:
    Женски
    А бре бурма носи се пушта на женски. Крај. Завршено. И кај некоја ќе си упали. Што ја заболе Стојанка за бракот на Петранка кога маж и не ја цени.
     
    На tessie, Aнонимус_, Осе и 3 други им се допаѓа ова.
  2. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.618
    Допаѓања:
    8.986
    Пол:
    Женски
    Тоа е друга приказна кога е некој женет .Во тој случај и да не носи бурма женското да преиспита кој е пред да биде со него .Да виновен е тој повеќе ако женет а тргне по други но и тие кои одат со такви машки се виновни бидејќи за се треба двајца .
     
    На Anyshka и Cvekarka им се допаѓа ова.
  3. Cvekarka

    Cvekarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2023
    Пораки:
    421
    Допаѓања:
    674
    Пол:
    Женски
    Јас незборам за женети,неженети,свршени или какви и да се.Јас се изјаснив во глобала значи процентуално дека жените во денешно време се по курназ,по префригани,по алчни,сакаат пари,накит,да шетаат,шопинг се.На денешно време девојчиња се даваат за пари,за убава гардероба,за џоинт,да не зборам за појаки дроги. Ова јас го кажувам и тврдам дека е така.Тоа и ми беше мене поентата незнам зошто не ме сваќате,кога и ќорав човек може да го види тоа.И таа девојка немора жена е спремна на се само да стигне до посакуваната цел и ќе направи што ќе направи ке стигне.Тоа е тоа што јас сакам да кажам за жал негледаат дали е женет.А тоа порано го немало и не сум јас против жените баш напротив сакам да кажам дека баш тие неморални девојчиња,девојки,жени како сакате наречете ги ГО БРУКААТ ЖЕНСКИОТ РОД.И баш тие жени прават мојот,твојот и нејзиниот маж да мислат дека СИТЕ ЖЕНИ СЕ ИСТИ. Јас тоа се обидувам да го кажам и во неколку пати реков дека процентуално зборувам не за сите жени нормално зборам за оние врсти на девојки-жени.А верувајте ми ги има за жал во многуууу голем број.Ете заради нив кажувам пак ке кажам процентуално ЖЕНИТЕ СЕ ПОЛОШИ ОД МАЖИТЕ НА ДЕНЕШНО ВРЕМЕ.Не дека мажите се цвеќе за мирисање ама тоа порано го немало жена да го вара мажот.Не тоа кажувам два дена по ред мажите вараа ама не со мажени(реткост било тоа)варале со вдовици,оставени.А денес тоа не е така поради тоа што омаат швалери и швалерки без разлика на брачен статус.А жените се осмелуваат да погледнат женет маж и да направи се да биде нејзин,и не ја интересира дали ке растури брак или не она си ја гледа својата цел,а тоа порано било табу тема не се осмелувале.Ако после ова несваќате што сакам да кажам тоа си е ваш проблем не мој.
     
    На tessie, anaja1 и Anyshka им се допаѓа ова.
  4. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.618
    Допаѓања:
    8.986
    Пол:
    Женски
    Драга Цвеќарка јас нена ја цитирав погледни поубаво .Во ред е жено твој став твое право ти кажав порано кога те цитирав тебе .По дифолт секој маж не изневерува бил зафатен или не ,ама јас глобално мислам оти машките први почнуваат и така во ред е ти што мислиш но не те цитирав тебе ниту мислев на тебе кога сум го пишала коментарот ако оженет маж изневерува , значи ако е случај тоа а не дека верен маж не постои.Ти нагласив убаво кога тебе те цитирав не си вади од контекст заради тоа што си омажена,се сфаќаш многу лично и не беше за тебе упатено лично тоа што сум пишала.Ок но секоја приказна различна позадина може момакот кој и нудел пара или џоинт е по загреан или некое машко да трча по некоја женска а она рецка не му мава.Прашање е кој сака и зошто сака секс , тоа ти е се до ситуација.
     
    Последна измена: 10 август 2023
    На Осе и Cvekarka им се допаѓа ова.
  5. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.618
    Допаѓања:
    8.986
    Пол:
    Женски
    Општо земено има и машки кои се даваат за пари гледа да добие нешто корист и сега што ,значи до личноста е не дека женскиот род го измисли тоа и не ме цитирајте непотребно луѓе .
     
    На Осе и Аргентина * им се допаѓа ова.
  6. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    16.773
    Допаѓања:
    110.480
    Пол:
    Женски
    А бе убаво би било да живееме каде што сите жени се како сестринство кои се штитат.. ама реалноста е дека не е така.
     
    На Cosmic Girl, tessie и hermosa им се допаѓа ова.
  7. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.505
    Допаѓања:
    7.938
    Пол:
    Женски
    Колку е ова само неточно.
     
    На Cosmic Girl и Just.do.it им се допаѓа ова.
  8. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.618
    Допаѓања:
    8.986
    Пол:
    Женски
    Па и машките имаат ривалство меѓу себе.Не е ништо лично се е до човекот кој на кого може да се потпре
     
  9. tanjaaa

    tanjaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    2.114
    Пол:
    Женски
    Колку само не се согласувам со тебе за ова.
    Прво не можеме процентуално да генерализираме само затоа што во твоето опкружување си се сретнала со такви жени кои "крадат" туѓи мажи, или затоа што жени се жалат дека им ги "украле" мажите девојчиња од 20 години.
    Второ нема денешно, минато и идно. Има секакви случаи и приказни со 2, 3 и 4 страни. Ако жената каже дека и го украле мажот, крадачката на мажи ќе рече едноставно се заљубила а швалеров ќе каже дека не бил среќен во бракот. Некоја од страна па ќе си направи цел филм и ете ти трагедија.

    И зошто упорно жените па жените краделе мажи. Знаеш колку мажи пишуваат, праќаат пијачки, досадуваат на омажени? Или тие ако - мажи се?
    Колку жени во средни години познавам со паралелни врски.
    Има млади деца кои одат со постари омажени.
    Има секакви ми е мака да набројувам
    А таков "маж" од 40 години кого го "украла" 20 годишна треба да се лечи
     
    На sparklie, Just.do.it, mode-kristina и 9 други им се допаѓа ова.
  10. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.013
    Допаѓања:
    20.359
    Пол:
    Женски
    Затоа време е да почнеме да мислиме на нас што ни одговара а не на мажите. Многу се замараме со тоа што мажите сакаат а они ( како што наведе една членка еден клип од тик ток што беше доста популарен) би ебале секаде каде шо има дупка, макар тоа било тоа и дупка во зидот.
     
    На mode-kristina, theowndemon, Anyshka и 3 други им се допаѓа ова.
  11. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Леле, да! Значи колку да!
    Колешки имам, чоек вградува уреди за следење, на неговото радно место има нејзин доушник. Ја искрено со тие пари би си отишла на спа викенд сама. Да лежам и да ми пафкаат со ладало. И викам ти за твои пари си ги кинеш, а ја за тие пари би си ги смирила живците.


    Е ова е најголемиот проблем во цел свет. Затоа секогаш ќе бидеме машки свет. Сте слушнале ли некогаш муабет на некој што има другар што оди со мажена. Вика ,, работи колку можеш, ама немој да се заљубиш." Не ни помислуваат да ги стават на приоритетна листа. Многу се интелигентни и со практичен ум суштества. Им ја обожавам таа карактеристика. А, ние на мегдан ќе се тепаме ради некој неморален. Затоа и во тој мал свет за којшто феминистките се избориле ќе ни бидат конкуренција јер само биолошки се мажи. Еве ја мисицава на Холандија. Можеби се чини дека ова едно со друго нема врска ама bottom line е дека нешто што најмногу нѐ уназадувало во све како жени е друга жена.


    И да знаеш, во некои затворски ќелии имам слушнато за такви дупки дека напраиле. Така што ко вицон за како се пушта Црногорец, треба да бидеме фазон ,, Ја се теби свиџам, ал дал се ти мени свиџаш."
     
    На Cherry333 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.583
    Пол:
    Женски
    Хаха па не би рекла ,само тој период кога бев помлада бев во контакт со многу луѓе ,различно профили и карактери што на работа што приватно па така и излезе да имам вакво искуство.
    Е сега некоја ако сака да го тестираме маж и .. :rofl::bug:
     
  13. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    16.773
    Допаѓања:
    110.480
    Пол:
    Женски
    Теси, толку срања ми се десиле во животот што верувај најмал проблем ми е дали ме вара, дали има некоја и дали ќе се разведам. Само да сум здрава и жива. Дали ќе ми е сеедно, нема, ама само да сум здрава и жива.
     
    На eliesaab, Cosmic Girl, see.emily.play и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.583
    Пол:
    Женски
    Еве мене ми се деси ,верувај во било кое време од денот ми пишуваше/јавуваше.
    Работевме заедно ,ќе се видевме на работа демек да се поздрави со бакнеж на образ он до уста ме бацува. Јас се премислував и оп жена му ми излезе пред очи ко ми ја претстави другата колешка ,,ова е жена му на фиљан" гледам уште и трудна со отворена уста останав. Неа не и кажав (и згрешив ),него пепел го напраив следниот пат ко го видов. И за што ,за после неколку недели да дојде нова колешка па неа да и се пушти и да се согласи девојчето... Ај тоа ,туку помина некое време ,г-динот пак проба ,,леле ти ми остана желба ". Е од тогаш проверував, ама пак ако сака да скрие ќе скрие. ,,Немам социјални мрежи " а уствари јас бев блокирана...
     
    На Skyler, hermosa и nena2010 им се допаѓа ова.
  15. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Те разбирам оти истата сум и ја. Од какви канџи се имам истргано, јас и мојот мир и безбедност ми се на прво место.
    Ми викаат на работа ама премногу си чил, викам оти знам дека животот не е.
     
    На eliesaab и nena2010 им се допаѓа ова.
  16. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    16.773
    Допаѓања:
    110.480
    Пол:
    Женски
    Особено па да го следам со апликации и чуда врагови. Аха, сигурно.. златен да не му е.
     
    На Осе и tessie им се допаѓа ова.
  17. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.136
    Допаѓања:
    161.547
    Пол:
    Женски
    Проблемот уствари е дека е швалерка/жена. Ако збораме неутрално за партнер кој изневерува и личност со која изневерува и тоа да е неодреден пол - мислењата ќе ви се толку многу различни. Мислењата ќе се различни и ако жена изневерува со швалер. И то е врв на хипокриза, in my humble opinion.

    Никој не вели дека личноста со која се изневерува или по нашки на форумов оти си сфативме дека е жена - дека не носи вина, носи. Ама не носи одговорност. Пошто на никој не вети ништо. Да, морално е да не напрај нешто и ќе дели вина ако напрај. Ама одговорност нема кон никој ако е сингл (ако не е, тогаш и та е изневерувач и носи одговорност кон некој и ќе одговара пред тој некој). Партнерот кој изневерува, или ние шо си сфативме дека е маж, при неверство е и виновен и носи одговорност кон својот партнер. Оти мене тој ми ветил моногамија, љубов и почит. Не некоја рандом жена шо можи до крај нема да знам која е, или колку такви се. И зато "шо бара 20 годишна со женет" никогаш нема да е релевантно и точно, како шо спротивното е: "шо бара женет со друга", друга, не 20 годишна. Оти другата можи е 20, можи е 50. Му мрда газо на изневерувачот и годините на личноста со која изневерува се скроз нерелевантни. Башка шо реториката дека некоја го завела или флертала и ете тој изневери само ги прај мажите да личат малоумни и следователно ги лиши од дел од одговорноста - "аКо КуЧкАтА нЕ мРдНи Со ОпАшКаТа кУчЕтО нЕ рЕаГиРа". И на изневерувач то можи му одговара, ама се се само малоумни не се во случајот. Ама одговара така да мислите пошто имаат "квалитет" за искупување дури и кога реално немаат. Оти секогаш можи да одбери да си почитува партнерката, а не да ја изневери. И 1000 20 годишни да му се пуштат, тој носи одговорност кон својата партнерка да речи "не". Следно ќе спомнам и фактот дека та 20 годишна можи и да не знај дека некој е женет. И пак се сведва на то - не можи да носи одговорност личноста со која се изневерува како шо можи да носи партнерот кој изневерува. И последно, ова за носење одговорност да споредам кога двете страни покрај вина, носат и одговорност. Ако хипотетички, другарка која треба исто така да ми е лојална како партнер - излези со мој партнер тогаш не е еднакво како да ме изневерил со рандом жена шо не ја знам. Тогаш двата носат одговорност кон мене оти со двата сме си ветиле лојалност и почит. Вака низ примери да е појасно шо зборам.

    Не се толку глупи мажите. Впрочем мажите не се воопшто глупи. Жени шо плукат по жени го брукат женски род и прат во очи на други жени да има "лоши" жени шо е за греота. Мажи шо мислат е помалку важно. Големи се. Фактот е овај:
    Како жени шо сме плукани и учени дека ќе сме плукани од мали, не треба да ни диктира маж шо мисли. Ко преку пичнава жила дека мажо сега мислел дека жените се лесни/срам/глупи. Напротив, МЕНЕ ми олеснува селекцијата од такво непрокопсано гојдо да се држам подалеку. И треба на секоја жена да олесни селекцијата за мажи и да прочешламе низ таквите.

    П.С. За насловот. Не е почит кон домаќинката никаков ако постои швалерка и е изневерена. Пошто не ги повредваме тие кон кои носиме одговорност и тврдиме дека имаме почит и љубов.
     
    Последна измена: 11 август 2023
    На Selena01, Cherry333, see.emily.play и 13 други им се допаѓа ова.
  18. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.348
    Допаѓања:
    16.812
    Пол:
    Женски
    Аман со тоа порано па порано.Па порано не го правеле тоа по дискотеки и по интернет,затоа мислите немало.А и бабите биле културни па нејќеле да ви прераскажуваат.Мојот дедо се вајал по бостаните со комшиката,и уште милион други.Сега се давале за бело тогаш за две кила брашно.И тогаш имало љубов и сега има.Споредбиве се глупи.Најискрено.
    Оној што сака да вара ќе вара оној што несака по ниедна цена нема да го направи тоа.Не дека не му се ебе,него размислува долгорочно дека за една ноќ може да уништи брак па се повлекува,најчесто.Гледајте вие да ви е арно и на мажот ви,светот е таков каков е.Некоја си го сфатила животот поинаку од вас и она ќе си го фура без разлика дали вие ќе ја нарекувате курва или не.Додека вие тука ја оправате масерката дали е морална она ужива.И не заборавајте милијарда луѓе милијарда карактери.
     
    На elimkd, Skyler, mode-kristina и 5 други им се допаѓа ова.
  19. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.470
    Допаѓања:
    10.900
    Ама пазете жената што бара со женет, а женетиот што бара со девојка од 20/30 години небитно, а дома има жена и деца?

    Се додека вака жените ги оправдуваат мажите и ги обвинуваат жените за авантурите на нечесните мажи се повеќе замав ќе си земаат изневерувачите.

    Ова е типична утеха на жени кои се изневерени, дека за греота мажите им се украдени.
    А голем процентуален број на социјални мрежи, па и во живо, мажите се тие кои први иницираат пораки, јавувања, пуштање и средби.
    И утре мене не ми е крива ни масерката, ни фризерката, крив ќе биде само тој кој мене ми ветил морал и чесност.

    Не разбирам како може некој да биде украден од некој/а, а тоа да не е силување или киднапирање!?
    Ама ај може мажите така велат дома дека беа украдени.
    Бог да чува!
     
    На Just.do.it, Cherry333, Annath и 6 други им се допаѓа ова.
  20. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.348
    Допаѓања:
    16.812
    Пол:
    Женски
    Ама ние дали ги правдаме или не на нив не им е битно.За секоја една или еден што изневериле верувам од пола населба и пола фамилија добиле осуда.Дали мислиш дека можеш да спречиш нечива афера со тоа што ќе осудуваш или нема да го подржуваш?!
     
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.