Не ти работи пребарувачот, затоа Абе пустото, очигледно и за почит и за љубов станува збор, кога има триаголник - брачен партнер1-брачен партнер 2- вонбрачен партнер 1, 2, 3...
Погоре пишале за што ако изневерениот е маж, дали поинаку ќе мислиме. Не. Кој се заветил во добро и во зло, тој е крив. Ја толку не се замарав со шваци на ексови, на едниот таквата ми пиша откако прекинавме да ми каже дека немало нивното да трае ако било само заради неа. Изглеа има искуство со забранети воќки па се зачудила што не сум од оние што би ја начекале у темно сокаче. ОMG, the nerve. Јас се изнасмеав викам твој е веќе, долга, кратка вожња на тебе оставам. Толку ми е небитна третата виолина. А и човек којшто ќе ме превари престанува да биде мој, па и јас негова. Нема потреба од нервози, ако не си за отворен брак, чао веднаш.
Домаќинката во оваа ситуација треба да му ги истроши сите пари на домаќинот за да не му останат за швалерката, така и таа ќе го остави нема да го сака!
Зошто да е понижена жената, таа не е втора виолина и во сенка. Треба тие двајца да се засрамени и понижени, неверниците.
Навредување на достоинството и гордоста. Зошто изневерената жената да биде понижена? Мажот што изневерува сам си се понижува исто и љубовницата во случај да знае дека е љубовница..
Во последно време се повеќе сме сведоци на афери. Факт е дека многу бракови опстојуваат ради деца, навика, кредити, заеднички имот...Сто посто многу жени има кои се свесни дека мажот има љубовница но замижуваат за мир во куќа и за да задржат статус дека се у брак. Е полоши од мажи кои изневеруваат се баш такви жени. Како што постои брак така постои и развод кој треба да се прифати како нешто најнормално. А не ако дојде време за разделба да си ги копаат очите еден на друг и да гледаат кој кого повеќе ќе го зезне. Ич не ми треба со сила да задржам некој кој ме изневерува. Чисто ми дојде ова онака да го пишам оти често слушам и читам муабети дека жените ги сакале штом не ги оставале... Не, бегаат од проблеми кои разводот ги носи. А да ја сака нема да ја лаже. Не дека и љубовницата ја сака де, не сака он никој освен себе очиглесно.
Лани околу Велигден моја другарка почна да се допишува со еден дечко на инста, тој секој ден и пишуваше и во работно време и после работа. Се договараа да одат на кафе, ама почнаа празници и не се видоа. После неколку недели ми праќа другаркава screenshot од инста стори, тагиран дечково на неговата свадба. Другаркава не му пиша после тоа, не го ни праша, он знаеше дека видела штом го отворила сторито. Да му е страв на човек и да почне врска и да се омажи, на што ќе налета.