Вистина? Ама сега во модерново време има истополови бракови,зошто пак тие имаат потреба од брак?Сигурно не за да го продолжат потомството. Инаку размислувањата на човек пред брак,во почетокот на бракот,по низа години од бракот се менуваат,се менуваат и самите луѓе,но тие што држат до себе во било кој период од животот не скокаат од еден до друг кревет,па и да не е во ред нешто во бракот,од морални причини не би го правеле тоа. Инаку за темата:Како жената не се почитува,се почитува, она е замена за мама.За жал доста од мажите (не сите) забораваат дека тоа не е мама ,па така ги поставуваат работите,а тогаш,ееее тогаш швалерката ја има улогата на жена,секс и такве ствари,ме разбирате.
во модерново време има истополови бракови зашто има умоболни луѓе кои тоа го дозволуваат.Не , тие немаат никаква потреба од брак,имаат само потреба да се докажуваат и да ги истераат своите права на инает,као еве сеа ќени дозволите да се венчаме,,и што големо чудо,тие и така се шетаат јавно ,што е венчавањето голема работа by the way еве ти дефиниција "Brak je društvena institucija kojom se regulira specifični odnos između dva ili više pojedinaca u svrhu zajedničkog života i/ili odgajanja potomstva."
Да,тоа е дефиницијата порано кога имало договорени бракови и идните младоженци не се ни познавале.Си ја ископирала од википедија http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%91%D1%80%D0%B0%D0%BA.Како и да е,самата дефиниција претрпува промени,неможе во секој период да биде иста.Денес бракот се смета како врв на нечија љубов,во смисол дека некого толку го љубиш што си спремен цел живот да го поминеш со него,а за потомство има доста жени што се решаваат сами да подигнат дете/деца без сопруг по личен избор,без да навлегуваме дали се во право или не.Можеби за 100-200 години би имало друга дефиниција за бракот,незнаеме . Е сега има и подлабоки религиозни гледишта на бракот,од обична дефиниција на погорната веб страна,па некој поупатен може да ни објасни колку да знаеме.
Договор. Пред матичар, во црква или како и да е, се е договор. И по закон за семејни односи ако со некого живееш повеќе од 3 години важат истите права и обврски регулирани со законот како и за венчани пред матичар. Најважен е договорот помеѓу двајцата кои одлучуваат да бидат (или да градат) семејство. Некои работи баш клот се договараат и мора да бидат и вербално потврдени (ќе те почитувам, ќе те заштитувам, ќе бидам искрен, ќе те подржувам, нема да те изневерувам) и сето тоа во добро и во зло. Некои се одредби од договорот се невербални односно никогаш не сме се договориле но функционираат преку позиции изградени преку кавги (Не ми мрчи што гледам фудбал + пиво во среда, а во недела ќе идеме кај твоите на ручек и ќе го трпам третманот на мајка ти која мисли дека тоа што може да му го прави на татко важи и за целата машка популација вклучувајки ме и мене ) Најважна е подршката, лојалноста и довербата и вистинска љубов. Без било кое од погоре наведеното џабе тие е и интерес и "наводно љубов" и деца и се.
МА у денешно време треба да го направат бракот со време на истекување....као договор 12 месеци....сакаш - го продолжуваш договорот....кога ќе истече чао...без обврски....неможе да очекуваш ај додел асмртта не не раздели....!!!!
^ Ако не ти се допаѓа бракот како институција, не се жени. Зарем треба посебни правила да се искреираат за несигурни луѓе? Пред Бога се венчавате? И што се вели -ја земам оваа жена дури не ми здосади, кога ќе ми здосади, бракот се раскинува. Абре вредностите од земјава изгледа заминале за Сибир.
А зашто ти сам не си го раскинеш договорот? Развод и чао. Е ќе има последици, ама па и за предвремено раскинување договор се плаќаат пенали.
Секој со свој памет,сите не сме исти,и нема потреба толку внимание да му посветите на човекот кој поинаку размислува.
Toa и јас викам. Ако не си крој за сериозни врзувања, не се лажи ни себеси ни другите. И еден мој роднина (имам пишувано за него) нит има стапено во брак, пази да не и` направи дете на некоја затоа што знае дека родителството не е негова ствар, мангуп е, си тера отворени врски. Ама ниту една не го брка со саксија или да го мрази, ниту пак тој се огорчува од жените. Зошто? Затоа што човекот од сам старт си кажува каков е. Нема кај него „ќутенката со надеж дека космичките сили ќе ја опраат ситуацијата“ (по тоа прашање, иста сум си на него ), нема жена на која не и` е дадено до знаење шо може да очекува од него и сите среќни и задоволни. Никој не го мрази (сем мажите кои му љубоморат ), секогаш сите врати му се отворени затоа што е човек кој ретко може да се сретне на овие простори: човек кој наместо да праи пиши-бриши у животов, никогаш нема ветено нешто кое не може да го исполни. Сам си збори „Нејќам деца, нејќам фамилија, можеби за некои сум саможив, ама барем не повредувам никого.“
Мене омилени ми се новопечените татковци, кога решаваат дека треба многу да ја "почитуваат" жена им, која неспие, нејаде, менува пеленки, се паничи за се поврзано со мало бебенце.... И тогаш кога треба најмногу да ја сакаат---они таа" љубов" ја префрлаат на некоја младичка, наивна(у очите на мајка и)...и многу ја сакаат...затоа што е нашминкана, наспана, намирисана..и тако даље...
Она што мистер Снејк сака да го каже на многу погрешен начин, е нешто што многу од нас се плашат дури и да го помислат а не па да го признаат. Најчесто девојките кои уште не се во брак и малку повеќе го идеализираат, и оние кои се со мал стаж во брак, а тоа е дека -вакви работи се случуваат. Ама не на нас нели, обично на таму некои кои уште од старт си биле швалеришта или недоволно заљубени во партнерот, или нестабилни, лабилни...Нас не, Бог да чува... Има многу примери на веќе постари парови кои се земале од љубов, кои стапиле во брак со идеја дека е светост, кои се културни, фини, образовани, озбилни и се она што мислите дека е потребно за хармонија во еден брак, но чувствата малку тешко да ги контролираш. Однесувањето можеш, ама нив не. А кои чувства се појавиле со тек на време? Баш оние од кои се плашиме. Дека веќе не те привлекува, дека веќе малите мани кои порано се провлекувале лесно, сега те водат до лудило, дека-да, ти смета што ставил 20 кг плус и што е стално пред тв, дека се чувствуваш осамено...Можно е кај секој да се јават после долго време, само кој како ќе реши да се справи е индивидуално. Но дека е нешто што само на другите им се случува а не нас-не е. Ќе видиме уствари, долг е патот... Едит-ова нема многу врска со насловот на темата, да се разбереме-не подржувам швалерката да се сака, никако
Еве јас ќе си дадам одговор на ова како некоја со релативно мал стаж во бракот. Значи не дека не очекувам дека работите нема да бидат толку супер како што се сега. Можеби промената ќе се јави кај мене, можеби кај него. Но наместо да кукам по други ќе си бидам искрена кон себе и кон тој (каков таков станал, живот сум делела со него заслужува искреност и храброст и човечност од моја страна) и ќе ставам крај, иако не е најкомфорната ситуација, подобро му е на мажот да има нова помлада поенергична мама која ќе се грижи за децата и ќе ги пегла гаќите другата шо ќе ги гужва, али тука збориме за тоа дали е некој доволно човек или не да се справи човечки а не кукавички со истото. Јас и мм уште додека бевме верени го правевме муабетот за тоа преку кои работи за кои не сме директно виновни не би преминале. И решивме дека доколку се случат, не би сакале да го упропастиме тој наш дотогаш прекрасен однос и функционирање и би се разишле како луѓе пред да почнеме со постапки кои би го омаловажиле другиот: -„Ќе ми замериш доколку во таков случај побарам развод?“ -„Не, а ти на мене?“ -„Не.“ Готово. Ама треба зрел разговор, а за зрел разговор, треба луѓе кои се влезени во брак а се зрели. A за жал повеќето се како шо ги опиша Скорпионка, шо мислат дека меѓу крај на Дизниев филм и брак нема никаква разлика. Ама и партнерот треба да е доволно човек да му предочи на другиот дека е во илузија.
Искреноста пред стапување во брак е неопходна. Нема ништо лошо да се свртат неколку реда муабет и да се направи некаков вид на договор/план што како понатаму. Оти нели само од љубов не се живее. Сакале или не многу нешта ќе се сменат и заедничкиот живот може но и не мора да предзвика промени од 180 степени. Јас ќе си кажам за нас. Ме праша ако се венчаме ти што планираш да правиш во животот? Кои се моите цели, желби, планови, амбиции? Јас си кажав сакам тоа тоа и тоа. После јас го прашав а ти што сакаш да постигнеш во животов твој, како си ја замислуваш твојата иднина? И он си кажа сакам тоа тоа и тоа. После си кажа што очекува од мене во тој брак, и јас си кажав што очекувам од него во тој брак. И ни се поклопија сите замисли, или барем поголемиот дел. Со глава во зид не се оди, ако од старт гледаш дека имате дијаметрално спротивни замисли сам си си пресудил пропаст во матично. Он ми кажа дека не сака некоја која дома ќе седи и деца ќе раѓа . Си сака жена со кариера, амбициозна која ќе се надоградува и ќе го стимулира и него да го стори истото. Реков супер, таа сум. Дека не сака деца, барем не во блиска иднина. Јас пак дигнав два прста. Дека сака да се сели и да живее во барем уште една друга држава, дека сака да патува... И то. Договор. Не треба човек да се залетува човек и да се мажи/жени од страв партнерот да не му избега, да не остане сам, непланирана бременост. Оти после чорба работата. Едит: На Тесси муабетов и кај нас беше Ми вика ај што е сигурно сигурно не ми го земај презимево, после да не ме оставиш а оно да си остане. Негово си било
Е ова сакав и јас да го дополнам. Значи пак останува на договор меѓу двајцата,љубовта,совпаѓање на желбите и побарувањата,како и нивните карактерни особини. Некои луѓе едноставно тоа што сакаат да го кажат и направат,го прават зад грб,немаат храброст во очи да му кажат на брачниот другар вака и вака стојат работите.Обично тие се такви и со пријателите,колегите,соседите,роднините,со сите.
многу несозреано мислење е дека бракот се смета за врв на нечија љубов.Ма јок ,никако.Врвот кој двајца луѓе можат да го постигнат како единствена и нераскинлива врска е детето и ништо и никој друг не е посилен од тоа.Бракот постои само за полесно да се регулираат овие односи , жена-маж-дете,ама никако како врв на љубовта. Таа дефиниција која јас ја поставив никако не е религиозна .
Познавам неколку брачни парови кои се во поодминати години,вработени со солидни плати,но немаат деца,не посвоиле,а сеуште се во брак.Гледајќи го нивниот меѓусебен однос воопшто не е тешко да се заклучи дека точно љубовта,во каков и да е облик во тие години,е таа што ги поврзува. За религиозниот аспект не ме разбра,ама ако и онака забегавме од темата. Во врска со темета си напишав претходно и се однесуваше точно на тие што се во брак и имаат швалерки..
Девојко те жалам за ова што го пишуваш. Очигледно бракот за тебе е ради деца, ради реда, и ради таквите како тебе и пропаѓаат многу бракови. Јас никогаш не би сакала да имам партнер како тебе. Колку глупави, незрели мислења имаш, практички се трескаш глупости овде, тоа е чудо. Зошто мислам дека ти и Снејк сте тролови овде? Прво научите како се пишува, па пишувајте. Мое мислење за темава: Ова важи за мажи кои се незрели, неодговорни, неморални, не знаат што се брак, жена, деца, си мислат бракот е играчка, а жената слугинка да му работи по дома, а тој ќеифови да си прави настрана. Во никој случај не ги почитувам ваквите мажи, ми се гади од нив, а нивните жени ги жалам.