Ги жалам оние кои единственото нешто што ги држи во бракот се децата. Затоа и ја разбирам нивната изреволтираност кон оние кои тврдат дека љубовта некогаш може да стане уште посилна во бракот. Ако ве теши фактот што на сите им е така, добро, нека ви биде. Ама никој не ви е на форумов виновен што има среќен брак па да го затрупувате со навреди (затуцан, ваков, таков), да сугерирате за неговиот изглед и сл. Навистина? Според вас се затуцани и неизживеани оние кои не се понашаат како да немаат видено полов орган у животов? За неверство од страна на мм сум сто посто сигурна дека нема да се случи. Таков си е човекот некоја гола да му седне у скут, најемотивно што може да изреагира е да ја отера некаде каде што сонцето не свети. Башка за лажење и криење не го бива. А го знам и како дечко, кога ќе му се допаднела некоја друга, и` раскинувал на дотогашната девојка. Никогаш не му било удобно во триаголник/четириаголник ситуација. Едноставно таков си е. Затоа сум сигурна дека пре би побарал развод, отколку да се спушти толку ниско и да биде толку прост да ја осквернави брачната постела. Што се однесува до почитта кон домаќинката. За која почит збориме ако типот е нелојален? Правење лице ваљда... И верувам дека ниту швалерката не ја сакаат. Ваквите мажи се сакаат само себеси според мене. Кога и сопствените деца ги користат како штит да не поминуваат низ последиците од разводот, што повеќе има тука да се збори за љубов...
Како може домаќинката да се почитува,ако се има швалерка,кој го измислил ова,ајде нема повеќе да коментирам,зашто ке бидам вулгарен,за мене само домаќинката се сака и почитува,ако сакате викајте ме дека сум паучар или заостанат ама таков сум. Иако не сум во брак.
Многу зависи од тоа со каков човек сме решиле да го минеме животот. Доколку е тоа човек кој се почитува себе,има совест,и пред се е паметен тој нема да има можност за швалерка зошто? Затоа што ќе знае,дека таа со која решил да го мине својот живот нема причина да ја запостави или и да влезе во врска со швалерка па дури и да ја сака...нема шанса Доколку станува збор за човек кој има празна глава како балон тогаш не швалерка тој куплерај ке има и ке мисли дека е мачо а уствари е загрозен вид Искрено некогаш знам да се пожалам на мм но,кога станува збор за вакво нешто знам што си имам покрај себе непроценлив е и се гордеам што е таков бидејки тоа е прав маж...
А ви кажал некој дека Пепелашка, и сите други се само бајки....па вие сте тие што цело време врегате а некој покаже друго мислење - кое не се совпаѓа со вашето.....мислам ској може што сака да си мисли и пише... мислам може и ја смислам дека вие сте тролови...но нема тоа сигурно нема тоа да ви го кажам или пишам......секој со своја среќа и мислење...ја стоа што го мислам и правам е мое.... дали јас сум изживеан или не е мој поблем....а на тесси мислењето дека маж и некоја гола да му седне ќе ја истера... да ако му наместиш некоја грда и дебела се слагам...но ако некоја он ја погледне...и таа му седне..жал ми е што ќе останеш изненадена ....... и глупа е темата на крај...... швалерка ја сакаш за секс.... некое време...и после идеш на следна.... неможам на жена ми да и кажам да имаме орален секс..кога со таа уста ги бацува децата секоја вечер !!!!
Штом ми се обрати, да ти одговорам. Не праам муабет за Пепелашка, туку за реални работи. Снејк, мм не е неизживеан и исфрустриран. И единствена причина поради која се зедовме беше љубов. Никој никого не брзаше и не притискаше со ништо. Пред да влезе во брак со мене се има и изнаживеано и изнашетано и изнабркано девојки и дебели и слаби и високи и ниски и убави и помалку убави и постари и помлади. А пред се` има доволно цврст карактер да се носи со последиците од своите одлуки и има м**а да побара развод ако нешто не му штима и ако проима мерак за друга и преголема гордост за да си дозволи такви подли излети у брак. Сигурно јас го знам подобро од тебе. Нема потреба да се сомневам во него. Не се сите како тебе и не се сите доволно паметни да (не)изберат некој како тебе. А убавина е релативна и индивидуална работа. И дај више со тоа грда и дебела, досади и Богу и народу. И место да не` замараш нас овде, напрај си муабет со жена ти. Или да не е работава, на форум си лав, а пред жт предеш како маче?
Очигледно е Снејк дека ти дури сега си сфатил оти Пепелашка е само бајка, повеќето тука што не се сложуваат со насловот на темата одамна го знаат тоа. Не можеш сите мажи да ги рамниш со тебе, затоа што некои од нив се мажи во вистинска смисла на зборот, а ти не си тоа. Не си маж, штом немаш храброст да пресечеш еднаш засекогаш и да расчистиш со жена ти дека сакаш развод, туку упорно седиш на форумов и си лечиш комплекси.
Tessie а како да седне да разговара кога е во Катар според инфото освен ако и за тоа не лаже како за се друго. Дај стварно престанете да му реплицирате, гледате дека е човечево за жалење, си живее во некој филм.
Неке птице никад не полете.... Некој си останува вечно зимзелено дрво во паметот...едноставно за некој бракот е преголем залак па ако доволно се познаваш себеси и мислиш дека еден ден тој залак ќе ти залетне, ќе снемаш воздух,ке ти загорчи ....тогаш не се жени бре!!! Насловов на темава е контрадикторен...незнам кој го измислил ова ама победен изговор за швалерисување не можел да смисли.За мене љубовта и почитта одат рака под рака. Јас овде не гледам никаква почит кон домаќинката...уште помалце љубов.Зарем почит е додека јас седам дома му готвам,чистам и гледам потомство вниманието кое го заслужувам тој на друга да и го дава?!Да дознаам такво нешто под итно ги пакувам куферите и си заминувам ,не оставам простор за понатамошна дискусија и оправдувања. Не гледам ниту пак љубов кон швалерката.Како прво за да бидеш нечија швалерка и втора виолина треба воопшто да немаш почит и љубов кон себеси за да го дозволиш тоа..па како можеш потоа да очекуваш некој друг да те сака!!!Зар љубов е некој како шугава да те крие по валкани мотели и темни сокачиња?! Ова можат да го мислат и прават само луѓе со беден дух!!!!
Бракот не е само праче хартија на кое стојат два потписи... Жал ми е за тие шо останвет во брак единствено заради децата.. Па кажете ми луѓе во какви личности ке израснат тие деца кои не гледаат љубов и страст помеѓу родителите,од кого ќе научат тие деца што е тоа љубов???? позз
Не можев да одолеам Поголема глупост не сум прочитала, не е ни чудо зошто жена ти не се труди околу вашиот секуален живот. И само да прашам ти ги бакнуваш децата после орален секс со швалерките?
Во врска со насловот на темава: ова може да го каже или прави само човек кој е егоист, себичен и научен се да му е ставено на дланка, а тој да е центар на светот. Обично тие работи доаѓаат многу порано во животот, уште од домот на родителите и самото воспитување. Не велам дека со текот на времето, во бракот чувствата не се менуваат-се менуваат и тоа како. Но тоа не значи дека преминуваат на полошо, јас верувам дека преминуваат во поголема стабилност, мир, поврзаност, партнерство, почитување. Исто, верувам кај некомпатибилни парови кога ќе исчезне љубовта може да остане наместо трпение и почитување, да остане нетолеранција при што во одредени прилики влетуваат трети личности (ете швалери/швалерки). И тогаш е време да се раздвојат луѓето, не само заради децата да им растат подобро со еден среќен родител отколку со двајца несреќни, туку и поради тоа што секој има еден живот и не добива втора шанса за живеење од почеток, па подобро покасно среќен отколку во брак несреќен. А да се живее и почитува жената, а да се има и сака швалерката, не знам каква почит е тоа кон домаќинката.
Да ти кажам право,ме просветли! Навистина,ми ги отвори очите Не е проблемот на моите демек глупави мислења.Проблемот е што ти живееш во некој розов свет и сметаш дека секој кој има мислење поразлично од тебе е трол или глупав.Ама ок е и тоа го сфаќам не си ти крива ,такво ни е општеството. И де кажи ми молимте поради што како мене пропаѓаат бракови? Поради очигледната вистина која ја кажувам? Од бракот направивте бајка невидена,вечна љубов,а земи разговарај со првиот кој во брак е повеќе од 10 години ќе наидиш на многу поинакви размислувања,секој нормален убав маж кој имал прилика за секс со убава жена верувај го направил тоа барем еднаш во бракот,секако без да остави трага,истото важи и за жените. Кажав мое мислење ,а ако тоа ти смета,а очигледно ти смета, слободно можеш да ме заобиколиш наместо да си трошиш нерви оти мислењето нема да ми го смениш. Подобро развод отколку лош брак и невидена глума пред децата дека се е совршено и тоа е единствената вистина.Кога луѓето ќе престанат да се венчаваат само ради трудноќа ќе има многу помалку разводи.Мислењето дека ако некоја е трудна одма мора да се мажи мора да се искорени.А во врска со темата ,уште еднаш,сум сретнала многу луѓе и мои блиски пријатели кои сакаат некој друг или не им е добро во врската или бракот и не се оставаат само ради децата и ради шо ке каже комшијата.Па затоа на децата им оставаат лоши примери со караници,одделно спиење ,не правење муабет со денови итн.Децата повеќе трпат во лош брак.
Делумно се согласувам во овој дел од мислењето. Ама ако е така, зошто воопшто излети во бракот? Разведи се, па си излетари цел живот? Пак се навраќаме на моето, некој ако е човек и родител во вистинска смисла на збор, може таков да биде и вон бракот. Другарка ми има скоро 30 години, нејзините се одамна разведени, ама татко и` ден денес ја бара, ја посетува, се нуди ако и` треба некоја помош...ако седи во бракот и го брука семејството со излетите, демек подобар родител ќе е... Што се однесува до несакана бременост како повод за брак, јас мислам за таа работа не треба само жената да се обвинува. Сама од крастаица не се остануе трудна (може на гламстик). И на мажот му било поудобно без кондом кога го праел тоа дете, е сега не може само таа да ги сноси последиците. Бар нека и` плати за абортус и готово. Или ако е способна сама да го гледа детето, уште подобро. Инаку во врска со тие кои имаат розови очила. Не можеш и ти да кажеш дека друг не е во право само затоа што поинаку размислува. Мене лично во мојот брак ми е многу убаво и можам со глава да гарантирам за маж ми, а и тој за мене. Не зошто е розов животов, туку затоа што и јас и мм не сме такви луѓе кои би издржале да животарат во дисфункционална заедница. Секаде има секакви, среќни бракови во кои нема потреба од неверство ПОСТОЈАТ. Го знам каков е кога крие нешто од мене, го знам каков е кога лаже, го познавам едноставно а и тој мене.
Тессие ок е ,јас се слагам со тоа дека постојат такви бракови ,знам дека постојат,но јас зборувам за оние кои не се сакаат ама остануваат ради децата и ради општеството а верувај и такви ги има еден куп
11.5 години во брак! Кревам два прста. Прво, ќе ти ја побијам тезата за нераскинливата врска дека е детето и ништо друго. Ние немаме деца. Второ. И јас и маж ми старееме со добра форма, како квалитетни вина нели ни тој ни јас сме за фрлање на изглед после цела декада плус, обрнуваме внимание да не се запоставиме, уште ме привлекува физички како и на почетокот, а според неговото однесување(да не давам приватни детали) е обострана атрактивност. Маж ми не е дома да си каже за него па јас ќе си кажам за мене. Јас се имам изјаснето многу пати дека имам слобода. И тој исто. Во смисла дека не сум врзана дома, сум патувала сама и деловно, и од слободна волја, излегувам сама без полицаец на телефон на секој пола саат итн. Сиве овие години, се обиделе многу мажи да ми доловат внимание и да пробат да ме заведат. Некои знаеле добро дека сум мажена, некои не и не ми погледнале на рака да видат прстен. Сега фали ме усто, ама убава сум , не само убава него бомба сум за моите години , така да фактот е неоспорен дека некои од спесимените кои пробале да ме заведат на изглед биле мелем за око по висок критериум, а имало и помлади од мене Ниту еднаш, еве во што да се колнам кажи? Ниту еднаш не сум била примамена да го изневерам(се изневерам себе). Гледам. Гледам убавина и во машки, и во женски, се што е убаво окото сака да го гледа. Ама, јас одамна веќе не барам. Тоа е. Јас тоа што си го најдев кај маж ми си го чувам, секој ден му се радувам, бескрајно сум благодарна дека го имам, и знам дека никој друг не може поубаво од тоа што го имам со овој човек да ми понуди. Никој! Освен Бен Афлек можеби
^ Добар пост, ама на крај со Бен Афлек ме разочара Ич не го сакам, и него би го мењала за топло пиво во жежок ден
Истото!! Се мислев да и` го понудам Батлер, Клуни или грков подолу ама па си реков - Ако си го сака Афлек - нека си го земе, една помалце во конкуренција
@anaantonia Сакаш да кажеш дека сите извршиле прељуба? Имаш докази да го поткрепиш тоа твое тврдење? Сигурен сум дека мнозинството нема да се согласи со тебе. Јас искрено не знам, ти во кој свет живееш. Да не си во некој американски филм заглавена? А ти не би се земала ради тоа? би го родила детето?(не викам дека е лошо да родиш дете, но општеството е такво како што е, и нема да те сака никој) Мислиш дека некој ќе те земе после? Или ти во таква ситуација би извршила убиство....абортус де? Не само што постојат среќни бракови, туку такви се повеќето. Тие за кои ти пишуваш, кои опстојуваат само ради децата, се многу мал број.