До некаде вината е и во нас во жените што мислиме дека ако им бидеме добри домакинки мажите ке не сакаат, само затоа што се научивме да му зготвиме совршен ручек и совршено да му ги испегламе алиштата. За жал многу девојки откако ке се омажат,одма раѓаат деца наместо да уживаат сами некој период во брачниот живот,да се навикнат на бракот,на заедничките обврски и заедничкиот живот.Па после нека дојде и детето....мислам дека мажењето е голема промена за жената...наеднаш треба да чисти,да пере,да готви,да роди дете и да биде мајка...и сето тоа ако дојде наеднаш,нормално дека жената ке заборави и во огледало да се погледне трчајќи наваму натаму низ куќа трудеќи се да биде се во ред.Тогаш мажот не може да ја препознае жената која ја оженил,и нормално е да загледува на страна... моето мислење е дека мажите не се женат за да имаат добро зготвен ручек,и совршено средена куќа...мислам дека многу повеќе ќе си ја ценат совршено средената жена...во ред е некогаш да не испереме,да не зготвиме,да ни биде куќата во хаос...но мора сами на себе да си посветуваме внимание за да изгдледаме убаво, зошто е многу важен фактор за бракот да ни функционира нормално
ако веке дошло до швалерка тогаш во најголем број на случаи на мажот му недостасувало нешто за да тој посегне по друга жена, јас не оправдувам неверство и тоа е нешто најодврато што некој може да му го направи на некој друг ...сепак зависи од ситацијата и конкретниот проблем .....има секакви мажи и карактери а со тоа и безброј ситуации и проблеми....секој треба да размисли а и да си увиди на конкретните сопствени итуги грешки.... конкретно еве едне пример---другарками работи во скопје, си има убава работа и се ок има 3 деца и тие живеат заедно во друг град, а таа од понеделник до петок е скопје а за викенд си е дома со сопругот и децаата....децат се мали, сопругот и е млад исто и таа арно ама мажот нејзин си фати швалерка оти нему му треба жена... и поради неможноста да се средат... затоа викам треба секој да си ја знае макта неможеме да судиме никому....
Ц, ц, ц... не можел да изджи господинот. Инаку штом мажот сака швалерка автоматски не ја почитува жена му таканаречена домаќинка.
Дефинитивно насловот на темата е најголемата глупост со која ми почна денот Може швалерките да се тешат на овој начин,зошто најверојатно почит ретко добиваат,а тоа всушност е една основа на секоја врска. Прво,освен љубов секоја жена ќе избере и почит,зошто во бракот само од љубов не се опстојува,а фала богу и кај врските е така. Ако мажот ја почитува жената,тогаш и помага во домашните работи,ја чува,ја заштитува,се грижи за неа и семејството и внимава на неговото однесување за да не ја навреди или повреди својата жена. Тоа е почит,а не е почит само да каже добар ден кога ќе дојде од работа А една швалерка доколку нема почит од еден маж,туку само ја сака овде сакањето би било дискутабилно.Љубов без почит-секс без обврски Ко воли нек изволи.
да е така како што мислите вие убаво ке беше, проблемот е малку подлагог и не е толку површен како што ви изгледа и како што коментирате....викед до викен до викен и така годиниии поминале....и таа си е свесна дека до некаде и вината ја наоѓа во себе, затоа што таа пред се неможе да биде ни посветена мајка ни сопруга, децата си ги гледа 2 дена само, а на мало дете секако потребно и е мајкино воспитување, нега и грижа, од д руга старна на нејзиниот маж му е потребна жена, разбирање, поддршка, нежност, љубов....се си има цена во животот, така да затоа пишав секој проблем своја тежина си носи, затао неможеме никому да судиме...
^ Јас во случајов повеќе ја кривам другарка ти отколку нејзиниот маж. Колку сака нека изгледа ова сурово ама така е. Маж и' го кривам само што не и' побарал развод туку отишол по друга без да се разведат. Тоа е многу погрешно од негова страна. Ама тоа што он посакал жена до него е сосема природна работа и е тотално во ред. Жив човек е не е робот. Има потреби, има чувства. Плус, сигурно штом децата им се мали претпоставувам дека и они двајца не се престарени. Прво и основно, бракот не е само за на хартија, децата не се само за да се родат... Има тука многу, многу повеќе. Така што она самата си е крива. Тоа што маж и' фатил швалерка е само резултат на нејзиното незаинтересирано однесување, иако тоа јас сметам дека во случајов е најмал проблем. Тек ќе и' биде проблем кога ќе го види резултатот на нејзините деца после неколку години, штом раснат скоро речено без мајка. Не знам, дури сметам и дека меѓу нив не ни имало љубов. Не може она со години да си живее таков живот, значи и на неа и' одговара. Во ред е, има парови што живеат така некој период, тоа е доста често посебно во нашава земја. Ама тоа е со договор и си знаат дека ќе издржат ама после ќе им биде подобро, а ова мене ми изгледа на веќе двоен живот. Значи да напоменам доколку навистина ова се случува со години без престанок тогаш си стојам на моето мислење, меѓутоа доколку се работи за еден месец, два, три тогаш не е воопшто во ред и тогаш би напишала сосема друг коментар. Само чудно ми е како нема желба да си ги гледа децата ако ништо друго, и од камен да е, ќе и пукне филмот еден ден и ќе рече "Доста е". Ајде маж како маж да го тргнеме на страна, ама децата да ги гледа 6 пати во месецот? Чудно ми е...
^Сигурно оди да работи во друг град бидејки им се потребни пари . Не верувам дека некој родител би се одделил од децата ако навистина не го прави тоа за нивната иднина . Таа прави жртва за семејството . И верувам не е лесна . Ама сепак тоа го прави за семејството . Не е тоа незаинтересираност. Како родител прво ќе мисли како да им обезбеди се што им е потребно на децата , посебно ако е од помал град каде е тешко да се најде работа .Па не може да се бира што би рекле нема и јаре и паре . Ситуацијата не е идеална , ама баш поради тоа што бракот не е само на хартија , ако решиле да градат заедно живот понекогаш жртви се потребни .. Претпоставувам дека одлуката им била заедничка. И на мојата братучетка и треба маж , нејзиниот сопруг е пола година тука пола година во странство . Ама таа не помислува за неверство туку знае дека тој маж работи и прави жртва за семејството . Ако навистина ја сака и почитува нема така да и враќа .
Те разбирам и да до некаде се сложувам со тебе. Ама мене лично оваа ситуација не ми изгледа баш како некоја жртва. Штознам... Не сум го доживеала тоа, не сум ни мажена па мислам дека што и да напишам ќе погрешам. Прво тргам од себе, јас цврсто стојам на тоа дека јас таков живот не би прифатила. Во никој ама баш во ниеден случај. Пак ќе напоменам, во ред е да едниот да отиде некаде и работи да речеме една година и после се врати, тоа да, е жртва. Го има тоа, често е, еве и тетин ми направи така, отиде настрана 6 месеци да работи па се врати тука 6 месеци и пак отиде 6 па пак се врати и сега си е тука со тетка ми и децата и си се средија. Ете си направиле договор, идам, работам, ќе издржиме ама после ќе ни биде како што треба. Ама така да биде константно со години? Да не се знае крајот? НЕ. Такво нешто јас лично не би прифатила и веднаш би побарала развод. Затоа што тоа како што кажав веќе е двоен живот, буквално двоен живот. Па не е се во парите па да мора така цел живот или па со години. Може и за помал временски период да се заработи, како што беше тетин ми. Тоа сум јас, така сум воспитана. Имам пример во моја не толку блиска фамилија. Човекот отишол така во Германија пред повеќе од 30 години кога децата му биле уште мали. И исто така, една година прво, па после уште една, па уште една и година по година си поминувале годините, им праќал пари, за тоа немало проблем ама неговите доаѓања овде биле се поретки и се поретки. Разликата била во тоа што жена му не се замарала, битно и' било само пари да и' прати и гајле и' било. Човекот беше таму цел живот, пред една година им се јавија од Германија да им кажат дека таму починал. Кога отидоа таму дознаа дека всушност бил починат уште пред 3, 4 месеци и веќе е погребан таму. Кога се распрашаа, дознаа дека тој таму си имал друго семејство. Колку и да е ова неверливо и да мислиме дека не може на нас да ни се случи, многу има вакви случаеви. Затоа пак ќе кажам, јас такво нешто не би прифатила. Жртва според мене е како што кажав идам, заработувам и се враќам, а си седам таму со години, си уживам, си шетам, си работам и ви праќам на вас пари не е жртва тоа веќе е од што така им одговара и така им е убаво. Секогаш има избор, само дали сакаме да го видиме.
Не се согласувам. Па таа жена отишла во друг град да работи и заработи пари, а не на шетање. И не е дека се враќа дома два пати годишно. Многу парови постојат каде мажот работи во друг град и се враќа дома само за викенди. Дали тоа значи дека тие жени треба сите да си фатат љубовници? Или ај дека се жени, па можат да издржат И што да кажеме тогаш ние што имаме мажи во војска? Зборувам за војска каде мажите ги праќаат на мисии низ цел свет. Мисии кои во зависност од родот на војската можат да траат од 6 месеци (ако се пешадија во воена зона - најтешко и најопасно место со висока стапка на смртност и повреди) па се до 18 месеци (ако се во морнарица). И во текот на тие месеци контакт имаш кога-каков. Понекогаш и по 2-3 недели никаков. Сите ние си имаме потреба од маж. Ама тоа не значи дека ќе погазиме на љубовта и бракот и ќе имаме афера (секако дека постојат исклучоци). Значи до човекот е. До принципите, вредносниот систем. А тој ако не му се допаѓал правецот во кој се движел неговиот брак, за тоа имал повеќе опции - разговор - да и каже на жената дека тоа им го поткопува бракот, обид за промена и да се спаси бракот - да се изнајде решение доколку може жената да не патува, па на крајот и развод. И да одговорам на прашањето. Ако мажот ја сака швалерката, тогаш ќе ја остави жената и ќе ја ожени неа. Не велам дека не може да се случи. Ама најчесто не. А маж кој ја изневерува својата жена, истата воопшто не ја почитува.
^ И јас реков дека требало најпрво да разговара со својата жена и ако не му одговара да се разведе, јас така би направила. Во ниеден случај не го оправдувам тоа што тој си има друга на страна. Пак ќе напоменам, јас лично таков живот не би толерирала. Кој, како сака нека ме сфати ама за мене не е во ред. Некој оправдува, некој толерира, за некој е во ред ама за мене не е. Јас сакам да имам семејство во права смисла на зборот, подобро поскромно отколку да не се знае кој каде е, со кого, што прави, што сме, кои сме, кога ќе се видиме итн. Мора да се има една граница. Не се парите се' во животот. И еве има многу мајки на форумов. Нека се изјаснат дали би отишле да работат во друг град кој е оддалечен да речеме 2 саати од нивниот и да ги гледаат своите деца кои имаат 3, 4, 5... години (ма да годините на децата не се битни, мајка секогаш треба) два пати во неделата и сето тоа да трае со години. Ми нема ама баш никаква смисла... Ајде мажот го тргам на страна, ама децата да не си ги гледам секој ден, да не учествувам во нивното растење, да не им помагам со проблемите, да не сум тука цело време за нив, да ми ги воспитуваат бабите и дедовците? За мене не е оправдување пари, егзистенции, кариери, работа итн. Цврсто стојам на ова. Инаку темава односно насловов нема ама баш никаква смисла. Сигурно го измислила некоја швалерка за да си ги оправда своите постапки односно да си се убеди дека многу е сакана. Невозможно е тоа.
се сложувам со тебе драга ....ова не е ништо измислно ниту сум јас лично нечива швалерка далеку било, ова е реален проблем и ситуација така да не заклучувај пред време, другарками е свесна за својот проблем и како прво таа не е некоја необразована и проста жена, си има убава и угледна функција односно си има работа одлична и супер кариера, не е заебанција никаква, децата си ги гледа 2 дена во викендот аостанатите 5 дена е скопје, неможе таа да патува секој ден затоа што далечината е голема.....јас само ја посочив како пример да неможеш на никого д аму судиш затоа што постојат различни проблеми и ситуации, секој си ја знае маката своја ништо повеке.овде повеке е кариера и пари одколку семејството затоа е настанат проблемот....свакјаш ли сега....прочитај убаво и не донесувај пребрзи заклучоци... швалерки имало и ке има, еве јаса не сум мажена меѓутоа имав врска во која мојот дечко ме изневеруваче со најголемата ороспија во градот....затоа јас не оправдувам неверство никаково....ама секој си има по некој амака и проблем неможе секогашд асе криви мажот може некогаш виновникот е жената, а мислиш ли ти дека нема жени што се во брак па не изневеруваат???
Ај да напишам едно поинакво мислење, од страна на швалерката. Имам другарка швалерка и мислите лесно и е? Јас воопшто не ја оправдувам за тоа што го прави. И самата понекогаш се обвинува... Но, тоа не е оправдание. Не можам да ја разберам како покрај толку мажи, таа е со женат кој има и дете. Но, отсекогаш била таква (понеморална). Го користи бидејќи нема дечко, а и треба малку љубов, гушкање и секс, а си добива и пари, поклони од него, се што не може да има. Ја зема по службени патувања, па таму си шетаат заедно. Тој дома се вади на работата (има висока позиција) па жена му на големо му верува, зошто тој навистина бил добар кон неа и таа воопшто не се сомневала. Но, не е се така сјајно. Еднаш бевме на кафе крај кеј, па се појави тој со семејството. Отпрво направи тој некоја фаца, демек му е незгодно, што да правам... Ама потоа си се опушти со жена му, се бакнуваа, детето трчкаше наоколу, па јадеа, цело време се смееа, напросто уживаа како семејство гледани отстрана. Другаркава се изеде одвнатре. Цело време ги зјапаше, се нервираше, душата и пукна. Заради ова се скара со него 2-3 дена, па пак се смирија. Но, таа е свесна дека тој е во брак и дека си шета со жена му, спие со него, итн. Значи и на швалеркиве не им е лесно кога знаат дека мажот им е со жената. И на крај увидов дека двеве жени испаѓаат глупави, зошто мажов си ги врти како сака. Во муабет де едната ја сака, де другата. А, тој уствари само ќеифот си го прави. И си има пари, му се може. А, другаркава наместо да си го среди животот, живее бурен, несреден живот, секој ден се повеќе пропаѓа од ваквиот начин, наместо да е со некој да се сака и да да ужива, таа стално живее во криење, во исчекување. Образот веќе си го извалка, а Господ се гледа, се ќе и се врати што правела. Некогаш може и таа да биде на местото на другата жена, па тогаш нека осети на своја кожа. Стварно е жално, жената да ти го посвети животот, да ти пери, готви, да ти роди деца, да те сака и почитува, а ти да ја изневеруваш со една курва. Велам курва, зошто швалерката не можам да ја наречам жена, не го заслужува тој збор.
Мислам дека многу погрешно си ме разбрала. Мојот пост беше за конкретниот проблем на другарка ти што ти го наведе, а последната реченица општо за темава. Не беше поврзана со тебе. Не реков дека ти си швалекрката или нешто слично. Инаку целосно се сложувам со болдираното. Тоа е суштината на проблемот. И тоа се обидувам цело време да го објаснам. Не е работата дека некој не заработил или трпи за јадење, туку сака повеќе и сака уште, а не гледа дека со тоа прави катастрофален проблем.
Мене не ми личи на „за греота“ работава, туку за ѓубре кое едвај чекало прилика да прави `ршум без да може да го контролира некој. Маката голема си ја имал...фуј!!! Па и од жена вакво мислење ... згора и од другарка ... е ако ни` прават така, си заслужуваме. Како не му е срам лебот да и` го јаде и времето да и` го губи. Него да го опне да работи во друг град и да носи леб за фамилија па да видам дали ќе му текне да се јадосува од такви “проблеми“ oд типот на „која поза да ја изберам со швалерката денес“. За срамота. И за тоа дека таа не била добра и посветена мајка затоа што не кмиши со децата секој ден цел ден и за тоа давам едно „не“. Таа викендите како што рековте, ги посветува целосно на нив. Што ако преку недела е на работа? За времето посветено на семејството, квалитетот е побитен од квантитетот. Таа им посветува квалитетно време, а во исто време сигурно (штом е работа за која вреди да се патува во друг град) и им овозможува убав живот. Али затоа пример за татко е големиот фраер кој битно секој ден си е со децата...not. Затоа мажот е трај-прај. Му одговара.
Силвер а зашто се вратила пак кај него? Јака и душа ама ( ова го зборувам за сите што се оние другите) сами си го бараат. Сами се пикаат во такви шеми. Јас да бев на местото на другарка ти пред жена му и детето сцена ќе направеве, ќе го избламирав до даска. Па да го видам што маж е да пресече, со мене или со неа? Дали ме сака или не. Ако ти е блиска пробај да ја оттргнеш од него. Зашто тој не е маж туку стока невидена.
Види сега, и таа (другарката) е стока невидена. Знае дека е женет и дека има дете. Ама „го користела“ за гушкање и секс, а и пари и поклони си добивала. Човекот имал висока позиција, па ја носел со себе на службени патувања- ја шетал. Таа е, благо кажано, куртизана. Иако, ни тоа не е. Куртизана е повозвишен створ од опишаната девојка. Опишанава е нешто како о*оспија. Не е заљубена, само нема дечко, па „го користи“ женетиов. Земјо, Земјо, кој се‘ шета по тебе!
Леле не им било лесно и на швалерките затоа што "мажот" е со жената.........буху, ај сега и солзи да почнеме да рониме за обесправените швалерки. Тоа што сами се ставаат во таква подредена улога нема врска, ние сега треба да ги жалиме дека и на нив не им е лесно..ај што не ќе прочиташ. Можам до некаде да ги разберам ако не знаеле дека е женет, поминало некое време па да дознае и тука веднаш се поставува прашањето јас или таа, (мада јас да би се нашла во таква ситуација веднаш би прекинала бидејќи некој кој наводно ме сака ме ставил без мое знаење во подредена улога)и ако ја одбере сопругата среќен му пат а да те мафтосува со години демек не ја сакам, заради детето сме заедно....епа тогаш се тешки глупачи швалерките кои не знаат да прекинат нешто што НИКОГАШ нема да има иднина. За вториот болд не знам каква слика имаш за брачниот живот ама сликава некако ептен искривена ти е, јас како сопруга не си го посветувам животот на сопругот, живеам заедно со него и си го посветуваме животот на заедничкото семејството, не е Бог тој па да си го посветам животот на него. За перење не е ово 18 век па переме на раце, не го перам сопругот јас, го пере машината за перење, готви тој што има време, некогаш јас, некогаш он а за децата освен што сум ги родила и сега што помалиот го дојам друго колку јас им посветувам време толку и сопругот им посветува, колку се мои толку се и негови. Не седам дома како добра домаќинка и да му ги мијам нозете и да ја пијам водата таков впечаток добивам од твоите постови дека треба жената да се однесува, таква и е улогата во бракот, всушност како ќе си го поставиш животот и бракот таков и ќе ти биде.
Битерсвит, ти си ги толкуваш моите зборови како сакаш, а не како што јас мислам да кажам. Спојлер (И општо знаеш да си дрска) За првото, дали некаде напишав дека швалерката е за жалење ? Не ! Туку кажав дека не ја оправдувам, но и дека од нејзин агол гледано не и е лесно ! За второто, не знам каков проблем виде во тоа што напишав дека жената пере, чисти, готви...Извини, ако си ти помодерна, но јас малку поинаку гледам на работите. Така сум учела од баба ми, мајка ми, и таква сум. Сакам на мажот да му служам (не како роб, туку како жена), но тоа да ми биде почитувано, и да помага кога може. ************************************************************************* А, и јас се прашувам тоа. Ако мажот толку ја сака швалерката, нека има мади*а, па нека се ожени со неа де ! Инаку не ги почитувам како луѓе ни двете страни, ниту ваквите мажи, ниту швалерките.