Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Домаќинката се почитува, швалерката се сака?

Дискусија во 'Брак' започната од Anon, 9 февруари 2013.

  1. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.896
    Јас на мојот ниту му служам ниту сакам да ми служи... и освен пеглањето и готвењето, сите други задачи ни се поделени (или распределени на машините и на чистачка еднаш месечно). Не сакам да ме гледа само како своја домаќинка - може и затоа не му е ни потребна швалерка :)
     
    На midnight.flower и makedonkamak им се допаѓа ова.
  2. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Па тоа е проблемот денес, сите гледаат за себе, никој не сака да служи.
    Служењето го поистоветуваат со ропство. :^)
    А, уствари цел живот служиме некому сакале или не. Пр. на своето дете, на работа, итн.

    Јас сум научена на домаќинството и сакам да работам дома. Не сакам да давам пари на чистачка, а и не сакам друга жена да ми се плетка по дома. Јас не сум неспособна за друг да ми чисти. :x
    И се има време за чистење. :!:
    Ако убаво го организираш времето, се има време. Посебно сега повеќето имаме посредени куќи, со ламинати, паркети, минимално мебел, па лесно и брзо се чистат.

    Ако го правиш нештото со љубов, не го гледам како тежина, ропство и замор.
    Обожавам на партнерот (или на друг од дома) да му спремам вечера, да направам колачи, итн.

    А, работите не се строго поделени. Во принцип не сакам машкото да ми пегла, да смука, да риба со џогер. ;)
    Собраните алишта наеднаш ги пеглам, но по потреба знае да си испегла сам.
    АКо се брзаме нешто, знае да исмука, ама јас попрво сакам тој да нацепи и нареди дрва, да ја исчисти колата, да среди во визбата, да собира прашина, нели подолг е в раце, да копа в бавча, така некои помашки работи. Ем умее да ги прави, ем нему му е поубаво со тоа да се плетка отколку со крпата в раце.
    Но, да ми спружина алишта, бриши прашина, не сакам да го гледам, ниту пак друг да го види. Посебно зошто јас си ја правам таа работа најубаво, и тоа што сметам дека најдобро го правам сакам јас да си го правам.

    За визити, гости помага за служење, и само тоа ми е доволно, да прашува за пиење. За другото во кујна сум си брза. Но, за претходното спремање, знае да сецка во кујна, јас да правам кифли, тој да ги мачка со јајце и слично. :lol:
     
    На Ilinaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  3. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.896
    Е тука има разлика од живеење во куќа и стан - ние живееме во стан и ако не усисува, или понекогаш избрише прашина, ќе треба јас се да правам а тој да седи со далечиското во рака - е тоа не иде :)

    На крај на краиштата, поделбата на работите (и чистачката што ми доаѓа) помага тие обврски и пократко да траат, а со тоа да ни остане повеќе квалитетно време и енергија за нас двајцата, и за дружење со други луѓе (заеднички или поединечно).
     
  4. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.237
    Допаѓања:
    113.499
    Пол:
    Женски
    Значи јас сум ептен недомаќинка што ем живеам сама, ем еднаш неделно ми иде жена за чистење :D Очигледно не си во работен однос зашто кога ќе работиш по 10 саата на ден од понеделник до петок најмалку што сакаш е викендот да го поминеш во спремање. Кога би имала семејство попрво тие два дена би ги поминала со нив квалитетно ( шетање, играње, учење) отколку да бидам со крпата во раце дома а маж ми да ги шета децата за да не ми сметаат и после скапана уморна да не ме бива за ништо.
     
    На Gea, tessie, Glasna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Јас напишав за себе, а не за тебе. :^)
    Тоа што ти се пронајде во муабетот е твој проблем. ;)

    И јас сум вработена, ама наоѓам време и за дома. ;)
    (А, сега откако почина мајка ми пред повеќе месеци, цела куќа е на мене дома. Но, никој нема осетено недостиг на женска рака. ;) )

    Работам пред да одам или откако ќе дојдам од на работа. Секој ден по малку. Не е ништо страшно, ни тешко.
    Викендите и јас ги користам за шетање. Посебно во недела ќе станам порано, на ефтина струја ќе расфатам побрзо, па потоа цел ден е пред мене.

    Јас на чистењето не гледам како на нешто тешко и напорно. Обожавам да чистам. Намерно купувам подобри средства со кои ми е мерак за чистење :lol: , постои џогер, музика во позадина и чистењето знае да биде лесно. :)
     
    На lovely-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.237
    Допаѓања:
    113.499
    Пол:
    Женски
    Ок секој како си сваќа. Дечко ми ми вика подобро на парфем да ми мирисаш него на запршка и средства за чистење. Среќа сме со исти ставови за водење домакинство па нема да се расправаме околу тоа.

    Инаку и јас знам да чистам, ама таа желба ми се јавува еднаш во две години :lol: :lol: Ама па и растена сум во куќа кај што мајка ми си имала секогаш жена за чистење, па тоа ми е мене нормално. Секој си има свој начин на водење домаќинство и тоа дали некој чисти или има жена не го прави помалку или повеќе домаќинка :)
     
    На Gea, Glasna, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.796
    Пол:
    Женски
    Силвер како си напишала така сум толкувала, значи ти напиша дека не им било лесно на швалерките јас на тоа реагирав, е сега дрска не дрска таква сум си, не ќе се менувам сега на стари години. :D

    За болдираното пак што да кажам, убаво си напишав предходно каде сметаш дека им е местото на жените, ништо не сум згрешила ниту пак сум те навредила.
    За модерна ич не сум модерна и јас си гледам од домашните, двете баби мои си биле вработени и си земале пензии независно од мажите, мајка ми исто си била вработена и дома татко ми работел колку и мајка ми.
    По смртта на мајка ми никој не ми натовари сите обврски на мене само затоа што сум женско, колку јас работев низ дома толку и брат ми и татко ми работеле, се си е тоа до воспитувањето, твоето е поинакво од моето.
    Исто и сопругот мој, живеел сам пред да се земиме, мајка му и дома не му висела на трепавици затоа што има пенис, патем таа четворица синови родила и ако им висела на трепавици на господата мажи |( сите сега ќе биле неспособни мочковци.

    Гледам и знам од лично искуство дека баш тие жени кои им служаат на мажите најчесто и тие се во несреќни бракови, сопругот мрда опаш затоа што жената е зафатена со крпата дома, вика се дере по децата се да биде чисто и сите бегаат од неа, никој не го цени нејзиниот труд и никој нема да им го цени тој труд, тоа ти се типови на жени самопрогласени мачителки.

    Инаку не живеам јас во свињарник ама никогаш нема да ми биде побитно да исчистам од времето помината со децата или сопругот, тоа време со ништо не се плаќа.

    Мал совет од вака постара и дрска, што повеќе му служиш на мажот толку помалку те цени, ако не сум грешка веќе и самата го увиде тоа.
     
    На Gea, JuLleE, Glasna и 9 други им се допаѓа ова.
  8. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.237
    Допаѓања:
    113.499
    Пол:
    Женски
    :bow: :clap: :bow: Потпишувам од збор до збор !!!
     
    На JuLleE, Glasna, bittersweet и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.083
    Пол:
    Женски
    А богами наоѓаш и за фемина.
    Нејсе, секој човек со своја организација на време и со свои активности и со тежина на својата работа и затоа не треба да се судиме едни со други за тоа колку време поминуваме во чистење.

    Некому му е поважно дома да му биде чисто отколку ли да се натпреварува за наградата Златен џогер на годината. А и на мажот, ретко толку му е гајле дали ти ќе се исцревиш од работа цел ден за да направиш генералка, или пак ќе дадеш 1000-2000 денари за жена да ти исчисти ем за средства што ќе ти требаат за понатаму.

    И сега, има чистење и чистење. Секој од нас знае да одржува, да помине со правосмукалка, да забрише прашина. Тоа и нена го прави па не смета дека е колосална работа за фалење. Ретко кој од нас може и има време и способност да прави генералка сам. Има жени нон стоп со крпата во рака, а нон стоп им смрди дома, дали на бебешки лиги, повраќаници или на нешто друго. И да им речеш да си викнат жена (нормално на културен начин, нагласувајќи дека причината е оти ви изгледаат изморени и пропаднати), ќе земат да ти се фалат со тоа како тие постигнуваат се` да направат. Да, само што мислиш дека уште малку цела џунгла ќе им се пресели дома.

    За среќа, се`уште има мажи кои се свесни и едноставни суштества кои се пресреќни кога кога ќе стигнат дома ќе најдат чиста куќа и свежа, одморна, намирисана, опуштена по третмани жена.

    Во еден филм имаше една ваква као изрека: „Кога си жена, имаш две опции, или се мажиш за куќата или за човекот. Најдобро е да го избереш второто.“ ;)
     
    На Gea, Glasna, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  10. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.896
    Пред да се омажам таа желба и поретко од на две години ми доаѓаше :D Сега малце почесто (отприлика на средината меѓу две доаѓања на чистачката), ама тогаш мм ќе ми рече дека е чисто и да не се замарам и да седнеме да гледаме некој филм, или да прошетаме или да се гушкаме :)
    Но, не сакам да судам на никој, освен на тие жени маченички (како што кажа bitersweet) што само се жалат од многуте обврски, а никако не сакаат да ги распоредат или дел да дадат на друг (или ги научиле мажите дека не треба да мрднат низ дома, мажот е газда во куќа). Не зборувам за никој конкретно од фемина, зборувам за жени кои лично ги познавам. За среќа во помладите генерации помалку ги има.
     
    На Glasna, bittersweet, midnight.flower и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    Ретко кој најмува редовно чистачки за дома и ретко кој маж чисти еднакво со жена, може надополнува со други работи низ дома, но дека е со крпата во рака исто како и жената, други да лажете :D
    Па и ретко кој има палата од куќа за да папса од средување и чистење, така да она дека ако жената си чисти и готви по дома е маченичка и веројатно не личи на човек од умор, малку ми е веројатно освен ако не е фрик кој си има проблем со нерви па опсесивно чистење и е терапија.
    Таа што си е "тетка" во душа и природно нервозна и крута, ќе си биде без разлика што нема да исчисти и зготви денеска, маникир и педикир нема да ја направат поопуштена и порелаксирана за дружба со семејството. Ниту пак позитивна жена со енергија во себе и љубов кон семејството ќе се чувствува како маченичка затоа што го исчистила вецето денеска, освен ако нема маж дибек кој не се мрднува од кревет па таа е и маж и жена и единствен родител во куќата, но тоа време ми се чини помина и нема потреба од одење во крајности...
     
    На Daydream и MacenceEna им се допаѓа ова.
  12. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    :D Darcy, стан или куќа - исто ти е, секаде има прашина. Сум живеела и во куќа, а еве сега и во стан - прашина има и таму и ваму. Мајката му е да ги спуштиш ролетните и: тадааам нема прашина! :rofl:
    Е сега убавото кога живееш во помала квадратура е што помалку имаш за чистење, ама пак од друга страна се‘ нешто не те собира. :lol:

    Со вториот дел од постот потполно се согласувам! Поделба на обврските и готово. И тоа не велам трајна поделба: се едниот да мие садови, а другиот се со крпа и правосмукалка; туку велам поделба на обврските спрема тоа како налага денот, моментот. Има денови кога мажот ми станал порано за да работи нешто надвор од дома, а мене ме оставил да си поспијам, сигурно нема баш тогаш да се запнам да делам домашни обврски, :!: и тој работи - не се шета.

    Е сега да не одиме многу далеку од темата, иако се‘ е тоа поврзано, имам два совета добиено од различни луѓе и во различно време:
    1. Кога ќе рече сопругот ајде да излеземе, да прошетаме - остави секаква домашна работа, дотерај се и оди со него.
    2. Кога ќе предложи сопругот да гледате филм, остави крпата и гледај филм, прашина има секој ден за бришење.

    Е сега кога го читам ова вака, баш ми делува како: прави како што ќе ти каже ТОЈ, но всушност поентата е дека работа секогаш има, а убавите, спонтани мигови и случувања, го прават животот убав и среќен за двајцата сопружници, и според тоа нема простор за барање швалери/швалерки. Патем истите совети важат и во обратна насока.
     
    На bittersweet, mimiiiii, darcy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    За првото, мене баш убаво ми мириса кога нешто домашно се готви (иначе не користам запршки), а без разлика дали чистам или готвам, си имам дома бојлер и када па се капам потоа и мирисам на убаво. |( ;)

    За второто - ако друг ти чисти како можеш да се нарекуваш домаќинка ? Се знае што е домаќинка, и логично е кој повеќе работи дома, пречекува гости и сл. т.е кој повеќе го води домаќинството е поголема домаќинка/или домаќин. :) ;)

    Ама, ок, сега сите модерни жени се, дома не им се работи, на децата им даваат пари оди купи си што сакаш, па затоа и семејствата ни пропаѓаат во секој аспект. :^)
     
    На Ilinaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  14. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.896
    Не сметам дека најголем комплимент во животот е некој да ми каже дека сум голема домаќинка. Тоа не значи дека живеам во нечисто, дека не готвам (факт е дека почнав после стапување во брак), и дека не си го ценам семејството.
     
    На Glasna и nena2010 им се допаѓа ова.
  15. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.808
    Допаѓања:
    39.562
    Пол:
    Женски
    Абе факт е дека некој од нас мора да готви , дали јас или мм сеедно . Не бива да се храниме секојдневно во ресторани . Плус за детево ми е поубава домашна зготвена храна него ли купечка :D
    И да спржиш едно месо ке замирисаш јебига ... тоа е
    Ама па постои вода , не се чека сигурно недела за бањање :wasntme:

    Пред да се омажам не готвев , тек кога се роди детево морав да се учам малце по малце ...
    Секојдневно по малце го средувам домот на крај на денот се си е на свое место. Не се потепувам во чистење , си имам ред за се . Уживам во убав и среден дом . Време имам за се буквално , детево не ми е запоставено зашо јас чистам или сл Ни па мм . Го вклучувам детево во секоја моја активност безразлика дали е диплење алишта , готвење итн итн .. мм помага колку може после работа , го занимава детево , готви чат пат ...



    Иако е друга темава ние забегавме со други муабети . :^)
    .
     
    На Silver.E му/ѝ се допаѓа ова.
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.076
    Допаѓања:
    66.896
    Пол:
    Женски
    Ајде нека се најде некој да отвори нова тема да се расправа за ова што сте почнале, не е воопшто местото тука. :)
     
  17. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    ^
    Ееее да имаше модератор во близина па да ни отвореше :D
    Има повеќе теми за обврските во домот, ама толку беше, ни помина меракот :D
     
  18. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Темава уште од старт е без веза, остајте не барем домаќински муабет да си направиме :wasntme:
     
    На Gea, Bozica1980 и mimiiiii им се допаѓа ова.
  19. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.237
    Допаѓања:
    113.499
    Пол:
    Женски
    Имелда, не сваќаш дека овде се наде лекот за мажите да не најдат швалерки?? Крпата во раце цел ден, бриши, усисавај , и мажот ти нема да погледна друга :rofl: :rofl: :rofl: Значи сите жени чии мажи имаат швалерки се недомаќинки а домаќинките имаат совршен брак :lol:
     
    На Gea, tessie и Glasna им се допаѓа ова.
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.076
    Допаѓања:
    66.896
    Пол:
    Женски
    A тоа ли испадна муабетот? Дека уствари затоа домаќинката се изневерува, се почитува можеби заради одржувањето на домот, ама швалерката е таа што се сака поради тоа што му се посветува на мажот во креветот?
    Ама пак можеби швалерката со нејзиниот маж е домаќинка. Хмммм....
     
    На MacenceEna му/ѝ се допаѓа ова.