1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доминантност во врска

Дискусија во 'Врски' започната од piksooki, 9 јули 2019.

  1. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.808
    Допаѓања:
    10.921
    Пол:
    Женски
    Дали вие сметате дека во една врска треба да има некој кој ќе биде главен?Некој кој ќе го одредува текот на врската?
    Моето мислење е дека за да успее една врска партнерите треба да бидат еднакви меѓу себе.Меѓутоа сакав да го слушнам и вашето и затоа ја отворив оваа тема.:)


    Ако има ваква слободно канта ^_^
     
  2. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.068
    Допаѓања:
    44.095
    Пол:
    Женски
    Не гледам апсолутно никаква потреба од доминантност. Текот на врската го одредуваат двајца, затоа и се вика пар. Со заеднички план стигнувате до заедничката цел. Договор и слога.
    Ако некој упорно се наметнува и е control freak, другиот ќе се чувствува како да е безгласна буква и како да нема право на збор, на избор или некакво мислење во врска со одредена тема.

    Сведок сум на многу вакви случаи каде што едниот ја „води“ цела врска, другиот молчи, трпи и се покорува, па најверојатно затоа и таков став имам. Буквално ќе го видиш овој другиот како се губи себеси во врската. Нема право на свое мислење туку животот му го диктира некој друг.

    Кога едната страна цело време сака да биде слушната, но не и да сослуша, најдобро да ја поштеди другата страна од измачување бидејќи најдобро ќе функционира кога е сам/а. Како што си мисли, така ќе прави без да прашува за дозвола, согласност или мислење.
     
    На sj *O*, InnaR, Peperutce1115 и 14 други им се допаѓа ова.
  3. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.551
    Допаѓања:
    21.642
    Пол:
    Женски
    Една од причините поради која заврши мојата последна врска беше ова.

    Јас бев таа што прва ја доведував врската на нови левели, што постојано иницирав работи а да бидам таа подоминантна личност што ги носи тие одлуки не е нешто што ме исполнува во врска. Јас сум повеќе за еднаквост.

    Но, ние сме различни луѓе и на некои луѓе им се допаѓаат различните динамики и добро функционираат со одредени улоги во врската.

    Секако, факт е дека и двете личности треба да се трудат и да придонесуваат во врската, но на некои им се допаѓа тоа некој да одлучува за поголем дел од работите, некои сакаат поинаку.

    Се зависи до тебе и партнерот и вашите карактери и желби.
     
    На nevermet18, sj *O*, Peperutce1115 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    6.635
    Пол:
    Женски
    Според мене никој не треба да се праве паметен да биде шеф у врската, Треба да се има договор меѓу себе. Посебно под ова потпаѓаат девојките да има некој што ке и наредува и сметат дека то а е заштитничко и љубов. Ама јас не потпаѓам под тоа.
     
    На candy.cane и piksooki им се допаѓа ова.
  5. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.808
    Допаѓања:
    10.921
    Пол:
    Женски
    Јас сум сретнала многу случаи каде што некоја девојка чека од партнерот да одреди дали тие се во врска или не се и мене тоа воопшто не ми се допаѓа.Немам многу машки пријатели и затоа не сум слушнала вакво нешто од нив.Меѓутоа сметам дека текот на врската треба да го одредат двајцата а не сега едниот ќе седи дома и ќе си мисли што се.
     
    На Mr.Lover, sj *O*, candy.cane и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Blue.Sky

    Blue.Sky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2013
    Пораки:
    941
    Допаѓања:
    11.403
    Пол:
    Женски
    Сум сретнала врски и каде што жената е подоминантна во врската. Во секој случај не сум за никаква доминација, туку обострано одлучување за текот на работите. При доминација на едниот партнер се следат целите и ставовите на таа личност само, изоставувајќи ги тие на другиот партнер. Во овие случаи е до карактерот на партнерите, дали тие дозволуваат да бидат подоминантни или едноставно едниот партнер сака другиот да им води се, во превод да не се замараат или "како ти ќе кажеш така ќе биде, само биди до мене". Нормално треба да се има емпатичност и да се види дали и двајцата се океј со текот на работите, во никој случај едниот да надвладее и да не ги земе во предвид ставовите на другиот партнер.
     
    На sj *O*, candy.cane, Peperutce1115 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.432
    Пол:
    Женски
    Некој некогаш ми има речено: Ако само ти одлучуваш, биди си сама со себе во врска. Тоа е тоа. Има две страни за и двете да „се даваат себеси“ подеднакво. Не може само едниот да ги води конците и да биде шеф. Врска е за заеднички компромиси и разбирање а не за власт над другиот и потиснување на неговата личност. Во врска, никој не поседува никого, туку заедно, а како засебни индивидуи со свое јас, одат низ животот и си го даваат еден на друг она што им треба за да успеат, за да станат подобри, поуспешни, посилни, за да ги остварат своите соништа и да бидат среќни. Здрава врска е таа. Не чини она Ќе биде по мое или никако, не чини ниту она вечно Нека биде ти како ќе одлучиш. Ама кој како си сака. Ја не би да биде некој сенка, туку индивидуа со став.
     
    Последна измена: 9 јули 2019
    На sj *O*, mileystar, candy.cane и 12 други им се допаѓа ова.
  8. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Не ми се допаѓаат ваков тип врски кај што се одлучува само еден човек, без разлика дали дечкото или девојката. Сакам рамноправност и компромиси, човек со кој и ќе дискутирам и ќе имам некогаш различни ставови за одредени теми или што и да е, а не како безгласна буква да е.
     
    На Moon.Girl, BlackMistery, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    4.594
    Допаѓања:
    36.824
    Пол:
    Машки
    Не знам како некои од вас сакаат да доминираат во врска. Не знам како од вас некои и сакаат да бидат доминирани, да бидат безгласни букви, без свој став, без свое цврсто мислење. Ако сакам некој што ќе трчка по мене и ќе ме слуша, ќе си земам милениче.
    Сакам некој кој ќе стои до мене, еднакво, со сопствени ставови и убедувања, спремен да поднесе, но и да даде критика, да охрабри, окуражи, да е тука за време на успеси, да подаде рака кога ќе паднете. Да биде пред се пријател, потоа партнер.

    Според мене една врска се темели на три работи:

    1. Љубов
    2. Доверба
    3. Компромис

    Еден од овие три темели да откаже, врската ќе се сруши како кула од карти.
     
    На sj *O*, Alisa22, Lolipop23 и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.683
    Рамноправност, еднакво право на глас и баланс. Ако едниот во нешто е подоминантен од другиот во ред, другиот можеби е подоминантен во нешто друго. Во тоа е суштината на рамноправноста, да се усогласат двете страни и да се најдат некаде на средина, каде взаемно ќе се надополнуваат, разбираат и почитуваат. Важно е секој да има свое мислење и став и да не стравува да ги искаже истите пред партнерот.
     
    На poenta, piksooki, candy.cane и 2 други им се допаѓа ова.
  11. mileystar

    mileystar Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2011
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    2.101
    Пол:
    Женски
    Не знам зашто мора да има таканаречена доминантност од една страна во врската.Никогаш не би била во една таква,поради фактот што едната страна секогаш би патела.Ако веќе и двајцата го сакаме тоа,да се впуштиме во врска,треба да биде рамномерно.Исто не мислам дека машкото е тој што треба да одреди или пак да го чекам да ме праша дали сум за врска,и јас би го направила тој чекор.Инаку убава тема
     
    На piksooki му/ѝ се допаѓа ова.
  12. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.139
    Допаѓања:
    4.112
    Не, не би требало. Но доколку партнерите не работат врз себе, својот личен психолошки саморазвој (на пр. преку психотерапија) партернката/партенрот со посилен карактер ќе тендира кон доминација, макар несвесно.
     
  13. InnaR

    InnaR Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2010
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Всушност во секоја врска која е здрава треба да има рамноправност. Не би било пожелно да се тежнее кон една страна бидејки последиците би биле фатални.врската би требало да е како вага малку една малку друга страна или како танго.
    Раката да ти биди цврста но не да те турка. Нозете да се во контакт но не да се ограничуваат меѓусебно а ниту да си пречат во движењето.
     
  14. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.588
    Допаѓања:
    34.130
    Тоа е договор на партнерите. Има луѓе шо им одговара да се подчинети и некој да им го бере целото гајле...
     
    На piksooki, Herrera и WildMk им се допаѓа ова.
  15. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.124
    Пол:
    Женски
    Јас сметам дека треба да е рамноправно,ако веќе едниот партнер доминира тоа е токсична врска. И двата партнери треба да се еднакви а за здрава врска не е потребно само љубов туку и обостран компромис и доверба.
     
    На piksooki, cresa-jagoda, elvittta и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. FVP

    FVP Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2018
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    1.201
    Пол:
    Женски
    Удеалната врска е помеѓу двајца кои се рамноправни. Никој не е еднаков, така да сметам дека во секоја врска едниот од партнерите е до некој степен подоминантен и води. Не значи дека истиот партнер е доминантен на секое поле, туку во одредени. Пример мене не ми пречи кога мојот партнер планира одмори, ресорани, заеднички финансии, напротив знам дека тој е подобар во тоа од мене (се разбира тука има рамноправна дискусија) и не го сметам за подчинетост.
     
    На piksooki му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.126
    Допаѓања:
    43.681
    Пол:
    Женски
    Само рамноправност.
    Нити сакам да доминирам нити да ми доминира.И онака не трпам машко да ми кажува што да правам или да ми одредува некои работи.
    Само баланс и рамноправност.
     
    На cresa-jagoda, piksooki и honey.11 им се допаѓа ова.
  18. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.863
    Пол:
    Женски
    Зависи каков тип на жена или маж си.
    Доминантност не значи да бидеш заложник на некој, тоа е веќе токсичност и бара стручна помош.
    Доминантност како во секс, на пример мене ми се допаѓа и сакам такви мажи.
    Некој пат јас ќе доминирам и така во круг.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Ygritte

    Ygritte Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 април 2015
    Пораки:
    2.167
    Допаѓања:
    26.231
    Пол:
    Женски
    Доминантност само во секс, но не секогаш... Во врска треба да бидеме исти, заеднички цели=заеднички успех
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  20. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.920
    Допаѓања:
    32.540
    Пол:
    Женски
    Ма каква доминантност. Во врска треба и двајцата да одлучуваат. Компромисот е многу битен.