1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Домот, слаба страна во врската!?

Дискусија во 'Врски' започната од Betty.n, 19 мај 2011.

  1. Betty.n

    Betty.n Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Со дечко ми идеме 4 месеци. Јас имам идено кај него неколку пати, но тој нема дојдено кај мене. Секогаш кога доаѓал,сме биле во близина но кај мене не.
    Он е прилично богат, кај него дома е преубаво ..можете да замислите. За разлика од тоа, јас имам некои проблеми што реновирањето ни е слаба страна,башка моите се разведени и слично.. Единствена причина е тоа што не го викам кај мене. Знам ке ми речете дека не е битно какво е дома и слично, истото и јас го викам, но сепак.. чуството е многу лошо. Незнам како да се справам со ваквиве мисли.. Што мислите вие на ова? Како вие би постапиле? :)
     
  2. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    Зарем се страмиш од тоа какво ти е дома? Па дај бе девојче нема потреба од такво нешто па се не се нема тој да дојде да живее кај тебе ти ке одиш кај него! Ако е нешто сириозно и сакаш да дојде кај тебе слободно однеси го нема потреба што да се страмиш! Позз :*
     
  3. SexyPrincess

    SexyPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    132
    Ако доволно се сакате и се разбирате нема потреба од срам за тоа кој колку има.... Неможе кај сите да биде исто...
    А и се со гласувам со тоа што го кажа НАТАША...
     
  4. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Знам како ти е,претпоставувам.
    За да бидеш малку посигурна,земи среди дома,стави некој украс,избриши.Не за него,туку за тебе,за ти да се чувствуваш поубаво.
    А и на крај краева,не е битно колку има,и колку е неговата вредност, туку нека биде чисто.
    Затоа исчисти си,нека ти е се цакум пакум,а за другото не му ја мисли.
    А и машките не гледаат толку многу што имате,како имате по дома. :)
    Плус и ако се разбирате,и сакате,како што кажаа феминките пред мене,е тогаш супер е,нема да има никаков проблем.
     
  5. Betty.n

    Betty.n Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Секогаш, баш секогаш е средено чисто убаво.. но не е ништо посебно.
    За стварите дома мислев, све има, но сепак =/ Не се чуствувам убаво за да го викнам.. сепак глупо е али тоа е тоа :worried:
     
  6. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Абе,види,машките не загледуваат многу,освен ептен ако не е некој арогантен,па да види што имаш како имаш,за да може да се споредува.
    Опушти се,ако не сега,кога тогаш ќе мораш да се соочиш со ова.Сигурно ја знае и твојата ситуација,дека твоите се разведени едно друго.
     
  7. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Воопшто не е битен мебелот, битен е амбиентот во куќата.Колку и да е средено и по најнова мода и со базени и камини, па и батлери и послуга, ако ја нема топлината на домот и пријатната атмосфера, се е џабе.
    Ти треба да и бидеш благодарна на твојата самохрана мајка за се што ти пружа и дава, а кога таа би слушнала дека ти се срамиш од својот дом, мислам дека би и нанела голема болка на душата.Дечкото те сака поради тоа што си, а не поради малтер и цигли.
     
    На crazylady, maca99, miss.ella и 3 други им се допаѓа ова.
  8. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    Незнам што толку си се уплашила :fubar: :fubar: Има луѓе што живеат во колиби а сега ти ке се страмиш што не било уредено :^) Епа ај ако не почекај да се стопли уште малку па седнете во дворот ;)
    Цепај девојче имаш цел живот пред себе ;)
     
  9. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.370
    Допаѓања:
    5.315
    како првин ако врската не е сигурна и стабилна не ти препорачувам да го носиш дома. Јас бар тргам од себе секогаш никогаш не сум носела дечковци дома, само кога морало родендени слави и такви неизбежности дури и со вереников само кога мораме идеме кај мене. Но кој и да е богат или сиромашен не треба да гледа што има во домот и каков е туку пред се треба да гледа дали го почитуваат или не, дали се сакате или не. Никогаш не се срами од тоа што го имаш, сепак тоа си ти, домот не го прави човекот човек. Така да главата горе ако сакаш да ти дојде дома викни го. А ако се плашиш за некоја негова реакција еве ти начин да откриеш дали е тој вистинскиот за тебе.
     
    На 2468 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Blumarine

    Blumarine Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    188
    Не знам дали има нешто поубаво од дома!
    Домот, без оглед каков е, колкав е, колку мебел има внатре е дел од секоја личност, па ако се срамиш од сопствениот дом, значи дека се срамиш од самата себе, а претпоставувам дека нема потреба од тоа :)

    Во контекст на ова, ќе цитирам еден стих од песна од U2
    "A house doesn't make a home"

    За крај, како што ти рекоа и другите феминки, ако те сака, нема да му биде важно како ти е дома ;)
     
  11. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    ти ако се страмиш од твојот дом значи се страмиш и од твоите родители какви и да се имаш самохрана мајка имала проблеми сигурно биди горда што таа е покрај тебе те сака и ти пружила топол дом
    па ни едено парче мебел тоа неможе да го замени
    можеби кај мене е поубаво средено наместено од кај дечкоми но едниот спрат од куќата ми е реновиран другиот не кога дојде кај мене дечкоми беше со повод бидејќи таткоми е построг кон тие работи битно ми беше средено чисто можеби даде комплименти за некои работи но тоа мене воопшто не ме засега како и што реков пред него долниот спрат не е завршен не искоментира ништо а и не ми беше битно што помисли горда сум и на тоа што моите го направиле и имале можнот за другото здравје боже
    никогаш кај дечкоми не сум се загледвала во тие работи напротив не ми е важно битно да се сакаме чисто да е и пријатно да си уживкаме па и дечкоми има куќа уште една настрана има можеби многу повеќе од мене ако не му е реновиран станот но воопшто не ми е битно дај боже да има мило ми е никогаш не ставам кантар сакам да се разбираме и сложваме ретко седиме по дома и повеќе кај него сме битно е тој што има топол дом друго не е битно тоа треба да го сватиш ако тој тебе те сака поради твојот дом или мебел значи тој за жалење е и празен е
    јас баш и мислам дека ако дојде кај тебе во суштина ќе увидиш со каков човек си и што да очекуваш за понатаму позз
     
  12. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    немој воопшто да се срамиш или да криеш кај живееш...една моја другарка од срам секогаш зборела како дома имат оваа како онаа (а нема врска) и направила слика на идните и свекор свекрва маж роднини како да е богаташка...дури свекрва и велела: леле како бе на веридбата ке биде ние во обичен стан а овие ко богати ми изгледат цело време ке бидат со гор поглед над нас...и оп доага денот ке одат да ја барат...што да видат...во две соби седнати тука се готве тука се спие тука се јаде тука е се после тоа и кога видел колку малку облека донела па кај ти е овааа-е не е мое и се така сватил дека она и позајмувала облека само да изгледа ко богаташка...до ден ден маж и на секоја кавга и преговарал за тоа....
     
  13. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    ZoZa ќе се надоврзам на твојато изнесување
    јас имав исто така другарка која постојано лажеше и се криеше во врска со вакви работи дури и нас другарките не лажеше живееше во еднособен стан постојано кажуваше како има друг стан настрана и 300други глупости еднаш кај неа на гости преку муабет со мајкаму дознавме дека тоа нема врска апсолутно мајкаму е прекрасна жена а таткому починат незнам зошто има потреба постојано да лажи во врска со материјалното па тоа ништо не е страмно
    потоа си фате дечко одеа околу една година истата пртиказна и со него која дојде момент еднаш и таа да го викне кај него дома што е редно нели? почна да му вика на мајкаму да купвале работи за дома да подновеле со нешто прекривачи некои ситници боже мој неможев да се начудам кога слушнав битно е да те ценат поради тоа што си не поради тоа што имаш нов прекривач лустер или било што нешто друго
    ах пусти комплекси .. :x .
     
  14. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски

    ц ц ц зарем навистина постојат такви личности. Јас никогаш не сум се срамела од тоа какво ми е дома. Не е нај нај ама важно е дека е чисто. Мајка ми е таков перфекционист што не дава прашина да се собере повеке од 2 дена. :) не се секирај девојче, слободно викни го дечко ти дома, нема од што да се срамиш. Да не те сака бидејки дома не ти е убаво средено е многу банално. Мислам дека нема пореба од срам. :)
     
  15. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Најбитно да е чисто а дали е мебелот нов или не најмалку битно. Ако не е материјалист не би му ни сметало. Јас малку традиционално сега ама морам да си пишам :) , имаш само 4 месечна врска и веднаш сакаш да го донесеш дома??? Да не брзаш малку, размисли си, има време кога ќе биде тоа а на крај краева и само по себе ќе си дојде.
    Не се оптоварувај со непотребни работи
     
  16. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.449
    Добро, што е со насловов на темава?
    Мислам, цело време се воздржувам да не мрчам, ама кога и да ја погледнам неможам, боде очи...и мозок...

    А девојче, што се однесува до проблемов, малку време сте заедно, верувај дека после 6 месеци, година, кога меѓу вас ќе има повеќе доверба, љубов, кога ќе поминете повеќе работи заедно, од ништо, ама буквално од ништо, нема да се срамиш од него, сега уште е рано, уште пробувате да се импресионирате еден со друг, не се познавате вистински...
    И тој има работи за коишто се плаши како ќе реагираш кога ќе ги откриеш, можеби, незнам, неговите се тепаат секоја вечер, па и нему му е незгодно, па крие и се туфка...ху ноуз...
    Сега најверојатно ти е срам и да не ти види скината чорапа, ама после подолго време, ништо нема да ти биде незгодно од него, близината си го прави своето, и да знаеш по тоа и ќе го препознаеш вистинскиот, кога целосната доверба во него, нема да остави простор ни за срам, ни за страв...
    А ако ти е толку незгодно, па и немора на 4 месеци да го влечкаш дома...почекај, се ќе си дојде на место...
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Најубаво е дома, најтопло, најудобно..најубаво мириса..Креветот ми е најудобен. Нема зошто да се срамам од тоа какво е дома. Да е чисто е најбитно. Ако ме сака, нека ме прифати таква каква што сум. Па не може секој да тера по најнова мода и да има плазма екрани а да нема што да јаде. Голем плазма екран а празен фрижидер. Така да, мислам дека нема потреба од тоа да се срамиш и ради тоа да не го носиш дома. Па ако некој ме цени според тоа ич нека не ми прави лице.
     
  18. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    763
    Девојче, немој воопшто да се срамиш ако дома не ти е се по најнова мода.
    Прво ќе тргнам од себе. Мојата куќа е 100 квадрата, две вециња, три спални соби, два ходника, голема дневна, трепезарија и кујна. Се е убаво средено, со плазма телевизор, убави теписи,прекривачи,вазни, украси, кујна со сите салтанати.
    Дечко ми живее во еднособен стан до некои 35 квадратни метри. Вецето нема плочки, ни туш кабина, само стара ВЦ шоља и бојлер, а мајка му пере на раце. Кујната не им збира ни тројца луѓе, во дневната имаат само еден кауч, стара витрина, едно мало телевизорче, маса и две столчиња. Немаат цел куп прекривачи, постелнини, стаклени чаши, шољи за чај, тавчиња, чинии итн.
    Знаеш ли што ми менува тоа? Ништо.
    Неговиот кауч на пуштање на кој спие ми е нешто најудобно. Би го поминала животот само излежувајќи се на него со дечко ми, најсериозно. Кафето кај него ми е 2894 помило од тоа дома. Цело зимо едвај чекав да се испружам пред неговата печка и да се греам.
    Неговиот скромен дом ми е често пати многу потопол од мојот.

    Така да, те молам, немој да се замараш со вакви работи. Ако тој те сака, ќе те сака и да живееш во колиба од картони. :)
     
    На crazylady, mal.ecka, nekoja85 и 7 други им се допаѓа ова.
  19. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    еве девојче ке ти кажам и мој пример...ние живееме во триспратна кука ама-на први баба и дедо на втори ние на трети чичко ми...значи сите по еден спрат..јесте да имам доволно простор и моја лично соба и спална на моите и дневна и ходник и купатило,но сигурно не е на пола како на дечко ми куките и станот....убаво средено кај мене но сепак не е со најмодерните гарнитури како кај него,па воопшто не се замарав кога требаше да дојде кај мене...он е во врска со мене а не со тв или спанлната или моето купатило....само опуштено и ако веруваш дека те цени и сака немој да се набиваш комплекси од ентериоерот на твојот дом....
     
  20. LilMissBossy

    LilMissBossy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    203
    Не треба воопшто да се грижиш за изгледот на твојот дом.Дечко ти те сака тебе,не мебелот во твојот дом.Постојат дебилни материјалисти кои ги гледаат тие работи,но верувај ако некогаш се најдеш со таков и подобро да те остави!Таков што гледа колку имаш во џебот,а не во душата не ти е потребен.
     
    На Jojoba му/ѝ се допаѓа ова.