Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Домот, слаба страна во врската!?

Дискусија во 'Врски' започната од Betty.n, 19 мај 2011.

  1. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    а каде е девојчето што побара совет :?: ?
    ме интересира дали воопшто ја савати поентата покрај толку коментари и совети
     
  2. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Интересно,познавам многу вакви.
    Како прво,некој спомна дека машкото не загледувало многу,во принцип така е,али ете имам еден другар,кој како ќе доаѓаше кај сите од друштво на гости разгледуваше бетер од инспекција :@ Искоментира се,па и си стана си прошета низ дневна и кујна и виде што се сме имале,со најситен детаљ :@ Жениште :devil:
    Но,ова не би требало да е некоја пречка,ако дечкото навистина те сака,тоа нема да му биде битно ;) А ти сега нема зошто да се срамиш,земи исчисти убаво,поубаво просечно средено а чисто,неголи ли кожни гарнитури и што ти знам а со прашина-е не личи.Секое местенце и најскромно да е,со малку труд,имагинација и љубов -ќе си заличи.Стави некој украс,освежи со чаршевче,завеса ова она-и ќе видиш ^_^
    Моја другарка,иначе баш амбициозна -од овие денешниве :geek: ,стварно немаа пари,живеја во стар куќе со баба и и дедо и можете да замислите како и беше...Се вери со еден со педигре,типот разведен со дете,38 год а она 25,не е битно,но тој на фукнција,а родителите едниот професор на факултет,а едниот доктор.Ценети ,богати шо да ви кажам.И се противеле,ама тоа е.Она кога се вери,не правеше ништо,кај нејзе дома немаат стапнато-од друг град се.Кога правеше свадба ,отиде директно во ресторант,не сакаше од дома да ја зимаат баш поради тоа.Сето ова го кажала мајка и на мама,колешки се на работа.Жената работи во конфекција а татко и ништо.Она самата не сакала да ја зимаат од дома,ради таа причина,велела дека се срами од дома :fubar: Мајка и велела дека мн и е тешко,зошто со една мизерна плата успеале да ја исшколуваат ,а таа вака да им враќа,со срамење од нив!!! Па и типката ја вработи маж и,зема добра плата,па за свадбата и купила таму некојси костим скап на мајка и и татко и,да не ја брукале :puke: Понижување до крај! И денеска воопшто не сакала да доаѓа на гости,се десило само за родендени,ама претходно звонела да исчистат се убаво и да спремаат гозба :fubar: ,на мајка и се плаче....
    Луѓе немојте да дозволите вакви сурови и неблагодарни да станете кон родителите!!!!!!!Не се знае во животот што иде,утре и вие ќе имате деца,ако осетите на своја кожа,ќе видите дека боли!

    Да си кажам и за кај мене.Свекорот и свекрвата,цел живот работеле на високи функции,он сега се пензионира,а она уште е на функција,а дома не им е воопшто средено.Како се вселиле така.Она не сака да троши пари на реновирање,троши повеќе на гардероба,обувки скапи....Вели дека не скаа да инвестира во тоа,наше било!!! Мислам сите се чудеа кога доаѓаа дома- па и јас првпат кога влегов,колку се имотни а како им е просечно средено,башка што жената не е баш по чистењето,ај да не коментирам,среќа шо маж ми е чиста спротивност :*
     
    На praski4e му/ѝ се допаѓа ова.
  3. praski4e

    praski4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    859
    Допаѓања:
    902
    Пол:
    Женски
    Кај мене дома средено е добро гледам секогаш да биде чисто не дека нешто по последни трендови али имаме стилски мебел,гарнитура гледаме да биде чисто тоа е најбитно а се друго се средува со неколку интересни детаљи столна ламба,интересен чаршав некој украс некоја вазна голема ќуп со вештачко цвеќе и.т.н. Сега да го кажам моето искуство со еден другар кога и да дојдеше кај мене се зјапаше по секое ќоше како болен беше.Јас гледам секогаш да биде усисано да нема прашина поготово тој кога ќе дојдеше ми се креваше косата затоа што не секогаш може да биде беспрекорно чисто на пример јас гостите не ги носам во мојата соба ако имам алишта ако постелата не ми е крената од брзање на сабајле е тој ми се буташе да види како ми е ненормален човек.
     
  4. Greeen

    Greeen Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    568
    Па сигурно нема да реновирам дома,за да може дечкото да дојде кај мене.Глупости
    Нема зошто да се срамиш од тоа какво ти е дома.
    Јас никогаш не сум се замарала и секогаш сум задоволно со тоа што го имам.Сечиј дом може да биде и поубав од тоа што е,ама треба да бидеш задоволна од тоа какво ти е дома.И да си ја направиш собата мало богатство,да се чуствуваш убаво во неа.
    Ако тебе не ти е убаво дома,како очекуваш другите да реагираат?!
     
  5. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    не треба да се срамиш во светот има и сиромаштија и богатство..не викај што сум сега прашај ме во што ке сум..откај знаеш мож ќе се сврти тркалото затоа не треба да се срамиш....
     
  6. mila25ve

    mila25ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    1.090
    Пол:
    Женски
    ако некој те сака, ќе те сака и ако живееш во една соба пред распаѓање. Зошто да се срамиш да го донесеш дома, ни најмалку не треба да ти биде срам ако му значиш ќе те прифати со сите твои мани. Дечкоми кога дојде прв пат кај мене дојде како другар со кумашин ми, тогаш не бевме во врска, виде каде живеам и не му сметаше тоа што кај мене е најобично средено како и кај секое друго средно семејство. За разлика од кај нас, кај него е се по последна мода и се нешто нонстоп средува, реновира, купува, а ние не се замараме со тоа бидејќи мајками секогаш ми вели зошто да средувам сестрати се омажи и ти ќе се омажиш па за мене и таткоти ова е повеќе и од доволно. Финансиски со дечкоми сме на иста бранова должина али ете поради таа причина моите не се трудат се да биде по последна мода туку живееме среден живот. Овој муабет и мајками ми го спомна пред неколку месеци кога и покажував некои слики од куќата на дечкоми, и она ми рече демек ќе и било срам они биле многу подобро средени од нас, а јас и кажав дека ни малку не ми е срам ниту ќе ми биде, ако му е нему за куќата и покуќнината немаше да биде упорен за мене тогаш кога дојде како другар, така да немој никогаш да се срамиш од тоа каде живееш
     
    На fificaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  7. fificaaa

    fificaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    483
    Пол:
    Женски
    И мене ми беше првиот пат незгодно од дечко ми коа дојде али не му го покажував тоа... Сеа веќе го надминав тоа , а и мислам дека дури мојот дом повеќе му одговара од неговиот. Кај мене иако е мало секогаш има гужва и е полно со љубов и убаво расположение, а кај него е огромен простор али некако е ладно и неисполнето , безживотно ...
     
    На mila25ve му/ѝ се допаѓа ова.
  8. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    И мојот дом не е баш најубав има некои стари предмети новршат работа додека да купиме нови. И јас ич не се срамам од тоа мислам барем вие повозрасните знаете какви се платите во Македонија и ретко кој освен основните работи може да си дозволи нешто повеќе па така и моите родители. А несакаме да се задолжуваме со кредити. Секоја година купуваме по нешто ново полани ставивме ламинат, лани нова кујна, оваа година нов кревет за во дневна и така. Јас мислам дека имаме и премногу. Некој ни волку нема. Сепак не сум неблагодарна и не се срамам воопшто.
     
  9. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.600
    Допаѓања:
    79.199
    Пол:
    Женски
    Ја најдов мојата тема. Моментално тоа ме мачи. Во врска сме 4 месеци. Уште на почетокот тој сакаше да ме запознае со сите негови, и пријатели и роднини. Од различни места сме. Сега сака и упорен е во тоа да се запознае со моето семејство. Но моето семејство е многу поразлично од неговото... Исто и условите во кои живееме. Моите родители се постари за разлика од неговите, веќе се во пензија, а мојата мајка не е ниту здрава... Тој не го знае тоа, избегнувавм да разговарам за нив. Спрема тоа што моите родители се постари, и мојот дом е таков... Не е модерен, не е нешто луксузен. Се плашам дека кога ќе дојде и ќе го види сето тоа можеби ќе ја смени сликата што ја има за мене, иако секој ќе рече ако навистина те сака тоа не е важно. Некој позитивен збор од ваша страна многу би ми помогнал.
     
  10. AnaKlarc

    AnaKlarc Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2014
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    156
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека домот е ти да се чуствуваш удобно, секогаш гледај дали тебе ти е убаво ако не ти е направи да ти биде. Кога тој ќе дојде среди си, се да ти биде чисто и тоа е тоа :)
     
  11. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Моите се разведени, татко ми е надвор од Мк, живеам во две соби буквално (брат ми си има посебен дел).
    Една од собите е моја а другата заедничка т.е. кујна, дневна, трепезарија, спална за мајка ми и сестра ми.
    Кога го запознав дечко ми ми беше ужасно срам од ситуацијата во мојот дом. Се плашев дека откако ќе види каде и како живеам ќе ме напушти. Му ја кажав ситуацијата и мојот страв и како одговор добив: Доаѓам да го запознаам твоето семејство, луѓето што ти значат, не идам за да гледам што имаш по дома и какво е.
    Сега редовно иди и воопшто не се срамам.
    Мој совет ти е да го седниш дечко ти и да му ја кажиш ситуацијата па според тоа ќе видиш..
    Поздрав па пиши што си направила :)
     
    На Lady Phoenix, mime87, QweenSM и 7 други им се допаѓа ова.
  12. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.781
    Допаѓања:
    61.363
    @Bitter-Sweet мила многу убав совет ти даде @Umbrella22 (y)...
    Пред запознавањето на дечкото со твојот дом и семејство извести го за твојата ситуација дома!!! Не се срами искрено да кажеш дека твоите родители се повозрасни, дека домот не ти е луксузен... Само така ке видиш дали тој е воспитан да го цени само луксузното или тоа не му е толку важно!!! Ќе почувствуваш дали си му само ти важна или има и други „побарувања“ во врската!!! Најдобро е тоа да му го соопштиш сега по 4 месеци врска... Така уште на почеток ке знаеш дали Вашата врска ке опстане или не!!!
    За жал во денешно време се поголем број луѓе гледаат низ призмата на парите... Се поголем број млади луге гледаат што материјално има дечкото или девојката!!! Така се „воспитани“ од мали, па тешко е дека на 20-25 години ке се променат!!! Пред 25-30 години не беше баш така... Тогаш беше љубовта на прво место, ретко кој гледаше колку некој е ситуиран!!! Но, времињата се драстично променети, за жал...
     
    На Lady Phoenix му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.583
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Ако сметаш дека е време да го донесеш дома, тогаш направи го тоа. Тоа не може да се избегне. Ако е човек во вистинска смисла на зборот, условите во кои живееш нема да му бидат битни. Ако испадне другата ситуација, тоа значи дека е површен.
    Само прво објасни му ја ситуацијата.
     
    На Lady Phoenix му/ѝ се допаѓа ова.
  14. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    @Bitter-Sweet Секое семејство е различно на свој начин и не може, а и не треба сите да наликуваат на едно. Во целата ситуација многу е важен сегментот што ја одржува семејната зедница сплотена и хармонична.Тоа што твојата мајка е повозрасна и со нарушено здравје не е причина што треба да те доведе во состојба да се чувствуваш непријатно и да се срамиш од неа. Каква и да е, таа ти е родител.
    Ако тој те прифатил тебе како личност, треба да го прифати и почитува и твоето семејство и домот во којшто живеете.
    Искреноста е многу битна за опстојување на врската и не треба да ги криеш семејните услови од него како што се изјасни. Тоа си ти. Ова е начин да ги тестираш неговите барања и потреби при изборот на партнерка и да препознаеш дали ти му значиш или има нешто што му недостасува во врската од друг аспект.
     
    На Lady Phoenix му/ѝ се допаѓа ова.
  15. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.526
    Допаѓања:
    5.887
    Не дaкaм дa се фaлaм, зa рoденден дечкo ми дпјде кaк мене. Јaс живеaм вo среденa куќa, сo кaмин,пaрнo, кујнa,плaзмa, сите имaме пoсебни сoби,вo вц кaдa,нпвa перaлнa стaрaтa јa симнaвме нa првиoт спрaт кaде штo сaмo бaбa ми сaмa живее нa третиoт никoј.
    А кaј негo oтидoв кoгa се бевме сoберaле негoвите другaри сo девoјки и ми вели :" кaј мене не е тoлку убaвo кaкo кaј тебе,стaрa ни е куќaтa."
    И јaс нoрмaлнo велaм не oдaм сo тебе пoрaди куќaтa туку зaтoa штo те сaкaм.
    И нaвистинa oтидoв, куќaaтa мoже дa се рaспaдне при некoе мaлo трчaње, или земјoтрес, вo вц немa плoчки сaмo бoјлер, вц шкoлкa и перaлнa кoјa мoрa дa е изгaсенa дa не пере зa дa не oтепa некoј струјaтa. Стaр.мебел и сетo тoa не ми пречи, зaтoa штo некoгaш пoубaвo ми е тaму.
    Сепaк нa крaј крaевa не мoрa дa oдaм кaј негo дa живеaм,мoже и тoј дa е дoмaзет или сегa е вo стрaнствo ќе купеме некoј стaн.;)
    Сепaк не е тoлку стрaшнo. Не ми менувa ништo негoвaтa куќa и мoјaтa љубoв кoн негo.
    Сепaк oднесувaњетo е пoбитнo и прв пaт oтидoв кoгa oдевме 3 и пoл гoдини. А тoј кaј мене кoгa oдевме 2. Сепaк стaрoмoдни рoдители и не oдеме дoмa oсвен сo друштвo.
     
    На LUCERKA му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.134
    Допаѓања:
    156.154
    ^ Не ти менува, ама затоа све до детал си забележала како им е и се надеваш дека ни момент нема да поминеш таму.

    Патем, воопшто на темава, а и последното прашање на девојчево.
    Обично мериме по тоа кое што на нас ни е важно и вредно, по она каде што сме и најслаби.
    На никого не би му било грижа како е, ако е човек со поинакви вредности, освен ако не е ноторен материјалист.
    На крајот од денот, куќата не си ти, мебелот не си ти, ти си ти, тоа што го имаш од внатре, харизмата, душата.
    Посилно ти е чувството од другото, но ако не може тоа да го прифати, разидете се, ти си поголемиот човек, а тој би бил материјалистот.
    Она кое што го заслужуваме не се мери со она кое што го имаме. Нашата лична вредност многу, многу поголема. Има луѓе со дворци, но нивната лична вредност е многу мала, само скапо се продале, тоа се вика драги мои манипулативна политика. Политика водиме секој ден на различни фронтови.
    Некој се срами од тоа што го има за да не го наруши угледот, ствара лажна слика, тоа е стравот, но вреди многу. Некој се срами од тоа што е, создава лажна слика, успешно се продава и стекнува.
    Така функционира светот... за жал.
     
    На huntelaar, Annath, Lady Phoenix и 8 други им се допаѓа ова.
  17. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.526
    Допаѓања:
    5.887
    ^Пa дoбрo кoгa ќе седиш кaкo уткa дoдекa чекaш дa се спреми нa мoбилен целo време дa дремaм? Зaрем не те интересирa oд кaде ,,пoтекнувa,, дечкo ти? И секaкo кoгa oдиш се тресе куќaтa тaкa дa и дa не сaкaш ќе oсетиш.
    Секaкo јaс гo сaкaм, и не ми менувa ништo куќaтa, нa крaј кaрaевa и кaј мене имa и прaзен спремен спрaт.
    Тaкa штo и не е тoлку битнo,нaпишaв пoгoре некoгaш пoубaвo ми е тaму oткoлку дoмa кaј мене.
    Акo ми пречеше негoвaтa куќa ќе му рaскинев тoгaш,a не сеуште дa oдиме. :D
     
    Последна измена: 27 јуни 2015
  18. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    @SunnyGirl2 kako si ja opisala tvojata kuka so sporedba na deckoti duri na covek mornici da mu polazat,nikogas na nikoj bivsi ni na forum ne bi ja opisala do detal kukata samo za jas da se istaknam vo nekoja tema i da napravam nekoja glupava sporedba a kamoli na momentalno na deckoto... Toa sto go go kaza ti kaj tebe deka e sredeno mene ne mi e nikakov reper na imanje voobicaeno mi e vo mojot dom, slatko se iznasmeav na tvojot post pa plazma pa waooooo nie neznajme sto e toa(facepalm):D...Da preminam na temata,domot sekogas treba da e cist i sreden i ubavo covek da go precekas,za sekoj ubavoto e indivinualno,primer kaj nekoj mozi da bidi preubavo namesteno no dokolku e laden domot bez nikakva toplina toa ne mi znaci apsolutno nisto sum odela vo kuki kade sto e mn poskromno i poubavo se custvuvav otkolku kaj mene doma i apsolutno nikogaas ne sum pomislila na ovie raboti,za da go donesam nekoj doma treba prvo da procenam dali e covek toa mi bilo najbitno,taman rabota da ogovaram drugarka,decko ili bivsi kako mu e doma ili da razgleduvam do detali mislam za mene toa e stramota... @Bitter-Sweet nemoj da se grizis,ako mislis deka deckoto vredi da se zapoznaj so tvoite povikaj go veruvaj mi toj ako e covek i ako ima poseriozni nameri so tebe nisto nema da mu znaci tvojot dom tuku naprotiv,znaj deka roditelite kakvi se takvi se sekogas ke bidat tuka za nas kolku sto mozele stvorile napravile,nemoj da se potcenvas zaradi materijalnata sostojba naprotiv bidi srekna so toa sto go imas site nemozime da sme isti i da imame isto,so sreka :*
     
    На mila25ve и Umbrella22 им се допаѓа ова.
  19. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.526
    Допаѓања:
    5.887
    Јaс кoгa се фaтив сo негo ни не знaев кaде и вo штo живее. Сепaк,ние се рaзбирaме,сaкaме,функциoнирaме,пoчитувaме. Тaкa штo ништo не ми менувa мoјoт дoм сo негoвиoт. :*
     
    Последна измена: 27 јуни 2015
  20. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Дали дека сум ептен практично човече, не сум нешто забегана по тоа да загледувам по куќи. Сè додека изгледа чисто, мене ми е комотно и на столчиња од дрвени трупци што се вели да седам. Ако нешто не ми е чисто или не ми е комотно ќе го приметам (иако што се тиче второво, немам големи барања), но никад нема да ми биде толкава работа да си го ставам на глава кога сум со некого во врска. Домот е местото кадешто си со саканите, не куп од бетон и штици.
    Имав еден другар таков, а бе реферат ќе ти каже како му е некому дома, па дури и за девојките и пријателките и јас дури и му завидував на моќта на запазување, сигурно и учење и работа многу му биле полесни, ама еве го денес, со тројче од напред и не премногу промени во животот.
     
    На marama, Emotional123, <3 pleza4e <3 и 3 други им се допаѓа ова.