1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Донирање на органи

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од RainBow, 18 јули 2010.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.501
    Пол:
    Женски
    Какво е вашето мислење на темава?
    Ова е многу чувствителна и дискутабилна тема. Дали би ги донирале органите и ако е одговорот да, зошто?
    Или зошто пак не?
     
    На Читател му/ѝ се допаѓа ова.
  2. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    јас искрено би ги донирала,особено ако лично слушнам дека е тоа потребно.зашто не би спасила нечиј живот,не дај боже може такво нешто би ми било потребно мене или на некој близок.а сигурно и чувтството потоа е незаменливо
     
    На moni-t му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Па вака (на живо) колку што знам возможно е да се донира само бубрег.
    Би го донирала без размислување. По секако нели и со еден можам да живеам.
    А за дете мое... и срцето би си го донирала.
     
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.501
    Пол:
    Женски
    А дали би се согласиле после смртта вашите органи ако се во добра состојба да бидат донирани?
    Се согласувам дека ако треба на некој близок да се донира бубрег, па не би се размислувала.
    А и по смртра мислам дека е благородно да спасиш нечив живот доколку си во состојба.
     
  5. zvezdakoska

    zvezdakoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    60
    Би донирала, без никакво размислување.
    Дури си жив можеш да даруваш крв(ај ова не е орган но спасува живот), коскена срж, бубрег.
    А после смртаа сите органи кои сеуште функционираат и ако се компатибилни би сакала да му бидат пресадени на некој на кого навистина му се потребни да продолжи со животот. Треба да се пополни некоја изјава или слично :^) дека дозволуваш твоите органи да бидат пресадени.
    Но кога се спомнуваат органите, се наметнува и онаа друга тема - Нелегалната купопродажба на органите. Па ме нервира фактот дека некои луѓе, да не речам лекари го прават тоа само за да се збогатат. Па колку деца се убиени поради органите. Тоа не човечно. :tmi: ;(
    Оние органи како срцето се пресадуваат кај други само после смртта на човекот(доколку се здрави), а не се убиваат луѓе, поготово мали дечиња.
     
  6. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Скоро секој би сакал после смртта да донира орган, па и јас исто. Проблемот е во следново.
    Кај нас тоа не е законски добро регулирано.
    Прво во Македонија не се вршат трансплатации на органи, ние таква хирургија немаме. Значи секој ќе треба да оди некаде надвор а тоа кошта верувајте мнооогу.
    Што се подразбира тоа донирање органи ? Кои органи спаѓаат во таа група, јас како дарител сакам да знам дали по мојата смрт ќе ми го извадат срцето, бубрезите, кожата, косата, јатрата...што точно...или се ?
    Второ, како моето семејство ќе може да дознае моите органи на кого се донирани? Јас сакам да бие транспарентно, моето семејство да знае на кого сум помогнала јас.
    Дали секој изваден орган од мене ќе биде искористен , или ќе го чуваат некое време , па ќе направат грешка во системот, па ќе го фрлат.
    Треба законски да се регулираат многу потенцијални ситуации, пример: Мој близок роднина чека да му биде трансплатиран орган , во меѓувреме умирам , дали моите органи прво ќе бидат достапни на роднината мој или ќе остане да си чека ?
    Како ќе се состави таа листа на чекање? Што ќе се бодува , кој ќе има приоритет....
    И она што најмногу ме плаши е дека во македонија ќе процвета бизнисот со извоз на органи, затоа што главниот на проектот ќе има чичко во МВР, братучед во ДБК и , вујко премиер.
    Знаеме кај нас како одат рабортите.

    А моја желба е кога ќе починам да донирам орган, тоа е наш сопствен избор.
     
    На karak му/ѝ се допаѓа ова.
  7. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    се што е горенаведено од иренна, е точно, и не можам повеќе да се согласам. Во таква земја живееме, хаос владее, секој интерес си брка, тешко до правдина... Јас воопшто не верувам на нашиот медицински систем, а воопшто не сум ни задоволна. Така да....

    По смртта би сакала доколку е изводливо да ми бидат органите донирани. Ако имам уверение дека органите ќе бидат правилно употребени.

    Не сакам ни да почнам да разглабам за бизнисот со купо-продавање органи на црно. Разочарувачки е, жално е, бедно е...
     
  8. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.382
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно би донирала орган за блиска личност. Тоа е навистина хумано и една од човековите најголеми доблести. Исто така немам ништо против после мојата смрт дел од моите органи да се употребат со цел да спасат нечиј живот. Кога мене веќе ќе ме нема, нема да имам потреба од телото кое само привремено ми било дом.
     
  9. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.924
    Би донирала секако после смртта , зашто да не помогнам некому кога веќе не живеам ? Само знам дека има многу роднини на некој што ќе умре и не сакаат , не се согласуваат да на тој што починал да ги донираат. Не ми е сфатливо ова . Баш пред некој ден зборев , да можам да потпишам негде дека после мојата смрт се што е во употреба да се донира некому , би потпишала.
     
  10. Krisi

    Krisi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    152
    Знам на запад како е регулирано ова.Прво треба да имас согласност дадена дека сакаш да бидеш донор после смртта. Можеш да наведеш за кли органи си согласна да ги донираш, значи можеш точно да одредиш што сакаш да се донираш, што не.
    За твоето прашање како ќе знаат роднините на кого си помогнала, постои строга одредба дека ниту тие нити оној кој го примил донираниот орган не смее да знае од кого е. Значи тие работи се држат во стрига тајност, има многу причини зошто е тоа така. Може да дојде до уценување, барање на финансиска оштета,неможност да се помират со фактот дека нивниот близок е починат а некој друг ги има неговите органи, особено ако се некои надворешни, на пр. очите.
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Фала Криси за информацијата.
    Јас мислам дека и кај нас треба да се регулира донирањето органи на сличен начин.
     
  12. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    После смртта би сакала (доколку се здрави одредени органи) да бидам донатор. Мене по секако нема да ми требаат.
     
  13. girl12

    girl12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    43
    Кога ке умрам би сакала да донирам некој орган секако ако се е во ред со него :)
    Баш би сакала да направам таква добрина на некој човек што се бори за својот живот :)
    А сеа дур сум жива на некој близок би му донирала бубрег ако е потребно па како и да е со еден бубрег може да се живее :) Исто така сакам да донирам и крв :)
     
  14. doktorka-an

    doktorka-an Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2010
    Пораки:
    1.078
    Допаѓања:
    344
    на мојот факултет една моја професорка има потпишно дека после смрта секој орган кој е во добра состојба и здрав може да го донира,сметам дека тое е добар и хуман потег.а за мене и јас имам еден таков план и би сакала да ги донирам сите мои здрави и исправни органи безусловно и да продолжам нечиј живот.......тоа и ќе го направам,а додека сум жива и можам да донирам крв,коскена срж и бубрег па и делови од црн дроб или бел дроб секако би ги донирала зошто да не ако немам никакви последици на мене....
     
  15. bibimk

    bibimk Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    4
    mnogu custvitelna tema se donira isto i del od crniot drob a znam od licno iskusvo moeto detence se rodi so teska bolest na crniot drob i edinstven lek bese transplantacija na crniot drob.Koga se raboti za spasuvanje na zivot nema mnogu razmisluvanje i poslem mnogu analizi mojot soprug donira del od negoviot crn drob i go spasivme naseto detence.
     
    На tanjita, keko, Bozica1980 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. macaaaaa

    macaaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    267
    Активен крводарител сум, се чувствувам прекрасно после давањето крв, самата помисла дека сум помогнала на некој на кој можеби животот му бил во прашање ме исполнува. Донирање на органи по смртта- со задоволство, зошто не би продолжила нечиј живот кога мојот и онака веќе завршил.
     
  17. didisi

    didisi Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    1.969
    Допаѓања:
    3.680
    Јас сум за донирање на органи, не гледам ништо лошо тука, зошто да не си помагаме меѓусебно.
     
  18. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.369
    Допаѓања:
    5.313
    ми се допаднаа размислувањата кој беа дадени на темава. и јас можам да кажам дека исто мислам како и останатите. безусловно би донирала орган и би дала изјава да после смрта мојте органи се донираат. сметам дека после смрта немаат никаква функција и зашто да скапаат кога може да спасат некој живот
     
  19. keko

    keko Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    imam malo bebence koe ima bilijarna atrezija pravevme operacija no po se izgleda deka ke treba i da se pravi transplatacija na crn drob veke procitav na forumof deka nekoi roditeli veke pominale niz toa bi sakal nesto poveke okolu ovoj problem nekakov kontak ili sovet bi dosol dobro.

    [mod-kirilica:10smz5wn][/mod-kirilica:10smz5wn]
     
  20. kostic

    kostic Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    15
    Секое донирање на некој орган од наша страна би знчело живот за некој.Тоа целосно го поддржувам и голем гест и храброст е да се направи тоа.Но се разбира дека и самиот донор треба да се соочи подоцна со фактот дека и самиот тој не е целосен и дека во иднина ќе треба повеќе да се пазе.Некои луѓе донираат органи со цел да добијат финансии што мислам дека е погрешен потег барем лично за мене.По смртта зошто секој да не го даде своето тело на располагање доколку тоа му помогне на некому и му донесе среќа и живот во иднината која следува.Најсилен донор и без размислување е мајката кога треба да го спасе своето најмило,каква хуманост е тоа од страна на природата :)