Актуелни политички настани Дејлајт,си читал нешто,ама изгледа не си разбрал. Не би да навлегувам. Секој има право на свое размислување,но за некои размислувања безпредметно е да се разговара кога науката и едноставните начела на живеење говорат поинаку. Има право на свое мислење,ама колку е во право е друга работа. Некои трансплантации успеваат,некои не,но почесто успеваат. Значи во ред е тој човек кој повеќе билка да се мачи,а водно тагата на семејството да биде константна неодреден период,при тоа правејќи голема штета,отколку некој кој моментално има можност да добие шанса?! Контрадикторен си,не ги земаш сите аспекти. Ајде да го земам последниот пасос...колку е лошо воопшто да се трудиш да правил философија од целата работа?! Еве јас не сум верник,не верувам дека некаде мојата душа ќе отиде некаде потоа...така што не го правам од религиозно лицемерие или страв. Треба да се остави на луѓето да изберат,но ќе речам, јас сум за трансплантација. Кој не молел за надеж нема поим како е. Никој никому тука не одзема со сила или прави злосторство,а може да направи многу за многу луѓе. И чисто да напоменам,преку ЕЕГ се гледа мозочната активност,не сме ова као 10 век,а друго е што постојат докторски грешки,кои пак секако не треба да бидат причина повторно да се биде против ваков благороден гест. Би потпишала да ги донирам и по можност останките да ми бидат кремирани и готово. Се комплицира животот непотребно од вакви цепидлачења и негодувања,наметнувања на некои си ставови кои повеќе го одмагаат животот,него ли помагаат. Порадо бунете се за лошата економија, лошите системски решенија на истата, *газдите* на светот, цените на органите,а не против работи кои можат да им помогнат на обичните луѓе.
Актуелни политички настани Да се прави како што треба од мене едно големо ДА. Но голем дел од органите се земаат на свиреп начин, знаеме сите што се случуваше на Косово. Дури и Карла дел Понте беше вмешана. И низ нашиве болници се случува така за бизнис намерно да го остават пациентот да умре. А ако е се како што треба сум ЗА. Би потпишала да се користат мои органи, макар не знам колку би му биле потребни на некој органи од пушач и алкос.
Актуелни политички настани Не, бидејќи знам дека на тој начин му се прави долгорочно штета и на донаторот и на примачот. Вистински несебичните дела не создаваат нови маки. Душата на донаторот не може слободно да замине понатака во отадестраните светови за да слободно го продолжи својот пат и развој, туку останува врзана за сеуште живиот орган. Тоа за нејзе представува незамисливи душевни маки. Таа тогаш се обидува телепатски да влиае врз примателот наведувајќи го на низа постапки кои би можеле да доведат до оштетување-одумирање на истиот. Примателот тоа не го забележува свесно, туку сè изгледа само како серија на случајности. Не, бидејќи со давање одлука за трансплантација всушност би било предизвикано ново кармичко оптоварување и кај мене и кај децата и кај лекарите. Имено, секој орган има своја духовна вибрација, а таа вибрација соодветствува на позитивните и негативните страни на душата која е во тело. Исто треба да се земе предвид дека нашиот овоземен живот не е нашиот вистински живот, туку тој е само попатна станица, еден вид привремена животна школа низ која душата треба да помине. Душата на Земјата е отелотворена за да се спознае себе си, да ги исчисти сопствените лоши страни, и да ги зајакне светлите а не по секоја цена да се задржува и врзува за Земјата која не е нашата изворна татковина. Трансплантната медицина само ни го отежнува сето тоа. Доколку сега тој орган се извади и префрли во туѓо тело тогаш истовремено се префрла и дел од вибрацијата на донаторот. На тој начин дел од туѓите животни програми се активираат кај некој друг кој изворно немал врска со нив бидејќи таа/тој како душа донеле во овој живот сосема поинакви оптеретувања и животни задачи. Примателот на органот тогаш повеќе не го живее сопствениот живот туку нечиј туѓ. Не ретко примателите на органи известувале за чувство на туѓо присуство и делумна промена на нивниот карактер како и потреби, на пр. жената што примила орган од маж наеднаш добила интензивна желба за пиење на пиво и склоност кон плавуши иако порано таа самата немала такви. Последиците кои произлегуваат од влијанието на туѓите програми ги сноси примателот на органот. Но дел од одговорноста - душевното оптеретување паѓа и врз лекарите кои учествувале во тоа како и врз оние кои тоа го подржале на пр. преку политичките и државните институции. Тоа за последица има една колективна вина која долгорочно гледано на сите учесници им донесува само нови страдања. Повеќе информации може да се прочита во книгата: „Јас, јас, јас - пајак во мрежата. Законот на одговарање и законот на проекција.„ - поглавието: Трансплантации - превземање на туѓи информации. издавачот ја има ставено целата и онлајн на англиски јазик како пдф фајл: http://www.das-wort.com/20/en/media/s325en_mememe.pdf (стр.194) Исто и јас. Но такви работи на луѓето им се случувале, и затоа е добро да имаат информација и за другата страна на „паричката„ , - како медицинската која ја спомнав во претходните постови, така и духовната спомната во овој, бидејќи после може да биде доцна. Со помош на електроенцефалограмот вистина се гледа мозочната активност, но мозочната смрт не може докрај да се дијагностицира. Имаше за ова статија од неколку лекари (од 21. век!) но неможам да ја најдам сега.
Актуелни политички настани Мене не ми е јасно дали донаторот е целосно мртов или клиничка смрт?Бидејќи викате органите се неупотребливи па ако се изгласа законот за цела Македонија секако ќе има многу кои не се само со клиничка смрт,така да џабе се.Инаку јас дефинитивно сум За само не знам колку би било успешно
Актуелни политички настани Aман бре луѓе, навистина делувате себично Органите се вадат од живи луѓе кои само формално-правно се прогласуваат за мртви. дури и да сум ваква, да, зашто да не, ете убаво кажаа прост пример Aлександар, нели ви иде солзи во очи кога го гледате таков. Jас да сум растение, воопшто не би ми пречело да ме држат жива само заради моите органи, нека земат се, и нека им помогнат на тие што им треба Eте има луѓе здрави прави, само еден орган не им е во рад, кога може да се смени, зашто да не Tреба малце човечност да се има, а не себично да си ги чувате, кога на крај краева- Pастение сте станале, сакале или не
Донорот и примачот нема да постојат на овој земски свет, единствено нам познат, ако нешто не се превземе, со што ќе се доведеме до уште подолгорочна штета. Овој пат вистинска штета. Кармичкото оптоварување за родителот е толку неважно во споредба со олеснувањето гледајќи го детето живо. Зарем не е поголемо оптоварување за родителот ако не превземе нешто со што би го спасил барем едното дете. Стоењето одстрана и притоа не прифаќајки го теретот на кармичкото оптоварување е за секоја осуда. Оптоварувањето за децата ... Она дете кое секако тргнало на вечниот пат не знаеш ни каде всушност тргнало, а не пак дали е со нешто оптоваруварено. Она другото кое со својата одлука е спасено, колку и да е кармички оптоварено ( сега по трансплантацијата на пр. не сака да вози велосипед, а обожава ролери кои и незнаело да ги вози.., сака кока кола, а не фанта која претходно ја обожавало ..., игра со кукли, а ги баталило количките.... толку неважно), живо е. Лекарите ... колку само неважно и безвезе. Секој доктор со својот позив има обврска да спасува животи. И ... за докторот трансплантацијата е една завршена интервенција од која тој е задоволен и горд на својата работа гледајќи го примачот жив... Отадестраните светови ... можеби се само душевно растеретување на овоземните луѓе, а можеби и постојат ... можеби пак таму во тој свет донорот е величен... кој би знаел. Јас би рекла подобро врапче во рака, него гулаб на гранка.
На човештвото многу нешта не му биле познати до пред неколку века, па сепак тоа ниту сега ниту тогаш не значело дека тие не постојат и немаат влијание. Привремено, поради незнаење тоа може привидно да изгледа така. Тоа е така и затоа што кај родителите врзаноста за децата е честопати преголема бидејќи сме навикнале блиските да ги набљудуваме како сопственост. Но дури и така, кога родителите би биле свесни колкаво страдање му приредуваат на едното и на другото преку трансплантацијата, воопшто не би се нафатиле на такво нешто. Што да спаси? Живот? Да се прашаме, кој е нашиот вистински живот? Но има луѓе кои тие работи ги знаат бидејќи имаат директен увид т.е. ги гледаат тие нешта и за истите имаат налог од Бога да предупредат бидејќи нашата душа за разлика од минливото овоземно тело, живее вечно. Нашиот овоземен живот е само попатна животна школа за душата каде што таа во краткотијата на земските години (во однос на вечноста и 100 год. да живее некој, тоа е кратко) може многу работи да спознае и отплати за да си олесни себе си и побрзо се приближи кон вечната хармонија и среќа. Фантата и кока колата се ситници... Може да стане збор и за зависности на пр. дрога, нови болести, тешки натамшни судбински удари кои првобитно не стоеле во животниот план на душата кога го прифаќала своето ново овоземно тело. Ради тие нешта додатно за последица има натамошни страдања и човекот и душата. А дали е задоволен гледајќи го донаторот убиен поради вадењето на органи? Тука секој специјалист за транспланти кој се бави со такви операции би требало освен медицинското знаење, да ја преиспита и својата совест. Бог и високите духовно-небесни битија имаат многу добар увид во тие работи и истите им ги соопштуваат на луѓето преку вистинските божји пророци. Луѓето се меѓутоа тие кои имаат слобода на избор дали тие информации, совети и опомени ќе ги прифата или не. Но слободата исто така подразбира и одговорност да се сносат последиците кои произлегуваат од постапките. Она што овој закон го пропишува не е ниту гулаб ниту гранка туку нож со две опасни оштрици, како за живите така и за мртвите. ********** Донаторот правно-формално се прогласува за мозочно мртов, но таа/тој сеуште има пулс, температура, и расте косата, уринира и сл. Доколку би бил целосно мртов, органите речиси веднаш почнуваат со распаѓање кое додуша е постепено, но веќе во тој момент се неупотребливи. Повеќе информации: http://www.initiative-kao.de/Flyer_braindeath.pdf
Значи ако умреш со природна смрт не можеш да бидеш донатор?Ако предходно си дал согласност а умреш на природен начин?Дека клиничка смрт има многу помалку,за тоа треба прво да си болен нешто
Не се работи за тоа дали е природна или не, туку дека умирањето е процес. Доколку тој целосно се одигра - значи умрел човекот, органите се неупотребливи. На пр. во исповедта на мајката што ја пренесов во некој од претходните постови, иако синот настрадал во сообраќајка, лекарите вештачки го одржувале во живот и му го чистеле телото од лековите внесени при интервенцијата на брзата помош за да можат да ги соберат органите, за дури потоа, поради вадењето на органите настапи смртта,онаа конечната.
Дејлајт, гледам имаш одговор на се... и секако контрираш на се. За да се развие дискусија не мора се да се негира, оспорува. Јас не го менувам својот став дека кога човек ќе се најде во тесно, преку ноќ ги менува своите убедувања. Кога на своја кожа ќе осетиме, е тогаш не филозофираме, тогаш дејствуваме. Зошто не му се радуваш на животот (овој овоземскиот), а го величиш отадеземскиот..? Се вратил некој од таму? кажал како е? зошто е? (без лекции од библијата, те молам) ... кажи ми некој пример без споменување на Бога ( зошто и не е христијански да се споменува неговото име залудно...нели? ). Имам изгубено драги личности и никој ама баш никој не ми парти некој абер дека не треба да се борам во животов, ниту пак ми рекол дека ова е попатна станица. Оние, ние, кои остануваме ја намалуваме својата болка надевајќи се дека таму некаде тие не чекаат. Што се однесува до мене и моите блиски , нека не чекаат уште долго, зошто оваа станица макар и попатна била, многу е убава.
За ова ти се извинувам. Да , секој има право на свое мислење - имаш и ти, и само ти ќе одлучиш дали, кога и колку ќе го смениш. Јас можеби поупорно го изнесувам моето мислње тука бидејќи сме на форум и бидејќи сметам дека со некои работи многумина не се доволно запознаени па вреди да се укаже на некои нешта. Во право си кога велиш: Сум бил сведок на тоа, и интересно, не реагираат сите исто онака како што можеби другите би очекувале. Не реков никаде дека не му се радувам на овоземскиот. Види ги моите постови во подфорумот Музика. Да, како што реков постоеле и постојат луѓе кои имаат увид во тие сфери. На пример шведскиот научник и мистичар Емануел Сведенборг(1688-1772), некогашниот диригент Јакоб Лорбер (1800-1864), денeшната Габриеле од Würzburg. Патем Библијата не ја спомнав никаде на темава, за мене таа не е врвен духовен авторитет, особено не на темава. Ниту на мојот комшија роднините од Австралија не му пратиле абер дека се живи и здрави, па сепак тоа не значи дека таму преку океанот ги нема. Но смртта не нè прашува дали и колку ни се допаѓа попатната станица тукут умее да дојде понекогаш и ненајавена, зарем не? Јас имав блиски лица кои смртта не ги пренесе ненадејно туку постепено. Нивните кажувања за она што го гледаа и она што претстоеше само го потврдуваа она што го знаев како теоретска информација од духовната литература. Да напоменам, истите немаа претходно некакви предубедувања и сл., некои беа атеисти.
Јас сум ЗА донирање органи.Мене ми е јасно дека тие органи се вадат од личност која има мозочна смрт и дека таа личност ги обавува физиолошките функции, но само со помош на апарати.Па кај е поентата со напредокот кој го достигнала медицината да се фрлаат тие органи неискористени кога може да се употребат за некој што навистина му требаат.Пример кога медицината не била толку напредна исто така се случувале несреки во кои кај лугето исто така настанувала мозочна смрт,ама тие луге веднаш умирале.Не постоеле апарати кои би ги одржувале во живот.Значи тогаш излегувало таа x персонана немала среќа и починала, бог да ја/го прости и толку.Е добро, а сега кој е проблемот медицината отиде напред може да го одржи пациентот во живот и сега тоа вештачко одржување во живот е дискутабилно во поглед дали треба да се донираат органите.А зошто да не се донираат? Кога на некој друг кој му фали некој орган за да му се спаси живот или на некој да добие поквалитетен начин на живот.Мене ми е многу јасно како изгледа тој процес на земање органи и се согласувам.До душа кога бев на клиника во Скопје еден професор(го забравив како се викаше, беше оддамна) беше рекол дека Македонија е земја со најниска стапка на донирани органи.Дури ни кажа пример за негов колега: На човекот син му прави сообраќајна несреќа и доживува клиничка смрт.И како колега го прашале за донирање на органите тој рипнал да ги тепа. Кај нас уште не е доволно развиена свеста кај народот за донирање на органи. Во прилог ви оставам и филм да гледате инспириран од вистинска приказна Nicholas' gift се работи за Спојлер Фамилија од Америка оди на одмор во Италија и синчето е погодено во престрелка во главата и има мозочна смрт.Родителите се согласуваат да му ги донираат органите, а сето тоа е следено од новинарите во државата.И како резултат на овој нивен потег на крај е напишано дека за глем процент се зглолемува донирањето на органи во Италија
Се разбудила од кома кога почнале да `и ги вадат органите - доволна причина зошто треба да се забранат ваквите трансплантации! Спојлер „Данската тинејџерка Карина Мелкиор паднала во кома после сообраќајна несреќа. Се разбудила токму во моментот кога лекарите сакале да ја прогласат за мртва. Според советот на лекар била исклучена од апаратите, а нејзиното тело почнале да го подготвуваат за вадење на органи за донација. Но, на големо изненадување, 19-годишната девојка ги отворила очите и почнала да мрда со прстите на стапалата. Сите присутни во салата биле во шок. Моментално Карина се опоравува во центар за рехабилитација. Самостојно почнува да оди, да зборува, па дури и да јава. Семејството одлучило да ја тужи болницата и тврдат дека лекарите со сила сакале да ги извадат нејзините органи. Тие бандити во бели мантили пребрзо се откажаа од нашата ќерка бидејќи им требаше донатор на органи, изјави таткото на Карина, Ким. - Мојата клиентка и нејзините родители се длабоко трауматизирани. Тие беа убедени дека не може да се направи ништо за да се спаси нивната ќерка и се согласија да ги донираат органите на нивната ќерка - рече Нилс Фјелдберг, семејниот адвокат. Карина после сообраќајната несреќа три дена била хоспитализирана, и кога лекарите утврдиле дека нејзината мозочна активност е сè послаба, со семејството разговарале за можноста да престанат да ја лекуваат. Нејзините родители се согласиле на донирање на органите. Карина сега е убедена дека целосно ќе се опорави. За неа е снимен и документарен филм „Девојката што не сака да умре“.„
Е сега сите си имаме изградено став џабе се убедуваме, а приказни разни те една и од мене Не сакала да донира органи - детето и умрело чекајќи ново срце Спојлер 27-годишната Ширли Вилсон го изгубила своето дете по што добила предлог од докторот органите да ги донира за луѓе на кои им се најпотребни ,но оваа мајка го одбила предлогот.По еден извесен период на Ширли и се разболело и второто дете на кое му била потребна итна траснплатација на срце. Но детето чекајќи некој да му донира срце починало. Ширли која ги изгубила двата сина поради проблеми со срцето се вклучила во кампањата која луѓето ги поттикнува да донираат органи, со цел во иднина да се спасат што повеќе животи. -„Кога Мекензи се разболе, се чувствував лошо, бидејќи знаев дека во минатото некоја друга мајка беспомошно седела и чекала како мене. Реков „не“ кога можев да спасам нечиј живот и ми требаше мајка која ќе ми рече „да“ за да го спасам мојот“, вели Ширли. Но, детето почина бидејќи не успеав да најдам донатор. Ширли оваа година ја роди ќерката Медисон, а само 52 часа по нејзиното раѓање, мајката ја додала на листата на донатори. -Мојата вина ќе остане засекогаш во мене, но се надевам дека со раскажување на мојата приказна ќе ги охрабрам другите да станат дел од листата на донатори, вели Ширли.
Има битна разлика - детето за да биде „спасено„ морало некој друг да биде убиен. Каква е таа хуманост која живее на сметка на туѓиот живот, туѓата смрт? Освен тоа луѓето со трансплантирано срце претежно не живеат подолго од 1-2 год. а и тој период е вистинско мачење за нив. Не секое „добро дело„ е за добро... Не сакам никого да убедувам или разубедувам, само свртувам внимание на некои помалку познати работи за обичните луѓе кои неретко веруваат дека лекарите знаат сè подобро.
Морам да реагирам на новинарската (не)етика во пишување на вест со наслов кој има за цел сензација и не соодветствува со вистината. "Се разбудила од кома кога почнале да и ги вадат органите". Вистината е дека се рамислувало или се разговарало за донирање, а дека почнале...изгледа малку како сцена од хорор-филм. Го разбирам гневот на родителот, но тој е толку голем што дури ја потиснува радоста за опоравувањето на ќерката. Лекарите ги нарекува бандити, најверојатно истите тие кои ја лекуваат и рехабилитираат ќерка му. Или бесот му е толку голем што со помош на адвокати размислува како да профитира од сево ова. Вакви случаи се многу ретки но и факт е дека се случуваат. Во медицината се бележат случаи за будење од кома и по повеќе години. Конкретно што се случувало во овој случај и каде направиле лекарите превид не ми е јасно. Глобалната мозочна смрт е иреверзибилна и може да се потврди со софистицирана медицинска апаратура. Никој не вели дека лекарите се безгрешни, а ова е уште еден доказ дека човековиот мозок сеуште е мистерија. Но сепак ваквите случаи се исклучок а не правило или т.н чуда во медицината. Читам ставови дека кадаверичната трансплантација односно исклучувањето од апарати на пациентот со мозочна смрт е убиство. Науката и медицината си го кажале своето, а личните ставови и убедувања се индивидуално право. 21 век е, секој може да прочита, да се информира и да си донесе одлука дали ќе потпише донорска картица или не. Никој со сила не зема органи (освен во нелегалните случаи се разбира). И deylight нормално дека имаш свој став и мислење, но не давај произволни заклучоци дека луѓето со трансплантирано срце живеат кратко и мачно. Ако се потрудиш и за тоа ќе најдеш точни научни податоци кои немаат врска со ова што ти го кажуваш. Постојат и сајтови на кои луѓето со пресаден орган зборуваат за тоа колку и каков живот живеат и што значи за нив пресадениот орган. Јас знам каков мачен живот живеат луѓето на кои не им функционира еден витален орган, знам и како и колку живеат луѓето со пресаден орган. И во име на тие луѓе, мојот став е за донирање на органи.
Имај во предвид дека и лекарите (не сите се разбира) размислуваат како да профитираат од нечија смрт, особено преку транспалнтација на органи. Веста можеби е сензационалистички пренесена но сепак укажува на тоа колку е погрешно и опасно донирањето органи. Мозочната смрт никогаш не може да се утврди до крај. Самата идеја да се вадат органи со цел трансплантација е превид. Водечкиот невролог Alan Shewmon кој првобитно ја подржувал трансплантацијата, после разни повеќе деценијски истражувања го има променето своето мнение во врска со тнр. „мозочна смрт„ и во неколку интервјуа објасни дека се работи за правна фикција а не за медицински факт. Тоа се научни сознанија а не мои произволни заклучоци. Додуша постојат 2 типа научни сознанија: едните се искрени а другите нарачани за потребите на трансплантната медицина. За жал вторава (засега) преовладува во јавноста. Луѓето со трансплантирано срце живеат 1-2 години, единствен рекорд е 24 год. Но и едните и другите мораат да земаат лекарства кои го тераат организмот да го прифати туѓото срце. Имено организмот го напаѓа туѓиот орган - само случајно? Што ни порачува природата со тоа?
Јас сум organ donor, на самата возачка дозвола ми пишува дека сум за да се скрати времето за барање на дозвола на најблиските во случај да има потреба од тоа. Доволно сум информирана за целата постапка, верувам во здравствениот систем тука, знам дека докторите би се бореле за да го спасат првенствено мојот живот а ако не се во можност тогаш дефакто немам потреба веќе јас од тие органи па ако се спаси некој друг зошто да не се направи тоа. Не би сакала никогаш вештачки да ме одржуваат во живот, мозочна смрт значи НЕМА никаква надеж за оздравување, место да скапувам и јас и моите органи подобро решение ми е некој друг да има корист од тоа што веќе мене не ми е непотребно. Од религиски аспект како православна христијанка не ме интересира дали е исправно или не е ако треба да горам во пеколот затоа што сум сакала да помогнам на некој друг тогаш во ред ќе горам, ништо нема да ми ја смени одлуката дека со самото тоа што сум регистриран донатор на органи правам нешто добро, хумано.
Daylight-си имаш свој став во однос на кадаверичната трансплантација, јас свој и тоа е тоа. Но, ме збуни со последниов исказ. Имено, имуносупресивна терапија до крајот на животот користат сите трансплантирани болни, значи и оние кои примиле орган од жив дарител - родител или друг близок. По ова што го пишуваш, значи ти имаш негативен став кон трансплантацијата воопшто, ако сметаш дека тоа се коси со некои природни закони. Да те прашам, што кога природата немилосрдно ќе си поигра со нечија судбина, невино детенце се раѓа со тешка срцева мана, на младо момче на прагот на животот му откажуваат бубрезите... Што сака тука да ни порача природата ... Моќта на човекот и на науката е да ги поправа грешките на природата. Милјони трансплантирани луѓе низ светот меѓу кои и деца, живеат висококвалитетен живот, меѓудругото благодарение токму на овие лекови. И благодарение на чинот на дарување на орган како врв на хуманоста и благородноста.
Daylight, да те прашам, бидејќи веруваш дека секој орган има своја духовна вибрација итн итн да не должам, дали ти како приврзаник на тоа верување, би одбил трансплантација на орган за не дај боже твое дете? Би го оставил детето да ти умре без да се бориш? Или еве да не биде толку морбидно, ако тебе ти се случи некоја несреќа, не нешто многу комплицирано ама еве си изгубил многу крв и трансфузија е единствен начин за да преживееш, би одбил? Бидејќи и крвта е дел од телото и најверојатно и таа си има своја духовна вибрација.