И јас сум регистриран орган донор. Па ако дојде да се искористат моите органи, нека се лути дедо господ дека сум го зафркнала со што сум продолжила живот на еден или повеќе луѓе против негова божја волја. Мене по желба ќе ме изгорат кога умрам на земјата, така да... и во пеколот ништо ново. Bring it on дедо!
Спротивно на христијанството е да донираш органи? Не сум знаела. Баш би сакала да видам цитат кој ке покаже на тоа. Ако е така, тогаш и доктори да нема Јас би сакала да ги донирам моите органи, барем еден бубрег на некој би му дал поквалитетен живот, макар и неколку години. Барем една рожница, за некој да ги види лисјата во есен како паѓаат. Дел од џигеров, да може да се напие и тој убаво вино. Белодробно крило да може да вдиши со сета сила кога ке падне првиот снег. Зошто да скапат во земја, кога ке можат да живеат уште?
Кога имал 18 години момчево го донирало својот бубрег за татка си... поим немал во што се впушта. Денес жали поради таа своја одлука. https://www.washingtonpost.com/nati...9407d8-5ff9-11e6-8e45-477372e89d78_story.html
Бубрег, дел од црн дроб и коскена срж (иако не е орган, потреба е посебна постапка за донирање) можеш да донираш а да преживееш. За крв не знам дали воопшто треба да спомнам. Друго ме интересра, каков план за преживување имаш доколку донираш срце?
Можеш. Да потпишеш од сега во случај на ненадејна смрт каде што срцето не ти е оштетено на никаков начин да го донираш. Постмортал. Но јас лично тоа никогаш не би го потпишала од сосема други причини...
Доколку настапи мозочна смрт и доколку имаш потипишано документ за тоа. Ама кај нас нема таква опција. Сега за сега, само трансплантација на бубрег можеш да направиш во Македонија. Ако сум грешка, нека ме поправи некој. Трансплантација на црн дроб најблиску можеш во Грција, 200,000 евра чини операцијата.
Јас би ги донирала, зошто да не. Ако ми се случи нешто а моите органи се во функција тогаш моите слободно нека ги донираат (иако таа донација ми е ептен сумлива, иако се донирани сигурно некој "паметен" доктор или сопственик или директор на болница ќе побара тешка сума на пари. Човекот е злобно суштештво и нема да си дозволи таква прилика да му се лизне низ раце без пари. Ако не сака докторот да земе пари ќе сака сопственикот на болницата , а можеби ќе сакаат и двајцата... Сепак нека послужи некому кога веќе мене не ќе може, со пари или без. Меѓутоа никогаш не би потпишала за донација на органи на живот, додека сум здрава права. Зошто? Оти ќе ти наместат несреќен случај или било што само за да ти ги земат органите и некој некој да заработи. Одма ќе ти ја скројат судбината.
И јас би донирала, зошто да не. Ако помогне тоа да се спаси нечиј живот, со задоволство би потпишала. Само незнам дали има кај нас такво нешто, и ако има каде?
Додека сум жив би донирал само за некој што ми е близок и навистина ми значи. Инаку после мојата смрт се согласувам сите органи да бидат донирани. Ваљда за тоа ќе треба да потпишам додека сум жив ПозЗ3³ ®
https://www.radiomof.mk/posthumno-d...otar-inicijativa-na-zdruzhenieto-hrabro-srce/ Изгледа уште работат на тоа... знам дека во други земји се вади.. сепак да се праша на клиника
Некои македонски политичари пофално се изјасниа за донирањето органи, наводно дека тоа било голем чин на хуманост. Иако тоа било кажано верувам со добра намера, тие како и голем број други граѓани имаат непознавање на точните околности под кои се случуваат трансплантациите, имено несвесни дека терминот „констатирана мозочна смрт„ не е исто што и вистинска конечна смрт и дека другите животи се „спасуваат„ (привремено) на сметка на предвремено одземање/прекинување на животот на лицето од кое се вадат органите. Искуството на Гизела Мејер Собирањето на органи спречува човечките битија да починат достоинствено и лишува од можноста за последно збогување. Не го знаев тоа. Донирањето на органи мислев дека е добро затоа што им помага на другите. И, се разбира, мислев дека лицето е мртво кога ќе му бидат земени органите. На донаторската картичка стои: „После мојата смрт“. Никогаш не би сум претпоставила дека лекарите го одржуваат жив пациентот со оштетен мозок кој умира, со примена на екстремен медицински третман со цел да се отстранат виталните органи. Што се случи со нас? Спојлер Во 1991 година, нашиот син Лоренц доживеа несреќа. Имаше петнаесет години, беше висок, имаше добра смисла за хумор и беше полн со енергија и животна радост, здрав и убав. Неговата глава претрпе сериозна повреда за време на скијање. Но, неговото лице и тело изгледаа недопрени. Единствено вентилаторот навестуваше тревога. Верував дека повторно ќе ги отвори очите и горливо се молев за неговото оздравување. По непроспиената ноќ, докторот ми кажа во ходникот дека мојот син е мртов и ме замоли да размислиме за донирање органи. Им требаа неговото срце, црн дроб, бубрези и очи, а ние требаше да одлучиме следното утро – тој потоа замина. За момент треперев силно и не знаев што се случува. Нашиот син не се смени колку што можевме да видиме. Тој сè уште беше згрижен, неговиот катетер беше испразнет, па дури и доби привремен осип и ја помрдна ногата кога го допревме, доби лекови - си помислив тоа е за да го излекуваат. Дури подоцна дознав дека дури и пред да ја дијагностицираат неговата „мозочна смрт“, целата грижа и медицински третман беа наменети за другите. Тие повеќе не го третираа како човечко битие Лоренц, туку наместо него го третираа како материјал за рециклирање. Во неговите досиеја - ние добивме пристап само со помош на адвокат - следствено гласи: „Родителите го видоа телото на мртвиот пациент, кој понатаму беше прикачен на апаратот за дишење и кој имаше спонтано чукање на срцето“. - „Како што се чини, родителите не разбрале дека нивниот син веќе бил мртов кога го виделе“. Значи, ние бевме насамарени! Но, она што ние реално го видовме беше: нашето дете живо и затоа не се откажавме од надежта за неговото лекување. Тие продолжија да нè прашуваат за донирањето органи. Се чувствував како да сум сè повеќе и повеќе притисната. На крај, се согласив за донацијата на неговите бубрези, но тие не престанаа да нè повикуваат да ги донираме и другите органи. Неколку пати бараа од нас да ги донираме неговите очи, додека на крајот мојот сопруг плачејќи кажа: „Не! Не!“ Ние се согласивме за вадење на неговите бубрези верувајќи дека ќе ги отстранат откако ќе биде запрен респираторот. Откако ја добија нашата согласност, тие ни рекоа дека тоа ќе биде невозможно. Немавме дополнителни информации и не можевме да поставиме никакви прашања. Тие нè одбегнуваа за подоцна кога можевме да се збогуваме со него. Тој би бил положен во болничката капела. Оттогаш ме измачува, зошто не им се спротивставив на лекарите во тој момент и не заземав страна за моето дете што умира. Се чувствував виновна за несреќата на моето дете, така што се скршив и не можев да ги оттргнам лекарите. И ако не попуштев, тие дури и ќе ме обвинуваа за смртта на другите. Не разбирав што се случува, но почувствував дека сум во нивни раце, бев шокирана, неспособна да направам што било и дека имам потреба од заштита. Дури ниту капеланот во болницата не ја разбра мојот јад. Почувствував што очекуваше да направам. Тој дејствуваше во интерес на лекарите и на непознатите приматели на органи, наместо да се грижи за нас, кои му бевме доверени нему. Кога подоцна се вративме во болницата, се надевав дека повторно ќе го видам Лоренц и ќе заврши кошмарот. Но, следеше уште еден шок. Дежурната медицинска сестра не знаеше за нас ништо и за нивното ветување дека ќе го положат нашето дете во капелата. Но, како што стоевме таму зашеметени, тие конечно нè пуштија да влеземе во болничката мртовечница. Отпрвин не го препознав. Кога му се доближував, ми пролета низ умот: „Тој претрпе болка!“ Неговото лице изгледаше мало; неговите поранешни полни усни беа тенки и стиснати. Очните шуплини беа гипсирани, а косата влажна. Дали тие му ги беа извадиле неговите очи против нашата волја? Морав да дознаам, но мојот сопруг, во паника, ме спречи во таа намера и ме одвлечка. Со брз чекор заминавме од нашето изобличено дете, неми, без збогување, чувствувајќи вина. Во медицинскиот извештај на Лоренц прочитавме дека тој добил локална анестезија. Дали тој се мрдаше за време на операцијата? Дали докторот сфатил дека реагирал од болка? Дури и при процесот на умирање мораше да претрпи најлошо. Сум била присутна кај многу умирачки лица и сум видела мртви луѓе, и приватно и како медицинска сестра. Знам дека умирањето е процес. И не верувам во тврдењето дека лицата со таканаречена „мозочна смрт“ не можат да почувствуваат болка откако го видов лицето на моето мртво дете. Ова е она што ме шокира: Не можев да бидам со своето дете во последните мигови на неговиот живот поради операцијата за вадење на органи. Како мајката може да го остави своето дете кога е болно? Морам да се соочам со фактот дека го оставив во часот на неговата смрт. Лоренц не беше во можност да повика: „Остани со мене!“ Кога мојот брат почина две години пред несреќата на Лоренц, можев да го исполнам ова ветување кон него. Кога умре, почувствував колку е утешно да се грижиш за личност која умира и доживеав дека тагата е олеснета кога ќе го сториш она што ти е возможно за некој близок. И во часот на смртта честопати се јавува интуицијата, дека има нешто друго освен животот на земјата. Сето ова е ирелевантно за трансплантната медицина. Ова е она што ме шокира: лажноста. Во химнените книги на христијанските цркви можете да најдете посебни текстови за присуство кај лица што умираат. Во нивните јавни говори црковните службеници (како на пр. бискупот Леман) се залагаат за присуство при умирачки лица. Зошто дозволија да се случи беспомошните човечки суштества да се третираат на таков недостоинствен начин кога станува збор за отстранување на органи? Ова е она што ме шокира: суровоста. Иако сите знаат дека умирањето е процес, иако вообичаено правите сè што ви е можно да се однесувате внимателно кон оние кои умираат, иако се обидувате да им ја олесните болката и им ветувате дека нема да ги оставите сами во состојбата кога не можат да реагираат - кога станува збор за извлекување на органи, умирачкото и беспомошно човечко суштество е ставено на носила и однесено на операционата маса, а понекогаш дури и пренесено во друга болница. Ова лице кое умира такаречи се бере додека тој е сè уште прицврстен на апаратот за дишење, додека неговото срце чука и циркулацијата функционира. Тие дури и го земаат последниот дел од достоинството, давајќи му број наместо неговото име. Човечкото суштество Лоренц Мејер стана број LS 005-91. Неговиот крај е едноставно опишан како што следува: „Крај на отчукувањата на срцето (со студената инфузија) и на дишењето“. Утеха за мене е што хоспис движењето расте низ целиот свет, а со тоа и заштитата на лицата што умираат. Се надевам дека лекарите ќе препознаат дека тргнале по погрешен пат со трансплантацијата на органи и дека целото свое знаење ќе го вложат во подобри медицински третмани. извор Дополнителни информации(на германски јазик): https://initiative-kao.de/organentn...rdiges-sterben-und-raubt-den-letzten-abschied
После настанувањето на мозочна смрт, не е возможно да се чувствува болка бидејќи самите рецептори за болка (како и сите останати) се наоѓаат во мозокот.