Доколку е тоа секогаш со сигурност така, зошто тогаш на некои им се дава анестезија? Во претходниот текст мајката разкажува: „Во медицинскиот извештај на Лоренц прочитавме дека тој добил локална анестезија. Дали тој се мрдаше за време на операцијата?„
Анестезија се дава заедно со релаксант, можно е да е имало згрчување на мускулите. Еве нека се јават медицинари и нека дообјаснат. Сепак не сум стручно лице.
Можеби, но тоа не менува суштински ништо. Освен тоа во исповедта на мајката, која патем била медицинска сестра, се вели пред вадењето на органите: за по вадењето на органите сликата бида следна: завршува со ставот:
Сигурно е била многу болна ситуацијата за мајката затоа е таква изјавата. Ако е таа медицинско лице ќе знае дека не е возможна болка при мозочна смрт. По мозочната смрт си само едно растение..
Според она што може да се прочита од лекари специјалисти не е баш така. Во статијата на Д-р. Мартин Штанке „Разликата помеѓу синдромот на мозочна смрт и дефиницијата за смртта„ од 13. септември 2020 година, меѓу другото се вели: „Во средината на 90-тите години, работев како анестезиолог на многубројни отстранувања на органи. Во согласност со тогашните упатства, како што е денес, не се користеа наркотици за отстранување на органи. Донаторите на органи беа - или барем би требало да бидат - мртви. Секој што бил таму при отстранување на орган (експлантација) знае дека пациентите сè уште можат да се движат кога ќе започне операцијата и дека крвниот притисок и срцевиот ритам можат да се зголемат како одговор на отворањето на телото. Се разбира, сите овие, се објаснува, се реакции кои „само“ произлегуваат од 'рбетниот мозок. Па, 'рбетниот мозок сè уште изгледа жив и е дел од централниот нервен систем. Во оваа ситуација, мојот постар лекар во тоа време влезе во операционата сала пред многу години и го вклучи анестетичкиот испарувач. Пациентот чии органи штотуку биле отстранети, добил анестезија. Ова е „мал“ признание дека тој можеби и не е толку мртов како што обично се тврди. Треба ли да анестетизирам труп? Го прашав анестезиологот што требаше да значи тоа, на крајот на краиштата, пациентот ќе биде мртов.Таа одговори грубо: „Дали точно го знаете тоа, господине Штанке?“ Заекогаш ќе ги паметам овие зборови... „ „Нема граница помеѓу животот и смртта. Меѓутоа, таа е исцртана со цел да се овозможи вадење на органи од луѓе со мозочна смрт.„ „Таканаречената „мозочна смрт“ не е дефиниција, ниту морфолошка состојба, туку најмногу синдром на мозочна смрт. Бидејќи синдромот карактеризира само голем број на симптоми што ги утврдила самата медицина со цел да се изведе и да се утврди името на болеста од истиот. [9] Се разбира, во историјата на медицината, дијагностичките критериуми за клинички слики биле постојано напуштани, ревидирани и редефинирани, како што беше и се случува во генезата на синдромот на мозочна смрт. ...„ извор: https://initiative-kao.de/zum-unter...irntodsyndrom-und-einer-definition-des-todes/
Најтрагичниот момент е што пациентот е жив додека ги зрмаат органите и смрта настапува кога ќе ги извадат....
Јас би ги донирала своите органи. Што фајде имам од нив кога веќе не сум жива. Со донирање на своите органи, својот принт останува да живее во туѓо тело, а со тоа будиш еден нов и здрав почеток кај самата индивидуа. Сметам дека за истава тема треба повеќе да се побуди свеста кај народот. Јас верувам дека е тешко да изгубиш личност засекогаш, но таа личност го завршила својот пат на оваа планета, треба да се даде шанса на некој кој благодарение на тој еден орган ќе чекори безгрижно и квалитетно. Ниедна хуманост во материјални нешта не е поголема од самата донација на витален орган. Кога повеќе органи ќе се донираат, повеќе животи ќе бидат спасени. Како што беше моменталниот случај со девојката што загина во сообраќајна незгода. Не е спасен само еден живот, туку повеќе. Сметам дека оваа девојка иако за жал повеќе не е меѓу нас, треба барем да биде идентификувана со именување на некоја улица според неа. За нејзиното име да биде вечно запаметено. Туку дали согласност се бара од семејството или постои начин себе си да се искажам пред да не можам?
Во светот секој може да се изјасни одиш во болница кажуваш и добиваш лартичка дека сакаш да си донор... е сега кај нас дали е така не знам но може да се распрашаме
Она што многумина не го разбираат (делумно поради непрецизноста на медиумите) е дека таквите лица не загинале туку доживеале несреќа, поради чија тежина лекарите не можеле да ги повратат во нормална жива состојба па го прашуваат семејството за донирање на органи. Дури по зафатот настапува смртта, онаа конечната. Во таа насока вреди да се прочита следниот, но и претходните текстови: Исповед на Ренате Фоке Тоа беше во 1997 година, кога ја добивме лошата вест дека нашиот син Арнд имал несреќа. На мојот сопруг и мене ни требаа шест бескрајни часови да стигнеме до болницата каде што тој беше на одделот за интензивна нега. Главата му беше преврзана по операцијата; дишеше со помош на респиратор и беше прикачен на монитори и други технички уреди. Беше во вештачка кома. Имаше модринка над левото око. Бидејќи неговото десно рамо не беше покриено, можевме да видиме контузија таму. Гледајќи го мојот син, кој инаку беше толку расположен и активен, во оваа беспомошна состојба го направи мојот свет одеднаш мрачен и студен. Во часовите што следеа јас и сопругот секогаш кога беше можно седевме покрај него и држејќи го за рацете разговаравме со него. Тие моменти беа како вечност и мислев дека ќе ги паметам овие часови и покрај сè како среќни мигови. Стравував и длабоко во себе знаев што ќе ни каже дежурната лекарка во врска со неговите шанси за преживување. Но, да се чуе тоа, делуваше сосема поинаку. Таа нам, на неговото семејство, ни соопшти дека наскоро би можела да биде дијагностицирана неговата „мозочна смрт“. „Мозочна смрт“ звучеше како смрт. Мојот сопруг спонтано рече: „Тогаш веројатно ќе бидеме прашани за донирање на неговите органи“. Светот не мируваше. Не се скршив и не врескав, но функционирав автоматски - мојата перцепција, моите чувства, мојот ум беа одделени, состојба што обично се опишува како шок. Не знаевме дека забелешката на мојот сопруг ги натера од самиот почеток да го сметаат нашиот син за потенцијален донатор на органи. Следниот ден дежурната медицинска сестра нè увери: „Донесовте добра одлука“. Во тоа време не бевме информирани за прописите и дека ова прашање не треба да се поставува ниту индиректно пред вториот тест за „мозочна смрт“ и откако ќе биде прогласена „смртта на мозокот“. Наместо тоа, мислевме дека ќе треба да им кажеме што е можно побрзо. Мојот син на својата сопруга, нашата снаа, ѝ имаше кажано дека ќе ги донира своите органи по неговата смрт, но тој немаше потпишано никаква донаторска картичка. Поради тоа, се чувствувавме обврзани на она што тој го сакаше и ги известивме лекарите пред тестовите за „мозочна смрт“ за нашата согласност. Фактот дека мојот син е пред умирање, толку многу ме надви што донирањето на неговите органи во споредба со тоа се чинеше неважно. Ние дури и не побаравме никого за информации или совет ниту разговаравме за ова прашање. Но, јас и ќерка ми се чувствувавме непријатно заради тоа. Пет дена по неговата несреќа кога беше дијагностицирана неговата „мозочна смрт“, ние дадовме официјална согласност за отстранување на неговите органи - одлука донесена во состојба на шок и незнаење што всушност се подразбира под тоа. Што знаеше мојот син во врска со донирањето органи? Тој го знаеше само она што ѝ се кажува на лаичката јавност: „Донацијата органи спасува животи“. Тој веруваше во она што го кажува картичката на донаторот на органи, дека органите се отстрануваат „по мојата смрт“. И тој помисли: „Кога ќе умрам, повеќе нема да ми требаат моите органи. Тогаш тие можат да им помогнат на другите луѓе да преживеат “. Го имав истото знаење и гледна точка. Никој од нас не беше информиран за последиците од отстранувањето на органите. Предоцна сфатив дека мораме да ги напуштиме основните човекови права: Мојот син беше третиран, тестиран и условуван не од негов интерес, туку од интерес на примателите на органите. Значи, тој не можеше да умре достоинствено, без телесни повреди, на кои присуствуваше неговото семејство. Заради отстранувањето на органот не можевме да му ја покажеме нашата љубов преку тоа што би сме биле со него во часот на неговата смрт. Месеци подоцна ноќните кошмари и внатрешните филмови од оваа последна операција почнаа да ме прогонуваат дење и ноќе и ме правеа да се чувствувам лошо и виновно затоа што не го заштитив своето дете што умира од барањата на другите. Никогаш нема да го заборавам последниот поглед на мојот мртов син во неговиот ковчег. Неговото лице ни кажуваше дека неговата смрт не била спокојна. Трансплантацијата на органи честопати се нарекува „утврдена“ терапија. Единствениот фокус е на примателите на органите. Но, што навистина значи дарувањето органи за органодарителите и нивните роднини, тоа не се зема в предвид. Откако семејството се согласило, трансплантната медицина повеќе не се грижи за нив, иако би било од суштинско значење да се има слух за оние кои се согласиле на вадење на органот и страдаат од последиците. Животите на многу донаторски семејства се разнишани, и многумина од нас го изгубија својот мир. Ова е она што требаше да го знаеме: Сите витални знаци како срцевиот ритам, циркулацијата, температурата на телото итн. сè уште се присутни сè до моментот кога ќе се отстранат органите. Лекарите применуваат болни дразби на различни делови од телото, особено на лицето, за да ја потврдат дијагнозата „мозочна смрт“. Доколку пациентите не реагираат на ова, заклучокот е дека нивниот мозок е уништен. Мојот син не беше анестетизиран за време на операцијата и немаше примено средства против болка. Наместо тоа, тие го лекуваа со парализирачки лекови за да спречат немирни движења на неговото тело. За време на операцијата за вадење на органите, неговата крв беше заменета со ладна течност која се прелеваше низ неговите органи за истите да ги зачува за примателите на органите. Пред да се земат органите, срцевиот ритам беше запрен со кардиоплегија (намерен вештачки прекин на работата на срцето – забел. на прев.) Ова е мојот совет: Имате право едноставно да кажете НЕ, особено кога ќе ве прашаат за претпоставената волја на вашиот мозочно мртов член на семејство. Ако сте подготвени да ги донирате своите органи, инсистирајте на вашите права! Проверете дали ги имате сите релевантни информации. Дискутирајте за донирање органи со вашето семејство затоа што тоа ќе има влијание врз нивната жалост. Одлучете кои органи и ткива сте подготвени да ги донирате, а кои не. Инсистирајте на општа анестезија за време на отстранувањето на органот. Вашите блиски имаат право да го видат вашето мртво тело веднаш по операцијата за отстранување на органот. Вашите блиски имаат право да ги прегледуваат досиејата. Ова е она што го мислам по моето горчливо искуство: Не може да се нарече терапија на која ѝ се потребни живи органи на пациенти кои умираат за да им помогнат на другите пациенти да преживеат. Сите оние кои тврдат дека „мозочна смрт“ е смрт, ги затвораат очите пред виталните знаци на пациентот, а дефиниран како мртов. Тие исто така ја игнорираат цената што дарителите на органи и нивните семејства треба да ја платат. Пред несреќата, мислев дека во демократијата луѓето добиваат целосни и фер информации за интервенции во врска со животот и смртта. Сега знам подобро - или полошо. извор поопширно (на германски јазик): https://initiative-kao.de/operation-explantation-ein-unbarmherziger-tod/
Извадок од отвореното писмо на проф. Ана Бергман* од 30. јуни 2019 година, испратено до заводите за здравствено осигурување во Германија, портпаролите на здравствената политика на германските партии, како и до новинарите, насловено како: Недостиг од знаење во објаснувањата за донирање органи „... законодавниот дом и медиумите се вклучени во создавањето на ова незнаење за интензивниот медицински третман на потенцијалните донатори на органи пред и по прегледот за мозочна смрт па до отстранување на органите и до срцевата смрт предизвикани исклучиво поради медицинскиот зафат за време на експлантацијата. ... Уште поважно е медиумите, со нивната одговорност за формирање на мислење кај населението, како и политичарите во нивната функција на политичко одлучување и здравствените осигурувања со законски мандат да ги информираат своите членови во врска со донирањето органи, особено за смртта на лицето како донатор на органи и за сето тоа да ги информира ужалените роднини... . Едни сериозни информации во врска со донирањето органи би требало да ги презентираат и прецизно да ги објаснуваат следниве факти: 1. Изедначувањето на мозочната смрт со смртта на човекот е контроверзно во меѓународните и германските специјалистички дискусии. Членовите на Германскиот совет за етика, исто така, наведоа во својата изјава за донирање органи од 2015 година: „Смртта на мозокот [не] е доволен услов за смрт на човекот“. 2. Пред дарувањето на органи е неопходен особено инвазивен преглед на мозочната смрт кај живи пациенти... . Поставувањето на оваа дијагноза е поврзана со нанесување физички повреди - на пример: насилни стимули на болка (како што е двојно боцкање во нервот тригенимус), предизвикување црвенило со ледена вода на надворешните аудитивни канали или иритација на респираторниот центар (тест за апнеа) и бронхијалниот простор. Конечно, пациентите кои претрпеле мозочна слабост се дефинираат двосмислено како „мртви лица“ со „сè уште преживеано, преостанато тело“, овозможувајќи знаците на мозочна смрт да бидат локализирани само во еден орган (мозок)... 3. Интензивниот медицински третман на донаторите на органи по утврдувањето на мозочна смрт првично се нарекуваше „кондиционирање на донаторот“, а потоа беше заменет со дехуманизирачкиот израз „заштитна терапија на органи“. Употребата на оваа терминологија има ефект дека никој не помислува на личност, па дури ни на мртва личност, која има „корист“ од оваа терапија. Терапијата за кондиционирање на донаторот може да вклучува мошне инвазивни мерки против кардиоваскуларен колапс ... во најлош случај (се прави) реанимација на донаторите на органи, со цел да се спречи нивната срцева смрт сè додека не се извлече органот. 4. Големата операција на (мулти-) експлантација е под анестезиолошки надзор. Донаторите на органи добиваат лекови за потиснување на мускулните движења, но се даваат и анестетици. Можат да реагираат со потење, црвенило на кожата, пораст на крвниот притисок, пулс на срцето и грчеви за време на собирањето органи. ... 5. Отстранувањето на ткивото (на пр. Крвни садови, 'рскавици, коски) по срцева смрт не подлежи на забрана за трговија, така што од донацијата на ткивата профитира целата дејност. 8. На јавните презентации за донирање органи, честопати се премолчува фактот дека примателите на органи остануваат хронично болни за цел живот и не можат да се излечат со трансплантација. Тие се изложени на ризик од отфрлање на органите, инфекции и рак како резултат на секојдневно слабеење на нивниот природен имунолошки систем. Особено во првата година по трансплантацијата, тие (со исклучок на примателите на бубрези) се изложени на особено висок ризик да умрат од оваа операција и лековите со високи дози што се користат за сузбивање на имунолошкиот систем (како Ники Лауда, кој штотуку почина девет месеци по трансплантацијата на белите дробови). Дел од разјаснувањето треба да биде не само објавувањето бројки на пациенти од списоците на чекање за трансплантација на орган, туку и стапките на смртност на примателите на органи по извршената трансплантација, диференцирани според примателите на „цврсти органи“ и „маргинални органи“ категоризирани во медицината за трансплантација (на пр. пушачи и водени бели дробови, замрсен црн дроб, органи заразени со хепатитис Ц, органи оштетени поради зачувување, органи на зависници од дрога) со соодветно понизок животен век. „ * = Ана Бергман е историчар на медицина и култура, предава како професор на Факултетот за културни студии на Европскиот универзитет Виадрина. Била визитинг професор на универзитетите во Брауншвајг, Грац, Инсбрук, Клагенфурт и Виена. извор и линк до целото писмо (на германски јазик): https://initiative-kao.de/wissensde...eber-organspende-offener-brief-anna-bergmann/
Ако умрам, загинам или едноставно нема начин да преживеам и да се вратам на нормален и исполнет живот нека ми извадат сѐ и нека донираат на кого и да треба. Што ќе се добие ако ме одржуваат во живот, во вегетативна состојба? Ништо, ќе бидам товар на фамилијата, финансиски товар, ќе држам кревет во болница. Шумахер се разбуди од кома, ама не е истиот, нема нормален живот, кусо нека е таков живот. Можеби моите блиски би се согласиле да ме гледаат, ама за мене би било измачување.
Се разбудил непосредно пред да пристапат со вадење на органите. За мене тоа е натамошна причина зошто сум против ваквите зафати. Повеќе во линкот: https://www.slobodenpecat.mk/sad-kl...dil-dodeka-lekarite-mu-vadele-vitalni-organi/ https://www.theguardian.com/us-news/2024/oct/18/kentucky-man-wakes-up-organ-harvesting