20 години ако има, да речеме и е простено, се над тоа е губење време, уште па и тестови ќе ми поставува, абе... подетски не можеше Кјути.
А искрено со неа да разговараш? Не разбирам што им е проблем кога така се однесуваат, ем сака внимание, ем не враќа по 2 часа, ако ова не е детско понашање, тогаш....
И кажав, и дека бев 2ра смена..и ми ја праи..да не те напнувам и точно во 11 и 1 минута ми пиша, а претходно ме праша кога завршувам...
Глуми хард то гет, мисли дека така ќе привлече повеке внимание и заинтересираност, а не разбира дека така може да изгуби. Те форе ѓи поминав на мои 18/19г.
Детско однесување, ако имаш време да се замараш и да се оправаш со 25 годишни, што се понашаат како 18г, терај си, ако не блокирај со време.
Ќе видиме, не сум до толку лоШ, ќе дадеМе некоја шанса за поправка...Позззз на сите, за Мајка посебен, се слушаМе. bajjj
Јас кога ќе се заработам се случува минимум 2 часа да не чепнам телефон, или не знам, гледам некој филм, играм игра, возам, излезена сум со пријатели на шетање. Сум со мисла дека ако нешто е итно ќе ми ѕвонат. Не можам да сум на закачалка за одговарање на секои 1-5 минути цел ден, дури и при запознавање некого. Ако тоа некој го перцепира ко незаинтересираност, we ain't gonna work. А неискрена комуникација е друга тема. Но темата тука стварно е промашена.
Јас го сфатив како типката е онлајн, и нон стоп му прави seen, ама не му враќа и по 2-3 часа, па сега он кога и враќа со истото однесување, и текнува дека и треба внимание, и не и пали оваа глупава детска игричка, ако не те интересира некој, не му враќај воопшто, не му пишувај, а не топло ладно ќе играме, крај краева слушни се на тел, разменете броеви, сосема детски ми се овие работи, затоа и не оправдувам ничиво време да не се почитува, очигледно типката не знае што сака, или е очајна за внимание.
Исто мислење делам и јас, покрај неговото мислење не го сфаќам тоа дека девојката има некои преголеми обврски па да ја снема и после кога наводно гледа дека и него го нема, се појавува, покажува заинтересираност. Барем така ми звучи. Who knows
А зошто му давате совети и мислења, како нему да му смета ситуацијата? Да му пречеше вистински, немаше веќе четврти ден да си игра и тој топло-ладно. Оригиналното мислење е валјда малку повредено его во прашање. А во суштина и двајцата тепаат време еден со друг.
Ако знаеш дека дреме на социјални мрежи и е слободна, тогаш откачи ја, не е заинтересирана или си игра игри. Ама ако е во сред работна недела и двајцата одите на работа и секој има обврски, фала богу дека не може да се очекува ни ти ни она да си враќате на секои 2 минути.