Па 24/7 на секоја минута да пишувате ќе ви снема теми за во живо, а и нема потреба од форсирање, нека ви биде пишувањето релаксација а не наметната обврска или притисок.Инаку со ова топло ладно ме потсети на една србинка на тикток, ја лајк он лајк, ја ништа он ништа, ја ништа он лајк, опа значи играмо се.(ова во позитивно, да не мислиш дека нешто се ругам)
И што ако е? Еве убаво ти пишал друг член пред мене, 24/7 ако се допишуваш ќе ти снемаат и теми. Плус, има луѓе што неќат да се допишуваат константно(земам пример од себе, некогаш стварно не ми се пишува особено ако сум уморна или неќам да сум залепена за телефон). Зошто не ја викнеш на дејт?
Епа добро, пропушташ шанса за да видиш дали има конекција поради навики во допишување. Што да кажам, освен дека е средношколски. Мислам, директен одговор да/не е многу појасен знак од нагаѓање вака.