Типични манијачки муабети има во мејловите и останатите материјали. Кога се билионери или славни се сатанисти, кога не се билионери се манијаци.
Добро, Епстин толку бил познат и толку бил раширен криминалот негов? Наидов на неколку објави на Фејсбук каде што се пишува дека Мајкл Џексон никогаш не злоставувал деца како што го обвинуваа (во што и јас не верував, никогаш не мислев дека е педофил), туку напротив, уствари ги заштитувал децата од Епстин. И дека во некои негови песни укажувал на криминалот што се правел. Како може тој Епстин толкава криминална хорор мрежа да има, толку раширена? Сигурно е ова вистина? Не прочитав ништо од досиејата инаку, не знам каде ги има.
Језиви се мејловите. Неколку дена интензивно следам и читам, камен да си, ќе осетиш болка. Жално е што многу луѓе не се замараат, не е мое дете, далеку е од мене, уживај си. Ни треба рестарт, и тоа одма.
Ау, не знаев дека е мртва Какво самоубиство, убиена е како и сите други што им се нашле на патот… Многу ама премногу вознемирувачки.
Можеби им се смачи на Американците да бидат уценувани, па решија сами да ги пуштаат материјалите. Who knows.
Добро де не ние мислев овие со фајлојте мрднатите ќе имаат, ене ги натопориле воените авиони во Бугарија на аеродром, ваљда уцената беше или војна или пада влада.
Одамна следам за Епстин, со години наназад, зошто ме интересираат криминални истраги. Се ова некако не ме изненадува, само што сега се дознаваат конкретни имиња и личности иако верувам дека има и други кои не се објавени или се редактирани. Луѓе коментираат дека може да разберат дека млади деца може да бидат манипулирани и излажани, ама прашуваат каде биле родителите на тие млади девојки. Од мејловиве јасно е каде биле- тие директно или индиректно ги предале на него. Или свесно и намерно му ги носеле своите деца (и нивните другарки) или ги охрабрувале да работат за нив зошто финансиски биле во очајна состојба. Врти го како сакаш, ама си ги продаваат децата. Нема да заборавам една епизода од реалити шоуто за Хју Хефнер на времето во кое го следеа животот на неговите зајчици што живеа со него (тие неколку „среќнички“ што од милион зајачици ги одбрал да бидат во неговата вила). Една од девојките изјавуваше дека е многу несреќна таму и покрај тоа што има прекрасна соба, облеки, сите интереси и хобија и се удоволени и се и купено и подарено и живее луксузно. И нејзините ја посетувале и таа им рекла на родителите дека сака да си дојде дома дека е многу депримирана во вилата. И тие ја направиле ненормална - ама зошто да се вратиш дома? Дома немаше ништо, а види колку ти е убаво тука, имаш се што не си имала дома, живееш како принцеза.. И целиот тој trafficking што го доживува е запакуван во идејата дека тоа е пример за еманципирана, сексуално ослободена жена, без предрасуди за сексот и својата сексуалност. Одвратно ми било отсекогаш.
Јас уште не разбирам каде војна. За кај ги топорат авионите? Инаку почнале имотот на Епстајн да го пребаруваат, ќе почнат да излегуваат буквално скелети
Ова е релативизација. Страшно за просечен човек, но за жал многу пострашно постои. Тоа што можеби некои родители продале дете, директно или индиректно е само капка во морето исчезнати деца, премногу и постојано, години наназад. Но,бираме да неверуваме дека и од ова може пострашно да биде, запираме кај сексуалните искористување на млади девојки од страна на богати старци бидејќи сепак ни е позната, чуена веќе тема, присутна низ светот. Превидуваме дека се работи за сатанистичка олигархија врз која почива цел еден систем, како што беше и кажано во американскиот Конгрес пред некој ден, кога се одбија сведоштвата на многубројните сведоци, со образложение дека би се срушил системот ако се откријат сите елитни учесници. Ноам Чомски и Стивен Хокинг, меѓу нив. Марина Абрамович како уметнички гуру. Сите глумци и музичари кои сме ги сакале. И да, секако дека знаеле, отишле и се забавувале додека поголемиот дел од светот гладува и војни води. А во слободно време повикуваат на љубов и мир и демократија, тотално поделени личности. Ги нема со изјава светските организации за трговија со луѓе, невладините организации, УНИЦЕФ....зошто?
За на кај Иран Биљо. Американски воени авиони слетаа на аеродромот во Софија, најверојатно за пат кон Иран А пак во меѓувреме иранчани копаат гробови за овие со авионите и така... Иран ископа гробови за 5.000 американски војници во Техеран Ако почни војнава не вервам дека нешто ќе најдат.