Првично од Обама излезе овај муабет за летечи вАнземјанци, Трамп само се надоврза на истиот после прашањата на новинарите, изгледа и на едните и на другите во Америка им одговара да се прави муабети за се освен за Епштајниве
Не го начекав линков нигде, па ако некој не го знае, еве - https://jmail.world Интерактивна страна каде ги има сите фајлови, многу попрегледно од тоа што имам начекано на сајтот на DOJ. Сега, малку иде непријатно од што личи ко ти да си Епстин и си ги листаш пораките, ама додава и доста доза сурова реалност пошто си нарачуваат гадотии по мејлови ко да си нарачуваат свеж зеленчук за неделата. Лабавко, со бест вишес, со тејк кер, со сите салтанати. Отсекогаш сум била прва против теории на заговор, не дека не држеле вода многу од нив, туку пошто не сум сакала да верувам дека нешто толку одвратно и страшно постои. Сега полека си ја ставам фолијата на глава. Потешко е да докажеш дека сето она што звучи сулудо не е вистина, отколку спротивното. По сѐ досега, Епстин испаѓа дека е средна риба, која: 1. Е убиен за да не ги издаде тие над него. 2. Е жив, заштитен и скриен некаде, најверојатно по Израел.
Јас вчера почнав да го гледам на Нетфликс документарецот... првата епизода, ама веќе уморна и не догледав 20тина мин од крајот... Ама мислам дека оваа девојка беше една од тие што јавно призна дека била продавана на познати јавни личности. Другите пред неа зборуваа како биле носени во куќата, ама такво јавно признание не дадоа и за други освен за Епстин. Сигурно има натака уште што ќе зборуваат, ќе го догледувам деновиве. Ама језиво е, како они тоа си го направиле како најнормална работа да е секојдневно да се изживуваат врз малолетни девојчиња. Една од девојкиве, може и оваа да беше рече дека му однела околу 50 девојчиња. Им давал пари да му носат нови млади девојчиња. Многу вознемирувачки е.. особено што овој е сигурно делче од некоја алка и ова сеуште се прави...
Не би ме чудело да Трамп е намерно станат претседател на Америка пошо го имаат у рака Израелцине со кој знае какви сè гадотии, па сеа преку него праат шо сакаат у светот.
Па случајно не е станат сигурно, не дека е некоја теорија на заговор. И кој и да беше ќе го имаа во рака, не дека случајни луѓе се негде, случајно. Секој во рамки на можностите и потребите. Случајно или не, и зет му е евреин, и таткото на зет му е амбасадор во Франција. И непотизмот ни го украдоа, у бестрага.
Во контекст на фајловите, нападов над Иран поочигледен не можеше да биде. Дури почнав да си мислам дека нема да се случи од што беше предвидливо.