A jas mislam deka toj sto ja otvolil temava treba da kaze svoj stav I ne veruvam deka ima majka sto ne cita deklaracija. Ne moze da buta senesto u deteto.
Дохраната доаѓа во период кога бебето забрзано се развива и секое лажиче е важно. Нормално е мајките да го сакаат само најдоброто и да го проучуваат составот на кашичките. Лино имаат бебешки кашички без додаден шеќер, без глутен, направени 100% од овошје. На видно место на тегличката се наведени тие карактеристики:
Значи кашичкиве се океј, а прашоциве у кутија имаат премногу шекер и не се за деца кои сега развиваат запчиња? Јас чоколино не сум пробала никогаш, ни како дете, дома само готвено сме имале. Може затоа никогаш немавме проблем со дебелина (освен кога станав студент) и ретко сме имале мака со заби.
За првото синче кашички не се сеќавам дека имаше Лино, но од типот на рижолино,фрутолино....јадеше. Иако има 3,5 годинки и ден денес како десерт јаде чоколино. Сега за второто синче 4,5 месеци е, јадеме од јаболче и бананче - толку смееме. И секако рижолиното. Но откако почна со кашичкиве некако ми се мршти на рижолинотот. Верувам во нивниот квалитет,верувам дека се со реноме. И едно големо БРАВО за посетите во градинките и хуманитарните акции! п.с. Предлог ... никаде не видов солени кашички на Лино
На големата ( 4,5 години) некогаш и давав Футолино,Кексолино,Чоколино па после тоа прекинавме.Дошле во градинка скоро за хуманитарни цели,им поделиле оброк и сега постојано бара Чоколино.СДК дека јас и да не давам дома ,голема е,ќе јаде во градинка или другарчето ќе и каже дека јадело и одма дома ми бара.Малиот па е 10 месеци и не сака готови каши,скоро никакви па некогаш ми е тешко да излезам од дома зошто неможам зготвено да мкнам со нас во секое време.
Отвораш фејсбук истото, отвораш фемина, истото... веќе ми се снеможува од муабетиве. Од една страна мајки што припаѓаат во несвес ако го слушнат зборот шеќер, сок, или чоколадо.... од друга страна мајки со муабетот - ние сме пораснале така па што ни фалело, и да се во состојба со наполитанки да ги ранат децата секој ден. И едните ми одат на живци и другите. Не знајте бе да си ги нараните децата и да го правите тоа заради себе и заради нив, а не за пофалби по форуми и фејсбуци? Па пола од најгласните што ги знам лажат корнат. Од 4 месеци со чаеви и со Плазма ги ранеа децата пред мене, а на ФБ и на Фемина светици се прават, и уште ги вреѓаат другите. Ајде ви се молам, кој што сака нека си дава. Овие па другиве, да докажат поента дека храната не влијае на здравјето, ако треба за инает најлошото ќе им го дадат, само за да речат, ете ништо не му е. Алоооо, јадете си дома сите како сакате, и олабавете. Не ви се смачи бе??? Едит: Да одговорам на темата, Лино кашичките се супер, само тие со ориз не чинат, жив е оризот внатре. Од кутии само Ванилино имаме пробано 2-3 пати, кога немавме ништо друго дома. Имам и Чоколино Лешник, ни го дадоа поклон, и ќе го чувам неотворен за искучителни ситуации, како што ни се наоѓаше Ванилиното. Ајде, плис спремајте јамката да ме бесите оти имам дадено Лино кутија.
Абре луѓе,темава е дал сте ги пробале производите на Лино и кои би ги издвоиле како фаворит а не кое дете го храниме здраво а кое нездраво.На сите теми и по форуми и во живо мора да се испревртат работите и да се докажуваме дека нашите деца се најдобро и најздраво хранети,дека се најнапредни,највака,најтака,кои се најмајки а кои најнемајки итн. Држете се до темата и готово. П.С.Ова исто ко со кравјото млеко шо се копаат очи,јас давам,ти недаваш,зошто даваш најнемајка си...мислам,немам зборови некогаш...
Nie imame 8 ipol meseci. Gi imame probano site kasicki na Lino, dobro bi bilo da imaa povekje na izbor, kako so zelencuk. Prvata kasicka na Lino ni bese od banana. Do sega ne sme odbile nisto, kesickite na Lino spored mene se vo red, sodrzat visok procent na ovosje i vitamini. Pokraj kasickite imame dosega probano frutolino i keksolino.. ☺ Se izvinuvam za latinicata, nemam mak. poddrska
Секогаш има чоколино дома. Кога ми е веќе преку мака од се, кога сум преуморна и ме МРЗИ да спремам уште еден оброк замешам чоколино и сите среќни. Ова за малата. А син ми обично тогаш јаде житарки од кутија во такви моменти, обично навечер, или некои Лино или други.
Лино производи што добро би ми дошле на оваа немаштија, па и вчера ми соопштија после трудничко нема враќање на работа .
Јас користам за бебето Лино бисквити, бебе ги прифари и воопшто не се благи за разлика од отанатите беби бисквитки. Утрово појадуваше кашичка од беби бисквитки една шака, малце топла водичка и една пасирана банана, заспа потоа среќно и задоволно.
Бидејќи се разви дискусија за шеќерот во дохраната кај бебињата и исхраната на децата, сите мислења поврзани со тоа се префрлени во нова тема. Линк Ве замолувам да се фокусираме на искуства со БЕБЕШКИТЕ КАШИЧКИ на Лино.
Sega veke ne e temava i za prasocite vo kutii tuku samo za kashickite? Ne sum probala. Dosega samo edna imame probano od drug proizvoditel ama kako sto e prebirliva mojava mi e strav da ja smenam. Ima shansi da se proba
Sea na net bas gi citav sostojkite na kasickive me interesita zosto ima koncentrat od limon i askorbinska kiselina a se 4+, a za za kutiite .
i na kasickite na hipp isto ima, osobeno vo onie so banana. a askrobinska kiselina e vitamin c, prirodno sodrzan vo ovosjeto.
Vo nekoi nema, jabolko krusa sliva brokula nema vo niv, bar niv sum gi procitala, a banana ne jademe. Hipp kupuvam samo sliva zos sega nema, a drugo se doma mu gotvam bar znam sto jade i deka e zdravo.
pa ako kupuvas od pazar ne bi rekla se e toa prskano i so pesticidi, a ako imas svoe domasno super, pozdravo od toa nema.
Сите си ги кажавме ставовите сега дај некој нека каже нешто за кашичките. Вашите деца кој ги обожува и бла бла да не набројовам.