1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доцен абортус

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Ani.Anika, 27 декември 2010.

  1. Bibko

    Bibko Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    41
    Јас сум седмаче и ништо не ми фали. И не туку осудувајте сите, нехуманост, како ке живеела после, а Скарлет вика па уште дека не заслужувала да е мајка, офф леле колку ограничени мислења, од каде знаете како и е на девојката во која ситуација е, не се работи за хуманост, кој би вршел аботус ако е се во ред??? сигурно има потреба девојката, не ве прашаа дали е хумано туку дали знаете нешто за доцен абортус! Нека појде на доктор, ке и кажат.. Сега ако е во последни месеци тоа нема да може никако да го изведе за жал :([/quote]
    Ок не треба да осудуваме, ние само кажуваме мислење.Несакам никого да навредам .Но неможам да поддржам вакво нешто, прво затоа што нема оправдување (јас не поддржувам сакан абортус генерално ама ајде бар да е во раната бременост).А волку доцен абортус прво мислам не е возможен ептен е касно а второ незнам како може досега да не се сетила на тоа туку сега и текнува кога тоа е веќе цело бебче.Не е мала(мислам дека прочитав дека има 23 год).Се плаши да не ја осудуваат ама цената е прескапа-еден живот. Инаку и јас сум седмаче и мене ништо не ми фали ама така испаднало и тоа ни е среќна околност, ниеден доктор со сила не би препорачал пораѓај во7ми месец без да има здравствена причина.
    И дефинитивно ова не се ограничени мислења туку многу реални
    Сигурна сум дека кога ќе размисите убаво и вие ќе се сложите, ова е детска работа
    Незнам каков поинаков совет да дадам
     
  2. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    Уф овој живот не знаеш на каква карпа ќе те доведен. Ани те разбирам проблемот е голем , сепак како и сте останати мислам Да го роди детето, тогаш ќе види и самата дека нема да има душа да го даде на посвојување. Но сепак одлуката е нејзина доколку не сака да го гледа Т.Е неможе нека го даде на посвојување зошто да скрати еден живот, тој живот го чекаат многу родители кои не можат да имаат деца
     
    На Bibko му/ѝ се допаѓа ова.
  3. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.788
    Допаѓања:
    5.421
    Не може абортус во тие одминати месеци, или нека фаќа врски по болници, може и ќе и потпишат некој лекари, кај нас се е можно, дефинитивно тука на форумов не можеме ништо да и помогнеме
     
  4. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    2.076
    Допаѓања:
    81.888
    Пол:
    Женски
    ани што направи другаркати со бременоста досега сигурно и се породила казини што стана со бебето
     
  5. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    не сум медицинско лице, но знам дека аботус може да се изврши до2 или 3тиот месец од бременоста
    после мислам дека е ризично и за плодот како и за мајката
    и ниту еден доктор не бисе согласил на абортус во наредните месеци
     
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.709
    Допаѓања:
    150.476
    ^Абортусот секако е ризичен за плодот. :?:
     
    На TeddyGrey, x.Daisy.x, bittersweet и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Ani.Anika

    Ani.Anika Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2010
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    7
    Не направи абортус туку го износи цели 9 месеци (не знам дали самата размисли или имав влијание пошто само јас знаев па цело време ја убедував), имаше тежок и ризиччен пораѓај дома и тоа сама и искрено и завидувам на храброста!! :o на 04 март роди здраво прекрасно машко дете од 3,500кг и потпиша да го даде за посвојување барем засега, а таа со нормален низок притисок од 60/90 и се кренал на 190/220 и добила еклаптични шокови и од болница од Прилеп хитно Скопје во шок-соба каде 7 дена беше во кома (а таа се секава само на 2 :( ), пошто тие шокови биле ретки и премногу критични :worried: здраствените лица овде знаат за што објаснувам :( Сега фала на Господ и сите светци е ок, под јаки лекарства и инекции, но далеку од таа состојба во која беше од која никој не се надеваше на ништо подобро....
    нејзините дома и помогнаа, уствари татко и беше тој што ја најде дома и пак ке речам фала му на Господ што откако ја одвел во болница почнале нападите! И ја дадоја целата поддршка,никој за ништо не ја обвини, како што и таа и јас очекувавме да се реагира, и одлуката за да го даде е целосно нејзина....сега за сега само најблиските знаеме за целиов настан, заради ризичноста од целиот настан се разбира дека ке ја има нашата поддршка ако сака малиот да си го врати со неа! И патем му даде име Матеј :angel:
    Фала ви за одговорите, ги знаеше и ги виде сите кои колку-толку пробавте да одбасните и некои да го повторите она што јас и го кажував....најважно ја разубедивме да не го прави тоа и очигледно со тоа сме и го спасиле животот! Тоа што и се случило на пораѓајот, ќе се случело на абортусот, кога и да го направела! И секако,ќе го има за памет! Фала уште еднаш! :* :* :* А доколку сакате да знете нешто повеќе слободно прашајте, запозната сум со целата ситуација и би одговорила на се, не сакам и друга идна мајка да го доживее истото.... :*
     
  8. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Леле неможам да се изначудам прочитав се од почеток до крај.
    Браво за храброста на девојката, за раѓањето на бебчето дома.
    Инаку сакав да те прашам дечко и- бившиот, има ли родители? Неможе типот туку така да бега од одговорност, има син, направил дете, створил нов живот без оглед дали било сакајќи или несакајќи.
    И сега како е девојката? Како е Матеј :) преубаво именце му дала.
    Што ке се случи со бебето? Како реагираат нејзините, што ја советуваат???
    Прашувам зошто не ми се верува уште, само мило ми е дека завршува приказнава со срекен крај, бебчето е родено живо, здраво.
    Мислев дека ваква приказна, само на тв може да видам.
    Што побрзо да оздрави другарка ти и да си бидат супер заедно со бебушот :*
     
  9. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    Приказната не е баш со среќен крај. Кога веќе ќе се решам да го родам, ќе го чувам!
    Леле бе со која душа на посвојување ќе го даде, цел живот на тоа ќе мисли. :tmi: :(
     
  10. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Мислев среќен крај за малото, имало среќа па се родило здраво и живо.
    Многу ќе ми биде жал ако остане на тоа дека бебето ќе биде дадено на посвојување.
    Само ако девојката го направи тоа мислам дека не би спиела мирно никогаш. :(
     
  11. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    ЗАКОНСКИ ДО 10 НЕДЕЛА.
     
  12. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Сметам дека штркот не ги носи децата и сите знаеме како се прават. Ајде да не се залажуваме со сите тие ствари од типот пазевме, ненамерно итн. Друго абортус на 7 месеци? Го носела толку време и сега за два месеци проблем. Морам да потенцирам дека чувањето на дете како самохрана мајка е многу тешко ( зборувам од искуство ). односно тешки се првите неколку месеци додека ќе најде работа, прифаќањето од средината ( уште сме дел од такво општество ). Но абортус? Давање на посвојување? Последиците по цена никогаш да се нема дете?!

    Секој човек се стреми во животот да остави нешто позади себе. Тоа е суштината на нашето постоење. Да создадеме нешто што ќе го продолжи нашиот пат.

    Јас тргнувам од себе. Јас тргнувам од себе. Многу е тешко сама. Ама кога ќе ја видите насмевката, првите запчиња, нежноста, гушкањето, посветеноста, пожртвуваноста, е тогаш не постојат средства, бариери кои би ве натерале да се откажете од сопственото дете. А сега во моментов до некаде ( потенцирам до некаде ја разбирам ) зашто сега освен апстрактната претстава за своето дете не чувствува ништо. Врзувањето за детето се создава со самото чување.

    ТЕ МОЛАМ, ТЕ МОЛАМ НЕ ПРЕВЗИМАЈ ЧЕКОРИ ЗА АБОРТУС, НЕ ГО ДАВАЈ НА ПОСВОЈУВАЊЕ. ЌЕ ЈА НАПРАВИШ НАЈГОЛЕМАТА ГРЕШКА ВО ЖИВОТОТ. А ЖИВОТОТ НЕ ЗНАЕШ ШТО МОЖЕ ДА ТИ ДОНЕСЕ. РАЗМИСЛИ, ПОВТОРНО ТЕ МОЛАМ.
     
  13. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    ^Општо прифатено секаде во светот е до 12 недела.
    А ако станува збор за доцен абортус кога е загрозен животот на мајката или има некаква малформација плодот а за тоа е потребен потпис од лекарски конзилиум,во зависност од државата каде се изведува варира од 22-26 недела.
     
  14. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197

     
  15. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    се извинувам не обрнав внимание на датумите, и не читав се.
     
  16. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Нема везе, само сакав да ти пишам како завршува целава приказна :)
    Поздравче
     
  17. cindy

    cindy Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    166
    најпрво извинете не ги прочитав сите мислења само сакам да споделам со вас нешто од мојата пракса
    (го нема видено но ни беше раскажувано)
    нели нормален аботрус е до 3 месец. една девојка криела за својата бременост ни ехо ни ништо. кога почнал да и се гледа стомакот лудачата цело време носела мидери по 2-3 замислете :o арно ама и се слошило и изгубила свест во лето беше (на тутун берење) и правец на болница. кога ја слекуваат таму што ќе видат :x на најтрагедично плодот со малформации :( и дирек скопје на абортус (ова беше за да размислуваат девојките кои се обидуваат да ја кријат бременоста - НАЈУБАВОТО НЕШТО ШТО МОЖЕ ДА И СЕ СЛУЧИ НА ЖЕНАТА без разлика дали има 15 20 или 30 години :$ )
    а спонтаниот абортус се вршел со давање на инјекција за умртвување на плодот значи преку стомакот со игла во главчето на плодот :worried: и потоа организмот секако се стреми да го исфрли нели но исто така и се дава i.v. на мајката за да почнат контракциите и да се исфрли плодот

    па сега ова нека ви биде патем на сите
     
  18. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Леле бе како може да има вакви девојки??? Што не отишла откако дознала дека е бремена одма да абортира и завршена приказна, не сега ај ке го носам, ама ке се кријам и што на крај???? Секогаш завршува со глупост. Го усмртиле детето ??? Со кој памет се тоа???? Незнам што да кажам освен пу пу пу, да не даде Бог на никој да се најде во таква ситуација!
     
  19. eli12

    eli12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2011
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    8
    Не ми се верува дека се уште има девојки кои не знаат да се заштитат од несакана бременост.Штом веке влегуваш во интимни односи,треба да се однесуваш и совесно,зожто мислам дека е грев да се одземе живот на едно малечко што впрочем и ти си му дозволил да биде створено,абортусот е грев-освен нели ако не е задолжителен од здраствени причини.Благослов на секоја жена е да донесе нов живот на овој свет,впрочем и за тоа живееме,за да оставиме нешто што ке го продолжи нашиот пат
     
  20. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.179
    Допаѓања:
    10.786
    Пол:
    Женски
    Верувајте, јас сум прва што ќе каже абортирај ако не сакаш да раѓаш, без разлика под кои услови настанала бременоста. Ама дете не се раѓа за 2 дена :^) не за џабе дозволен е абортус до 3ти месец, уште првиот ќе сфатиш дека си трудна, па имаш 2 месеца да си решиш што ќе правиш. Тоа се 60 пати како ќе легнеш и ќе станеш... па по 5 минути пред спиење размислувај, ќе решиш до тогаш што може да се направи да му се сневиди :fubar:
    Има девојки кои не можат да се доведат да абортираат затоа што тоа го сметаат за убиство. Епа ќе си го роди и ќе го даде на посвојување (иако за мене абортус е подобра опција). Да се збореше за 4ти-5ти месец, па да дискутираме дали тоа е фетус или бебе, и дали ќе осети болка и триста други работи. Ама после 7 месеца? Пак ќе кажам, огромен поборник сум за абортусот, ама плод што би преживеал ако го родиш, да сакаш да го абортираш?
    При сите мои отворени мислења, и разбраност за милион ситуации, мислам дека конечно доживеав да кажам, ова е претеризам!
    Не ја осудувам девојката што го дала детето на посвојување, напротив ја разбирам и поддржувам, ама секогаш сум размислувала дека е абортусот е подобар (и полесен) избор од посвојувањето, кога веќе не сакаш дете во животот. И ако веќе тоа и било опција, требало да ја искористи штом дознала дека е бремена и нема услови да чува дете, а не 2 недели пред пораѓај...