Moрам да те дополнам т.е. да те ,,поправам,, во нешто. Да, со игла директно во главчето низ папокот на мајката го умртвуваат плодот. Потоа да, интра венозно даваат провокација. Провокацијата мора да се даде бидејќи се работи за веќе мртов плод, а кога е веќе умртен истиот ниту организмот се стреми да го исфрли, а ниту плодот ,,бутка,,. Значи оние жени кои го имале само тоа искуство можат да кажат дека најтешко на светот е да родиш мртов плод. Единоставо, не соработува ако можам да се изразам така. Живите бепчиња ,,итаат,, кон надворешноста, додека овие другите можат да направат милион проблеми, од кои не дај Боже и смрт поради сепса.
Да, баш најубавото нешто што може да и се случи на една 15 годишна девојка, да остане бремена и да си има детенце, кога и самата е уште дете! јеа шр. Со поштовање, ама размислете убаво пред да кликнете на "испрати".
Прекрасности е.Идеш ти у школо,и си викаш,чек бе да го запишам детево тука,таман ем да си го гледам,ем и оно да учи,и ја основно да завршам.
сепак, мислам подобро вака отколку тоа што таа беше решена! малиот е прав ангел, чекаме само да биде подобра и да може сама да се движи па мислам дека ќе бара да го види во центарот....па дајбоже да се премисли, иако не верувам многу во тоа пошто веќе слушнала дека ја оговарале и ја нарекувале секако бидејќи имала вонбрачно дете и ми изгледа малку депресивна, не сака ни да излези ни до кај мене да доаѓа а и сум на неколку метри од дома (мислам дека премногу ја погоди тоа и се срами на некој начин, а веќе не е истата после пораѓајот) а очигледно е дека 24/7 мисли на него....
Е голема работа ако ја оговараат . Па вака или онака веќе е на тапет. ... и што мисли дека ако го остави детето тоа ќе остане тајна? само болка ќе си нанесе, само нејзе ќе и биде одземено правото да се радува на неговото прво гукање, запче, насмевка... .... до кога ли ќе се грижиме дали на комшиите им се свиѓа нашиот филм Спојлер повеќепати беше нагласена нејзината финансиска немоќ, па сакав да кажам дека јас би сакала да и помогнам , само и само да го задржи бебчето , а верувам дека и другите феминки би го направиле истото, само ако ни дозволи, секако I pray for Matej and his mom
e nedaj boze se mozis da slusnis pa ete neli ja podrzal tatkoi breeee neka si go zemit deteto i bez treskanje gluposti taka uste poveke ke ja ogovaraat i ke ja pravat kucka deka go ostavila dteto po domovi pri zdrava prava majka t.e. taa i ne zasluzuva da e majka
баш скоро размислував дека ако дојде до тоа(да останам бремена несакајки) иако не ми воопшто среден животот, и пијам лекови кои ја заменуваат функцијата на тироидната жлезда, и за заштита на огранизмот од епилептичен напад, не би ни помислила на абортус(во НИКОЈ СЛУЧАЈ) (иако би морала да се консултирам со лекарите за намалување на дозата на лековите за заштита од епилептичен напад) ОД СЕКОГАШ СУМ ПРОТИВ ТОА (и нема да дозволам убедувања од страна) и сметам дека бебето е нешто најдрагоцено нешто за една мајка, нешто најубаво.
Да и јас се согласувам навистина со тебе,можеби сум недоволно дорасната да зборувам на оваа тема али нависина абортирањево и посвојувањево е не фер работа...кога веќе направила грешка нека разговара со нејзините би требало да ја разберат ќе биде тешко и за неа и нив ама ова со посвојувањево не е ич ферски бидејќи кога навистина ќе разбере што направила ќе биде доцна,со абортирањево може да си предизвика проблеми може никогаш повеќе да не може да забремени и +во 7ми месец тоа бебе во стомак е оформено навистина ќе биде катастрофа...нека не го усмртува тоа мало суштество ќе се кае.
не ми се верува што читам ејјјјјјј бебето може да се роди и во 6 ти месец па да си е ок а за седми месец да не зборувам ке се роди малечко но развиено како на 9 да се родило убиство е тоа кога се сексаат не им текнува и грешките ке ги плакаат невини срамота
Може да се абортира и на 6-7 месеци, против законски е, меѓутоа дозволиво е само кога е во прашање животот на мајката или доколку плодот е со деформитети. Потребен е потпис од 3 лекари кои ќе имаат докази дека со таа бременост има некаков проблем. Се усмртува плодот, абортусот се изведува со помош на вештачки контракции, и мајката го раѓа бебето мртво.
Не смеете да ги осудувате, сите имаат причина зошто тоа го прават. На кој не му се случило, не знае, но јас мислам дека е најдобро до 8 недела да се абортира. ВООПШТО да не се чека за да дојде до доцен абортус.
Да точно е дека е голема-возрасна е другарката но ако нема добри односи со родителите. Јас не ја оправдувам ни за абортус ни за посвојување, цел живот ќе се кае тоа што го направила. Дај и помош подршка,а дека децата што се родени пред време дека имаат последици како што писуваше во едно писмо не е точно.
големи за да се е..т а мали за да ги сносат последиците . нормално е да ги осудувам . пред секој полов однос треба сите да се свесни дека може да дојде до бременост затоа нетреба да се фукаат со кој ке стигнат па после некој трет по домови да расте
Знам еден пример многу одамна еден братучед на мајками истовремено се мувал со две ! едната била бремена а тој се жени со другата , а оваја бременава го абортирала детрето на 7-8 месеци .После некој период фацава ја остај жената со дете и ја зеде оваја што абортирала ЦЕЛ ЖИВОТ НЕМААТ ДЕЦА ! и таја ко ке се запраеше муабет за деца викаше ех, јас си го фрлив детето и госпот ме казни да немам ! настанале компликации после насилниот абортус ! исто имам ист случај со моја поблиска не можам да кажам што ми е го зацрни ни крив ни должен дечкото да живејт со неја цел живот бес деца таја не можит да ги доносит и спонтани имат поради компликации од претходен насилен абортус во доцни месеци ! Ех би сакала да не сум во право ама Јас мислам дека РИЗИКОТ е голем ! подобро да го дајт на присвојување отколку да го убиет !
Нема врска. Мајка ми е седмомесече, нема ама баш никакви проблеми. Ретко кога и настинка ја фаќа. Што ако тоа некое дете мора да се роди во 7 месец, ќе го стискаш зошто ќе има проблеми???? А за темава, општо сум против абортусот а не па во подоцни месеци. И искрено немам коментар.
ЗДРАВО АНИ.АНИКА БИ САКАЛА ДА ТИ ДАДАМ ЕДЕН СОВЕТ ВО ВРСКА СО ПРАШАЊЕТО ШТО СИ ГО ПОСТАВИЛА.ДОЦЕН АБОРТУС СЕ ИЗВЕДУВА САМО ВО ЕКСТРЕМНИ СЛУЧАЕВИ,КОГА НЕШТО НЕ Е ВО РЕД СО БЕБЕТО,ИЛИ Е ЗАГРОЗЕН ЖИВОТОТ НА МАЈКАТА.ДОКОЛКУ ПОСТОИ БРЕМЕНОСТ НАЈУБАВО Е ДА СЕ ИЗВЕДЕ ДО 3 МЕСЕЦ Т.Е.12 НЕДЕЛА.НО БИ ТИ СОВЕТУВАЛА УШТЕ НЕШТО,СЕГА МОЖЕБИ ВО ОВОЈ МОМЕНТ АБОРТУС ИЗГЛЕДА НАЈДОБРО РЕШЕНИЕ НО ЈАС НЕ МИСЛАМ ТАКА.СЕКОЈ СИ ОДГОВАРА ЗА СВОИТЕ ГРЕШКИ,ПРЕД ДА НАПРАВИМЕ ГРЕШКА ТРЕБА ДА ВНИМАВАМЕ ШТО И КАКО ПРАВИМЕ.НЕШТО ДРУГО КОГА Е ВО ПРАШАЊЕ ЛЕСНО СЕ РЕШАВА АМА КОГА СТАНУВА ЗБОР ЗА ДЕТЕ НИКАКОВ АБОРТУС ТОА Е НЕШТО НАЈСТРАШНО ШТО ПОСТОИ НА СВЕТОТ.ДЕТЕТО Е БЛАГОСЛОВ ОД БОГА БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ Е ВОНБРАЧНО ИЛИ НЕ.КЕ ТИ ДАДАМ ЕДЕН ПРИМЕР И ДЛАБОКО РАЗМИСЛИ-СИ ОСТАНАЛА БРЕМЕНА И СИ АБОРТИРАЛА,НО ДОАГА ВРЕМЕ СЕ МАЖИШ И САКАШ ДА ОСТАНЕШ БРЕМЕНА,НО НЕ МОЖЕШ,ЕВЕ ГО ПРОБЛЕМОТ.ЦЕК ЗИВОТ КЕ ТЕ ЈАДЕ СОВЕСТА ЗОШТО СИ ЈА НАПРАВИЛА ТАА ГРЕШКА-АБОРТУС.ЗАТОА ШТО ЕДНА ГРЕШКА МОЖЕ ПОКАСНО ДА НИ ОСТАВИ ТРАЈНИ ПОСЛЕДИЦИ ВО ЖИВОТОТ.НИШТО ВО ЖИВОТОТ НЕМА ПОУБАВО И ПОРАДОСНО НЕШТО ОД ДЕТЕ,ТОЈ Е СОН НА СЕКОЈА ЖЕНА ДА СЕ ОМАЖИ И ДА ИМА СЕМЕЈСТВО.ЗАТОА ШТО НЕМА НИШТО ПОСТРАШНО ОД БОЛКА ЗА ДЕТЕ,ДА СЕДИШ ВО ПАРК КАДЕ ГИ ГЛЕДАШ БАБИТЕ И ДЕДОВЦИТЕ КАКО ИГРААТ СО ВНУЧИЊАТА,МАЈКИ И ТАТКОВЦИ,КАКО ГИ ШЕТААТ ДЕЦАТА И СЕ СО ШИРОКИ НАСМЕВКИ НА ЛИЦАТА,А ТИ НЕМОЖЕШ ДА ЈА ОСЕТИШ НИВНАТА РАДОСТ,ЗАТОА ШТО БОЛКАТА ВО ТЕБЕ Е ПРЕГОЛЕМА.ЗАТОА НЕМОЈ НИКОГАШ АМА БАШ НИКОГАШ ДА ПРАВИШ АБОРТУС,ЗАТОА ШТО ТОА МОЖЕ ПОНАТАКА ВО ЖИВОТОТ СКАПО ДА ТЕ ЧИНИ.НАЈИСКРЕНО.ПОЗДРАВЧЕ ОД МЕНЕ.СЕ НАДЕВАМ ДЕКА КЕ РАЗМИСЛИШ ЗА СОВЕТОВ.