1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

До каде се нашите граници во однос на љубовта и амбициите

Дискусија во 'Врски' започната од karenin, 25 јануари 2013.

  1. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.171
    Ја отварам темата инспирирана од еден пост кој случајно го прочитав на форумот на Кајгана.
    Sussaro напишал:
    Се враќаат бе како не, само не секогаш.
    Се враќаат преку соништа а некогаш и преку кошмари.
    Се враќаат на истите кафичи, кафани и локали кај што одиме, оти не живееме во метрополи од по неколку милиони жители.
    Се враќаат непосредно после прекин на врската за да се доиспоебат уште малку со бившиот партнер, за полесно да им помине сушната меѓуфаза од еден до друг кур. Воедно ја користат таа прилика уште по 1001 ви пат да се докарат, дотепаат и дорасправаат за истите прашања овер енд овер аген.
    Се враќаат навидум преку некои нејзини другари и другарки да те дошпиунираат уште малку дали си тажен, дали те курац боли, дали рониш солзи и го врискаш нејзиното име во доцните полноќни часови додека во позадина слушаш некои жалопојќи од типот на Someone like you, Iris, Don't wanna miss a thing и ним сличните, и дали редовно ставаш вене сечем стаутси на фејсбук, песните спомнати од претходната реченица и црно бели фотографии од расплакани ангели и невести со готска позадина-вака нешто.
    Нормално сето тоа е режирано да изгеда дека тој ваш другар демек случајно го заболел одеднаш ташакот за тебе и се интересира како ти е.
    Некогаш, ретко, се враќаат во твојот роден град, ако сте се упознале на некој одмор или ол инклузив гага семинар финансиран од Зорос, па да си евоцирате за тамошниот ненадеен хормонален дисбаланс, и како истиот бил регулиран.
    Се враќаат и преку старите спомени, старите песни, старите навики и останати геј моменти.
    Ама сепак најопасното враќање на кое ќе се задржам е она после неколку години, и оваа ситуација како еден од оние ултимативни тестови на карактерот и волјата, неретко сум ја гледал. Обично се случува ако ти раскинала додека сте биле млади односно доцни тинејџерски, или рани дваести години. Тогаш причината од нејзина страна била-се сретнавме премногу рано, во превод супер си ти, ама јас уште не сум ги прошла 5-те кура без кои не смеам да умрам. И ти си тераш со животот, године пролазе, она во меѓувреме лудо се забавља, дополнувајќи се што демек пропуштила со тебе, пијанки, многу дечковци и сексови, некогаш и оргии како од порничите нарочито кога е на одмор надвор од државата каде не ја знаат. И одеднаш постепено, малце по малце it begins... Едната другарка ќе и се жени, другата ќе фати дечко за поозбилно и ќе ја снема од ноќниот живот. Трета ќе се вработи, окупирана со работа а во меѓувреме си бара стабилен партнер. Младите генерации веќе ги окупираат клубовите и си возат свој филм, биолошкиот часовник отчукува, желбата за мајчинство и дете станува напорна како пролив среде битен состанок. И тогаш ќе и текне на Трајче, и колку убаво и било со него и како да може да го врати времето, сега ќе си беше среќна со Трајче. Обично тука завршува муабетот, се сведува на еден дејдриминг и толку. Ама некогаш се продолжува и корак даље. Сакам да го видам што прави-ќе си рече-дали има девојка, ќе и стане главна преокупација таа мисла. Ќе најде начин да стапи во контакт со тебе. Најчесто тоа нема да биде дирекно, не, не, ѓаволот пре ќе оди во калуѓерки отколку да ти дозволи тебе било каква морална сатисфакција што ти наводно би ја добил кога она ќе ти се јави. Ѓаволот не само што сака да ти ја земе душата, него сака тоа да биде изведено на начин со кој ти ќе молиш на колена да му ја дадеш. Ќе најде начин да дојде до тебе индирекно, преку другари, или случајно демек ќе се судрите во омилениот твој кафич. Ќе ти се насмее, ќе те изгушка како роден брат, ќе ти каже нежно на увце-јави ми се, пази ти на неа да и се јавиш. Нормално, глупо машко(нарочито ако тогаш е сингл) во тој момент ќе му се надигне куре за стари слави, нада умире задња и ќе се јави. Ѓаволот многу добро знае што ќе прави на тоа ваше видување. Уште од раѓање, они се родени и усовршувани исклучиво за такви моменти. Ќе дојде облечена секси, не премногу оросписки за да биде апла, него таман, ѓаволот точно знае што значи тоа таман. Муабетот ѓаволот ќе го фокусира на минатото-вашето заедничко минато. Нормално тоа нема да биде како од пушка-леле колку ни беше убаво заедно, ѓаволот знае како без ти да приметиш бомардирајќи те со сексипил и мотајќи те од тема на тема да те натера да помислиш дека уствари тоа што она го бара, уствари ти си го барал сиве овие години. Почнувајќи од просто праашње-како е мајка ти, дали уште прави добра торта, се сеќаваш кога ни направи тогаш торта тебе ти падна пола на под и го направи ќилимот лом, а нели наредниот ден требаше да одиме во Охрид, леле колку убаво си поминавме тогаш се сеќаваш. Некаде на крај на муабетот ќе најави благо каење ама не дека ти раскинала, него општо, леле колку бев млада и глупава тогаш многу работи би сменила тогаш. Ти од таа реченица треба да прочиташ меѓу редови што сака да ти каже затоа што тежината на гордоста што ѓаволот ја носи не се мери ни во метрички тони, за да ти признае дека згрешила. Фастфорвард некој ден покасно ти си пак со неа.
    Една работа да ви кажам ако се најдете во ваква ситуацијата. Немојте да бидете будали отерајте ја у три лепе пичке материне. Ако државата нејзе и дала право на глас на 18, како и правото легално да снима порничи, бидете свесни дека тогаш она многу добро знаеле какви и се последиците од нејзината постапка, нека не ве фаќа на финти млада бев и глупа, паметна си е она и тоа доста за да си оствари нејзината стратегија ем јаре ем паре. Сега сака да ви ја уметне приказната со стариот бунар во кого претходно плукнала. Немојте да паѓате на романтиките со кои ќе ве бомбардира, кучката да начекала некој со повеќе пари или поситуиран или поасален од вас до сега ќе била женета со 5 деца. Ич кур не ја боли за вас него сака сопствениот живот да си го стабилизира а за тоа и требате вие. Ја знам дека вагиналаната магија е моќна ама стварно некои што ги знам како паднаа ко ретарди на оваа финта е чудо-невидено. Не мора тоа да бидете вие.

    Јас целосно се согласувам дека горе напишаното е точно. Е сега прашањето ми е - Што би направиле вие ако сте во ситуација да бирате дали:
    1) да му се вратите на бившиот, кој не го љубите, но во него гледате единствена надеж за брачен партнер со кој ќе ви се реализираат вашите соништа или
    2) би останале поштено сама и нема да живеете некаков лажен живот, бидејќи дури и по упорното амбициозно барање на идеален партнер не сте го нашле?

    И уште едно прашање - Што мислите како постапуваат машките кога сакаат да ја вратат бившата? Бидејќи според горе цитираното го гледаме женското однесување во таква ситуација.
     
    На DELFIN-15 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.721
    Допаѓања:
    4.220
    Пол:
    Женски
    Јас не би му се вратила на бившиот кој не го љубам бидејќи ако се омажам на пример со него, само за да си ги остварам целите би ми било како искористување. А не сум од корист заради никој. И +, штом е бивши, значи нешто не ми се допаѓа кај него па сме раскинале. Значи тој заеднички живот е невозможен.
    Попрво ќе останам поштено сама бидејќи еден ден лагата би можела да резултира со депресија бидејќи штом не го сакам нема да бидам среќна. За да ги реализирам моите соништа ќе си се потпрам на самата себеси. А се што сакам е да бидам среќна, каде и да сум. Не ми е ова среден век. Можам да си изберам маж кој го сакам и се надевам дека така ќе биде.
    Идеален партнер не постои и кога ќе бидам сама барем ќе знам што имам, и дека тоа што го имам е мое. :!:

    Баш сум во ситуација кога бившиот сака пак да бидеме заедно. Ми праќа песни, кажува дека ме видел таму и таму, дека му е убаво кога ме гледа, дека сум убава, дека се кае и се надева на друга шанса, дека никоја не е како нас, и ми расправа проблеми за кои претпоставува дека јас ќе се сожалам и ќе се вратам кај него.
    Дури и да му префрлам нешто тој ќе се покори и ќе си признае, сака за се да ми угоди, дека ако се вратиме ќе биде се сменето, јас како што кажам, на што-не верувам ама ич. :!:
    Кога раскинавме не ме познаваше, сега одеднаш сакал да си има контакт со мене. |(
    На една другарка бившиот сакал да ја врати на истиот начин. Не знам како е за останатите машки.

    И неможам да се согласам со горе напишаното. Не сум се понашала вака после раскин, ниту ќе се понашам. Си имаше причина за раскинот различна од оваа горе.
     
    На karenin му/ѝ се допаѓа ова.
  3. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.171
    Хм...

    - Нашето општествено тло нас не прави зависни од потребата да сакаме да се омажиме/ожениме дури и со некој којшто не ни го љубиме. Сето тоа е поради огромните обвинувања на луѓето кои ни пресудуваат гледајќи не нас само од страна и незнаејќи ја вистинската наша животна приказна.
    Исто предрасудите од типот дека ако другиот на 40 години е сам тоа е само затоашто прибирал, бил его центрик, кариерист итн. Небулозни се ваквите рекла кажала претпоставки, а и непотребни за оговарање. Сосем друга е приказната кога ќе го знаеме човекот, ќе му ја знаеме неговата психологија и знаеме зашто прави одредени чекори.

    ...На никому не му текнува дека тој самотник на 40 години е сам затоа што неговата голема љубов можеби починала или завршила со некој друг. Или едноставно самотникот решил дека му е поубаво да функционира самостојно се додека не го запознае оној вистинскиот. Дури по цена и никогаш да не го запознае. Може има желба да живее живот кој него ќе го направи суштински среќен и кадешто нема да има силна потреба и зависност од будење до некоја личност, било која.

    Амбициите кои тлеат во личноста често се диригирани и од самото општество. Од некој синдром кој осудувачки гледа на тебе само доколку ти немаш дечко, маж или желба за деца, а веќе имаш 30+. И таквите амбиции ни се наметнуваат како нешто морално и неотповикливо. Како нешто што ние мораме да го имаме и достигнеме.

    - Сега да се свртиме на другата страна. Може тука е и самиот почеток на ваквите амбициии.
    Имаме еден пример: Неискусна девојка а и невина во душата, се фаќа со партнер и оди со него долго. По некое време го изневерува бидејќи тој и станува досаден, одеднаш сфаќа дека всушност тој бил неамбициозен и капак на се сиромашен. А таа неможе да смисли да остане со таков бидејќи гледа како сите околу неа си нашле некој подобар од нејзиниот. И му раскинува, но не му кажува дека се ебела со друг. Се прави поштена и му раскинува со причини кои ги врти во своја корист, а негова пропаст. Да испадне дека тој самиот бил крив за неуспешната врска. Си пробува уште мажи и на крајот никој од нив не ја одбира за жена, па таа мора да си се врати кај оној кој го направила будала. Сведок сум на доста вакви ситуации. Кога приоритетите на личноста со текот на времето се менуваат и тоа само под притисок на околината. Личноста се предава го губи своето Јас и станува зависно амбициозна. Ама амбициозна не во стил самата да створи нешто за себе, туку во оној другиот - да добие некоја удобност преку некој друг кој веќе ги има средствата за тоа.

    Па доаѓаме до две опции, а и двете се несреќни. Едната ни налага да се осудиме да живееме во заедница без љубов, иако понекогаш во таквите врски може да постои почит, а некогаш ни тоа. А другата опција ни налага да останеме самци.

    Многу постари говорат дека во одредена доба од животот човекот сфаќа дека најважно му е да има некој до него со кој ќе може да живее взаемно почитувајќи се. Едноставно да има некој кој ќе го чува.
    До сега не сум чула некој повозрасен да ми говори за љубовта.

    Зашто амбициите за поудобен живот се поцврсто вкоренети во човекот од чувствата како занесната љубов, платонска или срцепарателна? Разумот или душата на кантар!


    Ова и сличните на ова се криви што јас барам личности во кои уште има желба за платонска и ррр љубов:

    Mikhail Lermontov

    Loneliness
    It's Hell for us to draw the fetters
    Of life in alienation, stiff.
    All people prefer to share gladness,
    And nobody - to share grief.

    As a king of air, I'm lone here,
    The pain lives in my heart, so grim,
    And I can see that, to the fear
    Of fate, years pass me by like dreams;

    And comes again with, touched by gold,
    The same dream, gloomy one and old.
    I see a coffin, black and sole,
    It waits: why to detain the world?

    There will be not a sad reflection,
    There will be (I am betting on)
    Much more gaily celebration
    When I am dead, than - born.

    Едноставно се топам пред луѓе кои го ставаат срцето пред разумот.
     
    На femina90 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.584
    Пол:
    Женски
    Не сакам да сум сама, признавам, животот без љубов за мене е празен живот, колку и да е човек успешен на други полиња, не може да е среќен без љубов. Но другата опција па не доаѓа во предвид. Да се вратам на бивши? Никогаш, по никоја цена!
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.696
    Пол:
    Женски
    Амбициозна сум на секое поле па така и на љубовно.
    Кога знам дека можам да ,,имам” некој терам до крај ако стварно сакам да имам нешто со него.
    Кога ќе посакам нешто работам на тоа и го добивам, макар и долго време да помине