1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Другарката и бившиот дечко

Дискусија во 'Врски' започната од tessie, 17 јули 2011.

  1. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Не најдов слична тема, ако има слободно клуч. Како реагирате кога дознавате дека вашата другарка се фатила со вашиот поранешен дечко? Дали си помислувате „која предавничка, јас се и кажувам за сестра ја сметам а она вака ножот в грб ми го зарива“ или ви е нешто сосема во ред. Иам праено муабет на темава со другарка ми и со мм и и двајцата беа као „аууу, многу безобразно од нејзина страна, ниско не знам какво“.

    А зошто? Гледам околу мене најголеми пријателства се уриваат како кула од карти заради вакви работи (и тоа меѓу изградени личности не пубертетлики). Еднаш така една другарка ме замоли да праиме муабет, па со страв, па одоколу дури да ме праша дали би се лутела ако излезела со бившиот. И нормално слатко се изнасмеавме.

    Штознам, мое мислење е дека тука нема ништо лошо, освен ако таа новата не се замешала во врската. Па не е коњ па да го жигосам за цел живот, штом еднаш се заврши со таа работа, не ќе оди во манастир, како што нема ни јас. А ако и на другарка ми и се допаѓа, шо има врска, секој е нечиј бивши фала Богу.

    Конечно: one woman's trash is another woman's treasure...и обратното се рабира :)


    Ваши мислења, искуства... :)
     
  2. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Зависи колку била јака предходната љубов, сепак...ако им е пишано така, не можеме да им стоиме на патот на среќата. Не знам, ако сум го сакала премногу, вероватно ќе ми пречи...но, јас сум решила да биде крај, и тоа е за мене завршено.... И сега сум а и сум се нашла во слична ситуација, ама не знам секаде е различно....нас тоа не ни е проблем.
     
  3. cuciTo

    cuciTo Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    13
    порано одев со еден ама не беше кузнае што т.е. не беше голема љубов
    бев помала и мислев дека го сакам ама тој неизгледаше дека ме сака
    и по неколку раскинувања, простувања јас реков готово и последна лупнав корпа
    иако не ми беше сеедно но некако сватив дека не е за мене :|

    во меѓувреме почнав да живеам со едно девојче
    не бевме кузне колку блиски ама преку заеднишки другарки си имавме еден муабет

    по некое време дознав дека она оди со мојот бивши
    и почнавме да неживееме ама она почна и муабети и се да вади
    дека она ми го зела дечкото (иако ние веќе 6 месеци не бевме заедно, но некое време бевме другари)
    и пребацуваше кога ќе поминев :fubar:
    јас ја ставав тотално на игнор и таа си престана :D

    после тоа сакаше да ми направи и проблеми со новиот дечко ама не успеа
    еве сега они се заедно 3 години ама колку со знам не се нај нај ама и како да бидат кога и шета опашот
    а јас сега сум најсреќна со новиот :) веќе 2 и пол години

    така да мој совет остави ги тој веќе во твојот живот е бивши
    ќе си најдеш нов, подобар и ќе знаеш какви мани да избегнуваш 8)
     
  4. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Со другарка НЕ, ама со прва братучедка си имаме 3-4 заеднички мувачи/дечковци :D :D :D
    Многу ми е смешно кога ќе седнеме да си правиме муабет за нив и колку сме биле забегани, а не се каравме кога се случуваа тие работи, исто како ништо да не се случило си се понашавме :lol: И нормално откако ќе завршеше `џевата` после тоа следуваа сочни трачеви :D Исто како да си ги подававме, јас ќе го измувам, по некое време она, или јас ќе му раскинам, по некое време она ќе го фати и обратно, ах, исти вкус, шта чеш, битно немаше лутење :D А имавме еден, прво јас бев во врска со него дури 1 месец, и откако раскинав јас со него, таа го фати и тоа за некои 2-3 недели може откако јас раскинав :D
     
    На wolf4e и tessie им се допаѓа ова.
  5. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    508
    Јас лично не би била со бивш од моја другарка. И не би сакала моја другарка да оди со мој бивш. Едноставно ми е глупаво. Ајде сега ќе го сменуваме еден дечко цело друштво, како да не останаа машки на светов.
     
    На srcekrsacka, Breezy и easyyyyy им се допаѓа ова.
  6. Anja.F

    Anja.F Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    13
    глупаво е .....посебно ако се работело за некоја врска која оставила трага во нашиот живот ...а за оние пролазни кои повеќе траат отколку што не траат нема проблем. Но сепак другарка хмммм не сум се нашла во таква ситуација и се надевам дека нема
     
  7. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Не се имам најдено во ваква ситуација, а јас тоа не би го направила. Не знам како би реагирала ако мене ми го направат тоа...веројатно хистерично! :D
     
  8. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    е сега вака :)
    секогаш кога со другарките сум зборувала за ова јасно и гласно им било кажано,идете со мои муватори идете со кој сакате,ама за тој за кој што сте знаеле дека сум го сакала и ми значел најмногу немојте да си дозволите !
    епа јас тоа не го прифаќам !
    па колку машки има и баш со мојот бивши кој мене ми значел? ааа не !
     
  9. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Малку сум поделена во мислењата.
    Сега на скоро 21 година, искрено гајле би ми било ако некоја моја другарка направи нешто со некој мој бивш.Ама можеби не е до годините, туку и до тоа што јас сега си имам долго време дечко, па баш би ми било гајле.
    Кога сум била помала и зелена, мислам дека би ми сметало без разлика дали ми бил тој битен или не, чисто демек леле како можела со мојот бивш :D А денес би ми сметало единствено ако тој ми бил многу драг, ако сме биле долго време заедно.
    Како и да е, стојам на тоа дека вистинска другарка нема шанси да се сплетка со твој бивш, нема ни да се стави во положба да дојде до такво нешто.
     
    На srcekrsacka, Victorya и Trendafilka им се допаѓа ова.
  10. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Точно, вистинската другарка нема да се сплетка со било кој мој бивш дечко и да го доведеме нашето пријателство под знак прашалник.

    Ако сепак се случи, зашто луѓе сме и сите правиме грешки... дали би простила?
    Секако дека да, ако увидам дека станува збор за сериозна љубов, а не нешто минливо и туку така, од збес, досада.
    Ако се навистина среќни, прва ќе им честитам од срце.

    Што има па да стоите на патот на нечија среќа, само затоа што во минатото сте поклопиле усни заедно?
    Да бил за вас, веројатно ќе сте останеле заедно.
     
    На srcekrsacka, tessie, Hiii и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски
    Been there.. Поранешниот најпрво ја свигаше другарка ми но таа не го рецкаше него, и јас пробувајки да ги спојам нив двајца, дечкото се заљуби во мене. Јас фино лепо ја прашав неа дали ке и пречи да пробам со него, бидејки тие немаа ништо, и таа рече дека нема проблем дека таа не го свигала. Јас се фатив со него но поради сосема трети причини раскинавме по 7 месеци, и погодете кој беше со него?! ДА ДА мојата "верна" другарка. Ниту ме праша ниту ништо. Станаа тие двајца сојузници и ме скараа со цел клас, со сите другарки. Но не покажав слабост, не им го пружив тоа задоволство. Сега тој има нова девојка која не му дозволува да оди до веце сам, а таа нема никој, зборуваат дека се продавала за пари. Нема ни другарка ниту дечко. Кармата е кучка. :angel:
    Да не бидам офтопик, сум против тоа да другарките одат со мој бивши, а и јас не би го направила истото. За жал некои луге немат осет. :)
     
  12. m.i.s

    m.i.s Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2011
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    319
    Го знам тоа чувство. Мојата другарка се мува со мојот бивши дечко. А се има мувано и со мој мувач ;) . За мувачот не ми е гајле , ама за бифшиот и не ми беше сеедно. Доста работи поминавме со него, и како да чекаше да заврши и ајде... Иако имам дечко подолго време и не чувствувам ништо кон бифшиот , глупо ми е. Другарки ние двете, и ајде ќе ги менуваме. Па дури разбрав од други. Другарка ми криеше,не сакаше да ми каже. Хмм.. А сега и ми раскажува за него што како.. Небаре подобро го знае од мене! Јас никогаш не би направила такво нешто. И да е еднинствено машко не би отишла со бифши на некоја другарка :)
     
  13. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    Зависи за какво другарство станува збор и зависи каква чувства сум имала јас кон тој бивши!
    Ако станува збор за другарка со која секојдневно се дружам години наназад и споделувам со неа битни детали од мојот живот (едностао сум блиска со неа) тогаш признавам дека нема да ми биде сеедно ако започне врска со мојот бивши! Но важно е и во каков однос сум била јас со бившиот, дали тоа била врска која траела подолго, врска со силни чувства или била само пролазна ,,љубов,, која траела кратко! Доколку сум имала силни чувства кон бившиот мислам дека нема да бидам најсреќна за нивниот старт на нова врска, а ако станувало збор за минлива љубовна афера тогаш би прегледнала низ прсти! :|

    Во денешно време девојките имаат стотина бивши дечковци и муватори и би било смешно таа голема бројка од машки да им ја забранат на своите другарки :lol: ...не е ферски мислам ;) А и не можеме секоја втора пријателка или школска да ја наречеме другарка од која би очекувале да не ни ги чепка бившите!
     
  14. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    не би била со бивши на другарка,а они со мојот бивши едино ако нема памет би отишле :)

    мада искрено кога видов дека девојче се мажи со бивши на прва барчетка нејзина (а беа они 6 година во врска) е тоа ме шокираше....значи муабетот иде: даде не плачи ако си била со него 6 год сега мене ми е маж гледај го но не иди на гости кога е сам (Боже ме сачувај) па уште и покана за свадба беше добила девојчето

    инаку после 3 месеца од нивното раскинување она се вери со него а после 7 месеца беше свадбата
     
  15. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.096
    Пол:
    Женски

    Која мизерија, би кажала за случкава! :doh: Како може бре?! Сигурно оваа вторава, цело време додека братучетка и била во врска со дечкото оваа мечтаела еден ден да си го има покрај себе! А замисли, 6 години па ич не се малце, сега таа знае се за дечкото на братучетка и, имале свои моменти (убави или помалце убави-како и да е имаат заеднички спомени!!)... Леле толку многу работи ми се вртат во глава, што незнам што попрво да изнапишам!

    И да, да не бидам до негде оффтопик, би кажала кратко и јасно-нема да го собирам ѓубрето на моите блиски пријателки, роднини или било што! Како и да е, јас сум била таа што можеби некогаш и давала совети како да опстои таа врска!

    Ми се има случено, моја пооодалечна другарка т.е. познаничка со која знаев некогаш да направам и повеќе од Здраво да има излегувано со дечкото со кој јас подоцна сум била во врска! Ама да се разбереме :lol: тие само се мувале онака безвезе, па јас не чекав тие да прекинат и јас одма да се нафрлам...Туку фино лепо (ради нивни причини) се разделија (или како и да е :lol: ) па после неколку месеци ние се запознавме лично со дечкото, ептен си се најдовме и спонтано влетавме во врска-која трае сеуште! :rofl: :inlove:
     
  16. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Интересни размислувања, морам да кажам. Абе точно е дека си зависи од човек до човек, од другарство до другарство, од врска до врска. Мене лично не ми пречело тогаш затоа што јас сум многу скржава личност во поглед детали од мојата врска, абе никому не се отварам дотолку, не барам совети и такви ствари затоа што сум свесна дека утре можеби баш таа другарка може да како што рече некој погоре ги користи моите стратегии. Моја врска, моја ствар, ние се караме, ние се мириме, ако заврши-заврши. Ако дечкото бил малку асален немало да дозволи трета личност да се вмеша и не би паднал на провокација. Ако девојчето не ми се мешало за време на врската, која сум и јас да ја учам со кого да иде, над никого немам авторски права, фала Богу, секој е слободен човек. Од кај да знам па јас, крај краева, може и се свиѓал цело време, а јас сум и била пречката па чекала погоден момент. Штом го оставите некого, не е ваш веќе, без разлика колку време сте оделе, едноставно треба да бидете подготвени на се.

    Е сега мене никогаш не ми се случило да одам со бивши од другарка, едноставно не можат да ми се допаднат такви луѓе, ко шо вика една колешка „не ми е свиѓачка атмосферата“ :lol: Од старт некако ги елиминирам.
     
    На senza.parole и karenin им се допаѓа ова.
  17. EnnieFabulous

    EnnieFabulous Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    399
    Се имаат случено вакви работи во мое друштво..Пример, една од другарките одеше (не многу долго) со едно дете, инаку во градов познат како голем женкар, а по 2 години друга другарка се муваше со него. Ништо посебно, мислам, ниту една од нив не доживеа којзнае каква љубов со него, но на двете глупаво им беше, нормално.
    Јас еве лично, последен да е, не би направила ништо со бившиот на другарка ми, или на било која другарка од друштво. Макар и само да се мувала со него. Плус тоа, различни типови машки не привлекуваат, немаме опасност :)
    Што се однесува до нив, со моите бивши имаат зелена карта што сакаат да прават. Не сум била во ваква ситуација, но сигурно тоа ништо не би сменало во нашето другарство, иако не би ми било сеедно, но потоа се создава навика..Не е до толку вреден некој да ми го уништи пријателството, освен ако другарката немала некои задни намери.
    Инаку, сега сум во 3 и пол годишна врска и да би се скарала со дечкото, па потоа некоја моја другарка да се фати со него, е тогаш кожата ќе и ја одерам и ќе ја отфрлам од кругот на пријатели :devil:
     
    На Victorya му/ѝ се допаѓа ова.
  18. verica94

    verica94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    ako mnogu si go sakala i dolgo ste idele taa ne ti e drugarka :)
     
  19. badgirl12

    badgirl12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2010
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    15
    Ако не чувствувам ништо за него .. не ми пречи :)
     
  20. girlinlove

    girlinlove Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    10
    на мене така и така нема бас да ми биде сеедно
    али се на се го заборавам минатата тема и крај..