1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Другарките на дечкото

Дискусија во 'Врски' започната од Silver.E, 10 јули 2013.

  1. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Добарав ваква тема и не можев да најдам, ако има нека се заклучи.

    Ме интересира какви се другарките од дечко ви, дали ги имате прифатено, дали се сложувате со нив, дали ви се допаѓаат како личности.

    Мене конкретно ме мачи еден проблем, мојот дечко со кој одиме со години, има многу другарки, и кога оди на кафе со нив, секогаш некоја си носи другарка, колешка со неа, па така тој секогаш е опкружен со нови женски и мене тоа започнува да ми пречи.
    Тој вели да му верувам, дека со никоја не направил и нема да направи ништо, ама од сите мои другарки, само јас сум таа чиј дечко одвај излегува со другари, туку само е со другарки.
    Дали тој претерува или јас?
    Имам ли причина да се грижам?

    Инаку со неговите другарки имам одвај здраво, со нив не одам по кафиња, зошто не се мој тип, важат за попромискуитетни, и јас си имам мои другарки со кои ми е супер. А, неговите другарки не ме ни сакаат, па дури и со некои активности имаат пробано да ни ја расипат врската, но мојот мил шеталко никако не го гледа и сфаќа тоа.
     
  2. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    Другарките од дечкото

    ^^ Да бидам искрена, мене вакво нешто би ми пречело многу.
    Особено боде очи што другарките негови се такви какви што ги опишуваш а и пробале да ви расипат врска.
    Мене ми мириса дека тој не те почитува со тоа што одржува контакти со такви личности кои и мислеле лошо на вашата врска.
    Вие не сте мали, ако ти навистина имаш 25 години тогаш и тој би имал години слични на твоите.
    Ова не е нешто што се бара совет на форум туку е малку посериозно.
    Зошто тој има потреба да оди на кафе со другарки и тоа такви другарки кои плус си водат свои другарки. Разбирам некогаш да излезе со другарка на кафе, но ако му е само за другарката, ќе излезе со неа а не да седи и со други непознати девојки. Во тој случај, зошто не би те викнал и тебе, да пиете кафе сите заедно?
    Ако се сомневаш во таквите другарства, оди со него и ти, види како стојат работите.
    Ти најдобро можеш да го процениш. Па велиш неколку години одите, тоа не се малку, досега би требало да ги решите овие работи.
    Ова го зборувам од моја гледна точка, можеби ќе бидам и погрешно разбрана, но ги сакам работите чисти и искрени.
     
    На jovanovska94, Venera.13 и Silver.E им се допаѓа ова.
  3. Smaragdna

    Smaragdna Активен член

    Се зачлени на:
    4 јули 2013
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    20
    Другарките од дечкото

    Според мене ова е апсурдно,друго е една другарка да има а друго е ти како што викаш секој пат различни. Не ми се допаѓа воопшто,зашто не ми личи мене ова на сериозна врска.А и тие дотични чим пробувале да ви расипат очигледно и не му се толку другарки..Земи ти искачај секој ден со различен другар па да види он малце како ке му биде..Стварно незнам како си издржала неколку години со вакво темпо..И се согласувам со Абеја тотално. :)
     
    На Silver.E му/ѝ се допаѓа ова.
  4. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.400
    Допаѓања:
    5.849
    Другарките од дечкото

    да имаме сериозна врска и секој втор ден да е на кафе со другарка + со неа уште една..нема шанси. :punch: .ќе го наседнам ко мало дете пред мене како кога ги учат прави вака не прави онака- ќе разговараме за тоа дека ми пречи и дека може малку да се одалечи од нив доколку ме сака итн.
    навистина не сакам така... ќе ме иритира тоа ептен ;)
     
    На Silver.E му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Buterfly2576

    Buterfly2576 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2013
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    16
    Другарките на вашиот дечко.

    Епа девојки сакам да ве прашам за мислење и совет а и воедно да ми кажете ваши искуства.
    Имам дечко што многу го сакам и (имам зборено во друга тема за ова)он има неколку другарки со кои е многу близок.Мене ми е тоа многу тешко и лошо го поднесувам неможам да се воздржам да преќутам него само се караме.Он кога оди сам со нив на кафе ми вика он ништо лошо неправел ама мене ми е тоа несватиливо да иде сам со нив на кафе.И јас имам другари и пиев кафе со нив се додека не се фатив со него.После тоа се гледаме ама кога сме друштво не сами на кафе.И стварно незнам како да постапам што да направам,неможам ниту да се карам постојано ниту пак да му раскинам ради тоа.
     
  6. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.476
    Допаѓања:
    39.705
    Пол:
    Женски
    Другарките на вашиот дечко.

    Ако со нив се дружел пред тебе и немал ништо со нив нема ништо лошо.
    Инаку знам како ти е ама тоа е, вака само ќе се караш.
    Можеш само да му дадеш до знаење дека ти смета и дека ти тоа не го правиш.
    Друго незнам што да ти кажам.
     
  7. Buterfly2576

    Buterfly2576 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2013
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    16
    Другарките на вашиот дечко.

    Јас сум свесна и знам дека со ниту една од нив не би ме варал...не сум 100% сигурна ама 99% да.Ама на мене ми смета таа нивна близина тоа идење на кафе често слушање .Не е пријатно го запознаваш со мајка ти и татко ти и после му се јавуваат една по една и на сите им објаснува како поминал.Толкава близина помеѓу машко и женско е непријатна за таа што му е девојка
     
    На cinderella.red му/ѝ се допаѓа ова.
  8. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.477
    Другарките на вашиот дечко.

    Ако веќе му имаш потенцирано,а тој не презел ништо во врска со тоа,во ред.
    Практикувај и ти исто некое време.Оди на кафе со другари,па да видеме дали ќе му е сеедно. :)
     
    На Buterfly2576 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. nene88

    nene88 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2012
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    501
    Пол:
    Женски
    Јас на мм му ги украдов другарките. Сега си се мои :)
     
  10. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    Доколку тој се знае со нив долго време, уште пред вие да се запознаете не би требало да има простор за толкава паника. Сепак ти знаеш како стојат работите, во каков однос е тој со нив, но нема ништо лошо во тоа што тој пие кафе со тие другарки. Не гледам причина зошто да прекинеш контакт со луѓе со кои си била пред да имаш дечко, барем јас така гледам на работите, небитно дали се женски, машки или машко- женски пријателства...
     
  11. IvanovskaM

    IvanovskaM Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    245
    Јас сум била на местото на другарка на дечкото на друга девојка, и девојка на дечко што има другарки. Факт е дека они биле тука пред тебе и дека ти немаш право да се буниш за нивната блискост, нити пак тој треба да го смени начинот на кој тие си имаат некоја дргарска врска! Она што секој партнер, без разлика дали е машко или женско, треба да го направи е да ја запознае својата половина со другарите/другарките. Кажи му еднаш да излезете сите заедно на кафе и да се запознаете, апсолутно тоа нема да значи дека ти секогаш ќе искачаш со нив, туку ете чисто да се запознаете. Истото важи и за тебе, ако ти имаш другари со кои си поблиска, запознај го дечко ти со нив. Кога ќе видиш кои се што се, ќе ти биде полесно и ќе ти биде гајле дали е со нив или не. И само еден мал совет, она што повеќе му го вадиш низ нос, повеќе ќе има желба да го прави. Кога ќе ти каже нареден пат ќе идам со другарките на кафе, кажи му е па супер, убаво да си поминете ќе се чуеме кога ќе си дојдеш. Немој, а пак ќе идеш со нив, па што барате на кафе, зашто идете, бла бла бла... тоа само полошо ќе направи верувај. Биди девојката со која ќе му биде најубаво и со која ќе сака да поминува најмногу време, а не некоја што му се качува на глава заради други девојки, затоа што така тие ќе бидат оние со кои му е поубаво и нормално... почесто ќе излегува со нив, затоа што со нив се смее, се зеза, а со тебе се расправа.
     
  12. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.259
    Допаѓања:
    124.742
    Јас и дечко ми имаме исто друштво и воопшто не ми смета да излези сам со нив на кафе ако јас сум зафатена на пример на работа.Но кога тие не би биле заеднички другарки би ми сметало тоа постојано излегување без разлика дали има шанса да се случи нешто или не.Така да разговарај со него дека тие средби не би требало да бидат толку чести.
     
    На Dust и Buterfly2576 им се допаѓа ова.
  13. cavalli

    cavalli Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2016
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.612
    Пол:
    Женски
    Другарка му ем бифша ем најдобра другарка. Ненормално ми шета по нерви, а најлошо не дозволува лош збор за неа да се презборе !!:puke:
     
  14. lunchy

    lunchy Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2016
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    311
    Пол:
    Женски
    Не пoстoи мaшкo женскo другaрствo.Другo е дa имa пoзнaнички сo кoи ќе е нa здр aмa не и сo нив сaм дa oди нa кaфе.А aкo ми знaчиш ќе те рaзбере и немa дa oди сo нив тaкa ќе ти дoкaже декa ти си му пoбитнa oд нив :)
     
    На cavalli му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Ciel

    Ciel Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2019
    Пораки:
    383
    Допаѓања:
    2.128
    Пол:
    Женски
    Би ги задавила сите од прва до последна :rofl::lol:
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Liu

    Liu Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2016
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    2.498
    Пол:
    Женски
    Коректен однос, сам инсистираше да ги запознаам за да нема забуни во иднина, понекогаш и одиме заедно со нив на кафе. Тие му се колешки од факс. Сам со нив не излегува, секогаш во мешано друштво заедно со колегите. Нема простор да се замарам на таа тема . :)