Другарки со девојката на вашиот бивши

Дискусија во 'Врски' започната од Lady-Mistique, 4 декември 2009.

  1. Lady-Mistique

    Lady-Mistique Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    А што ако тој, токму истиот тој кој пред извесно време ве обсипуваше со нежности, по вашето прекинување заврши во прегратките на ваша другарка!? :x И уште полошо, таа знае дека вие сеуште патите по него... :x :x И секако, може ќе и простите, може не... :?: Но, не ви доаѓа да и лупнете врата пред нос, да и врзете некој шамар, да и ставите малце разум што воопшто се осудила да посегне по него, а знаела дека вашите сметки уште не се расчистени?! :evil: Их, долго време ги вртев тие филмови, ја давев во мисли, влакно не и остана на глава... и уште погрдо беше кога таа триумфално ќе пројдеше со зајадлива насмевка... Но, до ден денес немам прозборено ни збор со нејзе... молеше да ја сватам, ме тормозеше со пораки и маилови... но остана без ниту еден мој збор.. ја затворив вратата за нејзе во мојов живот... И од нервози и срамови што не ја прочитав на време, си дозволив да се напуштам себеси, да заборавам да уживам во она што значи да се биде јас... :( ... Но, мина време, и нему му простив и не го гледам со горчина, но нејзе не можам да и простам... сега ја гледам само со сожалување... тоа патетично суштештво никогаш нема да научи што е другарство... Сепак, од ова полека излегувам, но килограмите никако да ги намалам... Може и за тоа ќе треба време...
     
  2. malecka15

    malecka15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    112
    не никако
     
  3. kristin4e

    kristin4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    111
    Зарем е важно со која е,кога веќе не е со мене? :|
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Bamboolina

    Bamboolina Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    10
    Eej mnogu loso...ko prvo bi ja snaslo nesto sto ne bi posakuvala,zboruvam za DRUGARKATA(HAh) NE za toa so otisla so nego...Tuku za toa sto me lazela celo vreme deka mi e drugarka zosto prava drugarka toa ne bi go napravila...za nego vishe manje.. Za lazenje se naplaka :P...
     
  5. Barbie-mwa

    Barbie-mwa Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    511
    Пол:
    Женски
    И јас имав ваква другарка. Пред тебе лице, се разделам јас од него ОП она му ѕвони на мобилниот. Пред тоа неразделни бевме 24 часа заедно уште да си спиевме заедно. Знаев кај била, со кого, кој и пишал порака, ма се. Бевме и школски. И ајде еднаш на неа и стигнува порака ми вика неможе да ја прочиташ - ДОБРО. И ѕвони телефон - она трча до веце. Дечко ми ме вика на кафе - ми вели нека дојде и другаркати а таа цинично ми се смее в лице. На роденден кај него дома, ајде пак нека дојде и она. Па ок нема проблем ајде. И потоа веќе претера. На нејзе беше целото внимание а таа како да уживаше. Доаќаше кај мене и ми кажуваше дека нема ништо помеѓу нив, и згора на тоа ме тераше да и раскажувам кај сум била со него, што сум правела, и колку убаво ми било. А мене ми беше секој миг со него преубав. И јас станав љубоморна. Повеќе зборуваше со неа на телефон и и пишуваше смс од што со мене. И двајцата тврдеа дека нема ништо, а јас слепа верував. Ја сметав за НАЈДОБРА другарка. Си велев не не мене ми се присторува. Додека еден ден не ми кажа самиот дека излегува со неа. Мене како да ми помина стрела низ срцево. Јас со НЕА - КРАЈ! Прекинав секаква можна комуникација. И сеуште не зборам со неа. Со такви лицомерки мало морген. Си ја научив лекцијата иако и ден денес неможам него да го преболам. Немаше толку да ми биде криво да отидеше со друга а не со неа. Сум ја сметала за сестра. Полека и јас се обидувам да го заборавам ова, но ми тежнее во срце.

    :(
     
  6. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    1.733
    па не беше до толку ама типчето со кое бев до пред 2 дена заедно, сака врска(ако не било со мене со некоја моја другарка на ф.б., а ми кажува дека ме сака) која иронија,и ми ја спомна мојата најдобра другарка која е , што е , и му кажав да не се меша а и на неа и пишав дека ме прашуваше за неа, и и пратил покана за пријател но за срека таа го одбила,

    да прифатела таа да биде со него ке беше крај на нашето другарство-а тој ја запозна како моја најдобра другарка како сестра ми е
     
  7. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.785
    Допаѓања:
    6.835
    Вашата пријателка со вашиот бивши

    Насловот кажува се ..
    колку ја оправдувате ваквата ситуација и дали мислите дека е во ред?
    дали сте се нашле во нешто слично ?
    и дали и вие би го направиле ова ?

    Споделете некое искуство ;) ;)
     
  8. AnGel.fire

    AnGel.fire Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    533
    Допаѓања:
    221
    Вашата пријателка со вашиот бивши

    Не сум се нашла во слична ситуација, не би го направила и не го оправдувам. Во никој случај не е во ред.
    Мене да ми се случи вакво нешто (ако ми е блиска пријателка и уште полошо ако бившиот сум го сакала) дефинитивно ке ја отпишам од мојот живот! Нема д апостои веке за мене.
    Глипаво и безсмислено е! Ти нејзе се си и кажувала, сите работи поврзани со него, ги видела сите солзи (ако ги имало) заради него и што уште не и после ја гледаш дека позади грб, без ти да знаеш она е во врска со него :fubar: Шокови! Никогаш не би и простила да ми се случи мене нешто такво! :!:
     
  9. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.785
    Допаѓања:
    6.835
    Вашата пријателка со вашиот бивши

    Не сум се нашла во таква ситуација и искрено премногу се плашам да не ми дојди и мене редот за тоа на 2-3 мои другарки му се има случено и можам да кажам дека беа во шок
    секогаш внимавам да бидам со машко за кое знам дека не би му се пуштал после мене на никоја моја другарка
    а ако е за некој што не ми значел и само сум се мувала 2-3 пати нема да ме боли воопшто ама ке ми биде мнг мнг незгоднооо
     
  10. natyJJ

    natyJJ Активен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Feminki mozebi ne e najsoodvetna tema za da pisam za mojot problem, no ke ve zamolam za sovet.. ima edno momce so koe se zapoznavme pred eden mesec, i se muvavme, no na kraj ispadna deka i e bivshi na drugarka od mojata sestra..za toa jas ne znaev, bidejki nikogas ne go imav videno deteto, i koga toj me prasa kako se prezivam, bidejki sum mu bila poznata od nekade se izleze na videlina i jas premnogu se iznervirav sto duri i mu se razvikav sto ne kazal uste na pocetokot ako me poznal..no ete se sluci toa i jas mu rekov deka nema sto da pravime povejke zaedno, bidejki pocuvstvuvav vo toj moment griza na sovest, no od druga strana koga ke razmislam si velam ne treba tolku da se zagrizuvam bidejki jas sepak ne ni znaev koj e voopsto i se bese nedorazbiranje..no sega vo posledno vreme toj pocesto me bara,mi zvoni, chetuvame na fb i e uporen dosta, odnosno postojano vtri nekoj muabeti kako toa da me guskal, itn]... a jas ne ostanuvam ramnogusna bidejki dodeka bev so nego se cuvstvuvav mnogu ubavo..sto mislite dali gresam sto kontaktiram so nego, dali bi vredelo da prodolzam i ako ispadni nesto da se boram..
    [mod-kirilica:1l84e1dc][/mod-kirilica:1l84e1dc]
     
  11. vec

    vec Активен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2012
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    5
    Ти ако цел живот пазиш да не одиш со овој со оној, па бил дечко на комшиката, бил дечко сестра ми на нејзина другарка не е важно. Ако на нив не им успеало може тебе ке ти успее среќно :*
     
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.176
    Допаѓања:
    16.572
    Пол:
    Женски
    Хмм голема работа. Ако ни' одговара друштвото и муабетот големата ми ти работа што оди со бившиот. Колку и да ме боли, колку и да сум го сакала тој некој, никогаш не сум си дозволила да се испонашам како да имам авторски права над човекот. Премногу би барала.
    Ова го зборам затоа што до пред некоја година всушност и си се дружев со една што оди со мој бивши. И тоа ми значеше, не дека беше некој за тепање време. Дознав за тоа отпосле и сосем случајно. Велам дружеВ затоа што сега веќе и двајцата се заминати во потрага по подобро утре во странство и виртуелно чат пат си комуницирам со неа. У цела таа наша комуникација не станал директна тема на муабет, сем она пролазно у стил „ќе ме чека Х треба да одиме ваму и ваму“. Што да кажам...и покрај сите негови маани, го бивало секогаш да избере девојка, имаше вкус детето. 8) :lol:
    Сме биле заедно, сме раскинале, сме продолжиле и двајцата со животот. Што ми е па новата девојка мене крива? Ако се слагаме, зашто да не се дружиме? Не е ова харемот па Хурем и Махидевран ќе изиграваме. Кога сопруги можат цивилизирано да се однесуваат, па дури и опуштено комуницираат со бившите сопруги на нивните мажи (не зборам на памет :!: ) што останува за девојките?

    Нема ваљда за него нон стоп да збориме ако одиме на кафе. И онака, јас избегнувам дружба со жени кои не знаат за друго освен за дечковците да направат муабет, без разлика дали тие се мои или бивши на некои други.

    Ај сеа беџови да им закачуваме на сите бивши: „во овој се затрескав, ако си другарка немој случајно да се фатите“, „овој ми ветуваше брда и долини, која другарка го фати, ја чека Голи Оток“ и сл. Не ми е логично.

    Mи текна на уште еден случај иако не е поврзан со бивш дечко.
    Средно школо. Оваа e другарка со која ден денес се дружам. Ист типац ни' се засвиѓа. Јас си бев посрамежлив тип, дружењето со неа баш и придонесе за мојата самодоверба, да се опуштам малку. Мене од поодамна ми се свиѓаше и тоа таа го знаеше. И? Сеа помина цела година без да пуштам некој знак и нормално таа си почна да дава сигнали и после се фатија. Да не требаше да и' се налутам? Требаше мене да ме чека 100 години дури се отсрамам па некоја друга да си го фати? Штом немам храброст, нека си се посреќи некој кој има.
     
  13. Emily Dora

    Emily Dora Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    140
    Пол:
    Женски
    девојкии никогаш не се спријателувајте со девојката на бившиот дечко на вашата најдобра другарка.во случај ако нештоо и значи сеуште,го имам тоа доживеано и мн е болна искрено се чуствував предадено како светов на глава да ми се сруши