Многу паметен тој твојот дечко!Одбери или јас или тие! Па еве ако раскинеш со него тогаш што ќе правиш?Колку толку тие се твои другарки8 и кога тогаш нормално дека ќе си се гледаш со нив и затоа не ти треба дозвола од него ама баш ич! Тоа е исто како ти да му речеш него јас немам добро мсилење за твоите другари одбери меѓу мене или нив!Или пак тој воопшто и нема другари?Какво е ова однесување...тој нека си го каже мсилењето за нив,но нема потреба да оди од крајност до крајност и да ти поставува услови.А ти не знаеш да писнеш малку или ќе ги почитуваш неговите наредби?!
Друштво VS Дечко.... хахахах.. no comment.. Епа вака, кај мене ситуацијата е следна.. - Имав 2 најверни другарки шо се дружевме 2 години.. бевме буквално 24/7 заедно ии СЕКОЈ ден се слушавме на телефон по 15 пати.. Се фатив со братучед на едната од нив две, почнаа да љубоморат дека имам совршена врска која ми трае со месеци и правеа се за да не разделат.. Јас го сконтав ова и се испорасправав со нив заради тоа што им е проблемот зашо 24/7 бев со нив секој ден, еднаш во неделата се случувало да не се видиме... И сега.. сега сеуште сум со дечкото а они две нека кршат глава!
ах...има тој другари..мешутоа него му смета нивното однесување..некогаш слушнал такви грди зборови и навредливи и за мене покрај нив..и сега мисли дека тие лоши. ги вика..ку*ви...и не ми дозовлува ни кафе д апијам со нив..раскинав со него..моментално сум сама нити со него нити со друштвото ..размислувам како да ги имам и двете ..
Хмм никогаш не сум дошла во ситуација да бирам.. Имаме разбирање во друштво и никој не се лути. Ниту јас на другарките кога излагаат со дечковците, ниту тие мене.. Имаме и лејдис најт често, а и често искачаме сите на куп.. сосе дечковци.. Преку ден, кафе - муабет само за женски ми е најомилена работа.. Навечер се знае.. Мазење со дечко.. Што би рекол претседателот ни наш .. се е КомпОмис
jas imam problem so toa, bidejki mojot decko e mn ljubomoren i mora pred 1 nedela da pocnam da go ubedvam za da izlezam so drugarkite . . .
Ееее и јас го имав тој проблем првата година од нашата врска!Фала богу сега е по опуштено,ваљда дека стекнал повеќе доверба во мене
Ве читам од пред неколку дена,па јас решив најубаво совети да барам од вас... со дечко ми сум 2 години без прекини и моја грешка е што на една другарка (блиска,се дружиме веќе 5 години)сум и ги кажувала и најубавите и најлошите моменти од врската.со други зборови,знае речиси се што се случува.во последно време почна да ми смета што цела врска на тацна сум и ја ставила,зашто си зема и за право да се меша.често кога сум кај дечко ми,ако е и некој другар кај него,ќе ја викнам да дојде(блиску живее) и еднаш кога отидов кај него,бевме сами не и се јавив.утредента ми вика,а па јас бев сигурна дека ќе ме викнете.да не спомнувам кога еднаш,знаеше дека се немав една недела видено со него и седеше сама со нас од 9 вечерта до 2 сабајле и со нас гледаше филм. она е сама,нема дечко и многу често кога сме излезени сами и нормално,кога ми раскажува како си поминала,со кој се запознала и слично,ми зборува со надмен тон,како мислиш светот ми го открива со тоа што била искочена претходната вечер во диско и се запознавала,а јас сум била со дечкото. таквата нејзина супериорност која не и е оправдана ужасно почнува да ми смета,иако е навистина другарка во која можам да имам потполна доверба.па,кажете девојки како да се однесувам јас за воопшто да не и оставам ниту простор така да ми се поставува,а притоа и да не си го нарушам другарството
Па убаво ќе и кажеш дека вие двајца си имате потреба и да бидете сами.А и таа треба сама да има осет.И јас сум била без дечко другите со дечко и сум гледала да не им додевам,да си имаат приватност.Ако друг пат ти рече зошто не ме викнавте убаво ќе и кажеш сакавме да си бидиме сами.Нема што да се плашиш.Неа треба да и биде незгодно не тебе!
Јас имав еден таков оток во врската. На дечко ми братучед му се влечеше по нас каде и да одиме. И да излегувавме идеше со нас, или ќе отидам кај дечко ми тој веќе стигнал пред мене... Секојдневно така 2 месеци од кога почнавме врска . Мене почна да ми смета, затоа што ако се одеше некаде, се одеше по негова иницијатива, затоа што него му се одело таму. Се осеќав како јас да не се слушав во врската или да биде уште полошо дека и братучед му е дел од нашата врска. И еден ден ми скисна од тоа негово однесување и немање осет. Се договоривме со дечко ми да дојдам кај него и да не излегуваме затоа што беше многу ладно. Не поминаа 15 минути еве го дечко ми ми пишува спремај се ќе излегуваме на братучед ми му се одело во диско И тогаш му реков, извини ама мене ова веќе почна страшно да ми смета, реши си го проблемот на што личи ова? Јас ако сакав да бидам со братучед ти со него ќе бев, плус јас не одам со тебе туку одам со тебе и со братучед ти. Тој е дел од нашата врска! Уште фали кога ќе си имаме односи да дојде и да свети Јас и ти ако се земеме во иднина и братучед ти ли ќе се земе со нас? И така, тогаш му реков на дечко ми дека последен пат излегувам со него и братучед му плус. Друг пат како знае да си го решава проблемот, ама јас повеќе нема да трпам такви испади. Сега е веќе се во ред, се гледаме и со него и ќе дојде и ќе отидеме кај него, ама се во границите на нормалата.
Од мене дечко ми никогаш не е побарал да бирам, но другарките со текот на времето како да не им се допаѓаше што им е убаво и почнаа да ме избегнуваат, да не ме викаат за излегување и сл. работи. Јас секогаш се жртвував за нив и на почетокот на врската, излегував со нив, се обидував да им погодам. Но сфатив дека не сакам да го изгубам дечко ми со кој сме суште заедно, бидејќи навистина е злато и секогаш најубаво се однесуваше со мене. Зарем јас кога за прв пат ја пронајдов љубовта на мојот живот да ја оставам и тоа се само заради моите другарки кои бараа постојано да сум со нив. Не! Го одбрав дечко ми. Ако некој ти е вистински пријател нема да ти префрла за оние моменти кои ти се тебе најубави и те прават најсреќна, така сфатив јас. На дечко ми другарите никогаш не му рекоа нешто против мене. Секогаш му викаа ако му е нему убаво и е среќен да не се замара и да си гледа и со девојката да биде. Не можев да сфатам како ме ставија во ваква ситуација оние за кој цело време се трудев да им погодам, но сфатив дека можеби и не било вистинско пријателство. И сега ми е супер, во ниеден момент не се чувствувам виновна што не се дружиме. Тие требаше да разберат дека од 7дена барем 3 ке одвојам за него. Еве и ден денес сме заедно и ми е од ден на ден поубаво. Никогаж не се покајав за мојата одлука. Си имам неколку пријателки со кои можам да излезам на кафе и тоа е тоа. Сепак ДЕЧКО МИ МИ Е НА ПРВО МЕСТО
Не сум се наоѓала во ситуација да бирам. Дечко ми не е љубоморен, не сум ни јас. Имаме некоја слобода во врската. Имав повеќе другарки, НО тие што ми биле вистински, ми останаа, знаат дека секогаш можам да најдам време за се, и за со нив и за со дечко ми, за разлика од некои кои... ете не сватиле ИЗГОВОР: незнам кога да те побарам, секогаш си со него. Па јас не сум врзана за него... Но, сега барем знам со која другарка на што сум, и поубаво ми е вака
Од првиот ден кога започна нашата врска јас многу повеќе се посветив на него а ги запоставив другарките ! Сметам дека не сум во право, треба повеќе време да наоѓам и за нив... Ако подобро подразмислам сфаќам дека и другарките мои не се нешто поарно од мене, и тие повеќе гледаат да си го минуваат времето со дечкото...така да речиси сите на прво место си ги ставаме дечковците а потоа другарките! Мислам дека скоро во секоја сериозна врска е така...предноста се дава на партнерот а потоа на дугарите или другарките! А не треба да биде така бидејќи токму од тоа запоставување на другарките се јавува осаменост кога ќе си останеме без дечко! Малце е незгодно цело време додека си со партнерот да ги одбегнуваш другарките а откако ќе раскинеш со љубениот пак ги бараш !
Одговорот на ова прашање се менува со годините Нормално дека во тинејџерските години другарките ти се поважни, си викате дека поради дечко нема да се скарате никогаш, дека другарството секогаш ќе биде на прво место. Арно ама времето поминува и сфаќаш дека со него ти е местото и тој(нели вистинскиот де)ќе остане со тебе, додека друштвото ќе се менува. И нормално тој избива на прво место.
Не сум се нашла до сега во ваква ситуација,а се надевам дека нема ни да се најдам. Другарки ко другарки се секогаш со тебе,и во добро и во лошо,додека дечкото може да биде тука во одреден период,но како и да е и дечко си бара посебно внимание,затоа мислам дека е крајно бесмислено да се бира помеѓу друштво и дечко,треба однапред да се испланираат таквите работи,за да не се дојде до тоа.
Па вака....на прво место сум си јас се трудам да направам баланс колку што можам,секогаш имам време и да се видам со дечкото и со другарките,и да излезам со него и со нив,па понекогаш кога ќе се погоди повеќе луѓе сите заедно или седнуваме на кафе,или излегуваме....мислам дека би требало да се направи баланс затоа што другарките се другарки,дечкото си е дечко,и двете се различен начин на љубов и почит-нормално доколку заслужуваат,мислам дека е глупо ради дечкото да ги запоставиш другите луѓе околу тебе,затоа што и другарките ми се блиски,и он ми е премногу близок и другар и се...и кога ќе се направи споредба за кој може да те заебе може и тие и тој...се се очекува во денешно време...мора барем трошка резерва
Кога би бирала во моментов би го одбрала дечко ми, иако во минатото сум правела баланс. ДЕчкото и другарките секогаш заедно, но си фатија и тие дечковци и се одвоивме. Речиси секогаш другарките ми забиле нож во грб, а дечковците биле тука за мене, се разбира тие што вределе. Сега имам 3,4 другарки , 2 имаат дечковци и не се двојат од нив, се гледаме на дневно кафе, во парови никако. Другите две другарки се слободни и кога и да излезам со нив тие се муваат и не им е грижа јас дали има со кого да стојам или да се вратам дома. Ама се лутат ако ен излезам со нив сум ги оставала ради дечко ми, не , ги оставам ради мене. Затоа со другарки кафе и театар, со дечко ми се . Сфатив дека колку и да ти е добра другарката не можеш да и кажеш се. Пред некој ден одиме со многу добра другарка и дечко ми и таа почна да зборува за нашата врска, што не и е работа. Затоа дечко ми ми е најдобар другар, тој ми е се.
Искрено после се што ми се има случено сега би го бирала дечкото ради тоа друштво го изгубив тој што најмногу си го сакав . Моите најдобри другарки ми вртеа муабети дека ме вара, дека не му сум важна, дека не ме заслужува и на крај од како раскинавме да дознаам дека на една од нив му се свиѓал дечкоми... Значи свашта.... Досеа другарките ме имаат разочарано милион пати додека пак дечкоми ни еднаш затоа јас бирам дечко
И двете работи ми се на прво место. Не сакам да се оддалечувам ниту од дечкото ниту од другарките. Секогаш наоѓам време со сите да поминам подеднакво време.
Абе каков дечко на прво место, некој што може во секој момент да те заебе, или да те остави, или да ти се скара да го ставам на прво место? Не! За другарките што ги имам сигурна сум дека секогаш ке бидат тука за мене и секогаш ке можам да сметам на нив како што е и сега. Тие се секогаш тука(барем за мене) и сум сигурна дека ако јас нешто не им згрешам никогаш нема да ме остават. А дечковци доаѓаат, се задржуваат некој период и си одат-пролазни патници. Е тоа се се додека не го најдеш...како да кажам...„вистинскиот“. Ама проблемот е тоа што никогаш...(ај ке кажам 99% да не биде никогаш) не може да си сигурна дали е тој тој. Како што вели една моја другарка - луѓето се како сијалици-денес светат утре не светат! Па сфатете го ова како сакате.
ubava tema ste odbrale,no jas licno mislam deka treba da se napravi balans.sepak ne moze deckoto da bide na mestoto od drugarkata a i drugarkata ne moze da e na mestoto od deckoto.ne mozes da razgovaras na isti temi.iskreno jas imav vakov problem i ubavo mu objasniv na deckoto deka drugarkite se sekogas tuka da te islusaat za bilo kakvi temi naveke za onie za koi ne mozes so nego da razgovaras,a takvi ima mnogu.sto i da se sluci vistinskata drugarka(kakva sto ja imam)ke bidi tuka da me islusa i da mi dade sovet,da me nasmee koga treba ili pak zaedno da se isplaceme.a pak od dr strana deckoto e promenliva rabota,pa i da e seriozna vrska i taa moze da ima kraj.