1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Друштво VS Дечко

Дискусија во 'Врски' започната од ludacaa, 4 јули 2010.

  1. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Зависно од самиот карактер, тоа ќе го избереш. Кога сме уште мали и зелени ни важи она мото friends are forever boys are whatever, а во себе повеќето пиштиме и го ставаме пак тој на прво место. :) Кога веќе ќе се созрее и се стапува во брак или во сериозна врска, многу е нормално да е тој избраникот. :)
     
  2. marysol

    marysol Активен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    другарки или дечко

    дали ви се случило да одржувате баланс помеѓу дечко и другарки ? нели тоа некогаш е тешко , особено во оние моменти кога еве на пример другарките ти префрлуваат зошто двата дена од викендот си со него или секој ден или слично а ти се трудиш да се зближиш со својот партнер...како да направам другарките да не ми префрлуваат за тоа што сакам да сум повеќе време со дечкото..????
    :worried:
     
  3. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    другарки или дечко

    Твоите другарки имаат дечковци или се сингл?
    Ако се сингл се ми е јасно... |(
     
  4. Anabelle

    Anabelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    458
    другарки или дечко

    Денски по некое кафе со другарките, вечерниот период со љубениот, или обратно, така секогаш сум балансирала и никогаш не сум имала проблеми, иако поголемиот дел од другарките ми се слободни. А и плус добро го запознаа мојов уште на почетокот на врската, па сега веќе не им е некој странец па и заедно излагаме, или ќе седнеме на кафиња, па муабети ова-она.

    Објасни им како стои ситуацијата најискрено, би требало да те разберат. Распореди си го времето убаво, па ќе имаш време и за другарките и за дечкото, и за да ги запознаеш и да си поминеш квалитетно време со нив и него заедно :)
     
    На Hellen му/ѝ се допаѓа ова.
  5. didisi

    didisi Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    1.969
    Допаѓања:
    3.680
    другарки или дечко

    Od moe iskustvo izberete si decko, znam deka malce e cudno ama od drugarki ne sum videla nekoj air. Porano i jas go imav toj problem so drugarki i na kraj izleze deka se sebicni i netolerantni a i ljubomorni.
     
  6. karmenka

    karmenka Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    62
    другарки или дечко

    Се согласувам со Snow-Queen, ако се сингл... не се надевај дека ќе те разберат (барем во мојот случај беше вака). И Anabelle над мене ти даде добар совет, прави некои комбинации, барем преку ден со нив, кафе ау,а навечер со момчето.
    А мој совет ти е, ако ти е стварно убаво со дечкото и мислиш дека вреди, да си тераш понатаму, овие први месеци ви се најубави, а другарките ќе се најдат во твојата ситуација, порано или покасно :D
     
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.671
    Пол:
    Женски
    Секогаш сум се трудела да направам некаква си рамнотежа и иако ми е многу тешко, сепак успевам да балансирам до некаде.
    Убаво си вели поговорката - на све столчиња не се седи, и е толку проклето реална, ма it hurts. :D
    И според мене немаат врска муабетите од типот - друштвото ми е поважно, затоа што било тука и пред дечкото, дечкото може да ме остави во секој момент, а друштвото ќе биде тука.
    You don't say? :?:
    Кој ќе ти каже дали друштвото, или дел од него - небитно, некој ден нема да ти сврти грб или да ти забоде нож у грб? Исто е, веројатноста е иста, а оној кој сака и е спремен пред сѐ, сметам дека може да направи некаков баланс помеѓу двете страни за да не дојде до ефектот дека една од страните се чувствува запоставена.
    Нормално дека не секогаш може да се постигне и со двете страни рамномерно, ама и самото друштво па дури и дечкото треба да има разбирање; a да се мрмори, или не дај боже да се влегува во улога на изигравање жртва врз основа на запоставеноста - тоа страшно ми ги тенчи нервите, а и глупаво е. Најискрено.
     
  8. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    овој пат се обидов да избалансирам мегу момчето и другаките-и добро ми одеше(само што типот не го заслужуваше моето внимание и се по ред и редослед, ама тоа е друга приказна)
    во мегу време , се здруживме и тие што заедно одиме на медитација, а запознав и едно друго девојче-малку од овде, малку од онде :D

    не сум јас девојче на која што партнерот и е се, и се врзува само за него и ги заборава сите додека е со него-додека едната од другарките го практикува тоа-и во подолга врска е од мојава, ама еве да речеме тие двајца да се разделат, што ке прави таа навистина не знам-жал ми е за неа, искрено :worried:
     
  9. Winterborn77

    Winterborn77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2011
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    195
    Пол:
    Женски
  10. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски

    Дефинитивно.
    Како и да е еден ден нема со другарките да се мажиш туку со дечкото. Не викам без ич така две-три доволни се. Од повеќе не ја бидува работата.
     
    На Winterborn77 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Ја прочитав цела тема, секоа мислење, и се вратив на првото прашање,
    Хм, и се замислив искрено да ви кажам.
    Кога ја отвоорив темава, одма на ум ми дојде прашањето, а зашто да се биде мора да бираш помеѓу едното или другото, глупаво е да се лишиш од пријателство заради љубов,или обратно.
    Сите не моменти сме се почувстувале запоставени од пријател заради љубов но и ние сме запоставиле заради љубов, незнам барем мене ми се има случено.
    И баш моментално се осеќам така па и темава ми дојде како џек пот.
    Абре лесно е да кажам и да ја обвинувам дека де факто не запостави, мене и останатите, ама изгледа заборавам дека и јас сум го направила тоа, барем еднаш, на кратко.
    Лесно е да се обвини,кога не ти е тебе пробелмот во кожа, моментално.
    Веројатно вината треба а се бара во самата потреба да се зближиш со љубовта, па помалку изгледа дека ги запостауваш останатите.
    Се е у ред, додека не се отуѓите целосно, да немате за што да правите муабет.
    Е тука веќе станува серизно.
    Но секое нешто е составено од повеќе делови, така у пријателството.
    Ако не сакаш да го изгубиш, нема да дозволиш, па макар и работите да се отидени предалеку.
    Со инат и со сарастични коментари, обвинувања,кавги се достигнува само спотивниот ефект, целосно отуѓување, и туркање на пријателството во бездната на пропаста.
    И со тоа и на сите спомени, сите работи кои сте ги направиле еден за друг се заменуваа со само една голема и глупава омрза, заради едно недоразбирање.
    И сега како одговор на поставењето прашање, немасакам да бирам и да преферирам никого.
    Ќе се соберете сите заедно, барем еднаш во месецот, барем еднаш у неделата ќе најдеш час време и за пријателствоо и за љубовта.
    Абре, свртете ја како сакате работата, пак испаѓа дека се работи за иста работа, љубов кон пријател и љубов кон дечко/девојка.
    И со едниот и другиот си делел се, и барем на нeкој начин твоја сродна душа.
    Јас заминувам да си ја исправам грешката, зашто сепак еден е животот и не вреди да губиш ништо повеќе заради инат и суета.
     
    На creshicka и LilBaby им се допаѓа ова.
  12. marija.directioner

    marija.directioner Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2012
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    24
    Дечко. Немам вистински пријателки. Дечкото искрено ме сака, и мислам дека засекогаш ќе биде со мене, а другарките ништо ми немаат помогнато во животот. Нив им е важно само излегување, шопинг, озборуваат и... |(
     
  13. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    друштвото
    па дечкото
    Ако ти раскине кој ке те теши сигурно не тој туку друштвото..кој е тука за совет..кој е бил тука пред него...
     
  14. The.Pink.Angel

    The.Pink.Angel Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    497
    Допаѓања:
    132
    Јас си го избрав дечкото имав другарки кои ми се прават нај добри др а оствари излегоа лажни повеке тие ме повредуваа отколку било кој многу ме повредуваа сакаа да командат со мојот живот е нема вее така и јас се освестив тие мене ке ми наредуват со кој да бидам а со кој не еве со дечко ми сум веке 1 год а тие за него велеа дека не е за мене бла бла бла и еве срекна сум и без нив а немам другарки навистина сакам да имам ама подобро да бидам без другарки отколку со некои лицемерни кучки !! веќе ја совладив лекцијата во другарки верување НЕ! а и нема да паѓам веке неикогаш под нечие влиание леле кога ке ми текне колку сум била наивна и глупа ама фала богу и мене ми се отвориа очите и го видов светот онаков каков што е !! :!: :devil:
     
  15. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.364
    Допаѓања:
    2.470
    Пол:
    Женски
    најдобро е да се воспостави биланс, и дечкото да се согласува со другарките и обратно..
    Пример, моите другарки се многу флексибилни и комуникативни и досега барем се согласувале со дечкото и обратно.. но сепак секогаш другарките ми се на прво место ..пошто се повеќе од вистински (барем кога станува збор за моите) :rofl:
     
  16. ivance5

    ivance5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    196
    И друштво и дечко! Имам балансирано кога излегувам со него, кога со нив. Ако станува збор за групна собиранка, на едно место сме сите. Имам големо друштво со кое дечко ми стои супер. Никогаш не ми се случило да треба да бирам меѓу нив и него. Ако ми се случи, ќе зависи од понудите
     
  17. vlubena

    vlubena Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    627
    Па зависи од тоа каква е врската. Кога немав сериозна врска нормално дека другарките беа на прво место, но отпосле кога си се фативме со сегашниов дечко и имаме сериозна врска другарките не се покажаја баш нај нај :worried: се покажаја многу себични, па поради тоа сега на прво место ми е дечко ми :$ бидеќи знам дека ме сака и знам дека би направил се за мене, а секако до него го ставам и моето семејство :) како вика поговоркана крвта не е вода.
     
  18. MaCa-Swiss

    MaCa-Swiss Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2013
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    961
    Ако покрај себе имаш дечко кој нема да те остави, кој те цени, кој те поддржува сигурно дека тој ќе е на прво место.. Кога-тогаш друштвото ќе те зезне :!:
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  19. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.538
    Допаѓања:
    7.834
    Пол:
    Женски
    Хух темава ми е најболна, ја читам и се согласувам со повеќето ама да ја прочитав пред 4 години раскољ ке направев во темава :D

    Прво фала што дечко ми ми ги отвори очите, додуше му требаше многу ама успеа. Пред него имав неколку врски онака, и секогаш ми било друштвото на прво место. Кога заидов со сегашниов нон стоп ми се бунеше за друштвото, едноставно не му се свиѓаа ( да спомнам во тоа друштво три му се братучедки ), се осеќав многу глупаво како да сум во ситуација да бирам меѓу него и друштвото.

    Сабота посебно, ти се јавуваат другарките те викаат за излагање, те вика он, и ти се наоѓаш во ситуација што и да одбереш некој ке се налути ( пошто не постоеше теоретска шанса да се спои моето друштво со тоа на дечко ми баш од таа причина што во мое друштво има негови братучедки, у смисла не можат да се глупираат се пазат од него :^) )
    Се влечевме така година ипол додека не скопчав некои работи, и еве сега сум повеќе со него и негово друштво иако не се нешто зборливи а со другаркиве единствено на кафе преку ден, или они ке дојдат јас кај нив и така.

    Така да ако ме прашувате сега, си го бирам него, ама пред неколку год сигурно немаше овој одговор да го дадам, така да се зависи кои ти се другарки и каков човек за дечко имаш до тебе :)
     
    На Edie.S му/ѝ се допаѓа ова.
  20. xoxo..gossip-girl

    xoxo..gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    642
    Друштво

    -љубов
    -разбирање
    -те брани пред другите
    -со тебе во тешки моменти
    -спремни за милиони прашања
    -ме прифаќаат таква каква што сум

    Дечко
    -те сака најмногу на цел свет
    -се грижи за тебе
    -те брани пред другите
    -исто е како другар но со привилегии
    -те теши и те чува само за себе
    -те прифаќа онаква каква што си

    Според мене и двете нешта се важни во животот на една девојка , покрај семејството :) Нема тука поважно поневажно. ;)
     
    На crazylady, Femina777 и rak4estip им се допаѓа ова.