Разгледав низ темава и очигледно не сум единствена со овој став. Значи вака. Според она кое јас сум го искусила во животов, многу поискрена љубов и посветеност сум добила во врски отколку во другарства. Иако звучи чудно, според мене, на денешново време е многу полесно да се најде искрена љубов отколку искрено пријателство. Друштво лесно се наоѓа. Доволно е да додадете уште една активност на списокот, запишете се на курс по некој танц/спорт и ете ти друштво. Имам една другарка со која се знам и дружам повеќе години и навистина ЕДНАШ ме нема разочарано. Ама вистинска другарка е и таква се покажа и кога се омажив. Bистинска другарка и друштво кое е незаменливо и вреди да го имаш никогаш нема да те тера да избереш меѓу нив и дечкото.
Никогаш не сум избирала, ниту ми рекле да бирам... Наоѓам време и за другарки и за дечко... иако на почетокот 1 ипол година не бев излегувала со дечко ми поради другарките бидејќи само јас и уште една имавме дечковци а другите 2 немаа, и секогаш кога излегувавме сакаа женско друштво и така после кога си фатиа дечковци цело време со нив. Затоа, сега дечкоми ми е на 1 место. А додека другарками што имаше/има дечко не ми пререкла за ништо а ни пак јас на неа
Треба да се најде време за сите.Никогаш дечкото не барал да се откажам од другарките и јас тоа не сум го побарала од него.Понекогаш потребна е мала промена во атмосферата
Се работи за две различни полиња од животот и не гледам зошто би требало да бидат спротиставени .. Со годините и приоритетите се менуваат и се помалку слободно време имаме на располагање .. Во главно моето внимание и време е насочено на дечко ми .. Но си имам другарки , колешки пиеме кафиња редовно , знаеме да излеземе и на некоја вечера .. И со ништо не сум скратила си ги одржувам пријателствата успешно , секако љубовта е битна но на човек му е потребна социјализација и женски муабет . Така да не сум се нашла во ситација да бирам . Ако претходно сум договорена со дечко ми и ме побара другарка ќе презакажам за друг ден и решена работа
Кога се сака, се наоѓа време. Мене искрено на прво место ми е дечко ми, а после они, зошто кога ми било најлошо нигде ги немало нив.
со моево со долги врски а верувајте го имам многу ,да знаете никогаш дечкото пред другарки да го ставате ,оти на крај останувате сами и на едно искочење немате со кој
И тоа и тоа треба да се постави баланс и да се најде време и за дечкото и за другарите Но ако раскинеш сепак друштвото ке те теши (мислам ако имаш вистински пријатели)
Што знам,според мене воопшто не треба да се спротивставени страни,напротив. И дечко и друштво се потребни,ама.. Знам примери на врски од 7,5,1 год. кои се прекинати.Значи и дечкото не нуде некоја сигурност. Друштвото,ако се вистински пријатели нема никогаш да ве напуштаат,секако ако немаат силна причина за тоа,освен -кога сте фатиле дечко,и сте ги занемариле.Па сега по раскинот,сфаќате дека ви е потребно друштво. Јас секогаш си го ставав друштвото на прво место.Едноствано ја сакав дружбата со нив. Сега кога си фатив дечко,тие ме занемарија. А јас упорно,и упорно инсистирав на видување,одење на кафе или било шо,само да не се оддалечеме. И се случи тоа од што највеќе се плашев.Ми недостасува нашето другарство,но тие не сакаа воопшто да се потрудат да продолжиме да се дружиме и покрај фактот што јас сега имам дечко. Не сакаа компромис. Такашто,не се потпирајте многу ни на дечкото,ни на друштвото,и тие веќе се релативна категорија..
Ме буни насловот поточно тоа vs. Зошто секогаш да треба да страда едното поради другото? Кога станува збор за вистинско другарство и за дечко што не е тука да пополни време туку е некој со кој градите цврст однос апсурдно е да се бира едното или другото. Одалечување може да се случи и од повеќе причини, т.е да се намали фреквенцијата на дружење, што е и нормално. Не можеме да очекуваме дека цел живот ќе безделничиме по цели денови како што сме правеле кога сме биле помали, едноставно животните обврски ти го скратуваат некогаш и луксузот да си посветиш внимание на себе, а не па на некој друг, но ако тоа се луѓе коишто ви се пријатни, ве полнат со позитивна енергија и сакате да бидат дел од вашиот живот, тогаш сигурно секој слободен момент ќе барате прибежиште кај нив. А за време ќе се најде. Мене барем ми е приоритет дружбата, ако не ми е тоа не знам од каде би црпела позитивна енергија. Така сум програмирана што секогаш кога ќе најдам слободно време гледам да ги организирам сите да се прави нешто. Колку и да сум уморна секогаш повеќе ме релаксира пиво-две во друштво, наместо да спијам, да речеме. Дечкото не мора секогаш да го гледам на само, некогаш ми е доволно само да е до мене и да го гледам, некогаш па цел ден посветувам само на нас...или обратно има денови и кога цел ден сум сама со друштво. Искрено не знам како би запоставила било кој од нив, едноставно душава ми бара да ги видам и слушнам.
Ух, јас си имав мака и тоа голема со ова. Никогаш не успеав да го постигнам она за што мечтаам, да ги вклопам дечкото и друштвото. Јас и тој имаме различни друштва. Тој другари, кои немаат девојки, јас другарки кои имаат дечковци + друштво од машки и сингл другарка кои секогаш си се доволни кога сме само ние, без партнери. Комплицирано малку. Ми се случувало некогаш и да го одберам него, некогаш нив. Имало периоди кога успешно сум одржувала рамнотежа на сите страни, но и периоди кога ми било хаос на двете страни. Една огромна маана во врската ни беше што немаме заедничко друштво, долго време си бевме доволни еден со друг, на одмори и слично. Но некој пат за забава и ноќен живот чувствував недостиг од други луѓе. И поради тоа произлегоа многу наши кавги и врската забега во бестрага, ама се надевам ќе ми се оствари желбата еден ден и дека се ќе си дојде на место. Ќе се потрудам! :'(
МНОГУУ!!! Ама значи МНОГУУУ ...мразам кога ќе слушнам.. дечкото доаѓа и си оди,другарките остануваат...НЕМОЖЕ СИТЕ ДЕЧКОВЦИ ДА ВИ ДОАЃААТ И ОДАТ, А ДРУГАРКИТЕ ДА ВИ ОСТАНУВААТ! Сo кого утре ќе се мажите и ќе основате фамилија, СО ДРУГАРКИТЕ?
Другарките ќе ги ти го причуваат детето кога ќе ти треба. Другарките ќе те расположат бар еднаш во неколку месеци изненадувајќи ве со гости, кафе, ручек. Другарките се тука за да ја оговарате свекрвата, маките да си ги споделите. И да е тој дечкото, мажот од соништата, чувајте си ги бре жени. Кој ќе ви направи моминска вечер? (само не се оние тортите, креативност се поштува, а не со...) Кој ќе ќути со вас дур не ви се разговара кога сте нервозни. Со кој ќе излезете кога сте се налутиле дома. Со кој ќе ги трошите минутите што ги добивате со претплата? Ха! Сам не се живее бе луѓе, баланс, колку леб, толку паштета, што би рекол Сашко!!
Многуу погрешно ме свативте! Разбирам јас се тоа..ама има некои што јас ги познавам..и ги има многуу што зборат дечкото доаѓа и си оди..неможе секогаш дечкото да доаѓа и да оди а другарките да остануваат. Секако тие се со кој сме си поминале и добри и лоши работи...ама секоаш треба да се има време и за другарките и за дечкото. Јас не реков дека ако имаш дечко, батали ги другарките..за се се иима време
Ке поставам тука баланс.Ке се прилагодам,ке им се извинам ако не можам да бидам со нив и ке си бидам со дечкото.И така денес другарките се само број.што ако имав најдобра другаркаа а ? .Со нејзино глупо понашање ни заврши другарството.Значи го одбрав дечкото.Тој е тој кој ке биде тука за се и за мене,со него ке основам семејство,со него ке бидам срекна.тој ми е доволен.Најдобрата другарка може да ви стане најголем душман.
Во денешно време нема вистинско другарство (секоја чест на исклучоците). Повеќе доверба имам во дечко ми, отколку во другарките. И покрај тоа за се се има време, па и за едно кафе и разговор со другарките.
Ако умееме добро да ја балансираме ситуацијата,никој нема да биде подреден.Имаме потреба и од нашето друштво и од саканата личност.Не можеме да правиме споредба или да избираме меѓу луѓето со кои сме граделе пријателски однос и личноста за која емотивно сме врзани.