Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Друштво VS Дечко

Дискусија во 'Врски' започната од ludacaa, 4 јули 2010.

  1. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Без никакво размислување би кажала дечкото. Дечко ми е на прво место и за тоа нема никаква дискусија, а и јас на него сум му на прво место и тука е крај. Пред се' сме ние двајца, па што ќе остане време се распоредува на другите.

    Порано имав многу другарки, бевме големо друштво, кога ќе излезевме навечер во дискотека се собиравме може преку 15 девојки. Е сега што мислите, колку од тие 15 навистина можеле да ми бидат вистински другарки? Дали една. Всушност јас само една сметав за вистинска другарка и истата таа ми забоде нож во грб. И другите го направија тоа ама за нив не се ни замарав, зашто и онака се знаеше дека не сме нешто другарки од највисок степен.

    Муабетот ми е дека лудо е да веруваш дека вистински другарки можат да ти бидат 15 души. Не може. Една може да ти биде другарка во вистинска смисла на зборот, а во мојов случај ни една. И пред да го запознаам дечко ми знаев колку е саат и со какви личности си имам работа, па затоа и си знаев дека кога ќе имам дечко нив нема нешто многу, многу да им се замарам, освен за таа една другарка за која сметав дека доживотно ќе се дружиме. Ама видиш, таа беше прва што почна да превртува очи и кога другите буквално со директни зборови почнаа да прават сплетки, она беше од нивна страна. И после се' јас на прво место да ги ставев нив, наместо дечко ми кој секогаш ми бил најголема поддршка и никогаш не ме разочарал? Нема шанси.

    Е сега тука ми е малку чудно кога некој ќе рече, "Ааа друштвото ми е на прво место, тие секогаш биле тука за мене". Ок, ама кое друштво е тоа? Јас под "друштво" подразбирам најмалку 10 души. Зарем сите 10 души секогаш биле тука за вас? Баш, баш сите 10 души? Не верувам. Може да кажете дека една, две, ајде преку сила три другарки ви биле најдобри и се' сте делеле и не сакате да ги ставате на второ место, ама цело друштво? Мене ми е чудно тоа, а и малку наивно, искрено. Според мене, најмногу една личност во животот може да ви биде вистински пријател кој секогаш бил тука за вас, повеќе не.

    Сега имам една другарка со која се знам веќе 3, скоро 4 години и таа ми е најблиска. И она си има долга врска, така што знаеме и двете дека дечковците и обврските ни се на прво место. Кога се договараме да излеземе тоа е кога сме слободни и двете. Ако речам дека не можам, никогаш не ми се налутила, ниту пак јас на неа. Имаме целосно разбирање. И затоа и другарството ни опстанува. Колешките на факултет не ги ни сметам за другарки. Со нив сум на дистанца, никаква приватност не споделувам. Кафе, ова, она, општ муабет и толку.

    Всушност, приоритетите се менуваат во животот. Ако на 16, 17 години ми беше важно да излезам со што поголемо друштво и да се начукам здраво, а притоа да не ми биде гајле кој, што ми мисли и дали ми е вистински пријател, денеска, па... богами денеска и тоа како ми е битно да имам вистински пријатели до мене и единствената цел не ми е каде ќе одам во петок навечер, туку сакам мирни места каде што ќе си отидам со дечко ми и ќе бидам само со него. Тоа е тоа, приоритетите се менуваат. И да сакам, не ни имам време за пијанки и лудувања, а тоа што не сакам е друг муабет. Пред две години работев, студирав и имав дечко, сега само студирам и се' уште сум со истиот дечко. Искрено кога на крајот од денот ќе ми останеле да речеме три саати, јас секогаш сум сакала да ги потрошам со дечко ми, и тоа така ќе биде секогаш.

    Некои работи се надживуваат, изживуваат и повеќе не ти се интересни. Само убаво е кога со друштвото и пријателите си во еден ист чекор на созревање и никој не заостанува. Зашто лошо е кога тебе ти е веќе преку глава од дискотеки и пијанчење до сабајле ти е изживеана работа, а другарка ти уште се радува на Панчо во Колосеум. Тука нема веќе заеднички теми на разговор и другарството е осудено на пропаст.

    Секогаш е добро да сме реални. Да знаеме да процениме што имаме до нас. И другарките и дечкото какви личности се. Не секогаш сум за тоа да се бира дечко, ниту пак сум секогаш да се бира друштвото. Само сум строго против бирање на дечко и затварање дома уште на 15, 16 години. Приоритет дечкото може да ви биде на 23, 24 години па понатака. Кога и другарките ќе ви бидат на исто ниво, па ќе можете да се дружите сите заедно со дечковците и никој да не се осеќа запоставен, а на 16 не може тоа.
     
    На macysh, Lovely93, Elena69221 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Kaley

    Kaley Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    1.302
    Допаѓања:
    3.035
    Пол:
    Женски
    На почетокот од врската гледав никого да не запоставувам ни друштвото ни дечкото и излегувавме заедно со моето друштво и супер ни беше. Дури и повеќе време поминував со друштвото.
    Но со тек на време сватив т.е фала богу дечко ми ми ги отвори очите дека и не ми мислат баш добро „другарките“ ептен почнаа да љубоморат што имам така убава врска, озборуваа позади грб, станаа премногу лицемерни, себични и одвај да чекаа да раскиниме...така да немам видено многу аир од другарки.
    Сега имам две други другарки со кои се дружам но сепак не споделувам многу, многу од мојата приватност со нив..Сега дечкото ми е на прво место исто така и јас нему, барем знам дека искрено ме сака, вооедно тој ми е и најдобар другар. :)
     
  3. IvanovskaM

    IvanovskaM Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    245
    Ќе се каете страшно многу што го ставате дечкото на прво место. ВЕРУВАЈТЕ.
    Слушајте паталец, а не гаталец. Ма колку и да е убава врската и да трае вечно, друштво МОРА да се има. Не е важно дали ќе бидат истото друштво што сте го имале пред да го знаете дечкото или ново, битно е друштво мора да имате. А ако го ставате секогаш дечкото пред друштво... секогаш ќе го губите друштвото.
    На сите ни доаѓа период во животот кога поубаво ни е да седиме дома, ненашминкани, недотерани, да се мазиме и да гледаме филмче, ама после тој период секогаш доаѓа и оној... Па досадно е некако, ајде да излеземе. Ама со кого? Каде? Сами вие двајца пак? Не бива.
     
    На glosipgirl, Viktorijaaa5 и SunshineYo им се допаѓа ова.
  4. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Јас го поминав периодот кога сакав да излегувам, да лудувам со друштво, да се шминкам понападно, да носам штикли секој втор ден, да патувам, да запознавам многу луѓе, да флертувам, да одам по одмори, да пијам, да играм додека не ме здоболат нозете, да одам по дискотеки, одење на журки и останување до изгрејсонце, посетување на места... И сето тоа ми е преку глава, едноставно ги имам, не изживеано, туку и веќе НАДживеано тие работи. Можеби малку порано од мојата генерација, ама цело друштво бевме такви. Дечко ми пак, најмалку 15 пати повеќе од мене има поминато. И се запознавме точно во моментот кога и двајцата сакавме да се смириме и да бидеме сериозни.

    Тоа што имаме сериозни врски не значи дека ние само дома седиме, ненашминкани, недотерани, во развлечени маици, изолирани од светот, луѓето и единствено нешто што правиме со дечковците е секс. Ние пак излегуваме скоро секој викенд, пак се дотерувам, пак носам штикли, пак се шминкам... Само сега правам нешто што доликува на возрасна личност. Со дечко ми знаеме да отидеме во театар, знаеме да отидеме во кино, концерт, спортуваме, лошиот начин на живот го исфрливме и двајцата, на кафе одиме поретко и тоа само во некои мирни кафичи, знаеме да си отидеме со одбрано друштво во некој ресторан на мирна атмосфера итн. Се' уште сакам да патувам ама сега сакам со него, зашто патувањата со друштво ги поминав, сега сакам со дечко ми да си градам спомени. Не сме врзани еден за друг, и он знае да си излезе културно на кафе или било каде со другари и јас исто знам да си излезам со другарки, само секако се' во границите на нормалата.

    Така што, моменталниов комфор кој го живеам, мене лично не ми е само една фаза или период кој брзо ќе помине, туку ова е мојот живот и јас сакам вака да биде и нема да се промени. Единствено нешто за што и двајцата сме одлучни дека може ќе продолжиме да го правиме и понатака е одење на журки. Тоа го сакам и ме исполнува. Ја сакам таа музика, го сакам тој начин на забава, на журка и се запознавме и едноставно не можам да престанам да го сакам тоа колку и да сум возрасна и постара. Само да се разбереме, без дрога. Никогаш не сум конзумирала, нема ни да козумирам.

    Затоа и сум на ставот дека прво, пред се' треба да го поминеш она што го сакаш, да проживееш, да се изградиш како личност, па потоа сериозна врска, и сето тоа најмалку после 20 години. Е тогаш нема ништо да ти недостига.
    Имав јас другарки кои уште на 15 фатија дечко, одеа со години ама ништо на крај. Зашто кога јас лудував, таа седеше само со него, дремеа по паркови, седеа само дома и на крај кога раскинаа не знаеше девојчево која глупост попрво да ја направи. И разбирливо.
     
    На SexiLy и Edie.S им се допаѓа ова.
  5. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Зависи колку години имате.

    Јас на помали години, си имав друштво, се дружев со нив, не се замарав во дечковци. Дури и последна од сите фатив дечко. И така си имав убаво детство, и на училиште ми беше убаво.

    Потоа, на повозрасни години, веќе кога бев на факултет имав дечко, со кој имавме убава врска, и тогаш тој ми беше предност, бидејќи имавме посериозни планови меѓу нас, а и сите други си тераа со нивните животи на свој начин. Не е веќе исто како средна школа.
    Понекогаш им давав предност на другарките, но згрешив, зошто тие не го правеа тоа за мене и за другите.
     
  6. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    48.470
    Пол:
    Женски
    Секогаш балансирам.Не ги ставам на пиедестал ниту едните ниту другите. Ако денес излезам со дечкото утре излегувам со другарките а третиот ден ги договоарам сите заедно. Од една страна сакам да му посветам време и на дечкото ,но од друга страна не сакам да ги заборавам оние кои биле тука за мене кога тој не постоел во мојот живот. Во главно со нив се однесувам онака како што тие со мене се однесувале.АКо од нивна страна постоел шиканозен однос према мене кога имале дечко и јас со нив така ке се однесувам,но ако они биле фер према мене кога имале дечко и наогале време да се видат да излезат со мене тогаш и јас ке го правам истото за нив. А и односот со дечкото ми е таков , не се гледаме секој ден ,не сме млад брачен пар кој не се двои еден од друг така да и двајцата имаме простор покрај нашето заедничко поминато време да си се видиме и со нашите другари. Ниту тој мене ми пререкол нешто ниту па јас на него и супер функционираме во тој поглед до сега.
     
    На Elena69221 и thinkerbell им се допаѓа ова.
  7. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.381
    Допаѓања:
    126.494
    Среќа што најпрвин со дечко ми бевме другари,значи бевме во исто друштво,сите пријатели ни се заеднички,сега сме и колеги,така да нема што да бирам дали дечко ми,или друштвото :D секогаш сум со него.Понекогаш излегувам сама со другарките на кафе но поретоко,бидеќи сите сме презафатени.
     
  8. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека овие работи не може да се генерализираат. Некои од вас виделе повеќе аир од друштвото, некои пак од дечкото. Секој со различни искуства и приоритети.

    Јас ќе бидам искрена. Јас и дечко ми сме ретко приврзан пар, сите можат да ја забележат нашата љубов и потреба еден од друг и оние кои се желни за такво нешто и ни се воодушевуваат. Така да, јас ќе кажам дечко ми е секогаш на прво место и не само како поим „дечко“, туку затоа што заслужил и направил да сакам да ми биде на прво место, т.е. со него да ми е најубаво. И сметам дека не можеш да оддржуваш иста блискост и со друштво и со дечко, секогаш потсвесно го бираш она што го сакаш највеќе или највеќе ти годи. Јас имам најдобра другарка која нема дечко, но сме се задржале една со друга со меѓусебна почит и љубов бидејќи двете знаеме да правиме компромис и имаме толеранција една кон друга. И јас ја имам одбивано за излегување (дали требало да излезам со дечко ми или едноставно денес ми се останувало дома), но и таа мене ме има одбивано за излегување иако ете нема дечко, па ниедна од нас се нема налутено или префрлено никогаш. Таа пред некоја година имаше неколкумесечна вистинска врска и за тоа време можев да забележам дека таа се однесува бетер од мене во врска, бидејќи јас почнав да го ставам дечкото на прво место тек кога се стабилизираше врската и зајакна во сериозна врска со многу љубов (патем сум со него од 16 години ама не си кратев ништо кога не чувствував потреба за тоа, а тој знаеше дека ми се годините и никогаш не ми префрли ништо), а таа од самиот почеток почна да му дава оправдување за се и дремеше во маало (бидејќи беа од исто маало) заедно со неговото друштво. Јас го користев секое слободно време (вклучувајќи скоро секогаш кога дечко ми е на работа) и доаѓав кај нејзе во маало и заедно шетавме со сите нив. Ниеднаш не ѝ префрлив што се однесува така и ете, помина и тој период. Да не ја должам работава, јас сум среќна што имам најдобра другарка со која сме тука секогаш една за друга а истовремено не се „гушиме“ меѓусебно, исто така сум пресреќна што имам прекрасен човек како дечко ми со кој многу се сакаме и разбираме. Имам друштво со кое излегуваме заедно со другарка ми од време на време, тоа ни се другари и другарки од клас и општо од средното училиште, меѓу кои понекогаш и со мој другар од маало и нејзин другар и другарка од детството. Но тоа се случува неколку пати во месецот и ни е сосема доволно и на двете, иако таа е слободна девојка. Многу ја сакам и ќе ми биде криво ако нашите патишта се разделат бидејќи и двете имаме некои планови за странство, но што е тука е, во животот влегуваат и нови луѓе, секој си создава свој живот и има различна судбина, мада и може да опстои пријателството, не се знае.

    Како и да е, она што сакав да го кажам е дека нема да заземам ниеден став и да се дрзнам да им реплицирам на девојките кои се чудат како дечко може да се стави на место пред друштвото, затоа што повторно, не се сите врски исти, не сме сите луѓе исти. Дури има луѓе кои и во стабилни врски друштвото им е под еднаква важност и луѓе кои не сакаат врски во кои немаат своја приватност и се малтене маж и жена, како и луѓе кои веќе се маж и жена па пак си негуваат своја приватност.

    Јас го имам она што мене ме исполнува, нека си го има секој она што него го исполнува. Толку. :)
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.973
    Допаѓања:
    11.595
    Пол:
    Женски
    Колку себично!
    Затоа што дечко ти е на работа, ти немаш што да правиш, па искористи го времето за другарката.
    И јас имам долга врска, се сакаме, но знам како да угодам на сите луѓе што ги сакам. Немам големо друштво, всушност немам типично друштво, со типичните „курво“ изрази на милост и љубов. Неколку луѓенца со кои рака во оган би ставиле взаемно. И можеби не толку често поради различни обврски, но наоѓаме време да се видиме, често и да почнеме со пладневно кафе, а да завршиме со неколку бокалчиња ракија.
    Не е страшно, впрочем добро е, дечкото да биде некогаш уклучен во твоите луѓе, како и ти во неговите. Тоа е човекот со кој ја планирам мојата иднина, сакам луѓето што ми значат да го знаат и да можат да си направат муабет заедно, но тоа не значи да сме црева, да не мрднувам никаде без него.
    И Lovely93 ова што ти го правиш не е воопшто здраво. На твои 20 години, центарот на светот да ти биде само врската, паметот да ти биде во мажачката само, и да тврдиш дека си ги поминала тие години кога ти било интересно пиење и излегување. Кога ги помина во животен стаж од 20 години?
     
    На Christina.A и sadgirl21 им се допаѓа ова.
  10. Christina.A

    Christina.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    552
    Допаѓања:
    354
    Мислам дека треба да постои баланс помеѓу друштвото и дечкото.
    И јас имав период кога мислев дека сето мое време и внимание треба да го посветувам на дечкото,но сватив дека сум згрешила. Сепак некогаш може да дојде ден кога ќе раскиниш со дечкото и потоа ќе немаш на кого да го посветиш слободното време. Другарите секогаш ќе бидат тука,треба да си ги чуваш. Затоа јас сега гледам да имам можеби и малку повеќе време за друштвото отколку за дечкото,со него можам да бидам во било кој дел од денот. Така да,ќе го искористам максимално летово за дружба со другарките бидејќи наесен ќе заминат пак СК и нема да ги гледам толку често.
     
  11. IvanovskaM

    IvanovskaM Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    245
    Апсолутно точно е дека годините играат многу битна улога, ама друштво ви треба секогаш и на 15 и на 25 и на 35. И мене дечко ми ми беше најдобар другар додека идевме, ама со него никогаш не сум си поминала лудо на журка како со друштво, да не се лажеме.
    Јас сакам само најдругарски совет да ви дадам, друштвото се губи неприметно. Особено кога сте веќе повозрасни и имате обврски на факултет, на работа навака-натака. Многу обврски ви се трупаат, се осеќате некогаш уморни па ќе останете дома или подобра опција ви е да дојде дечко ви или вие кај него да гледате филмче. И неприметно уствари 2-3 пати откачувате повици, а после тоа запрашајте се и вие дали пак би барале некој... И мене некој да ми рече 2-3 пати не бе, не ми се искача, веќе не го викам, кога ќе може нека се јави, ако сум слободна ок, ако не не... А друштвата се менуваат, и не секогаш секаде ќе бидете поканети. И најчесто од кога ќе раскинете сфаќате дека работите се смениле за 360 степени. И ништо не е изгубено, еве јас ова се од искуство го пишувам. Јас друштвата кои пред да се запознаам со дечко ми, а бевме заедно од 17 години, веќе ги немам, не само заради него туку затоа што сите пораснавме и си отидовме по свои патишта, што е најлошо оправдување! Затоа сега гледам без разлика што во моментов немам, и кога ќе имам дечко и покрај тоа што и студирам и работам, пак да имам време и да ги избалансирам работите. Некоја моја среќа да речам е што сум скоро цел ден меѓу луѓе и сакала/нејќела стално имам нови познанства со млади луѓе така да друштво за искачање имам во секој момент, само поубаво би било кога нема да ве акне од глава па да се свестите, затоа што секое друштво што некогаш постоело макар и на кратко, е вредно да се задржи, а не да се забатали :)
     
    На Dvolicen му/ѝ се допаѓа ова.
  12. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.425
    Допаѓања:
    91.522
    Пол:
    Женски
    Другарството, а и врската се градат со почит и разбирање.

    Имало кај мене периоди кога дечкото бил поважен, па другарките и се така во круг. Речиси секогаш сум била разочарана од тој кој сум го ставила како приоритет.

    Мене повеќе не ми е огромно задовоство со другарки да пијам секој ден кафе, ниту да излегувам секој викенд, ниту пак да бркам дечковци. Многу рано почнав да излегувам па со тек на време задовоството во тоа се намали, а потребата за такви излегувања или гледања со другарки речиси и да исчезна.

    Сега сум во прилично сериозна врска. Со дечко ми сме заедно па речиси по цел ден и речиси секој ден. Во година и пол дали не сме се виделе се на се две недели и тоа поради причини како патување, не сме можеле од кревет да станеме од болки или небитно некои семејни проблеми.
    Често излегуваме на кафиња, ручеци, вечери, во дискотека имаме отидено неколку пати и морам да признаам дека си поминав многу поубаво и бев многу порасположена и послободна за играње него ли кога бев слободна и излегував само со другарки. Можеби е до спојот ама нас ни е супер што сме постојано заедно (па да не ни е не би ни биле) а кога имаме и друштво тоа е плус.

    Со најдобрата другарка се гледам зависи кога како. Понекогаш еднаш неделно, понекогаш ќе заредиме 2,3 дена, а еве сега месец и пол се немаме видено. Двете сме со обврски и се разбираме, нема лутење ни од една ни од друга страна. Останатите со кои сакам понекогаш да се напијам кафе, го правам тоа и повторно нема замерки од никого зошто не е тоа почесто.

    Дечко ми со неговите се гледа или кога имаат пауза од работа, рано додека спијам, ќе поместиме час, два од нашиот договор ако е итно или пак кога сме заедно. Многу често кога доаѓаат кај него викаат - Дојдовме да ве видиме што правите, Поминав да ве поздравам итн итн.

    Еден на друг сме си приоритет и на никого тоа не му пречи.
    Оние што ни се пријатели останаа покрај нас, оние што не ни се сами одлучија да се тргнат, не ги тргнавме ние.
     
    На sanja.burgundy, Daydream и Edie.S им се допаѓа ова.
  13. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    2.108
    Пол:
    Женски
    Добри сте со одговориве дека дечкото бил најбитен од сите, онака најбитен, дури побитен од десетгодишно другарство, а пази молим те не ве ни рани сеуште.

    :rofl:

    Како бе со дечко ми да зборувам за шминки, фризури, нокти, трачеви онака да се изнасмееме слатко и да си споделиме искуства? Дали треба да го феминизирам и да го спикам во ташниче како привезок и додаток со мене секаде? Па луѓето работат, живеат и се дружат само одредени единки сметаат дека врската треба да биде изедначена на самотија и несоцијализација со другите женски битија. Мене ми е крајно глупаво и дегутатно да ги отфрлам луѓето околу мене бидејќи студирам, работам и имам вереник. Три години поминаа можеби не лумпуваме секој викенд, но минимум еднаш месечно луѓето ќе не најдат излезени во град и расположени за журкање. Ниту тој ниту јас не мислиме да го затвориме тоа поглавје во животот, уште помалку да го запечатиме без разлика дали моите другарки се сингл, во врска, очајни, исекасани или им штрчат неколку бели влакна. Цуцки мои!

    Дечкото е само еден дел од целината за која е потребен, но не нужен. И верувам дека животот е полн со обрвски, уште поголеми од сегашните, но никогаш не е изговор за минимум еднаш да се испие кафе или да се замине во кафана со последната илјадарка. :lol:

    Се надевам дека сите што стојат на ставот дека мирните места за излегување се топ место за вас и вашиот дечко, романтики и клише ствари и истите тие нема да ве впикаат во неизлечлива рутина што ќе ви се одбие од главата тогаш кога мислите дека сте заокружиле еден период од вашиот живот.
     
    На IvanovskaM му/ѝ се допаѓа ова.
  14. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    За шминки, фризури и нокти можеш да правиш муабет со секого. Ќе отидеш на депилација и со козметичарката ќе се зазборите за некакви креми. Ќе отидеш на фризер и со фризерката ќе се замуабетите за некакви маски или силиконски капки. Ќе се сретнеш со некоја познаничка во автобус, па ќе паднете на тема надградба на нокти и ќе зборите за попуст на пудри во Шатци.

    Ама за сериозни теми, за некакви животни одлуки, за тешки периоди во животот - тогаш се потребни блиските. Не ми требаат мене другарките за да имам со кого да правам муабет за нокти и шминки. Тоа е најмалку важната работа во едно пријателство.

    Е сега конкретно за темата. Тоа дека дечкото е минлив, ама другарките остануваат - никој не може да ви гарантира. Јас прекинав секаков контакт со личност која ја знам од дете, со која израснав и ми беше поблиска од сестра. Се случија многу работи, се кажаа уште повеќе, за на крајот да се сведеме на она што сме денес - странци. Да не раскажувам на долго и широко, ама испадна дека не е воопшто таква личност каква што мислев дека е.

    Најубаво е да се држи некоја рамнотежа. Не мора да значи дека секогаш некоја страна ќе страда заради другата. Сите сме биле разочарани или во пријателството, или во врската. А некој и во двете. Затоа, чувајте ги до вас луѓето за кои сметате дека се вредни, без разлика каква улога имаат во вашиот живот.
     
    На tinkerbelll, Daydream, Anna-Banana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    2.108
    Пол:
    Женски
    Зошто дечко ми да има екслузивно право да зборува само тој со мене за тешки ситуации во животот?
    Зошто кога сум накурчена од него, нему да му се истурам кога фино лепо можам да речам се` што ми лежи на душа на моја блиска другарка?

    И со неа можам да зборувам за политика, за барање работа, за помагање и наоѓање врски за еден мал трилион ситници кога единствено една личност не ги добива и не ги нуди во мојот живот. Јас се слагам со тебе дека е потребна рамнотежа и дека одредена личност добива одредено поле во мојот живот, меѓутоа има еден факт што ги одбацува сите небулози од типот - он за мене е најбитен.

    Најсвеж пример - Ми беа потребни луѓе во катастер за да завршам работа. Мојата другарка ми излезе во пресрет да ме спои со луѓе и да ја истерам работата побрзо. Она што е сега муабетот, дали јас сакам другарка ми да ја качам на пиедестал затоа што ќе земам дебела сума за тоа што го стори, или да го шутнам дечко ми што немаше врски во катастер, меѓутоа ми помогна при наоѓање работа?
    :?:
     
    На Dvolicen му/ѝ се допаѓа ова.
  16. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Па баш тоа ми беше поентата. Другарките се потребни за важни работи во животот, а ти ги наведе како соговорнички за нокти, фризури и шминки.

    Затоа и реков
    А под блиските ги подразбирав и другарките.
    Не си ме разбрала :)
     
    На SexiLy му/ѝ се допаѓа ова.
  17. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Шо знам луѓе тоа друштво или дечко може е применливо за децата во средно кога се лутат ако не излезеш со нив или со друга другарка. :D
    Јас не сум се нашла во ситуација да бирам . Си одржувам пријателства си излегувам во женско друштво .. И нормално си уживам со дечкото , одиме на вечери ,кафиња , кино , настани .. Ама зошто да немам другарки ?
    Оние друштва од средно со по 10-15 души природно со тек на време се распаѓаат. Јас не се дружам со сите од средно и пред да си фатам дечко , едноставно тргнавме на факултет секој по различни патишта .. А и тогаш дружењето не беше оти нешто карактерно сме си одговарале ами сите сакавме едно исто -журкање. :D Си одевме и по 20 девојки на одмор .. Ама со тек на време луѓето се разидуваат..
    Јас сеуште се дружам 4 другарки од средно или основно беше , ама ние од секогаш си имавме муабет и се погодуваме.. А остала екипа беше колку да е гужва само. :D
    Многу ми е драго што над 10 години се дружиме , се собираме на пијачки , кафиња , шетања и знам дека во било кое време можам да им се обратам за било што и тие на мене ..
    Имам и колешки со кои интензивно се дружам нив ги запознав кога веќе имав дечко , тоа што сум заљубена и среќна за мене не е пречка да ширам познанства и да се дружам ...
    И нормално дека повеќето слободно време го поминувам со дечко ми , веќе 5 години сме заедно ама секогаш си наоѓам време да си излезам со жените и да се расприкажеме со саати уз некоја чашка вино..
     
    На Elena69221 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. jojo9

    jojo9 Активен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2014
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    6
    Се согласувам... Нема зошто да се бира, или да се запоставува едната страна за другата... За се се има време ако се сака. Плус некогаш може да се спои неговото и твоето друштво и да излезе нешто убаво од тоа. На пример, јас и дечко ми така се запознавме и така ја започнавме врската. За овие три години, јас не сум му правела проблем на него, а ниту тој на мене. Кога ќе се договори да излезе со другарите, си излегува слободно. Дури и да сме ние двајцата договорени,а да му се јават да идат да играат баскет или фудбал отпочеток сум му рекла дсамо да ми се јави да ми каже и да оди. Се гледаме ние, имаме заедничко друштво, ама имаме и посебно што понекогаш го спојуваме.
     
  19. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.410
    Допаѓања:
    42.186
    Пол:
    Женски
    Што знам, се трудам да најдам некој баланс, ама не ми успева често.Најмногу затоа што сум на факс настрана, а дечко ми не е со мене, па кога се враќам дома на викенд, претежно гледам секој можен слободен момент да го искористам за него.Проблем ми е што и две од другарките не се настрана на факс и малку е тешко да го искомбинирам времето за излегување.Да бидам искрена во последните години тој ми е на прво место.
    Со другарките гледам барем по дома да испиеме по едно кафе кога се враќам на викенд.Предност е што сите живееме на иста улица и може да пиеме кафе по дома.Некогаш се случило да се договорат да излезат викенд заедно, а јас да отидам со него и тие се подналутиле, ама искрено јас тие два дена што ги имам сакам да се видам со него и не ми е јасно зошто се лутат, како и да е мене ми е побитно да се видиме на раат, да си направиме муабет, а не да искочиме и да не можеме збор да размениме од гласна музика.
    Кога сум дома на повеќе денови или еве сега на распуст, гледам барем еден ден со нив да излезам на кафе и една вечер некаде онака на забава, но не толку често како што тие ме викаат, зошто искрено јас не ја сфаќам поентата на секојдневно кафе и секој викенд на диско.Јас сакам малку полајт варијанти, онака посмирени места, пивце, грицки па досадно ми е нон-стоп во дискотеки или кафани.
    А имам други работи кои сакам да ги правам додека сум слободна, па морам да најдам време и за тоа.
    Откако дечко ми почна да работи, поретко се гледам и со него, па успевам некако да комбинирам, кога е тој слободен со него, кога е на работа со нив и така.
    На крај краева не сме веќе деца за да се лутиме, секој со своите обврски.
     
  20. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Бог да чува, само да се реплицирало за глупости! Јас не тврдев дека сум поминала и дека нешто не ми е интересно, се е до карактер и си се искажав, нема потреба да ми реплицираш. А јас сум себична што сум користела слободно време за другарката извини молим те, а не е себично од нејзина страна за неколкумесечна врска да треба да доаѓам кај нејзе во маало да ја видам? Да не требало и кога не е на работа да го тргнам на страна и да се гледам со другарките кои патем немаат друга работа, па уште јас доаѓам кај неа во маало? Која другарка не те цени и сака навистина, еден ден ќе те напушти секако, а и да е се во ред не значи дека нема секоја да тргне по свој пат еден ден, ќе дојдат нови, таков е животот. Повеќето што ги знам се поблиски со колегите отколку со другари од детството, но тоа е друг муабет..... Убаво си наведов се, дека сите сме различни со различни искуства, не те разбирам што потреба осети да се правиш паметна на мојот пост. Нема потреба да се мешаш, не ме ни познаваш а уште помалку знаеш што правам јас и нема што да ми солиш памет. И не е дека немало што да правам, само сум си го распоредувала времето, што е нормално. Плус пишува „вклучувајќи и кога е на работа“, читај малце. Толку од мене. Не сум поминала се ама сум поминала доста, а и не личи да се однесувам како тинејџерка и не сакам нормално, штета што не разбра. Бог да чува, ништо да не може човек да напише на форумов. |(

    Ќе ми каже некоја што не ме познава ни мене ни дечко ми што е здраво а што не, судејќи по еден пост. И нормално е кога некого сакаш да ти е центар на светот, но тоа не значи дека ништо друго не те интересира. Што ти објаснувам..... Не пишувам веќе на вакви теми, се изнервирав. :tmi:

    П.С. Нешто можеш да надживееш и во две години, не во 20. Не ги сакам вечните тинејџери. Едно е да си вечно со млад дух, а друго вечно незживеан. ;)