Има разлика во работите. Најголема разлика е во годините. Не е толку важно дали некоја има или нема дечко. На 15 имав време на претек, правев што сакам, излегував по пет пати во денот, кафе пред часови, кафе после часови, кафе за време на часови, дискотека после часови... И скоро секој ден ова го правевме со другарките. Ама, кога почнавме сите со факултет, се сменија и работите. Некој на полесен, некој на потежок факултет, некој по цел ден на предавања, некој почна и со работа, обврски колку сакаш. Епа не може исто да се однесувам на 15 и на 22+. Сега во моментов и да немам дечко, јас пак не можам да го живеам она што го живеев пред 7, 8 години. Пред се' зашто не сакам, не ми претставува задоволство, а второ не ни имам време. И не само јас, никој нема време, и да сакам сега да и' речам на другарка ми да се гледаме секој ден и секој ден на кафе да одиме, ќе ми рече не можам. Така што, има разлика од нормално дружење што доликува на наши години, и целосно отфрлање на другарките и седење дома само со дечко. Правете разлика, пред и оваа тема да стане каша попара, зашто повеќето го кажуваме истото. И не признавам другарство кое го користите како резерва за случајно "утре" да не раскинеш со дечкото па да не останам сама. Тоа не е вистинско другарство. Друга работа што сакав да ја кажам. Годините не се мерило за нешто дека е вистинско. Јас завршив со другарство кое започна уште од забавиште. Најмалку 10 години траеше. Се случија многу работи, се разочарав целосно, не очекував дека некој што го знам цел живот ќе ми ги направи тие работи и ставив крај на таа страна од мојот живот. Не ми беше воопшто криво. Ни најмалку. Дечко ми немаше никаква врска со ова. Така што, бидете внимателни со оние на кои се крстите и викате дека ги знаете 10 години и никој не може да биде пред нив. Не сте ни свесни што може да ви направи личноста со која сте секој ден, со која една кришка леб сте ја делеле, еден денар сте го делеле, во добро и лошо сте биле заедно итн. Од тогаш реков, не верувам во никој, за никого повеќе не правам жртва и како сакам, како ми е убаво, така ќе си правам. Ако сега сакам да се видам со дечко ми, ќе се видам, за никој не правам жртва повеќе. Тие што ќе ме сфатат, тие што ќе ме прифатат таква, ќе останат покрај мене, тие што нема да ме разберат, не ми ни требаат. Сами си се исчистија таквите. Сега си имам покрај мене луѓе со кои имам максимална почит, максимално разбирање и одлично функционираме. И уште нешто, мене другарки не ми требаат за да се жалам од врската. Всушност, нема ни за што да се жалам, нешто ако ми смета јас веднаш го решавам со дечко ми, не ми треба другарка за да ја оговарам личноста со која делам еден кревет што се вика. За дечко ми пред никого немам ни збор кажано, нема ни потреба, ако нешто сакам да кажам, ќе го кажам на него директно, а не да играме расипан телефон. Тоа лигавење од дечкото ми е својствено за тинејџери, а не за возрасни личности кои имаат сериозна врска. Тоа ти е исто како мајка ми да отиде и да збори со другарка и' за некој проблем во бракот со татко ми. Детски ми е да разговарате за проблемот со секого, само не со тој што треба. И да, со него можам буквално за се' да разговарам. Темите за разговор не ги делам на "теми за со дечко ми" и "теми за со другарка ми". Дечко ми пред се' ми е најдобар другар, па се' останато. Ако нешто во моментов ми се случи, дали лошо или добро не е важно, прво на некој што ќе се јавам е дечко ми. Зашто тој е личноста која никогаш не ме разочарала, за разлика од другарките, која сите до една ми направиле нешто позади грб. И знам дека е личноста која искрено ќе тагува со мене и искрено ќе се радува со мене како да е и негов успех, покрај моите дома секако. Ако нешто му кажам на него, знам дека ќе остане меѓу нас, знам дека ќе добијам искрен совет, а ако кажам на другарка ми знам дека утре одма за истото ќе дознае дечко и', другарка и' од маало итн. И така е, не се лажете дека нема да каже, ќе каже на личност која и на неа и' е од доверба и тоа оди во круг. Така што, за мене моите дома и дечко ми секогаш ќе бидат на прво место, другите се споредни. Ова е од мое искуство, некој можеби навистина има вистинска другарка која никогаш не ја разочарала. Секој со искуствата. Мене животот ме научи на другарки да не верувам.
Се согласувам потполно, истото и јас го мислев, ама ете пак се најде некој да го протолкува на свој начин. Се ова е точно. И со другарки кои не ме разочарале не кажувам нешто што не сакам да се прошири, кога ќе им кажам нешто, кажувам со свесност дека мајка ѝ, комшиката, дечко ако го има итн, ќе дознаат. Само на две им имам кажувано се што ми лежи на срце, но со тек на време сфатив дека нема потреба заради моментална слабост или мало несогласување со дечкото, да се прави од тоа дискусија и со еден куп други луѓе, а ќе биде штом ќе прераскажат. Многу има целата приватност со дечкото што ја делат со другарки, од интимност негова до се се оговара, епа биди со другарка ти во врска де. Мислам дека интимноста е она што ја разликува врската од другарството, меѓу другото. И дефинитивно не треба да се одржува другарство само поради можноста да раскинеш со дечкото, е тоа е искористување, а и ми нема логика мене. Никогаш не сум сакала да се дружам со некој ради реда ако не ми одговара. Пријатели секогаш ќе најдеш, ама човек кој те сака, почитува и разбира, се поретко.
Да ме прашаше некој пред неколку години,тогаш се крстев во моето друштво.Ама сега,сите до еден си го покажаа своето јас. На првите месеци со мојот дечко имав друштво неколку поблиски другарки и можам да кажам дека бев премногу блиска со нив. Се случуваше да не се видам со дечко ми неколку дена само за да излезам со моето друштво,ама сега сваќам дека многу сум грешела. Кога почна со тек на време врската да ми станува сериозна,сакав повеќе време да врвам со него,некако поубаво се осеќав.Е дури тогаш моето друштво си ги покажаа своите вистински лица.Почнаа да ми се мешаат во врската иако гледав и нив да му посветувам внимание,да одржам некој баланс,ама не одеше како што треба.Почнаа премногу да се мешат,да му збораат глупости за мене.Кога ми кажа дечко ми што му зборале,неможев да поверувам на моите уши што слушаат.Зарем од нив? Но кога видов со свој очи и слушнав со свои уши тоа ми беше преголема болка за мене. Јас секогаш сум сваќала кога некоја моја другарка ќе ми речела : Извини Sia, неможам да се видам со тебе денес ќе се видиме некој друг ден сакам да излезам со дечко ми, што ова кај мене не беше така. Не ме сваќаа кога треба да се видам со дечко ми. Се лутеа. Врв на се беше за Нова Година кога требаше да славиме во домашна атмосфера кај дечко ми дома кога другарка ми сакаше сама да одам со неа во кафич,да го остам дечко ми да му откажам од планот за таа да си биди се нејзиниот, а јас без дечко ми... Молам? Секако... Незнам оти,можам да речам дека од секогаш не сум имала среќа со другарки... Сите до сега до една ми забиле нож во грб. Од тогаш раскрстив со сите, сега го имам само дечко ми и можам да кажам дека ми е многу поубаво. Имам мир на душата, можам со него за се и сешто да разговарам, за се ме сваќа. Тој е мојот дечко,тој е мојот другар...
Mmmm navistina tesko prasanje no edinstveno resenie spored mene e vo drustvo da go povikam i deckoto pa taka da kje nema potreba shto mnogu da razmisluvam...
Кога бев 16 мислев дека друштвото е се, дека најбитни се оние женски муабети, дека најбитни се излегувањата по дискотеки и слично, мислев дека имам другарки, вистински, а они едвај чекале да ми забијат нож во грб. Потоа гледав само да си најдам друштво, нели, да излегувам, да не бидам сама, а всушност улетувајќи нонстоп во нови друштва само се чувствував поосамено. Кога дојдов на факултет не ни се трудев да се спријателам со колеги, ниту пак со комшиите од студентски, баш ми гајле беше дали ќе имам едно кафе со кој да се напијам - се научив да ми е најубаво сама. Се дружам само со 3-4 колешки, многу фини девојчиња, што стварно ги сакам, ама со нив се се сведува на дружењето низ факултетот, кафе и табла понекогаш само со едната од нив, прошетка низ град и се ова се случува ретко. Повеќе дружење имаше со цимерката. Сега ми се сменија приоритетите. Единствени задачи што си ги поставив беше да учам, да постигнам добри оцени, и да најдам време да се видам со дечко ми. Тој е од друг град и мора подобра организација, а со другарки немаше многу договарање. Ќе речеме одиме на кафе и одиме. Ако кажам дека ќе ми дојдат гости (најверојатно знаеја кој беше тој гостин) никому ништо, нема префрлување ниту лутење, бидејќи сите веќе се свесни дека во животот на еден човек не сме само ние. Е веќе ако се случи неколку пати по ред, знам, нема ни да ме викнат ама не си дозволувам да запоставам никој. Ниту цимерките, ниту другите. Мислам, со цимерката си се знаеше. Ако ме праша да излеземе баш кога тој треба да дојде, не можам и точка. Нема да го откачам него бидејќи со цимерката сум по цели денови, со другарките се гледам секој ден на факултет и баш ми е гајле дали ќе пропуштам некој "битен" разговор за депилации на пример, или сочно оговарање. Обично на една недела се гледавме, значи, цела недела го немам видено и баш гајле ми е дали пак ќе ме викнела да излеземе, дали ќе се лути што не и одам по газот или нејзе и е досадно а јас си уживам со дечко ми. Другите денови сум слободна. И не, не е затоа што нема што да правам па ај со цимерката, уживав со дружењето со неа, само ете значи приоритет ми е него да го видам. За тој ден сум ги организирала работите и готово. Исто нема што да се лути ако и кажам дека имам за учење. Свесна е, знае дека цел ден сум била на факултет, знае колку ми е битно да го положам овој предмет и знае дека мора така да биде. Некогаш пак ќе се договориме, ќе учиме два саати и излегуваме и стварно е така. Се случило и мене да ми речат, ај ќе одложиме за друг ден, и нема да се налутам. Која сум пак јас да ставам ред на некој? Исто, ако некоја се налути, не е вистински пријател. Со единствената другарка од средно се немаме видено со недели, ама знам дека ќе биде тука за мене. Истата ситуација беше и кај него. Денес доаѓа кај мене и не го интересира кои се собрале на кафе или на пиво. Се случувало и откај мене со последниот автобус директно на роденден да иде. Сепак, и двајцата се трудиме да направиме компромис. Нема ставање приоритети, кога може е кај мене, кога може е со друштвото и готово. Со некои луѓе се знае многу повеќе од мене, си имаат места и рутина, која сум јас тоа да го изменувам? Точно, можеби ќе гради семејство со мене, ама можеби и за еден месец ќе раскинеме. Не треба да се бира. Треба подеднакво време да се посветува на сите луѓенца. Колку што другарките можат да забијат нож во грб, толку може и тој. И не се ослонувам максимално на никој. Ако сум изморена и ми се спие, ќе спијам и баш ми е гајле за кафето. Утре сигурно ќе можам. Да да, и мојата друга цимерка беше во сериозна врска, секој ден гледање со дечко и, еднаш ја викни да се шетаме, е сега ќе дојде дечкото, двапати ја викни пак исто, многу пати вака и веќе ја викавме ради реда, колку да си ја направиме устата или ич нема ни да ја викнеме, па ќе се лути. Битна е само организацијата, јас класично друштво и немам. Имам само мили луѓе и време се наоѓа за сите.
Ќе го земам него со мене и ќе одиме заедно на средбата со друштвото. Таква сум јас, подеднакво ми се важни и често пати за да не откажувам на никој сме излегувале заедно сите. Секако дека не сум го носела него на секоја средба со друштвото, треба и некои наши муабети да си направиме и да си имаме време само за нас. Треба да се посвети време и на друштвото и на партнерот посебно наместо постојано заеднички да се дели.
Битни ми се и другарките и дечкото. Времето ми е поделено на време за другарки и време за дечко. Ако и они викнат дечковци таа вечер, ќе го викнам и јас мојот, ама ако сме само ние другарките, не гледам смисла дечко ми да биди таму исто како шо не гледам смисла јас да бидам таму кога он е со другарите. На сите ни треба време за себе. Сега откако сите почнавме на факултет со нив поретко се гледам, со него почесто, ама тоа повеќе ради немање слободно време, барем со нив си нахнадваме кога ни се годи распоредот.
Само ќе кажам никогаш немој да шиткаш другарка за дечко.Или да се оддалечуваш доколку причината е дечко. НИКОГАШ. Имав искуство, другарка ми не се согласуваше со дечко ми и јас така изнервирана затрескана знаеш земав и му плеснав се во фаца на девојчево а воопшто не заслужуваше. Си отидов кај дечково а раскинавме за 2 недели. После тоа премногу ми фалеше девојчево и ја молев да се смириме. Срце ме здоболе кога ми кажа дека не сака веќе да ме види бидејќи сум ја шитнала за дечко. Одамна беше тоа, а мене уште ми фали девојчево и уште жалам за грешката
Мора да се постави баланс помеѓу тие две работи. Со најдобри другарки сум зборувала за теми за кои не сум можела да зборувам со партнерот но и обратно. Со најдобри другарки сум имала интересни излегувања, со дечко преубави моменти и не можам да ги делам, и сите ми значат, подеднакво, никогаш го немам извисено друштвото заради дечко но исто ни дечко немам извисено заради друштво затоа што успевам да држам рамнотежа ама тоа сум јас, но треба да се знае кои навистина се вистински другари/ки и дали партнерот е искрен за да можеш да ставиш рака во оган за него и да се дистанџираш од друштвото, зошто секогаш може да направиме грешка. Се плашам дека не можам да го речам истото за една моја другарка. Друштвото секогаш е овде за неа, посебно јас, но од неа не можеме да го добиеме истото. Не сум спиела со ноќи поради неа, сум ги делела сите нејзини проблеми, секогаш кога ќе има проблем се собираме кај нејзе да ја тешиме, да ја расположиме, да и дадеме по некој совет па и да ја искритикуваме. Додека се работи за некој член од друштвото таа постојано е зафатена со нејзиниот партнер нивните непостоечки "проблеми" исчезнува магично, и гледа нему да му угоди додека тој ја тегне за нос и буквално ја лаже во очи, таа е толку слепа од љубов што ќе се испокара со сите поради него, себичност. Безброј пати сум се обидувала да и ги отворам очите, но за жал секогаш завршува со кавга и со зборови: Вие сте љубоморни на мојата врска. Која врска? Врска заснована на лаги? Затоа гледајки од двете страни, никогаш не можеме да бидеме сигурни кој е правиот избор.