Духовно будење

Дискусија во 'Психологија' започната од AtomicBlonde, 2 февруари 2018.

  1. AtomicBlonde

    AtomicBlonde Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2018
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    39
    Пол:
    Женски
    Што мислите дали навистина постои духовно будење и дали сте доживеале нешто слично?
    Духовното будење е едно од најзбунувачките, најосамените, најизолираните, но и најубавите искуства во животот. Духовното будење го означува почетокот на вашето тргнување по духовниот пат. Ако не го постигнете тоа, вие ќе живеете во потрага по бесцелни материјални богатства, слава, моќ и влијание, обидувајќи се да доживеете „среќа“.

    [​IMG]

    Ако сте доживеале духовно будење, тоа значи дека сте станале свесни за лагите и илузиите на овој свет. Длабоко во себе сте сфатиле дека не постои ништо од надворешниот свет што би можело да ви донесе вистинска среќа и исполнетост. Тоа сознание раѓа копнеж за нешто побогато, нешто што ќе ви донесе задоволство и што ќе направи да се чувствувате целосни.

    [​IMG]
    Што е тоа духовно будење?
    Што подразбира всушност процесот духовно будење и како ќе знаете дали сте го доживеале? Кога ќе доживеете духовно будење, вие буквално ќе се „разбудите“. Ќе почнете да се сомневате во вашите претходни верувања, навики, идеали и ќе сфатите дека постојат многу нешта во животот за кои никогаш не сте ни биле свесни.

    Ќе почнете да си поставувате прашања од типот „Зошто сум тука?“, „Која е смислата на мојот живот?“, „Што се случува по смртта?“, „Зошто добрите луѓе страдаат?“ и слично. Духовното будење ги разбранува најдлабоките и најзначајните прашања кои постојат длабоко во нас, но отсекогаш сме се плашеле да ги поставиме.

    Зошто доаѓа до духовно будење?
    Духовното будење е природен производ на духовната зрелост. Таа зрелост претставува процес на внатрешно растење, созревање и зголемување. Исто како што децата растат, така расте и поврзаноста со нашата душа. Колку повеќе се поврзувате со вашата душа, толку поголема трансформација ќе доживувате. Колку повеќе ја негувате вашата душа, толку поголеми радост, мир, слобода и љубов ќе чувствувате.

    Иако процесот на духовно будење на почетокот може да биде болен, тој ќе ви помогне да живеете поисполнет живот. Чувството дека вашиот живот нема смисла е производ на вашите претходни верувања, желби и цели кои честопати се погрешни.

    Што го предизвикува духовното будење?
    Духовното будење може да се активира благодарение на најразлични околности. Не постои само еден одговор на ова прашање. Духовното будење може да се случи во кој било момент или период од вашиот живот. Може да се случи спонтано, но може да биде и предизвикано од големи животни промени, болести, несреќи и трауми како што се тешките болести, природните катастрофи, семејните проблеми, политичките случувања, средовечните кризи и уште многу други.

    [​IMG]

    Генерално, процесот на духовно будење е поврзан со искуството познато како „Мрачна ноќ на душата“. Мрачната ноќ на душата е периодот од животот кога се чувствуваме целосно отсечени од светот. Колку посвесни стануваме за големите страданија во светот, толку поголема е веројатноста дека пристигнува Мрачната ноќ на душата.

    Ако сте многу сочувствителни по природа и постојано размислувате, тогаш постојат големи шанси дека веќе сте поминале низ Мрачната ноќ на душата или моментално минувате низ тоа искуство кое го предизвикало духовното будење во вас, односно копнежот по наоѓањето смисла во животот.
    10 знаци на духовно будење
    Постојат многу знаци на духовно будење кои не се само емоционални, туку и психички, па дури и физички. Ова се 10-те најчести:

    1. Имате чувство дека вашиот живот засекогаш се променил.

    2. Чувствувате несигурност и страв.

    3. Не ви се допаѓаат работите кои некогаш сте сакале да ги правите.

    4. Имате екстремна потреба од самотија.

    5. Чувствувате поголема емпатија кон другите.

    6. Доживувате повеќе искуства поврзани со синхроницитет.

    7. Станувате сѐ почувствителни.

    8. Доживувате напади на духовна болка и депресија.

    9. Си поставувате прашања како што се „Зошто сум тука?“ и „Која е смислата на мојот живот?“

    10. Копнеете по вистината и духовната исполнетост.

    Духовното будење го означува почетокот на вашиот духовен пат. Меѓутоа, духовното будење може да биде многу болно и потресно. Луѓето кои поминале низ тоа се чувствувале како целиот живот да им се променил од корен. Ова искуство може да доведе до изолација, па дури и до проблеми како што се депресија и хронична анксиозност.

    Доколку моментално минувате низ овој процес, знајте дека не сте единствени. Најважно е да се сакате себеси. Кога ќе научите да се грижите за себе, ќе можете вистински да се грижите и за другите луѓе. Не плашете се да ја отворите оваа врата од вашиот живот и да ги дознаете посакуваните одговори. Вистината е сурова, но бесценета и ослободувачка.
     
    Последна измена: 2 февруари 2018
    На katerin, Lilianna, Srcka $ и 6 други им се допаѓа ова.
  2. AtomicBlonde

    AtomicBlonde Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2018
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    39
    Пол:
    Женски
    Духовното будење е едно од најзбунувачките, најосамените, најизолираните, но и најубавите искуства во животот. Духовното будење го означува почетокот на вашето тргнување по духовниот пат. Ако не го постигнете тоа, вие ќе живеете во потрага по бесцелни материјални богатства, слава, моќ и влијание, обидувајќи се да доживеете „среќа“.

    [​IMG]

    Ако сте доживеале духовно будење, тоа значи дека сте станале свесни за лагите и илузиите на овој свет. Длабоко во себе сте сфатиле дека не постои ништо од надворешниот свет што би можело да ви донесе вистинска среќа и исполнетост. Тоа сознание раѓа копнеж за нешто побогато, нешто што ќе ви донесе задоволство и што ќе направи да се чувствувате целосни.

    [​IMG]
    Што е тоа духовно будење?
    Што подразбира всушност процесот духовно будење и како ќе знаете дали сте го доживеале? Кога ќе доживеете духовно будење, вие буквално ќе се „разбудите“. Ќе почнете да се сомневате во вашите претходни верувања, навики, идеали и ќе сфатите дека постојат многу нешта во животот за кои никогаш не сте ни биле свесни.

    Ќе почнете да си поставувате прашања од типот „Зошто сум тука?“, „Која е смислата на мојот живот?“, „Што се случува по смртта?“, „Зошто добрите луѓе страдаат?“ и слично. Духовното будење ги разбранува најдлабоките и најзначајните прашања кои постојат длабоко во нас, но отсекогаш сме се плашеле да ги поставиме.

    Зошто доаѓа до духовно будење?
    Духовното будење е природен производ на духовната зрелост. Таа зрелост претставува процес на внатрешно растење, созревање и зголемување. Исто како што децата растат, така расте и поврзаноста со нашата душа. Колку повеќе се поврзувате со вашата душа, толку поголема трансформација ќе доживувате. Колку повеќе ја негувате вашата душа, толку поголеми радост, мир, слобода и љубов ќе чувствувате.

    Иако процесот на духовно будење на почетокот може да биде болен, тој ќе ви помогне да живеете поисполнет живот. Чувството дека вашиот живот нема смисла е производ на вашите претходни верувања, желби и цели кои честопати се погрешни.

    Што го предизвикува духовното будење?
    Духовното будење може да се активира благодарение на најразлични околности. Не постои само еден одговор на ова прашање. Духовното будење може да се случи во кој било момент или период од вашиот живот. Може да се случи спонтано, но може да биде и предизвикано од големи животни промени, болести, несреќи и трауми како што се тешките болести, природните катастрофи, семејните проблеми, политичките случувања, средовечните кризи и уште многу други.

    [​IMG]

    Генерално, процесот на духовно будење е поврзан со искуството познато како „Мрачна ноќ на душата“. Мрачната ноќ на душата е периодот од животот кога се чувствуваме целосно отсечени од светот. Колку посвесни стануваме за големите страданија во светот, толку поголема е веројатноста дека пристигнува Мрачната ноќ на душата.

    Ако сте многу сочувствителни по природа и постојано размислувате, тогаш постојат големи шанси дека веќе сте поминале низ Мрачната ноќ на душата или моментално минувате низ тоа искуство кое го предизвикало духовното будење во вас, односно копнежот по наоѓањето смисла во животот.
     
    На blonde_supergirl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. LUCI 99

    LUCI 99 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2015
    Пораки:
    825
    Допаѓања:
    2.537
    Пол:
    Женски
    Ми се има случено да духовно будење.Во глава ти доаѓаат тие пташања од типот зошто сум овде ? Која е смислата на животот и тн.но мислам со духовното будење доѓа и свесноста некако си посвесен за работите околу тебе барем за мене така е, и некако со текот на времето сваќаш колку ти си битен на овој свет без разлика на се , сите сме битни сите сме со причина на овој свет.
     
    На katerin, AtomicBlonde и blonde_supergirl им се допаѓа ова.
  4. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    2.116
    Пол:
    Женски
    Читни на нет за "The Dark night of the Soul", ќе најдеш многу корисни информации. Ми се има случено, и тоа од 2014та навака. Кога наместо од надвор, ќе го свртиш погледот навнатре, се будиш, што би рекол Јунг. Тригер може да биде траума, болест, љубов, болка.
     
    На FightaminC, N.2106, ♡BuBaLe♡ и 2 други им се допаѓа ова.
  5. LUCI 99

    LUCI 99 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2015
    Пораки:
    825
    Допаѓања:
    2.537
    Пол:
    Женски
    Јас имав депресија и анксиозност кога започна сето тоа.
     
    На ReinaDeCielo, La diabla, La.loca и 3 други им се допаѓа ова.
  6. AtomicBlonde

    AtomicBlonde Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2018
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    39
    Пол:
    Женски
    Јас изгубив родител,и после некпе време почна некако се во надолна линија да ми оди ама баш она на раб на депресија..си мислев дека полудувам додека не дознав за "будењево"
     
    На ♡BuBaLe♡, EvAngelos и LUCI 99 им се допаѓа ова.
  7. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    2.116
    Пол:
    Женски
    Атомик, жал ми е што си поминала низ тоа. Се надевам ќе биде подобро и дека барем ќе научиш да живееш со таква загуба. Луси, и кај мене беше депресија, но долго анализирав од каде потекнува и да ја разврзам. Сеуште ја „одврзувам“.
     
    На AtomicBlonde му/ѝ се допаѓа ова.
  8. LUCI 99

    LUCI 99 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2015
    Пораки:
    825
    Допаѓања:
    2.537
    Пол:
    Женски
    Јас немам некоја поголема траума или настан за добивање на анксиозност сеуште ја барам причината,а депресијата ја добив како последица од прејака анксиозност.
     
    На AtomicBlonde и blonde_supergirl им се допаѓа ова.
  9. Actualized

    Actualized Активен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2018
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    116
    Пол:
    Женски
    Интересно е што цел ден налетувам на вакви теми денес и на youtube. Јас моето духовно буфење го доживеав пред два дена. Верувале или не. Преубаво е чувството. И сполнета сум со љубов и плачев од среќа.
     
    На BabyStyle, medena123, La.loca и 2 други им се допаѓа ова.
  10. AtomicBlonde

    AtomicBlonde Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2018
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    39
    Пол:
    Женски
    Дали помина и ти низ периодот на "полудување"?
     
  11. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    2.116
    Пол:
    Женски
    Не ме цитира мене, но да спомнам дека тоа е фаза што мора да се помине. Затоа се вика „Темната ноќ на душата“. Искуството е речиси метафизичко (интензивно и заплашувачко).
     
    На AtomicBlonde му/ѝ се допаѓа ова.
  12. AtomicBlonde

    AtomicBlonde Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2018
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    39
    Пол:
    Женски
    Подобро е кога знам дека некој веќе поминал низ тоа,не сум сама ви благодарамм
     
    На katerin, Purelove92 и blonde_supergirl им се допаѓа ова.
  13. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    2.116
    Пол:
    Женски
    The Phoenix Rises from the Dark Night of the Soul
    Posted on June 18, 2016 by nicolatonsager
    Dark nights of the soul come to us all. Whether aware of their presence slowly growing stronger or whether they appear to come out of nowhere and simply floor us, their impact can be paralysing…and yet they are necessary and ultimately empowering.

    As our soul cries out for acknowledgement of that which is holding it prisoner, we are given an opportunity to dive into its’ depths and touch its’ core… our core.

    A dark night of the soul is dark. It hurts. It opens a door that we might not have the courage to open without it; it necessitates looking into the mirror of ourselves with no cosmetics on, nothing to hide the dark circles, nothing to disguise that which we might normally. It turns on the light so bright that we cannot hide from the shadows of ourselves.

    Yet in the grip of pain, of grief, of sorrow, of despair we realise a light that we would otherwise be unaware of. We realise a courage that we might not otherwise have realised we possess. And we accept a vulnerability that ultimately gives us strength.

    The strength of knowing that we are still here; the strength of knowing that we can survive anything – and not only survive but flourish. In the acknowledgement, acceptance and understanding of the dark night of the soul we allow a phoenix to rise out of the ashes of our pain.
    If we think of the emotions of life as a seesaw, it is only through experiencing the extreme of one that we can experience the extreme of its counterpart. Through extreme sadness we open the door to enabling ourselves to feel even deeper happiness; through pain we enable a greater connection to elation.

    Our soul knows this and our soul ultimately wants to enable its free expression in this life; it wants to enable the potential of our free expression in this life and all of the joy and fulfilment that that has the potential to bring to us.

    Dark nights of the soul come to us all. When they do, no matter the heartache or the challenge within them we must try and remember that each dark night enables the dawn that follows to be even brighter.
     
    На AtomicBlonde му/ѝ се допаѓа ова.
  14. LUCI 99

    LUCI 99 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2015
    Пораки:
    825
    Допаѓања:
    2.537
    Пол:
    Женски
    Мене ме интересира дали секој во животот ова го поминува или не?
     
    На AtomicBlonde му/ѝ се допаѓа ова.
  15. AtomicBlonde

    AtomicBlonde Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2018
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    39
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека секој го минува само не сме доволно свесни сите..
     
    На La.loca и LUCI 99 им се допаѓа ова.
  16. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.376
    Допаѓања:
    9.286
    Пол:
    Машки
    Вие што сте се разбудиле, ви препорачувам малку да отспиете.
     
    На Abeja, AtomicBlonde и blonde_supergirl им се допаѓа ова.
  17. AtomicBlonde

    AtomicBlonde Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2018
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    39
    Пол:
    Женски
    Само кога би можеле.Кога паметот ке ти доживее нови искуства,тешко моеш да го вратиш на старите димензии..
     
    На AliciaSilver, Actualized и blonde_supergirl им се допаѓа ова.
  18. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.102
    Допаѓања:
    17.601
    Да, секој минува низ оваа фаза од животот. Но, нема потреба од завивање на ,,духовното будење" во мистична рамка. Овој поим всушност значи созрејување, и е период низ кој минуваат оние луѓе кои не се доволно умствено подготвени да се соочат со предизвиците и одговорноста во животот. Адолесцентите и младите луѓе пред 30-тите години од животот најчесто се соочуваат со ова т.н. ,,Духовното будење" или егзистенцијална, идентитетна криза. Асолутно е психолошка појава и нема врска со натприродни феномени.
     
    На Dashing:), Mishela, Lilit и 11 други им се допаѓа ова.
  19. Actualized

    Actualized Активен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2018
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    116
    Пол:
    Женски
    Подолго време ја барав вистината, утеха, мир, љубов. Читав могу психолошки книги од типот на моќта на потсвеста .. secret и могу други. Правев афирмации или мантри и што ли не. Но бев на лош пат тргната. Алкохол, цигари лошо друштво на изопачени девојки, излегувања до 5-6 сабајле со што некои неморални работи ми станаа нормални. Овој период се повлеков малку настрана од сите тие работи и почнав да размуслувам трезно. Да си разграничам добро ид лошо. Задвчера за прв пат ја зедов да ја читам Библијата (сакав да прочитам во кој контекст се спомнува Македонија) и тоа беше тоа. Понатаму што се случи не се опишува со зборови.
     
    На N.2106, hermosa и AtomicBlonde им се допаѓа ова.
  20. AtomicBlonde

    AtomicBlonde Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2018
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    39
    Пол:
    Женски
    Бев и јас на тој пат,со она мотото "еднаш се живее" ама пред некпе време човекот во кој се заљубив ми призна дека неможе да ми се помири со минатото,мислам дека оттука почна "будењето"
     
    На N.2106 и Actualized им се допаѓа ова.