1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Духовно будење

Дискусија во 'Психологија' започната од AtomicBlonde, 2 февруари 2018.

  1. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Пробај со B6, лексилиум или дијазепам. Ако ништо од ова не ти помага, пиши ми лична порака.
     
    На AtomicBlonde му/ѝ се допаѓа ова.
  2. AtomicBlonde

    AtomicBlonde Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2018
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    39
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам,сметам на тебе
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Actualized

    Actualized Активен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2018
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    116
    Пол:
    Женски
    Не сакам воопшто да звучам чудно или како Јеховинете сведоци, но јас сите одговори што ги барав цело ова време ги најдов во Библијата.
     
    На FightaminC, katerin, 1no name и 3 други им се допаѓа ова.
  4. AtomicBlonde

    AtomicBlonde Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2018
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    39
    Пол:
    Женски
    Воопшто не е чудно,секој си има свое мислење и тоа треба да се почитува
     
    На Actualized и blonde_supergirl им се допаѓа ова.
  5. Miss.A.

    Miss.A. Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2017
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    2.313
    Пол:
    Женски
    Еден период од животов т.е. од кога почнав со работа на себе, медитации и сл. Постојано низ главава ми се вртеа прашањава што ги наведе погоре: („Зошто сум тука?“, „Која е смислата на мојот живот?“, „Што се случува по смртта?“, „Зошто добрите луѓе страдаат?“). Одговори нормално не добивав и ме попречуваа нормално да функционирам во текот на денот. Мислев дека полудувам и дека нешто не е во ред со мене, а тоа всушност да ти било духовно будење.:clap: :clap: :clap:
    После некое време сфатив дека планетава има некоја корист од мене, не сум за џабе дојдена тука. Сепак сум само на почетокот од моето ''будење'', има долг пат да изодам додека целосно не се ''разбудам''. Се надевам нема да се откажам.

    Еве една статија со додатни "симптоми" на spiritual awakening.
    https://lauramarietv.com/21-symptoms-of-spiritual-awakening/
     
    На Rama, Actualized, blonde_supergirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. AtomicBlonde

    AtomicBlonde Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2018
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    39
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам што споделуваш !
     
    На Miss.A. му/ѝ се допаѓа ова.
  7. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Повеќето од овие се чувства, емоции - значи субјективни и доста променливи работи и секој ги доживува од време на време, и разбудени и заспани и депресивни и осамени и нервозни и луѓе после раскинување или развод; значи секој, а особено луѓе кои поминуваат низ некоја криза или емотивно ранливи периоди.
    Според мене ова нема врска со некакво будење на духот, туку едноставно се работи за психологија на човечкиот мозок.
    Еве на пример, речиси секој човек, вклучувајќи ги и децата, си ги поставуваат прашањата, кој сум јас, зошто сум тука, која е смислата на мојот живот, што има по смртта,... тоа се нормални прашања за луѓе што размислуваат. Тоа не значи дека овие луѓе „духовно се разбудиле“.

    Ако не ми верувате во ова што го зборам, еве повелете најдете ми еден човек, може и на форумов овде, што нема да се пронајде барем во 2-3 од горните 10. Дали тоа значи дека сите луѓе искусиле „духовно будење“?
     
    На Abeja, Читател, Sanjichka007 и 10 други им се допаѓа ова.
  8. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Ова е за во Другата наука...
    Сам/а со своите мисли да се задлабочиш малце поише, во обична контемплација се покренуваат овие егзистенционални прашања што се наведени, не е неопходен никаков посебен тригер.
    А и промените по некаков тежок период се разбирлив дел од психата, нема никаква мистерија и метафизика тука.
    Не верувајте толку во статии од кафепауза, црнобело или слично :)
     
    На Читател, Rama, Sanjichka007 и 13 други им се допаѓа ова.
  9. AtomicBlonde

    AtomicBlonde Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2018
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    39
    Пол:
    Женски
    Го ценам секое мислење на темава :$
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  10. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Во некаква си поетска смисла можам да разберам човек да се „разбуди“ од секојдневието, да си стави прст на глава и да си рече „абе чекај малце, шо праам ја? Кај терам со овој памет? Дај батали 3 бизниси, шо ќе ми се толку пари кога немам ни време да ги трошам, а ни со кого да ги трошам... ќе затворам два бизниси и ќе си имам повеќе време да се фокусирам на поважни работи во животот...

    Или ако станува збор за духовно будење во духовна смисла, разбирам човек да се обрати кон Бога, да сфати дека животот не е само сега и тука, дека постои вечност, да истражува за Бог... за христијаните ова би значело и да се покае од гревовите, да поверува во Исус, да ја чита Библијата и со тоа да ја запознава Божјата воља за својот живот.
     
    На Nausicaa, Actualized, Miss.A. и 3 други им се допаѓа ова.
  11. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Убава тема, ми фана окце и ме штрецна вдуша.8-|

    Духовно будење:^)..а дали јас воопшто сум заспала, што е тоа што ќе те испровоцира да се разбудиш!?:(
    Можеби понекогаш ме фаќала дремка, ќе ми паднала глава како на наркоман кога стонира:(..но изразов душевно будење значи(говорам јас како го сфаќам) е НЕРВЕН слом...ете така...тогаш сфаќам дека се е илузија, тогаш сфаќам која трансформација доживувам, тогаш сфаќам кои жртви сум давала...за на крај, кога знаеш се, џабе ти е, гледаш дека неможеш ништо:(

    Касно е чедо мое, животот отиде, неможеш веќе ни да заспиеш...а камоли да се разбудиш:(
     
    На AtomicBlonde му/ѝ се допаѓа ова.
  12. AtomicBlonde

    AtomicBlonde Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2018
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    39
    Пол:
    Женски
    Според мене секој што поминал низ ова,работите ги гледа со повеќе ентузијазам.Едноставно крајниот исход е подобар поглед на светот и случувањата околу нас.:)
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  13. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Не можам да се согласам со тебе за крајниот исход т.с.во каква душевна, психолошка или емоционална состојба ќе биде човек...многу фактори играат тука важна улога...

    Подобар поглед кон светот, лично јас значи, немам..не гледам ништо убаво...само стравот кон иднината за човештвото ми се зголемува...технологијата напредува ненормално брзо и Се што е свето, морално...се исчезнува.

    Нас ни треба КОЛЕКТИВНО БУДЕЊЕ.
     
    На Purelove92 и AtomicBlonde им се допаѓа ова.
  14. LUCI 99

    LUCI 99 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2015
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    2.742
    Пол:
    Женски
    Колективно будење и те како му треба на светот.
     
    На Purelove92, kikkki, hermosa и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Она кое се нарекува "духовно будење" го толкувам како психолошка делузија во која нечиј ум влегува во променета состојба на заблуда, односно поединецот мисли дека открил нова свесност за реалноста.

    Во областа на квантната физика, реалноста на вистинитоста на животот се покажува секојдневно.
    Со напредокот во Квантната физика и реалноста на експанзијата на космичката свест почнуваме да гледаме промени во мислите и реалноста парадигмите се случуваат со многу повисока стапка отколку кога било досега.

    Ама духовно будење е субјективно искуство.
    Сè што можеме да направиме е да ги изложиме луѓето на одредени искуства и да администрираме прашалници за самоопис (пред и потоа) за да прашаат дали доживеале духовно будење: нова свесност за реалноста.

    Дали ова претставува една заблуда, зависи од она што тие мислат дека реалноста е.
    Ако мислат дека сега имаат способност да скокаат од прозорци и да летаат, тогаш тоа ќе биде заблуда.

    Ако, пак, тие сфатат (на пример) дека сите во светот се едно, тогаш тоа не е заблуда бидејќи тоа зависи од тоа како го дефинирате светот или реалноста: ако го видите како сите составени од атоми, тогаш да, сè е едно. Но, ако видите сè како единствена и различна комбинација на атоми, тогаш сè не е едно.

    Мислам дека треба да направиме разлика помеѓу субјективната реалност и заблудата.
    Духовно будење е ново толкување на реалноста. И тоа е субјективно. Тоа може да биде лажно или не може.

    Всушност, дали се толкува овој свет како реалност?

    Тоа зависи само од човековата перцепција, која содржи три елементи:

    1. скриени аспекти
    2. проекции
    3. гледање на реалноста

    Ако еден поединец успее доволно добро да го обучи своето себе за да ја разбере перцептивната предрасуда која сите ја поседуваме со тоа што имаме човечки ум, можеме да ги надминеме.

    Причината е тоа што сите ние постоиме на планета која орбитира со толку голема брзина што сите ние го гледаме времето на ист начин.
    Постои 24-часовен ден за сите. Тоа создава нашата заедничка реалност.
    Ако живеевме на планета со 300-часовен ден, тогаш ќе ја споделиме таа реалност.
    Меѓутоа, ако лицето со перцепција од 300 часа е дојдено овде, тешко дека може да го толерира.
    Значи, можеме ли да кажеме дека лицето од 300 часа е лажно или само размислува поинаку?

    Што ако сте го избришале внатрешниот часовник кој ја дефинира вашата перцепција за овој свет?
    Вие би биле во сосема поинаква состојба на перцепција.

    Ова може научно да го објаснам со тоа што како што се движиме кон тој внатрешен центар на нашето битие, ние се движиме надвор од нашето време врз основа на референца на реалноста, како што тоа го доживуваме. Временската перцепција се расфрла и се топи во бескрајна состојба на свесност.

    Инаку, луѓето треба да имаат и разбирање на човечката природа, како и длабоки искуства во космичката свест - да се биде цел универзум или да се доживее сезнаење или да нема искуство воопшто.

    Запомнете, кога времето повеќе не е вашиот контролор и вашиот ум може да се врати во неговата оригинална јасна состојба, неизвалкана со перцепцијата на времето, само небото е границата.

    Свеста повеќе не е ограничена со времето, таа е бесконечна - може да се мери како сон, но свеста може да биде таму.
     
    На Ex Luna Scientia и AtomicBlonde им се допаѓа ова.
  16. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.431
    Пол:
    Женски
    Духовното будење, едно од најубавите нешта кои ми се случиле во животот. Им посакувам на сите.
     
    На Rama, hermosa, BabyStyle и 3 други им се допаѓа ова.
  17. AtomicBlonde

    AtomicBlonde Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2018
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    39
    Пол:
    Женски
    Мило ми е :angel:
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  18. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Го надминав ова. Од 15 години па навака. Ништо страшно според мене добро е да се случи порано отколку подоцна.
     
    На FightaminC, Rama, hermosa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Srcka $

    Srcka $ Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2017
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    5.438
    Пол:
    Женски
    Прочитав за духовното будење, и тука там се сложувам со нешто од тоа.
    Јас не можам да кажам дека добро го сфатив ама нема веза.

    Инаку ако е тоа тоа духовно будење со прашањата јас уште од кога дознав за себе се прашував од типот на тие прашања Зошто сум тука? Зошто живеам? а едно секогаш сум си го поставувала Зошто ме родиле?
    Тоа прашање си го поставив од кога сватив каков е всушност животот, дека е суров дека сите не сме исти, дека има и лоши и добри луѓе.
    Една школска одамна кога беме основно ме праша Зошто добрите луѓе умираат?
    а јас од нигде никаде па за да лошите станат добри.

    Се прашувам Зошто постоиме ако не направеме некоја измена?
    Зошто не се потрудиме да променеме нешто, не мора да е нешто големо, нешто за себе?

    Некои луѓе си го зацртале тој живот и тој живот си го терат.
    Јас не сум некоја што може да промене нешто што би влијаело за поголем дел од луѓето, но се надевам дека ќе успеам во нешто.

    Мислам дека сум го доживеала Духовното будење во основно кога почнав да го разбирам животот, колку е тежок.
     
    На AtomicBlonde му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    „Духовно будење“ ми е малце њу ејџ назив за нешто што е сосема нормален дел од животот на секој полуинтелигентен човек.

    Без разлика дали во процесот на станување на возрасна личност или пак, после некој трауматичен и немил настан, речиси секој човек, соочен со суровоста, неправедноста и произволноста на светот, ќе си ги постави прашањата – „Која е целта на моето постоење?“, „Зошто на светот постојат неправди?“, „Што се случува после смртта?“ и сл.

    Доаѓањето до одговорите на овие прашања (или прифаќањето дека задоволителни одговори нема), прифаќањето на светот онаков каков што е и наоѓањето на начин за справување со реалноста се опишуваат со некои езотерично-мистични поими како „духовно будење“, а самиот процес со звучни фрази како „темната ноќ на душата“ и слично.

    Јас истото би го окарактеризирал со многу поприземни фрази, како „созревање“ и, едноставно, „being an adult“. :D

    Ама од друга страна, кога би бил автор кој печали со пишување книги на темава, сигурно не би имал толкав профит како оние другите, квазимистици и духовни водичи. :)
     
    На CameliaMiller, Bridget, Lilit и 9 други им се допаѓа ова.