1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Душевна или физичка болка

Дискусија во 'Психологија' започната од baba Rada, 27 септември 2016.

  1. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.850
    Допаѓања:
    47.947
    Пол:
    Женски
    image.jpg @joy1
    За свет без насилство
    ;)
    А за другото само позитивна мисла
     
    На SummerGirl, Petar80, DeepBlue и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Читател

    Читател Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2015
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    5.806
    Пол:
    Машки
    Физичката болка не е страшна, особено после добар тренинг :D

    А душевната .. според мене за да имаш душевна болка треба да пројде низ умот за да стигне до таму. Ако имаш душевна болка тогаш лекот барај го во умот. :)

    П.С. И во двата вида на болка треба да се контролира умот кое исто така не е лесно :D
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.120
    Допаѓања:
    76.420
    Пол:
    Женски
    Повеќето се согласуваат дека боли повеќе душевната. Јас ќе кажам вака. Болат и двете. Која боли повеќе не би можело точно да се каже но која болка трае подолго јасно е како ден.
    Физичката болка го кине телото и поминува. Ќе заборавиме на неа. Душевната ја кине нашата душа и не поминува... кога ќе се потсетиме на физичката болка веќе не ја чувствуваме, но кога ќе се сетиме на душевната, ја чувствуваме одново.
    А кога се случуваат истовремено тогаш мислам дека физичката е појака. Еве зошто.
    Едно време емо стилот на облека и на живот беше актуелен. Ви текнува на нив нели. Што беше за нив карактеристично? Се повредуваа себеси физички. Зошто? Затоа што физичката болка макар на кратко ги оттргнуваше од душевната. Од искуство ви го кажувам ова. Бев и јас една од нив.
     
    На cupcakeb, Ицолгудбејбе, Elissa и 2 други им се допаѓа ова.
  4. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Никаква физичка болка не била пострашна од тоа што го имам чувствувано два-трипати пред да заспијам, кога сум останувала сама.
     
    На christinnn, Aleksandar1212 и joy1 им се допаѓа ова.
  5. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    И двете болат премногу,на своја кожа сум ги осетила и двете доволно силно...
    И сега ако ме праша некој би му одговорила без да размислам дека повеќе боли душевната болка,болат спомените,разделбите,губењето на саканите,губењето на вредните работи,боли и прогонува се она што сме го направиле погрешно,болат пропуштените шанси за среќа,болат ограничувањата,боли вечната војна меѓу срцето и разумот...
    Не дека и нема ужасни физички болки,не дека за секоја болка помага медицината,природата или било што,ама кажувам од мој аспект,и мислам дека поимуна би била и натаму на физичката болка одколку на психичката...што знам еве.
     
    На evangelina.ina, Dust, joy1 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. ушко

    ушко Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    2.261
    Пол:
    Машки
    зависи колку е тешка и едната и другата....има болка и болка,нели?
    сепак во едната преовладува јачината на физичката болка и до каде телото може да се носи...а другата е капацитетот на мозокот да се справи со неа .
     
    На MG3, elimkd, baba Rada и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Според мене физичката. Имам осетено и душевна, од смртни случаи, од тоа како е да си без парички во џебот, до разделби со роднини... Сепак повеќе се водам по разумот а не срцето и душевните болки лесно ги лечам. :D Еве на пример јас загубив член од семејството, секако дека болеше но неможе да се затворам и цел живот да тагувам, што ќе направам со тоа? да го вратам нема сигурно, нема ни ништо подобро да придонесам. А од преголема физичка болка ја имам изгубено и свеста, така да имам осетено што мене ме болело повеќе. :!:
     
    На SummerGirl, elimkd, anakonda88 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.682
    Допаѓања:
    46.940
    [​IMG]
    Morat nesto da bolit...
     
    На elimkd, SpangeBob, anakonda88 и 5 други им се допаѓа ова.
  9. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Убаво кажа, колку телото може да се справи со болката, па ми текна во воените филмови што сум гледала за обучени специјалци кои тренираат да трпаат болка и физичко измачување во случај ако бидат заробени од непријателот..и на крај откако нема да можат физички да го скршат, тогаш применуваат душевни мачења на кои никој неможе да ги издржи.:)
     
    На SummerGirl, joy1, Petar80 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Физичка болка е широк поим, си се удрил, изгорел, си скршил рака, нога, ќе те средат за ден два ќе пиеш лекови ќе си одмараш и чекаш да помине па што побрзо да му ја дувниш некаде на шетање...А ова другото прав здрав а ништо не ти е убаво, никаде не ти се оди, никој не ти се гледа, ништо не може да ти ублажи бол, а не да те излечи...
    Бабо кај ти текна темата се изнервирав сега :tmi:
    ама арно го стави твитот погоре Кукла, баш го читав овие денови и се смеев. После к.. ќе те заболи, така и треба.
     
    На SummerGirl, joy1, Petar80 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Не ми се нервирај срцка, ќе ми те боли мозочето:*
     
    На Petar80 и Elissa им се допаѓа ова.
  12. Dabria

    Dabria Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2016
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    1.225
    Пол:
    Женски
    А онаа душевна болка која е толку силна што почнуваш и физички да ја чувствуваш? Те болат градите и ти се вкочанува целото тело, имаш непријатно чувство во стомакот и не можеш правилно да дишеш? Е таа.
     
    На ♣ Alba Viduam ♣, Dust, ***nekoja*** и 3 други им се допаѓа ова.
  13. ***nekoja***

    ***nekoja*** Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2015
    Пораки:
    496
    Допаѓања:
    873
    Пол:
    Женски
    имаше еден статус на фб што јас се целосно согласувам со тоа (никој не знае каде се наога душата но сите знаат колку боли) според мене душевната болка нема збор кој што може да се опише боле стега пече жеже гуше душевната болка е најгрозното и најболното чуство кај човек како што боли душата не боли ништо секоја физичка болка е минлива ке боле некој период и поминува а душата боле останува болна секогас кога ке се сетиме на нешто та пак боли и боли како и првиот ден.........
     
    На Rama, SAMIRA и baba Rada им се допаѓа ова.
  14. SAMIRA

    SAMIRA Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    251
    Пол:
    Женски
    Патетично е и да се споредува ДУШЕВНА нормално.Од душевна болка може и телото да ти страда,ќе добиеш психосоматско заболување па тогаш и физичка болка добиваш,а обратно не од физичка болка нема да ти страда душата,колку и да е болна ќе помине плус денес со сите медикаменти,аналгетици.Самата душевна болка ти го јаде и телото и умот,така да банална е споредбата.
     
    На ♣ Alba Viduam ♣ и ***nekoja*** им се допаѓа ова.
  15. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.573
    Допаѓања:
    171.536
    Пол:
    Женски
    Дискус хернија..мислев ќе умрам од болка..со денови не мрднав од кревет, ниту можев да се свртам.
    Осмици за вадење, пак мислев ќе умрам од болка..
    Болка во бубрег, мислев подобро е да се самоубијам бидејќи беше во исто време со кичмава:x

    И кога ќе помислам на сите тие болки, толку ситни биле..небитни
    Како што боли душава, ништо не боли.
    Сите физички болки собрани во исто време, не болат ни 10% од душевната болка
     
    На evangelina.ina, joy1, Aleksandar1212 и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Aleksandar1212

    Aleksandar1212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    7.679
    Пол:
    Машки
    Јас сум за физичка болка од типот неверство, која после преминува во душевна и пак свртува на физичка.
     
    На manako1 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. mentol

    mentol Активен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2015
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Машки
    секоја си боли различно и не треба да се споредува една со друга
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Marijana93

    Marijana93 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2013
    Пораки:
    1.132
    Допаѓања:
    6.607
    Душевна болка дефинитивно, јас ја изгубив мајка ми пред 10 години и сеуште таа рана не ми заздрави не можам да заборавам, можеби и тоа ми е единственото нешто што ми остана од неа, некое сеќавање кое ќе ме потсетува на неа :) физичката болка е минлива но оваа не знам дали некогаш ќе помине. :)
     
    На Скопјетесакам, joy1, eliesaab и 4 други им се допаѓа ова.
  19. bijonse

    bijonse Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2016
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    ...физичка болка ?
    хм , најчесто се знае местото , се знае зошто , како ќе се одвива и богами како и кога конечно ќе заврши !
    ...душевна болка?
    хм , нејчесто не изненадува наеднаш со различен интензитет, некогаш не знаеме и зошто , не знаеме ниту како ќе се одвива и апсолутно не знаеме дали воопшто ќе се намали и заврши !
    ...физичката болка зависно од причина и направената штета и од личноста правопропорционално временски ќе трае !
    ... душевната болка никогаш нема да исчезне ниту со време се додека личноста си го поставува секојдневно прашањата што започнува со ,,ЗОШТО? ,, ( зошто мене да ми се случи , зошто требаше така да биде , зошто отиде , зошто ме изневери , зошто почина , зошто ме мрзи , зошто не ме сака , зошто....итн)
    душевната болка може да се ублажи и исчезне кога личноста од зборот ,,ЗОШТО ,, се префрли на зборот ,,ЗАТОА,, ( ме напушти ЗАТОА што така треба да биде , умре ЗАТОА што така му било пишано , ме напушти ЗАТОА што подобро е така ќе дојде подобар ден , ....итн )
    односно со еден збор додека не најдеме сами на себе оправдување макар и нереално на душевната болка и ја свртиме од бол кон позитивно ,, после дожд ќе огрее сонце ,, секогаш таа душевна болка ќе биде присутна ! :(
     
  20. Evripigi

    Evripigi Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2016
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    1.143
    Пол:
    Женски
    Од душевна болка нема потешко.
     
    На joy1 и manako1 им се допаѓа ова.