Извини, ама според познавањето на авините, шетањето по сите земји и недоаѓањето во Македонија (четајки делчиња од твоите постови) и хроничната ненаспаност, или си пилот или стуардеса. Некако стјуардеса ми беше пологично. Ама ако ти викаш дека не си, тогаш во мојот пост стјуардеса= светски патник. Ок? Моја грешка.
Еболата се шири низ Африка бидејќи тие не се доволно опремени за таков вирус за разлика од нив другите земји претежно во Азија/Европа/Америка дотолку има некој заразен што е многу мала шансата болниците се спремни за брзо одстранување и изолација , така да во Македонија нема шанси да стигне а дури и по некоја случајност да стигне случајот ќе биде брзо изолиран и одстранет .... Еве и статија од интернет за тоа дали може да се прошири болеста на други континенти (во овој случај USA) The outbreak is happening in rural areas of developing countries. There’s a slim chance someone with Ebola could travel to the United States. If that happens, experts say that any hospital in the U.S. would be able to successfully isolate them. The CDC says there will not be a spread of the virus akin to what we have seen in Guinea, Sierra Leone and Liberia because we have many ways to isolate a patient and treat their symptoms. Другото пострашно е тоа што вирусите кој може да ја опустошат планетава се чуваат во лабаратории и доволно е една човечка грешка да се зае*е цел свет.
А вие озбилно мислите дека може да се контролира вирус? Еболата првпат е регистирана во 1976, 40 години неможат да и кажат стоп. А кај нас во Македонија како што е се перфектно и стручно се сомневам дека може да се спречи или изолира. Не е дека толку лесно ќе дојде ама па и не е невозможно. Тоа дека човек заразен со Ебола или со некој сличен вирус неможе ни да стапне во УСА се согласувам, ама дека неможе кај нас да стапне се сомневам. Друго од каде знаете дека веќе некој не ја контролира па си ја пушта каде сака. Така да само е прашање кога ние ќе му дојдеме на ред на некого па ќе ни пушти нешто може и по опасно. Така да ништо неможе да биде сигурно и ништо неможе да е толку далеку и толку невозможно да пристигне и кај нас. Не дај боже да стигне кај нас сите ќе умреме у рок од 2 дена ко што се брзи и ефикасни, додека да откријат кој, што, како, од каде, отидовме. Ко со Листеријава де два месеци што неможат да откријат
Стигна и во Европа на вести кажаа прееска. Шпански свештеник е заразен што помагал во Либија и сега е изолирам во блница во Мадрид, а имало и Македонец кој престојувал во Нигерија што е исто така заразен. Само незнам каде се наоѓа, дали чека за влез во земјава или за каде не разбрав. Наводно аеродромите строго се контролирале и се проверувале граѓаните кои аптуваат од заразените подрачја. А СЗО прогласи вонредна стостојба.
Во Америка моментално е тестиран експериментален лек на двајца американци кои престојувале во државите и биле заразени со ебола. Нигерија официјално прогласи вонредна состојба и бара големи количини од лекот бидејќи кај пациентите се покажал како успешен. Мене ме интересира колку луѓе мора да умрат за и официјално лекот да биде достапен за широката популација? Дали во меѓувреме навистина нашле лек што мора да биде профитабилен со оглед дека епидемија на ебола немаше повеќе од 40 години? Македонецот што престојува во Нигерија е во добра здравствена состојба и е во постојан контакт со нашето министерство за здравство.
За болеста се сомневам дека се појавила сама по себе, и ако поминале многу години од последниот замав. Мислам дека толку опасен вирус сепак бил изолиран и замрзнат.Тогаш постоеле врвни физичари.хемичари, биолози,и не е можно да не го проучувале вирусот. Кога прочитав што се случува со организмот,дека сите органи се претвараат во каша од паштета и крв веднаш помислив на некој биолошко хемиски отров , кој делува слично на вирус. Дали постои лек, и колку се контролира епидимијата е само знак прашалник. Човекот сам себе си е непријател, и жално е што не ни свесен за тоа. Да се надеваме на најдоброто само дека епидемијата ке биде спречена и пронадејен лекот.
Освен во Либерија, Гвинеја и Сиера Леоне (каде бројката на починати од 700 се искачи на над 1,100 лица), се појавија смртни случаи и во Брегот на Слоновата Коска и Мали, станува збор за помалку од 30лица, а не се знае колкав е бројот на заразени во моментов. Границите (копно и воздух) низ повеќето држави од западна и централна Африка се комплетно затворени и сите африкански авио-компании ги откажаа своите летови, Емиратите веќе ги откажаа летовите, не само низ Африка туку и низ потенцијално ризичните територии, а мислам дека и Бритиш Еирвејс го направи истото. Во главниот град на Брегот на Слоновата коска, луѓето почнаа да ги горат пазарите за храна, изгорени се над 200 килограми месо и никаде не може да се најде било какво месо. Освен овој удар на Еболата по човечкиот живот, можам само да ги предвидам драстичните падови во повеќето гранки од економијата на земјите од регионот кои и онака беа утепани, и загубите на сите светски авио-компании кои летаат над Африка. Во врска со експерименталниот лек кој е спомнат погоре, како што знам јас, не станува збор за лек туку Американски брзи тестови за Ебола со кои тие располагаат уште од Април годинава, а моментално се употребуваат низ аеродромите на одредени летови т.е. се тестираат патници во онаа зона од кога ќе излезеш од авион па се до влезот во аеродром. Секако дека вирусот не се појавил од нигде никаде после 40 години, а тоа што Америка се подготвила и баш така случајно набави голема количина брзи тестови за Ебола уште во Април (3 месеци пред епидемијата во Африка) треба да ни кажува нешто... можеби жената на Барак Обама е пророчица, има магична куглица или гледа на грав каде ќе има епидемија и каква? Имаше луѓе цврсто убедени кои тврдеа дека вирусот се контролира и нема да излезе од Африка, па еве сега имаме шпански свештеник во Мадрид и прогласена вонредна состојба. Не велам дека Еболата ни тропа на врата, сите ќе умреме и доаѓа крајот на светот, туку дека еден вирус (земете ги во предвид и неговите мутации) никако не може да се контролира надвор од лабораторија и при епидемија, секогаш постои ризик да биде проширен. Што мислите, луѓето кои моментално се наоѓаат на ризични територии низ Африка, не се преплашени до смрт и не гледаат на секој можен начин да го напуштат континентот? Да, баш заради тоа треба да се превземат безбедносни мерки низ аеродроми, пристаништа и општо границите на една држава, да има соодветно опремени медицински пунктови (изолиран медицински персонал под ризик) каде би се правеле брзи тестови и при случај на болен патник - тој да биде веднаш изолиран, а не да се влегува со него во населено место за да биде однесен во болница. Секогаш е подобро плански да се превземат заштитни мерки и да се спречи отколку да се лечи, а не да се чека луѓето да почнат да умираат за да се дејствува.
Ова со Еболава и мене ми е врло сомнително. Како тоа одеднаш ''избувна'' и почна да врши масакар после толку години во стагнација? Очигледно е дека некој ја пуштил со намера. Ми мириса дека таа намера со цел да усмрти што е можно поголем број од населението, иако пак не ја разбирам крајната добивка од сето тоа? Ова е нешто слично како и птичјиот грип, мада овојпат нема споредба бидејќи се шири екстремно брзо, во исто толку огромни размери. Како и да е, молете Бог да не се провлечат ни случајно овие од таму, (што патуваат по воздушен пат), зошто за недела - две отидовме јабана. Патем и да се надеваме дека во државите каде ситуацијата е алармантна, се вложува максимален напор да не дојде до проширување.
Пасторот мисионер (претходно споменат во темава) Miguel Pajares, евакуиран од Либерија во Мадрид минатата недела, денес почина. Но, за сите одние кои мислат дека Европа (а со тоа и Македонија) не се во опасност, да напоменам дека Ceuta и Melilla (шпански автономни градови на африканско тло) се под секојдневен притисок (наплив) на имигранти од екваторјалните и субекваторијалните земји на Афика. Властите веќе се немоќни (немаат капацитет во прифатилиштата, ниту доволно медицински кадар). Ниту Гиблартар не е поштеден, спасувачки екипи секојдневно интервенираат. Спојлер http://www.elperiodico.com/es/noticias/sociedad/inmigrantes-logran-saltar-valla-melilla-nuevo-intento-masivo-3444957 http://www.elperiodico.com/es/noticias/ ... es-3444963 Иако инкубациониот период на еболата е многу краток, се прашувам зарем не може некое инфицирано лице да помине незабележано (а со тоа и ненавремено изолиран) од медицинските екипи, кои и така се во премал број за да прават детални проверки на секој новодојден имигрант.
Аман колку ја мразам таа Африка сите болештини од таму доаѓаат ..башка СИДА сеа и Ебола.. шо е најтрагично од Еболава се умира за 10 дена затоа што уништува се во организмот ги меле орагните
^ Не доаѓаат сите болести од таму... Сите биолошки оружја прво таму ги тестираат. Станаа имуни на сида па сега им треба нов проект за т.н "депопулација". А иначе тоа америчките мисионери што се заразија им дадоа "експериментален" лек и ..... ете.... веќе никој не ги спомна
http://press24.mk/ebola-vo-makedonija-p ... -vo-skopje Aко се потврдат сомнежите, и не е само дигање безпотребна паника средени сме за сва времена.
Хотелот каде престојувал е затворен и сите вработени се во карантин. Некаде во Мавровка. Отидовме јабана.
Моментално е на БиБиСи вести дека чекаат официјални податоци од владата на МК. Имало и втор британец во МК со симптоми на ебола освен починатиот. Сабајле во Велика Британија рекоа нема да заземаат некои посебни мерки на аеродроми и граници. Сега на вести кажаа ќе ставаат медицински персонел да ги проверува и испитува сите патници. Ова од 10 Даунинг Стрит е потврдено. Не се дига прашина и тоа итно ако е така за џа бе. Некој веќе знае убаво дека ебола е за сигурно од што е умрен пациентот на клиниката во Скопје. Бог те пита со колку луѓе биле во контакт. Како се справиле докторите и сестрите на инфективно? Енос ќе се види.
Не ми е јасно, по потекло се од Британија, таму се уште немало смртен случај, како успеале да го донесат тука вирусот?? Освен ако не се некои патници низ светот... нашле кај да дојдат во посета следно. Исто требаше да им се се забрани на аџиите да ја посетуваат Мека, вчера читав дека и на Блискиот Исток има случаи на заболени. Ама не, овие ќе применат некакви мерки на време. И тие студентите од Нигерија минатиот месец кои беа хоспитализирани поради треска ги пуштија за два дена, како да не знаат ништо околу периодот на инкубација, за споредба за медицинската сестра од Шпанија се дозна дека е болна од Ебола дури месец откако пројавила први симптоми. Не е работата дали ќе паничиме или не, може и не е ебола случајов, ама мора посериозно да се пристапи со вакви проблеми, инаку зошто ова токму кај нас се случува?
Уште не се знае Чка, бидејќи тек допрва треба да се добијат информации после обдукцијата на телото. Али камо среќа да си во право.
^ Потврдија дека не е? Што кажаа? Јас моментално гледам некоја прес конференција на Министерство за здравство,ама веројатно е од утрово,има нешто поново?
Починатиот немал висока температура, што не е карактеристично за ебола која качува температура над 38, 5 но имал внатрешно крварење и нагло му се влошувала состојбата, што пак е карактеристично за ебола и затоа и се води како сомнителен случај. Првичната информација дека бил во Нигерија, каде моментално има епидемија на ебола се има покажано како неточна, иако уште се проверува. Повеќе информации ќе има откако ќе се изврши вечерва аутопсијата.