Ималo прес до сега, починал од некој вирус кој не бил ебола. Само што сум 100% сигурна дека медиумиве за кликање и гледаност ке направат таква паника, како то беше со свински и птичји и слични грипови (читај Менче Атанасова Точи напјпосле ке си најде работа) и ке направат хаос. Ке почнат да не носат деца на школо, па ке измислат вакцина, па не знам уште што, за да биде погледано и пострашно. Очекувајте Точи да спие пред болница сега чекајќи другар му да кивне
http://vesti.mk/read/news/3377456/12135 ... drug-virus Ама нека кажат кој е тој друг вирус, супер што не е ебола во прашање ама сепак станува збор за вирус кој предизвикува внатрешно крварење и смрт
Многу е мала веројатноста да станува збор за ебола. Деновиве на вести имаше прилог дека се преземаат мерки за да бидеме малксимално подготвени во случај на ебола и прв сомнителен случај, одма почнаа да шират дезинформации. Хах, која иронија. Навистина не е во ред да се предизвикува паника кај населението со такви информации. Нека бидат 80% сигурни дека станува збор за таа болест, па нека соопштат во јавност дека постои СОМНЕНИЕ дека во Мк има пациент со симптоми на ебола. Се навикнавме веќе на сите драматични претстави што ни ги приредуваат новинарите, ништо ново. Не дај боже навистина да бил заболен од таа болест, работата е прилично сериозна. И ете, сите ќе бидеме во неисчекување се додека не излезат со официјални информации дека не се работи за ебола. Искрено се надевам дека ќе биде така.
Па, cпоред минатите искуства, вакцина секако ќе се појави по извесен период, ама работата е дотогаш секоја држава да биде претпазлива кога е во прашање нејзината територија. Дури и да се работи за Ебола, не мора да значи дека сите ќе се разболиме и дека ни следува апокалиптично сценарио, ама странски посетители, државјани на друга земја да носат заразни болести... тоа не смее да се дозволи...
Преку медиумите се шири паника, па дури и надвор од државата. U Makedoniji je umro Britanac za kojeg se sumnja da je bio zaražen ebolom! http://dnevnik.hr/vijesti/svijet/zbog-e ... 55811.html
Δ Кога и кој потврдија дека е друг заразен вирус? Имаме ние во МК способност да откриеме некој нов вирус? А што пациент умрел со внатрешно крварење, пинокио нека го крстат вирусот ако сакаат, смртоносен е. Човекот дошол со симптоми на ебола и починал. Другиот патник слични симптоми. Кои симптоми? Нели пратиле за тест во Германија денес, според изјавата на докторка Јованка Костовска, им стигна назад потврда веќе дека не е ебола? Англиските медиуми немаат никакви нови информации, ниту дека станува збор за друг вирус. Уште се чека на вака или онака.
Kako za belja jas si napraviv film zosto bas sinoka eden Britanec vo poodminati godini ni se priblizi na mene i drugarkite vo eden klub i bevme vo kontakt, ni napravi nekoj muabet sega nemate poim koja panika me mava.Ova nasive mediumi nemaat gram oset i edinstveno znaat da sirat panika.Ako veke sakaat da dadat korisni vesti neka kazat identitet na pocinatiot za da se javat onie koi bile vo kontakt so istiot, oti vo sprotivno ako e ebola ima da se rasiri so brzina na svetlinata.Kako i da e, ako ne e ebola nekoj drug smrtonosen virus e, osven ako ne pocinale od nekoj skart alkohol kako sto imase slucai vo Tajland.Inaku na mobilen nemam podrska i se izvinuvam za latinicava.
Им треба на владава и нивните медиуми некоја диверзија да не мислат луѓето на критиките од Европа и тука да мучкаат нешто со судииве и сеа кој и да умре ќе му пишат нешто , а ќе им успее бидејќи еве цел град веќе умот им е во тоа .....
Прво, не читајте треторазредни портали и второ, Teresa Romero (споменатата медицинска сестра, прв официјален случај на заразено лице надвор од Африка) е примена во болница само неколку дена откако манифестирала симптоми (нема цел месец во никој случај), иако при дијагностицирањето се направени катастрофални пропусти, во протоколите од СЗО, во неколку наврати. Работела како волонтер и во двата случаи со шпански државјани - мисионери, пренесени во Мадрид од Африка (Miguel Pajares и Manuel García Viejo). Вториот почина на 25 септември, а веќе следниот ден, Тереса земала одмор. Среќа во несреќа е што немала контакт со пациенти, дури го откажала и планираното патување до Галиција (од каде потекнувала). Моментално е сместена во болницата Carlos III во Мадрид и состојбата нагло и´се влошува иако примила некој, наводно, експериментален лек, а и некакви крвни деривати ( чинам плазма) изолирани од крвта на една монахиња (соработничка на Pajares), што наводно, оздраве од ебола (добро прочитавте). Со последново само накратко била стабилизирана состојбата. Спојлер http://www.elmundo.es/cronica/2014/08/31/540191d6268e3ef7508b456f.html Последниве денови, најактуелно беше прашањето како дошло до инфектирањето. Последната официјална информација е дека сама се допрела на лицето со ракавиците при соблекувањето на заштитниот костим (по завршувањето на обврските околу García Viejo), кој веќе бил контаминиран. Гледав демонстрација како поточно оди постапката на соблекување и верувајте не е нималку едноставно и потребна е помош од второ лице (што е всушност и по протокол), но таа го правела сама. Зошто е направен овој пропуст, останува неодговорено. На крај, за официјалните лица случајот е квалифициран како "несреќен случај на работно место". Нема да должам, само да додадам дека моментално изолирани се и нејзиниот сопруг (деца немала, а кучето што го чувале денес го убија и кремираа без аутопсија) и уште 4 лица, а уште неколкумина се под набљудување. Ако се утврди дека резултатите од аутопсијата на британскиот државјанин се позитивни на ебола, следејќи го претходниот случај, се прашувам колку македонските власти и медицински лица правилно постапиле во изолирањето на сомнителните случаи и справувањето со истите. Зашто човечкиот фактор тука е пресуден, а реално кадарот на Инфективна има ли соодветна обука за вака високоризични ситуации. Зашто протоколи на хартија ништо не значат (хартија сé трпи), тренингот и уиграноста на тимот се важни. Искрено се надевам на негативни резултати од аутопсијата, зашто во спротивно God, save us all e работава (тука акцентот е на неспособноста и непрофесионалноста на мед. кадар во Клинички, со сета должна почит кон искучоците). Не треба да се шири масова психоза од властите и медиумите, но редовното и навремено информирање на јавноста е круцијално во ситуацијава.
Иначе цел град само на извештајот од ЕК мислеше, особено на Поглавје 6 и 8, гледам и не јадеа од секирации. Никаде не видов, кој бил типов, каде се движел, бил ли во земјите во кои има ебола, бил ли во допир со заболени, другар му го прашале ли нешто? И ај се кладиме дека утре новинарите ке одат по родителите и ке ги прашуваат дали им е страв децата да ги праќаат на училиште. Онака, да ги исплашат малку.
Хотелот е ставен под карантин. Прочитав дека е кај Мавровка. Аман више. Од сите полоши болести што не одминаа, еболата се фати.
Помина повеќе од еден месец откако почина првиот шпански мисионер, ВО СЕКОЈ СЛУЧАЈ, нели. Aко се заразила од вториот како што се претпоставува, тогаш има некаде 15 дена од неговата смрт. Кога известија за нејзиниот случај, беше објавено дека пројавила некаков здравствен проблем кој брзо се повлекол, за потоа да се појават симптомите на ебола. И никој не може да знае со сигурност дали тој проблем бил поврзан со еболата... а ако е за навлегување во подробности, медицинската сестра беше спомената тука заради друга поента.
Друже, Македонија не е цел град. Има и надвор од Скопје дел што спаѓа во Македонија. Инаку. Пред да си легнам, да ви кажам, последните вести на ВБ површина сугерираат дека не е сигурно од што умрел пациентот, и нема да се знае до најмалку 48 саата. Очигледно тоа е резултатот што се чека од германската лабораторија. Дотогаш, не може министерството за здравство да тврди ништо, оти се неспособни да потврдат. Претпоставувам хотелот е уште изолиран. Ако беше лажна тревога само, ќе ја тргнеа полицијата. Ќе чекаме.
Британецот, од сите хотели во Скопјево, нашол да престојува баш во хотелот во Мавровка? (тоа хотел ли е, бордел ли е )??) Кој знае што се стои позади случајов... Каква Ебола какви бакрачи, шират паника пред да се знаат точни и потврдени информации
Sajonara, мојот пост не беше директен напад кон тебе, дури и не обратив внимание кој претходно ја споменал, зашто мене намерата ми беше да пишувам за тоа колку поради недоволно познавање на материјата од страна на мед. кадар е лесно да дојде до заразување од вирусов. Не гледам простор за ваков дефанзивен коментар. А и не реков никаде дека се заразила од првиот свештеник, напротив, еве да се самоцитирам (и ова е факт утврден во истрагата, а не претпоставка) И толку нашироко фатив за сестрата, не за да се расфрлам со факти, туку да посочам дека (ќе се повторам) човечкиот фактор е најбитен во ваков момент - соодветна обука, професионалност, доследно следење на протоколите и ладна глава. И кога веќе се цитираме, не ти е точна информацијава. Пројавила симптоми околу 30-ти септември, а е хоспитализирана на 6 -ти октомври. Пријавила само покачена температура, но не и´обратиле сериозно внимание во почетокот и тука е направен уште еден од пропустите за кои зборував. За каков друг зраствен проблем зборуваш, што потоа се повлекол?
овие новинариве на канал 5 прво да се научат да зборат и читаат па после да се појават на тв неписмени и оваа такозвана мими и таа една вчера ја слушам бруки не знае да збори ,одвратни створења новинариве едвај чекаат да се појави нешто вакво и драма да направат. Назад на темата нели се пренесува преку телесни течност ,епа како се пренесува мегу толку луге сите се бакнуваат, гушкаат испотени кашлаат еден во друг,чудна работа ништо не е јасно персоналот од хотелот во карантин е што правеле тие со британецот и со зборење и разминување ли се пренесува?!
Мене ме фати паника не дај Боже да е ебола зошто има кај нас да се прошири многу брзо со оглед на тоа какво ни е здравството и какви "стручњаци" имаме, ако е ебола којзнае со колку луѓе бил во контакт тој ,ете и пријателот имал некои симптоми ,во секој случај работава е загрижувачка
Па добро, а кој да каже друг, ако не доктори, кој да пренесе информација ако не новинар, сите не чинеле.Епа ако не нека викнат доктори од странство, новинари од странство и нека кажат како е кај нас, дали човеков стварно имал ебола или не.Секако некој треба да каже, не може сите да не чинат.
Тоа вие стварно верувате во ебола, свински, козји и кравји грип, листерија и мистерија? Ма ви се молам